Адора инженеринг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adora-inzenering/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Oct 2022 17:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Адора инженеринг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adora-inzenering/ 32 32 Адора Инженеринг доби цврсти гаранции дека ЕСМ АД ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adora-inzenering-dobi-cvrsti-garancii-deka-esm-ad-kje-gi-kupi-toplanite-istok-i-zapad-i-kje-go-plati-dolgot/ Tue, 04 Oct 2022 17:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=557383

Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите, стои во писменото соопштение до јавноста од Адора иженеринг.

Адора Инженеринг во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво.

Адора Инженеринг со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава.

The post Адора Инженеринг доби цврсти гаранции дека ЕСМ АД ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот appeared first on Република.

]]>

Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите, стои во писменото соопштение до јавноста од Адора иженеринг.
Адора Инженеринг во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво. Адора Инженеринг со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава.    

The post Адора Инженеринг доби цврсти гаранции дека ЕСМ АД ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот appeared first on Република.

]]>
БЕГ: Не е точно дека бесправно сме стопанисувале со топланите во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/beg-ne-e-tochno-deka-bespravno-sme-stopanisuvale-so-toplanite-vo-skopje/ Fri, 30 Sep 2022 14:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=556037

Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) во пишано соопштение до медиумите порачува дека е неточна изјавата дека БЕГ бесправно стопанисувал со топланите бидејќи, како што велат, ги користеле согласно Договор за закуп со Топлификација, а согласно Закон за облигациони односи, договорот го наследува новиот сопственик на топланите.

-Во моментот кога „Адора“ ги купи топланите знаеше дека се под долгорочен закуп на БЕГ за вршење на јавната дејност, што беше наведено и во огласот за продажба. Согласно истиот Договор за закуп, БЕГ редовно исплаќаше месечна закупнина во висина од 2,6 милиони денари, колку што одобрува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), меѓутоа Адора ја враќаше бидејќи ценеше дека е недоволно, посочуваат од БЕГ.

Нагласуваат дека е неточна изјавата на сопственикот на Адора, Ванчо Чифлиганец дека БЕГ наплатил 1,6 милиони евра кои никаде ги нема.

-БЕГ од граѓаните наплаќаше согласно одлуки на РКЕ. Сите собрани пари од граѓаните БЕГ ги насочи да ги покрие трошоците за набавка на природен гас и електрична енергија. За жал овие трошоци беа многу повисоки од предвидените во тарифата за претходната грејна сезона и компанијата оствари големи загуби во првиот квартал и остана должна како на Адора така и на други доверители. Согласно правилата на РКЕ, компанијата има право да ги побарува остварените загуби од идните тарифи одобрени од РКЕ, по што ќе бидат подмирени обврските кон Адора и останатите доверители, потенцираат од БЕГ.

2022-09-30 14:41:41, од Валентин Јанковски

The post БЕГ: Не е точно дека бесправно сме стопанисувале со топланите во Скопје appeared first on Република.

„Адора“: Подготвени сме за договор за закуп со АД ЕСМ и на наша штета, но само доколку се најде решение за барањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adora-podgotveni-sme-za-dogovor-za-zakup-so-ad-esm-i-na-nasha-shteta-no-samo-dokolku-se-najde-reshenie-za-baranjata/ Thu, 29 Sep 2022 14:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=555723

Компанијата „Адора инженеринг“, во чија сопственост се топланите Исток и Запад, денеска соопшти дека е согласна, доколку се изнајде модел за да се подмират нивните побарувања, да се премине кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализација на сите потребни услови за купопродажба.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден имавме опсежни состаноци со РКЕ, ЕСМ и БЕГ, каде што сите страни ги препознаваат ненаплатените побарувања кои законски ни следуваат, односно долгови кон Адора за изминатиот период. Договорено е РКЕ, ЕСМ и БЕГ да изнајдат модел во кој, во овој момент ќе се намират побарувањата кон Адора со цел да стапиме кон регулирање на идните односи за топланите со АД ЕСМ. Доколку постигнеме решение по ова разумно барање, Адора е спремна, иако на наша финансиска штета од 550 000 евра на годишно ниво, но во максимален интерес на граѓаните, да пријде кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализирање на сите потребни услови за купопродажба, се вели во денешното соопштение.

Доколку не се најде решение по овие прашања, велат од „Адора“, Владата има можност да ги употреби соодветните членови од законите за енергетика и справување со кризи, со цел да ги користи топланите без наша согласност кое би значело директна повреда врз правото на сопственост.

Барањата на Адора се разумни и имаат егзестенцијално значење за нашата компанија, но уште повеќе разбираме дека граѓаните на град Скопје немаат никаква вина во овие системски пропусти и недоследности, и на ниту еден начин нема да бидеме пречка за граѓаните на град Скопје да имаат парно греење, велат од „Адора инженеринг“, додавајќи дека од ноември лани досега имаат испратено 19 дописи до РКЕ, 10 дописи до АД ЕСМ и четири дописи до Владата во врска со проблематиката со производство на топлинска енергија.

The post „Адора“: Подготвени сме за договор за закуп со АД ЕСМ и на наша штета, но само доколку се најде решение за барањата appeared first on Република.

„Адора“: Носиме разумни одлуки за компанијата во склад со законите и во интерес на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adora-nosime-razumni-odluki-za-kompanijata-vo-sklad-so-zakonite-i-vo-interes-na-gragjanite/ Fri, 23 Sep 2022 13:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=553539

„Адора инженеринг“ во соопштение до медиумите ја појаснува постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад, кои се важна алка за системот на централно греење во главниот град на државата. Притоа, како што потенцираат, носат разумни одлуки за компанијата во целосен склоп на законските прописи и максимален интерес на граѓаните. Притоа, како што потенцираат изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за „Адора инженеринг“.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Сакаме да потенцираме дека уште на 18.08.2022 година првично од страна на ЕСМ до Адора Инженеринг беше испратено Барање за доставување понуда за купопродажба на топланите Исток и Запад. Адора Инженеринг во најдобар интерес на граѓаните е многу јасна и транспарентна во одговорот дека е согласна со ова барање и сме подготвени доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период, кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме. Секако сакаме сите процедури транспарентно да се спроведат во согласност со законските прописи.

Изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за Адора Инженеринг, односно дополнително на досегашните загуби, би ја ставал компанијата во загуба од над 550.000 евра секоја година.

Доколку не се постигне договор за закуп и купопродажба, единствен пат до обезбедување на парно греење за град Скопје е БЕГ во деловно-техничка соработка со ЕСМ да продолжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора Инженеринг, што е директна повреда на правото на сопственост.

Адора инженеринг, како и досега, останува до крај кооперативна во интерес на граѓаните и разговорите, меѓутоа мора да сме децидни дека во овие светски кризни времиња мораме да носиме разумни одлуки за нашата компанија.

The post „Адора“: Носиме разумни одлуки за компанијата во склад со законите и во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>

„Адора инженеринг“ во соопштение до медиумите ја појаснува постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад, кои се важна алка за системот на централно греење во главниот град на државата. Притоа, како што потенцираат, носат разумни одлуки за компанијата во целосен склоп на законските прописи и максимален интерес на граѓаните. Притоа, како што потенцираат изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за „Адора инженеринг“. Соопштението го пренесуваме во целост:
Сакаме да потенцираме дека уште на 18.08.2022 година првично од страна на ЕСМ до Адора Инженеринг беше испратено Барање за доставување понуда за купопродажба на топланите Исток и Запад. Адора Инженеринг во најдобар интерес на граѓаните е многу јасна и транспарентна во одговорот дека е согласна со ова барање и сме подготвени доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период, кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме. Секако сакаме сите процедури транспарентно да се спроведат во согласност со законските прописи. Изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за Адора Инженеринг, односно дополнително на досегашните загуби, би ја ставал компанијата во загуба од над 550.000 евра секоја година. Доколку не се постигне договор за закуп и купопродажба, единствен пат до обезбедување на парно греење за град Скопје е БЕГ во деловно-техничка соработка со ЕСМ да продолжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора Инженеринг, што е директна повреда на правото на сопственост. Адора инженеринг, како и досега, останува до крај кооперативна во интерес на граѓаните и разговорите, меѓутоа мора да сме децидни дека во овие светски кризни времиња мораме да носиме разумни одлуки за нашата компанија.

The post „Адора“: Носиме разумни одлуки за компанијата во склад со законите и во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>
„Адора Инженеринг“ ги продава топланите: Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adora-inzenering-gi-prodava-toplanite-gi-nudi-na-esm-po-cena-od-9-26-milioni-evra-kolku-shto-gi-kupi/ Thu, 22 Sep 2022 11:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=553165

Компанијата „Адора инженеринг“ која е сопственик на две од трите топлани во Скопје очекува да ги продаде на државната компанија ЕСМ која управува со парното за иста цена како што ги плати на Топлификација пред една година. Компанијата, како што соопшти, веќе испратила понуда до ЕСМ и очекува одговор.

Во соопштението упатено до јавноста компанијата информира дека и покрај тоа што очекувала инвестицијата во топланите да ѝ се исплати, досега има само загуби и неплатен долг од БЕГ за користењето на топланите во изминатата грејна сезона.

„Адора инженеринг“ на ден 01.09.2021 година, односно пред повеќе од една година, на транспарента јавна лицитација за сума од 9,26 милиони евра со вклучени даноци, ги купи имотите топлана Исток и топлана Запад, кои што претставуваат основни средства за регулирано производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Во тој момент, свесни за минималната економска оправданост на инвестицијата, нашата мотивација беше оваа стратешка дејност да се врати во домашни раце и про-активно да ја развиваме и унапредуваме сo сите последни трендови поврзани со дејноста, велат од компанијата.

Меѓутоа, од тогаш до денес, „Адора инженеринг“ нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на „Топлификација“ АД во стечај и БЕГ, ниту апсолутно никаков надомест за користење на имотот од страна на БЕГ, поради што се нанесува огромна штета врз работењето на „Адора инженеринг“.

БЕГ одби регулирање на меѓусебните односи за користење на топланите, односно ги користи топланите бесправно. Оваа проблематика не беше, а можеше да биде регулирана преку деловно-техничката соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ која беше направена во јануари оваа година.

Дополнително, топланите во изминатите неколку години се драстично обезвреднети поради фактот што износот за амортизација на опремата кој е определен и контролиран од РКЕ, и граѓаните го плаќаат со цел одржување на топланите во добра кондиција, речиси целосно не бил вложуван во изминатите неколку години, што нанесува директна штета, пред сè, на квалитетот на дејноста и економската исплатливост во истата.

Дополнително, поради обезвреднувањето на топланите и останати системски недоследности, приносот на капитал, односно единствениот приход за сопственикот на топланите во оваа дејност од 960 000 евра во 2010-та година, во услови на огромна акумулирана инфлација низ годините, денес е доведен на рекордно ниски ниво од 365 000 евра годишно. Сето ова доведува до ситуација каде што според моменталните параметри во бизнисот не може да се најде апсолутно никаква економска издржаност. За илустрација, годишниот ануитет кој што „Адора инженеринг“ треба да го сервисира кон домашната банка за отплата на кредитот наменет за купување на топланите изнесува околу 900 000 евра, што значи дека директно Адора инженеринг е во загуба од над 550 000 евра годишно. Доколку овде се засметаат и сопствените средства дадени како учество и дополнително обезбедување кон кредитот загубата станува уште позначителна.

Со ЕСМ веруваме дека во наредниот период ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение сè со цел општото добро и интересот на граѓаните. За „Адора инженеринг“ е потребно регулирање на досегашните долгови настанати во изминатата година по основ на принос на капитал и невложена амортизација со цел да пристапиме кон регулирање на идните односи.

Според моменталните регулирани параметри во дејноста сметаме дека единствено решение во интерес на граѓаните е ЕСМ да пристапи кон купување на топланите Исток и Запад, за што на 18.08.2022 година, ЕСМ до „Адора инженеринг“ испрати Барање за доставување на понуда за продажба на имотот, топланите Исток и Запад, со цел оваа енергетска дејност да биде обединета под државна контрола.

Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме, велат од „Адора инженеринг“.

The post „Адора Инженеринг“ ги продава топланите: Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Адора инженеринг“ која е сопственик на две од трите топлани во Скопје очекува да ги продаде на државната компанија ЕСМ која управува со парното за иста цена како што ги плати на Топлификација пред една година. Компанијата, како што соопшти, веќе испратила понуда до ЕСМ и очекува одговор. Во соопштението упатено до јавноста компанијата информира дека и покрај тоа што очекувала инвестицијата во топланите да ѝ се исплати, досега има само загуби и неплатен долг од БЕГ за користењето на топланите во изминатата грејна сезона. „Адора инженеринг“ на ден 01.09.2021 година, односно пред повеќе од една година, на транспарента јавна лицитација за сума од 9,26 милиони евра со вклучени даноци, ги купи имотите топлана Исток и топлана Запад, кои што претставуваат основни средства за регулирано производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Во тој момент, свесни за минималната економска оправданост на инвестицијата, нашата мотивација беше оваа стратешка дејност да се врати во домашни раце и про-активно да ја развиваме и унапредуваме сo сите последни трендови поврзани со дејноста, велат од компанијата.
Меѓутоа, од тогаш до денес, „Адора инженеринг“ нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на „Топлификација“ АД во стечај и БЕГ, ниту апсолутно никаков надомест за користење на имотот од страна на БЕГ, поради што се нанесува огромна штета врз работењето на „Адора инженеринг“. БЕГ одби регулирање на меѓусебните односи за користење на топланите, односно ги користи топланите бесправно. Оваа проблематика не беше, а можеше да биде регулирана преку деловно-техничката соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ која беше направена во јануари оваа година. Дополнително, топланите во изминатите неколку години се драстично обезвреднети поради фактот што износот за амортизација на опремата кој е определен и контролиран од РКЕ, и граѓаните го плаќаат со цел одржување на топланите во добра кондиција, речиси целосно не бил вложуван во изминатите неколку години, што нанесува директна штета, пред сè, на квалитетот на дејноста и економската исплатливост во истата. Дополнително, поради обезвреднувањето на топланите и останати системски недоследности, приносот на капитал, односно единствениот приход за сопственикот на топланите во оваа дејност од 960 000 евра во 2010-та година, во услови на огромна акумулирана инфлација низ годините, денес е доведен на рекордно ниски ниво од 365 000 евра годишно. Сето ова доведува до ситуација каде што според моменталните параметри во бизнисот не може да се најде апсолутно никаква економска издржаност. За илустрација, годишниот ануитет кој што „Адора инженеринг“ треба да го сервисира кон домашната банка за отплата на кредитот наменет за купување на топланите изнесува околу 900 000 евра, што значи дека директно Адора инженеринг е во загуба од над 550 000 евра годишно. Доколку овде се засметаат и сопствените средства дадени како учество и дополнително обезбедување кон кредитот загубата станува уште позначителна. Со ЕСМ веруваме дека во наредниот период ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение сè со цел општото добро и интересот на граѓаните. За „Адора инженеринг“ е потребно регулирање на досегашните долгови настанати во изминатата година по основ на принос на капитал и невложена амортизација со цел да пристапиме кон регулирање на идните односи. Според моменталните регулирани параметри во дејноста сметаме дека единствено решение во интерес на граѓаните е ЕСМ да пристапи кон купување на топланите Исток и Запад, за што на 18.08.2022 година, ЕСМ до „Адора инженеринг“ испрати Барање за доставување на понуда за продажба на имотот, топланите Исток и Запад, со цел оваа енергетска дејност да биде обединета под државна контрола. Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме, велат од „Адора инженеринг“.

The post „Адора Инженеринг“ ги продава топланите: Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи appeared first on Република.

]]>
„Адора инженеринг“: Не сме на никаков начин вклучени во производството и испораката на топлинска енергија во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/adora-inzenering-ne-sme-na-nikakov-nachin-vklucheni-vo-proizvodstvoto-i-isporakata-na-toplinska-energija-vo-skopje/ Mon, 10 Jan 2022 12:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=442584

„Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје“ на никаков начин не е вклучена во оперирањето со производството и испораката на топлинска енергија во градот Скопје и нема никакво влијание и контрола врз квалитетот на истата. По реакциите на граѓаните за квалитетот при испораката на топлинска енергија во градот Скопје, сакаме да ја информираме јавноста дека „Адора инженеринг“ нема никакви ингеренции и улога во производството и испораката на топлинска енергија, а со тоа и во настанатата ситуација, велат од компанијата.

Впрочем, иако „Адора инженеринг“ на јавна лицитација ги купи топланите Исток и Запад, во моментов лиценциран производител на топлинска енергија во главниот град е „Производство на топлина - Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје“ (БЕГ).

Групацијата „БЕГ АД Скопје“ ги оперира и е одговорна за квалитетно производство и испорака на топлинска енергија во градот Скопје. Лиценцирани компании кои го снабдуваат градот Скопје со топлинска енергија се компаниите од групацијата „БЕГ АД Скопје“, која е единствен правен субјект кој го менаџира производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија во главниот град.

Сакаме да потенцираме дека во овој момент, „Адора Инженеринг“ и БЕГ немаат воспоставено никаков партнерски однос. „Адора инженеринг“ во септември 2021 година ги купи од „Топлификација АД во стечај“, топланите Исток и Запад и основните средства за производство на топлинска енергија. До денешен ден, овие основни средства не се предадени на „Адора инженеринг“ и со нив управува „Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“, фирма ќерка на групација „БЕГ АД Скопје“.

До овој момент БЕГ нема партнерски однос за топланите со „Адора инженеринг“, иако законот е дециден дека купувањето на имот во стечај наметнува нови партнерски договори со новиот сопственик, „Адора инженеринг“.
Производството на топлинска енергија е регулирана дејност за јавно добро на граѓаните, каде што еден од основните услови за добивање лиценца за производство на топлинска енергија е да си сопственик на топланите и основните средства за производство на топлинска енергија или да имаш договор за закуп на истите.
„Адора инженеринг“ од институциите на државата очекува правна заштита во насока на разрешување на моменталните и идни партнерски односи со корисникот на топланите и компетентните институции на државата, под чија надлежност е оваа регулирана дејност, при тоа почитувајќи ги сите законски прописи со што ќе се овозможи заштита на вложениот домашен капитал, зачувување на јавниот интерес и подобрување на условите кон корисниците.
„Адора инженеринг“ се надева дека настанатата ситуација ќе има благовремена разрешница, а сè во интерес на јавното добро и на граѓаните.

The post „Адора инженеринг“: Не сме на никаков начин вклучени во производството и испораката на топлинска енергија во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје“ на никаков начин не е вклучена во оперирањето со производството и испораката на топлинска енергија во градот Скопје и нема никакво влијание и контрола врз квалитетот на истата. По реакциите на граѓаните за квалитетот при испораката на топлинска енергија во градот Скопје, сакаме да ја информираме јавноста дека „Адора инженеринг“ нема никакви ингеренции и улога во производството и испораката на топлинска енергија, а со тоа и во настанатата ситуација, велат од компанијата. Впрочем, иако „Адора инженеринг“ на јавна лицитација ги купи топланите Исток и Запад, во моментов лиценциран производител на топлинска енергија во главниот град е „Производство на топлина - Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје“ (БЕГ). Групацијата „БЕГ АД Скопје“ ги оперира и е одговорна за квалитетно производство и испорака на топлинска енергија во градот Скопје. Лиценцирани компании кои го снабдуваат градот Скопје со топлинска енергија се компаниите од групацијата „БЕГ АД Скопје“, која е единствен правен субјект кој го менаџира производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија во главниот град. Сакаме да потенцираме дека во овој момент, „Адора Инженеринг“ и БЕГ немаат воспоставено никаков партнерски однос. „Адора инженеринг“ во септември 2021 година ги купи од „Топлификација АД во стечај“, топланите Исток и Запад и основните средства за производство на топлинска енергија. До денешен ден, овие основни средства не се предадени на „Адора инженеринг“ и со нив управува „Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“, фирма ќерка на групација „БЕГ АД Скопје“. До овој момент БЕГ нема партнерски однос за топланите со „Адора инженеринг“, иако законот е дециден дека купувањето на имот во стечај наметнува нови партнерски договори со новиот сопственик, „Адора инженеринг“. Производството на топлинска енергија е регулирана дејност за јавно добро на граѓаните, каде што еден од основните услови за добивање лиценца за производство на топлинска енергија е да си сопственик на топланите и основните средства за производство на топлинска енергија или да имаш договор за закуп на истите. „Адора инженеринг“ од институциите на државата очекува правна заштита во насока на разрешување на моменталните и идни партнерски односи со корисникот на топланите и компетентните институции на државата, под чија надлежност е оваа регулирана дејност, при тоа почитувајќи ги сите законски прописи со што ќе се овозможи заштита на вложениот домашен капитал, зачувување на јавниот интерес и подобрување на условите кон корисниците. „Адора инженеринг“ се надева дека настанатата ситуација ќе има благовремена разрешница, а сè во интерес на јавното добро и на граѓаните.

The post „Адора инженеринг“: Не сме на никаков начин вклучени во производството и испораката на топлинска енергија во Скопје appeared first on Република.

]]>