адолесценти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adolescenti/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 14:01:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png адолесценти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adolescenti/ 32 32 Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detsata-i-adolestsentite-pobaraa-podobar-sistem-za-sledene-na-zagaduvaneto-na-vozduhot-digitalna-infrastruktura-vo-site-uchilishta-i-poveke-mozhnsti-za-rabota-na-sredba-so-vladata-na-visoko-nivo/ Wed, 20 Nov 2024 13:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=839973

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени.

Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ.

“Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки."

„Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“

Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад.

Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики.

Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници.

„Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија.

Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени. Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ. “Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки." „Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“ Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад. Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики. Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници. „Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија. Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>
СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-e-zagrizheno-edna-tretina-od-adolestsentite-vo-evropa-igraat-onlajn-sekoj-den-a-22-otsto-od-niv-igraat-najmalku-chetiri-chasa/ Wed, 25 Sep 2024 10:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=819522

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека проблематичното користење на социјалните мрежи е во пораст меѓу децата во Европа и дека постои ризик тие да развијат зависност од онлајн играње.

Потребна ни е итна и одржлива акција за да им помогнеме на адолесцентите да престанат со потенцијално штетната употреба на социјалните мрежи, за кои се покажа дека доведуваат до депресија, малтретирање, анксиозност и слаби училишни резултати“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Во 2022 година, 11 проценти од адолесцентите (13 проценти од девојчињата и 9 проценти од момчињата) имале знаци на проблематично користење на социјалните мрежи, додека четири години претходно тоа било седум проценти.

Податоците се добиени во истражување кое опфатило 280.000 деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 44 земји во Европа, Централна Азија и Канада.

Кај нив се забележани симптоми слични на оние на зависност, а тоа се неможноста да се контролира прекумерната употреба, чувството на повлекување и напуштање на другите активности во корист на социјалните мрежи и негативните последици од прекумерната употреба во секојдневниот живот.

Оваа појава е најраспространета кај романските адолесценти на возраст од 13 и 15 години, 28 отсто од нив, а најмалку е кај холандските адолесценти (три отсто).

Причината за загриженост е тоа што една третина од адолесцентите играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа, покажуваат податоците на СЗО.

Околу 12 проценти од адолесцентите имаат проблематично однесување поврзано со онлајн игрите, од кои 16 проценти се момчиња, а 7 проценти се девојчиња.

The post СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека проблематичното користење на социјалните мрежи е во пораст меѓу децата во Европа и дека постои ризик тие да развијат зависност од онлајн играње.
Потребна ни е итна и одржлива акција за да им помогнеме на адолесцентите да престанат со потенцијално штетната употреба на социјалните мрежи, за кои се покажа дека доведуваат до депресија, малтретирање, анксиозност и слаби училишни резултати“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Во 2022 година, 11 проценти од адолесцентите (13 проценти од девојчињата и 9 проценти од момчињата) имале знаци на проблематично користење на социјалните мрежи, додека четири години претходно тоа било седум проценти. Податоците се добиени во истражување кое опфатило 280.000 деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 44 земји во Европа, Централна Азија и Канада. Кај нив се забележани симптоми слични на оние на зависност, а тоа се неможноста да се контролира прекумерната употреба, чувството на повлекување и напуштање на другите активности во корист на социјалните мрежи и негативните последици од прекумерната употреба во секојдневниот живот. Оваа појава е најраспространета кај романските адолесценти на возраст од 13 и 15 години, 28 отсто од нив, а најмалку е кај холандските адолесценти (три отсто). Причината за загриженост е тоа што една третина од адолесцентите играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа, покажуваат податоците на СЗО. Околу 12 проценти од адолесцентите имаат проблематично однесување поврзано со онлајн игрите, од кои 16 проценти се момчиња, а 7 проценти се девојчиња.  

The post СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа appeared first on Република.

]]>
Една третина од тинејџерите и адолесцентите и една третина од трудниците страдаат од депресија, покажуваат истражувањата во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/ Tue, 10 Oct 2023 12:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=689896

Податоците од најновите истражувања во Македонија покажуваат дека една третина од мајките за време на бременоста и по породувањето страдаат од симптоми на депресија, додека кај 28 проценти од нив се регистрира анксиозност.

Понатаму, според податоците, тинејџерите и адолесцентите се особено ранлива категорија, според податоците од најновите истражувања во Македонија кај 29,2 отсто од младите се регистрирани клинички симптоми на депресија додека кај 23,7 проценти се присутни клинички симптоми на анксиозност во периодот после пандемијата со Ковид-19, а девојчињата се позасегнати од анксиозност и депресивни симптоми во споредба со момчињата.

Истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија е направено во периодот после пандемијата со Ковид-19, а го презентираше д-р Стефанија Митровска, за време на настанот организиран по повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври.

Митровска која работи на Универзитетската клиника за психијатрија, вели дека од особен интерес на клиниката е покревањето на свесноста кај пошироката јавност и професионалците, за овие потешкотии со кои се соочуваат жените во бременоста и по породувањето.

Во истражувањето се покажа дека една третина од испитаничките покажуваат клинички релевантни симптоми на депресивност и уште толку се соочуваат со анксиозност. Важно е здравјето на мајката за здрав развој на детето. Ние имаме парола која вели: ‘Здрава мајка, здраво дете, здраво дете, здраво општетство’, рече таа.

Како што додаде во последно време забележува дека почесто се говори на оваа тема во медиумите и социјалните мрежи, но треба и им се укаже на мајките и на тоа како можат да дојдат до помош.

Ретко кој знае како да побара помош. Ако некоја жена препознава кај себе потешкотии со психичкото здравје ја охрабруваме да се обрати кај матичниот лектр, за да ја упати кај специјалист за натамошна проценка. Исто ги повикуваме сите лекари кои се во контакст со родилки, да ги препознаваат знаците на нарушено психичко здравје и да ги прашаат жените како се чувствуваат. Важно е колетивно да ја градиме поддршката, рече д-р Митровска.

Статистичките податоци генерално покажуваат дека дури 1 од 8 луѓе страдаат од потешкотии со психичкото здравје. Овие предизвици не ја афектираат само психичката добросостојба,туку нивното влијание се одразува и на социјалното и професионално функционирање на личноста, а оттаму и на општеството во целост.

The post Една третина од тинејџерите и адолесцентите и една третина од трудниците страдаат од депресија, покажуваат истражувањата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Податоците од најновите истражувања во Македонија покажуваат дека една третина од мајките за време на бременоста и по породувањето страдаат од симптоми на депресија, додека кај 28 проценти од нив се регистрира анксиозност. Понатаму, според податоците, тинејџерите и адолесцентите се особено ранлива категорија, според податоците од најновите истражувања во Македонија кај 29,2 отсто од младите се регистрирани клинички симптоми на депресија додека кај 23,7 проценти се присутни клинички симптоми на анксиозност во периодот после пандемијата со Ковид-19, а девојчињата се позасегнати од анксиозност и депресивни симптоми во споредба со момчињата. Истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија е направено во периодот после пандемијата со Ковид-19, а го презентираше д-р Стефанија Митровска, за време на настанот организиран по повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври. Митровска која работи на Универзитетската клиника за психијатрија, вели дека од особен интерес на клиниката е покревањето на свесноста кај пошироката јавност и професионалците, за овие потешкотии со кои се соочуваат жените во бременоста и по породувањето.
Во истражувањето се покажа дека една третина од испитаничките покажуваат клинички релевантни симптоми на депресивност и уште толку се соочуваат со анксиозност. Важно е здравјето на мајката за здрав развој на детето. Ние имаме парола која вели: ‘Здрава мајка, здраво дете, здраво дете, здраво општетство’, рече таа.
Како што додаде во последно време забележува дека почесто се говори на оваа тема во медиумите и социјалните мрежи, но треба и им се укаже на мајките и на тоа како можат да дојдат до помош.
Ретко кој знае како да побара помош. Ако некоја жена препознава кај себе потешкотии со психичкото здравје ја охрабруваме да се обрати кај матичниот лектр, за да ја упати кај специјалист за натамошна проценка. Исто ги повикуваме сите лекари кои се во контакст со родилки, да ги препознаваат знаците на нарушено психичко здравје и да ги прашаат жените како се чувствуваат. Важно е колетивно да ја градиме поддршката, рече д-р Митровска.
Статистичките податоци генерално покажуваат дека дури 1 од 8 луѓе страдаат од потешкотии со психичкото здравје. Овие предизвици не ја афектираат само психичката добросостојба,туку нивното влијание се одразува и на социјалното и професионално функционирање на личноста, а оттаму и на општеството во целост.

The post Една третина од тинејџерите и адолесцентите и една третина од трудниците страдаат од депресија, покажуваат истражувањата во Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонија има една од највисоките стапки во Европа на непланирана бременост кај адолесцентите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/makedonija-ima-edna-od-najvisokite-stapki-vo-evropa-na-neplanirana-bremenost-kaj-adolestsentite/ Thu, 13 Apr 2023 13:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=630599

Македонија има една од највисоките стапки во Европа на непланирана бременост кај адолесцентите, а најголем број малолетни мајки се Ромки, беше кажано денеска на дебатата „Колку се младите мајки, а особено Ромките, препознаени и услужени од системот на здравствена и социјална заштита“, во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Стапката на непланирана бременост кај адолесцентите во земјава е 11 отсто. Стапката на малолетнички породувања е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија. Најголем број меѓу малолетните мајки се Ромки, а сепак пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје им е ограничен.

Според истражувањето за влијанието на Ковид-19 врз пристапот на младите до информации за сексуалното и репродуктивното здравје, спроведено од младинската група во рамки на регионалниот проект „Младите зборуваат, младите одбираат“, дури 38 отсто од опфатените млади Роми се соочиле со тешкотии да дојдат до потребните информации за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ).

Младите од ранливите заедници за многу теми од СРЗ покажале двојно поголема потреба од информации за разлика од општата популација. За младите мајки и за бремените, што е и за очекување, прашањата за бременост, породувања и грижа по породувањето биле од најголем интерес, додека младите Роми најмногу се интересирале за заштита од гинеколошки инфекции, менструација или третирање на хормонални проблеми. Постоечката општествена стигма и дискриминација, но и немањето здравствена документација и осигурување придонеле кај Ромите да биде отежнат пристапот до СРЗ услуги. Чувството на страв и анксиозност кај младите мајки поради слабата информираност за Ковид-19 влијаеле врз нивната здравствена безбедност, посочуваат од ХЕРА.

Азиза Сали од Здружението „Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари“ ја илустрира сериозноста на проблемот преку двата случаи на починати родилки, кои поради немање гинеколог во Општината за време на пандемијата, немале можност да прават редовни гинеколошки прегледи.

Без пристап до матичен гинеколог во самата општина, девојките и жените не можеа ни да добијат потврда за контролирана бременост што создаде дополнителна пречка во остварувањето на социјалните права, вели Сара Сејфула од Центарот за социјална работа.

Искуството на д-р Ламбе Крстески, кој работи како матичен гинеколог во Шуто Оризари во изминатите шест месеци, покажува дека пристапот до гинеколог е исклучително важен во грижата за репродуктивното здравје, но и за целокупната добросостојба на жената.

Во моментот, кај мене се обраќаат 1000 Ромки. Досега се породени околу 15 Ромки, сите живи и здрави, информира тој.

Нада Тофоска, социјална работничка од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, се осврна на социјалните последици што ги носат малолетната бременост и мајчинство.

Поради бременоста, малолетните девојки и девојчиња го напуштаат образовниот процес, поради што подоцна ниско котираат на пазарот на трудот. Ова има долгорочни последици не само за нивната економска независност, туку и за нивното ментално здравје. Многу често тие се соочуваат со депресија, па и со физичко и сексуално насилство, што потоа драматично влијае и на нивниот однос кон децата, посочува Тофоска.

Панелистите заклучија дека јавно-здравствениот и граѓанскиот сектор треба многу попосветено да работат на информирање на Ромките во репродуктивен период за достапните услуги и за придобивките од редовното посетување гинеколог, вклучително и за мерките предвидени за ранливите групи на жени во Превентивните програми на Министерството за здравство.

The post Македонија има една од највисоките стапки во Европа на непланирана бременост кај адолесцентите appeared first on Република.

]]>

Македонија има една од највисоките стапки во Европа на непланирана бременост кај адолесцентите, а најголем број малолетни мајки се Ромки, беше кажано денеска на дебатата „Колку се младите мајки, а особено Ромките, препознаени и услужени од системот на здравствена и социјална заштита“, во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Стапката на непланирана бременост кај адолесцентите во земјава е 11 отсто. Стапката на малолетнички породувања е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија. Најголем број меѓу малолетните мајки се Ромки, а сепак пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје им е ограничен. Според истражувањето за влијанието на Ковид-19 врз пристапот на младите до информации за сексуалното и репродуктивното здравје, спроведено од младинската група во рамки на регионалниот проект „Младите зборуваат, младите одбираат“, дури 38 отсто од опфатените млади Роми се соочиле со тешкотии да дојдат до потребните информации за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ).