Адријан Муча Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adrijan-mucha/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 15:37:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Адријан Муча Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adrijan-mucha/ 32 32 Смена во врвот на државни електрани, ЕСМ има нов комерцијален директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/smena-vo-vrvot-na-drzavni-elektrani-esm-ima-nov-komercijalen-direktor/ Wed, 15 Jun 2022 15:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=515634

Сменет е еден од директорите во државните електрани.

Одлуката за оваа кадровска промена ја донел Надзорниот одбор на државната компанија за производство на струја.

Данчо Стојановски е отповикан од должноста член на Управниот одбор и комерцијален директор на АД ЕСМ, додека, пак на негово место е поставен Ардијан Муча.

Овој податок може да се види од известувањето кое ЕСМ го испратило до Македонската берза, согласно со Законот за хартии од вредност.

„Согласно обврската за известување која произлегува од член 166-б од Законот за хартии од вредност, ве известуваме дека се извршени промени во составот на АД Електрани на Северна македонија во државна сопственост, и тоа со одлука на Надзорен одбор од 4 јуни 2022 година, од член на Управниот одбор на АД ЕСМ Скопје кој носи и назив директор за комерцијални работи, отповикан е Данчо Стојановски, додека со одлука на Надзорен одбор, за член на Управниот одбор на АД ЕСМ Скопје, кој носи и назив директор за комерцијални работи, е избран Ардијан Муча“, се вели во известувањето од ЕСМ до Берзата.

Во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, Ардијан Муча беше директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, а по промената на локалната власт во главниот град, на негово место дојде Ангеле Сотировски.

The post Смена во врвот на државни електрани, ЕСМ има нов комерцијален директор appeared first on Република.

]]>

Сменет е еден од директорите во државните електрани. Одлуката за оваа кадровска промена ја донел Надзорниот одбор на државната компанија за производство на струја. Данчо Стојановски е отповикан од должноста член на Управниот одбор и комерцијален директор на АД ЕСМ, додека, пак на негово место е поставен Ардијан Муча. Овој податок може да се види од известувањето кое ЕСМ го испратило до Македонската берза, согласно со Законот за хартии од вредност. „Согласно обврската за известување која произлегува од член 166-б од Законот за хартии од вредност, ве известуваме дека се извршени промени во составот на АД Електрани на Северна македонија во државна сопственост, и тоа со одлука на Надзорен одбор од 4 јуни 2022 година, од член на Управниот одбор на АД ЕСМ Скопје кој носи и назив директор за комерцијални работи, отповикан е Данчо Стојановски, додека со одлука на Надзорен одбор, за член на Управниот одбор на АД ЕСМ Скопје, кој носи и назив директор за комерцијални работи, е избран Ардијан Муча“, се вели во известувањето од ЕСМ до Берзата. Во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, Ардијан Муча беше директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, а по промената на локалната власт во главниот град, на негово место дојде Ангеле Сотировски.

The post Смена во врвот на државни електрани, ЕСМ има нов комерцијален директор appeared first on Република.

]]>