аерофлот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aeroflot/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Mar 2022 10:17:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аерофлот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aeroflot/ 32 32 Поради санкциите воведени против Русија сите вработени во „Аерофлот“ Хрватска добија отказ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-sankciite-vovedeni-protiv-rusija-site-vraboteni-vo-aeroflot-hrvatska-dobija-otkaz/ Mon, 28 Mar 2022 10:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=479751

Поради санкциите воведени против Русија, вработени во руската национална авиокомпанија „Аерофлот Ерлајнз“ во Хрватска добија отказ. Последниот лет на компанијата меѓу Загреб и Москва беше на 27 февруари.

По тој датум сите летови беа откажани, а сега и сите вработени во компанијата добија отказ, пишува порталот „Croatian Aviation“.

Според порталот „Индекс“, „Аерофлот“ во Хрватска има две филијали што работеа дури и за време на пандемијата од коронавирусот.

Се наведува дека пред украинската криза, руската авиокомпанија во Хрватска бележеше одлични резултати на летот Загреб – Москва.

The post Поради санкциите воведени против Русија сите вработени во „Аерофлот“ Хрватска добија отказ appeared first on Република.

]]>

Поради санкциите воведени против Русија, вработени во руската национална авиокомпанија „Аерофлот Ерлајнз“ во Хрватска добија отказ. Последниот лет на компанијата меѓу Загреб и Москва беше на 27 февруари. По тој датум сите летови беа откажани, а сега и сите вработени во компанијата добија отказ, пишува порталот „Croatian Aviation“. Според порталот „Индекс“, „Аерофлот“ во Хрватска има две филијали што работеа дури и за време на пандемијата од коронавирусот. Се наведува дека пред украинската криза, руската авиокомпанија во Хрватска бележеше одлични резултати на летот Загреб – Москва.

The post Поради санкциите воведени против Русија сите вработени во „Аерофлот“ Хрватска добија отказ appeared first on Република.

]]>
Заменик-директорот на Аерофлот поднесе оставка и ја напушти Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zamenik-direktorot-na-aeroflot-podnese-ostavka-i-ja-napushti-rusija/ Sun, 13 Mar 2022 09:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=471967

Заменик-директорот на водечката руска авиокомпанија Аерофлот Андреј Панев изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата.

Панов, кој беше задолжен за маркетинг, на Фејсбук напишал дека „заврши животот што некогаш го имал“, пренесува Бета.

Руските медиуми претходно јавија дека и извршниот директор на Аерофлот Михаил Полубојаринов ја напуштил земјата, но подоцна Аерофлот демантираше.

Аерофлот е тешко погоден од западните санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

Западните земји забранија летови на Аерофлот и забранија испорака на резервни делови, а оваа мерка важи и за другите руски авиокомпании.

Аерофлот одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство.

The post Заменик-директорот на Аерофлот поднесе оставка и ја напушти Русија appeared first on Република.

]]>

Заменик-директорот на водечката руска авиокомпанија Аерофлот Андреј Панев изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата. Панов, кој беше задолжен за маркетинг, на Фејсбук напишал дека „заврши животот што некогаш го имал“, пренесува Бета. Руските медиуми претходно јавија дека и извршниот директор на Аерофлот Михаил Полубојаринов ја напуштил земјата, но подоцна Аерофлот демантираше. Аерофлот е тешко погоден од западните санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Западните земји забранија летови на Аерофлот и забранија испорака на резервни делови, а оваа мерка важи и за другите руски авиокомпании. Аерофлот одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство.

The post Заменик-директорот на Аерофлот поднесе оставка и ја напушти Русија appeared first on Република.

]]>
„Аерофлот“ од 8 март ќе лета само во Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aeroflot-od-8-mart-kje-leta-samo-vo-belorusija/ Sat, 05 Mar 2022 15:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=468219

Водечката руска авиокомпанија Аерофлот ќе ги прекине сите летови во странство од 8 март, освен оние за Белорусија, објави денеска новинската агенција ТАСС.

Руската државна агенција за авијација денеска препорача руските авиокомпании кои изнајмиле странски авиони да ги прекинат патничките и карго летовите во странство од 6 март и од странство кон Русија од 8 март.

Оваа препорака е последица на проценките дека нивните авиони може да бидат запленети или блокирани во странство.

Европската унија, Велика Британија, САД и некои други земји ќе го затворат својот воздушен простор на почетокот на следната недела како дел од пакетот санкции воведени поради инвазијата на Украина.

The post „Аерофлот“ од 8 март ќе лета само во Белорусија appeared first on Република.

]]>

Водечката руска авиокомпанија Аерофлот ќе ги прекине сите летови во странство од 8 март, освен оние за Белорусија, објави денеска новинската агенција ТАСС. Руската државна агенција за авијација денеска препорача руските авиокомпании кои изнајмиле странски авиони да ги прекинат патничките и карго летовите во странство од 6 март и од странство кон Русија од 8 март. Оваа препорака е последица на проценките дека нивните авиони може да бидат запленети или блокирани во странство. Европската унија, Велика Британија, САД и некои други земји ќе го затворат својот воздушен простор на почетокот на следната недела како дел од пакетот санкции воведени поради инвазијата на Украина.

The post „Аерофлот“ од 8 март ќе лета само во Белорусија appeared first on Република.

]]>
„Аерофлот“ откажува летови кон европските дестинации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aeroflot-otkazuva-letovi-kon-evropskite-destinacii/ Sun, 27 Feb 2022 22:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=464915

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ денеска соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување.

„Аерофлот“ објави соопштение откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина. Европската унија претходно денеска одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.

The post „Аерофлот“ откажува летови кон европските дестинации appeared first on Република.

]]>

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ денеска соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување. „Аерофлот“ објави соопштение откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина. Европската унија претходно денеска одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.

The post „Аерофлот“ откажува летови кон европските дестинации appeared first on Република.

]]>