адвокатска комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/advokatska-komora/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 12:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png адвокатска комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/advokatska-komora/ 32 32 Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е дискриминирачки и спротивен на Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatska-komora-chlenot-368-od-zakonot-za-obligatsioni-odnosi-e-diskriminirachki-i-sprotiven-na-ustavot/ Mon, 20 May 2024 12:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=780183

Доколку доверителите поднесат тужби пред судот во Стразбур, според воспоставената практика на судот, извесно е дека ќе се утврди повреда на правата од Европска конвенција за заштита на човековите права и државата ќе биде таа што ќе ги плаќа штетите. Ова значи дека сите граѓани во Република Македонија ќе ги плаќаат долговите на неплаќачите, оценуваат адвокатите

Членот 368 од Законот за облигациони односи е дискриминирачки и спротивен на Уставот. Со наведените измени се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиска недисциплина, при што должниците се ставија во привилегирана положба, наспроти доверителите, а се наруши и финансиската стабилност на државата. Според Уставот, правото на сопственост е загарантирано право на секој граѓанин и правно лице. Уставот е највисок правен акт во државата, па оттука сите законски, подзаконски акти и други пишани правила треба да бидат во целосна согласност со овој правен акт, објаснуваат од Адвокатската комора на Македонија.

– Искрено се надеваме дека Уставниот суд, со целокупниот свој професионален интегритет и капацитет, внимателно ќе ги разгледа новите иницијативи што се однесуваат на овој член и во скор рок ќе го разреши овој правен проблем, кој во пракса создава низа проблеми, за граѓаните, компаниите и институциите – подвлекуваат адвокатите.

Тие сметаат дека измените на Законот за облигациони односи се спротивни на основните темелни вредности на Уставот и во практиката создаваат низа проблеми. Одредбите од член 368 од ЗОО, по донесените измени, се во директна спротивност со Законот за извршување, според кои, а согласно член 93 и 111, извршителот не може да го запре извршувањето поради апсолутна застареност на извршување.

– Покрај другите проблеми што ги предизвикаа овие законски измени, се појавуваат и низа прашања, како на пример: Што ќе се случува со данокот на додадена вредност и другите даноци што фирмите ги плаќаат однапред, пред да го платат долгот? Ова особено се однесува на данокот на добивка. Како резултат на ваквите законски измени фирмите се доведуваат во ризик и од намалување на ликвидноста. Физичките лица односно граѓаните, кои не можат да ги наплатат своите побарувања, ќе изгубат пари или други добра, што ќе придонесе за зголемување на социјалните случаи – пишува во дописот на АКМ.

Анализите на АКМ покажале дека во Хрватска, БИХ и други земји ги имаат истите одредби како што беа одредбите во земјава пред донесувањето на овие законски одредби. Исто така, комората напоменува дека доколку доверителите поднесат тужби пред судот во Стразбур, според воспоставената практика на судот, извесно е дека ќе се утврди повреда на правата од Европска конвенција за заштита на човековите права и државата ќе биде таа која ќе ги плаќа штетите. Ова значи дека сите граѓани во Република Македонија ќе ги плаќаат долговите на неплаќачите. Исто така, новите законски одредби се спротивни и на меѓународното право, бидејќи постои судска пресуда од Европскиот суд за човекови права, донесена за случајот „Бочварска против Република Македонија“ под број 27865/2, каде судот се произнел дека побарувањата мора да се третираат како сопственост.

The post Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е дискриминирачки и спротивен на Уставот appeared first on Република.

]]>

Љубомир Михајловски – Џанго доби нов мандат да ја води Адвокатската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ljubomir-mihajlovski-dzango-dobi-nov-mandat-da-ja-vodi-advokatskata-komora/ Tue, 14 Jun 2022 17:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=515175

Адвокатската комора на Република Македонија го одржа 67-то годишно Собрание во рамки на кое беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше реизбран адвокатот Љубомир Михајловски.

Како што соопштија денеска од адвокатската Комора, Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во својот говор на отворањето на Собранието порача дека силата на адвокатурата, која во моментов брои 2 800 активни адвокати и дополнително стручни соработници и приправници е во единството, како неопходен услов за унапредување на професијата.

Тој ја истакна важноста на адвокатурата како неприкосновена уставна категорија, независна и самостојна професија што преставува гаранција за обезбедување непристрасна правна помош. Во своето излагање, претседателот на Комората Михајловски истакна дека членовите на Комората мора да се единствени и неподелени по партиска, етничка или верска припадност.

Единството е сила која што ја одржува адвокатурата и ја води напред. Независноста и нејзиниот интегритет е од битно значење за адвокатурата и правниот систем на државата. Оттаму неопходно е поддршка од целокупното членство во оваа заложба. Без поддршка од секој член на комората, нема да има прогрес и просперитет во работењето. Членовите кои ќе бидат избрани мора да работат во интерес на сите адвокати. Тие не смеат да бидат чувари на поединечни интереси и со своето работење мораат да ја штитат и унапредуваат адвокатурата, посочи претседателот на Комората.

Михајловски, се посочува, ги истакна достигнувањата на досегашниот Управен одбор како што се: директното учество преку претставници на Комората во создавање бројни законски решенија кои се во функција на владеење на правото и унапредување на адвокатурата како заштитничка на човековите права, соработката со домашни и странски организации и институции, потоа купувањето нови деловни простории на Комората, обуки на адвокатите, учество на бројни настани, итн.

Постигнавме сè што зацртавме за овој мандат, а постигнато е многу. Би сакал да потенцирам дека Комората во моментов е финансиски стабилна, а собравме и средства со кои купивме деловен простор од 400 метри квадратни кој содржи: конференциска сала наменета за обуки, канцеларии, архива, приемен дел, 11 паркинг места, итн. Деловниот простор е купен без да се задолжиме ниту денар никаде, а истовремено во сопственост на Комората остануваат и досегашните простории. Истите ќе придонесат и за поефикасен пристап на граѓаните до Комората. Ова е успех на сите адвокати, кој успех заедно го постигнавме. Во седиштето на Kомората имаме услови за одржување на обуки, работилници и други настани за постигнување на квалитет во едукација и работење на адвокатите. Сега имаме силна основа за идните генерации кои ќе доаѓаат и кои треба да ги продолжат успесите за градење на моќна и модерна адвокатура, истакна Михајловски.

Тој додаде дека Комората во моментот има поддршка и ужива углед кај сите домашни институции и меѓународни организации, како што се Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Советот на Европа, УНХЦР, ОБСЕ и други. Во рамките на овие соработки само во изминатата година се реализирани бројни обуки на кои учествуваа шестотини адвокати. Соработката, потенцираше, ќе продолжи активно во повеќе области и во иднина.

Во рамки на Собранието беа избрани и членови на останатите органи на Комората, односно на Надзорниот одбор, Дисциплинскиот суд и Дисциплинскиот обвинител, како и на Жалбениот совет, наведуваат од Адвокатската комора. 

The post Љубомир Михајловски – Џанго доби нов мандат да ја води Адвокатската комора appeared first on Република.

]]>

Адвокатската комора на Република Македонија го одржа 67-то годишно Собрание во рамки на кое беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше реизбран адвокатот Љубомир Михајловски. Како што соопштија денеска од адвокатската Комора, Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во својот говор на отворањето на Собранието порача дека силата на адвокатурата, која во моментов брои 2 800 активни адвокати и дополнително стручни соработници и приправници е во единството, како неопходен услов за унапредување на професијата. Тој ја истакна важноста на адвокатурата како неприкосновена уставна категорија, независна и самостојна професија што преставува гаранција за обезбедување непристрасна правна помош. Во своето излагање, претседателот на Комората Михајловски истакна дека членовите на Комората мора да се единствени и неподелени по партиска, етничка или верска припадност.
Единството е сила која што ја одржува адвокатурата и ја води напред. Независноста и нејзиниот интегритет е од битно значење за адвокатурата и правниот систем на државата. Оттаму неопходно е поддршка од целокупното членство во оваа заложба. Без поддршка од секој член на комората, нема да има прогрес и просперитет во работењето. Членовите кои ќе бидат избрани мора да работат во интерес на сите адвокати. Тие не смеат да бидат чувари на поединечни интереси и со своето работење мораат да ја штитат и унапредуваат адвокатурата, посочи претседателот на Комората.
Михајловски, се посочува, ги истакна достигнувањата на досегашниот Управен одбор како што се: директното учество преку претставници на Комората во создавање бројни законски решенија кои се во функција на владеење на правото и унапредување на адвокатурата како заштитничка на човековите права, соработката со домашни и странски организации и институции, потоа купувањето нови деловни простории на Комората, обуки на адвокатите, учество на бројни настани, итн.
Постигнавме сè што зацртавме за овој мандат, а постигнато е многу. Би сакал да потенцирам дека Комората во моментов е финансиски стабилна, а собравме и средства со кои купивме деловен простор од 400 метри квадратни кој содржи: конференциска сала наменета за обуки, канцеларии, архива, приемен дел, 11 паркинг места, итн. Деловниот простор е купен без да се задолжиме ниту денар никаде, а истовремено во сопственост на Комората остануваат и досегашните простории. Истите ќе придонесат и за поефикасен пристап на граѓаните до Комората. Ова е успех на сите адвокати, кој успех заедно го постигнавме. Во седиштето на Kомората имаме услови за одржување на обуки, работилници и други настани за постигнување на квалитет во едукација и работење на адвокатите. Сега имаме силна основа за идните генерации кои ќе доаѓаат и кои треба да ги продолжат успесите за градење на моќна и модерна адвокатура, истакна Михајловски.
Тој додаде дека Комората во моментот има поддршка и ужива углед кај сите домашни институции и меѓународни организации, како што се Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Советот на Европа, УНХЦР, ОБСЕ и други. Во рамките на овие соработки само во изминатата година се реализирани бројни обуки на кои учествуваа шестотини адвокати. Соработката, потенцираше, ќе продолжи активно во повеќе области и во иднина. Во рамки на Собранието беа избрани и членови на останатите органи на Комората, односно на Надзорниот одбор, Дисциплинскиот суд и Дисциплинскиот обвинител, како и на Жалбениот совет, наведуваат од Адвокатската комора. 