Адмирим Алити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/admirim-aliti/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Feb 2023 12:48:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Адмирим Алити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/admirim-aliti/ 32 32 Панова: Амирим Алити ќе биде запамтен по тоа што си измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/panova-amirim-aliti-ke-bide-zapamten-po-toa-shto-si-izmislil-nachin-kako-shto-e-mozhno-poveke-od-svoite-da-si-vraboti-vo-drzhavnata-administratsija/ Fri, 17 Feb 2023 12:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=610181

Разговараме за предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Поговорката која што вели „ Кога мачорот не е тука глувците оро играат“ е сега што е ползата да чуваш мачор ако глувците оро играат и кога тој е присутен. Еве иста е ситуацијата и во ова сала. Ако гледате дека и кога премиерот е присутен замислете пратениците по цел ден ги нема. Каде се овие реформи во администрацијата кои што толку долго ги најавувате, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

Панова нагласи дека Алити ќе биде запамтен по тоа што тој измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација.

-Знаете ли по што ви е запамтен овој министер Алити, по балансерот по тоа што тој измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација. И после државата немала пари за сервисни трошоци за пензии. Дали вработените во јавната администрација се стручни и колку се компетентни. Каков придонес ќе дадат во институциите во кои што работат. Дали тоа ќе им донесе подобар живот на граѓаните. Меѓутоа некој ќе се фали со бројки ќе лицитира со министерски места. За ова некој треба стоп, истакна Панова.

Панова нагласи дека луѓе со 9,5 просек не можат да се вработат на обично работно место бидејќи немаат партиска книшка а на испитот се полагало со телефони.

-Магистер на машински факултет со просек 9, 50 кој што аплицирал на јавен оглас за вработување во АЕК и мислејќи дека знаењето и испитите ќе бидат пресудни за вработување но не било така, човекот лично кажува што му се случило во администрацијата, бил повикан во просториите кои се всушност под министерството за информатичко општество и полагал испит меѓутоа знаете што се случило на испитот луѓето полагале со телефони, тоа се случило. Луѓе кои што имаат 9,5 просек не можат да се вработат на обично работно место бидејќи немаат партиска книшка, додаде Панова.

The post Панова: Амирим Алити ќе биде запамтен по тоа што си измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација appeared first on Република.

]]>

Разговараме за предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Поговорката која што вели „ Кога мачорот не е тука глувците оро играат“ е сега што е ползата да чуваш мачор ако глувците оро играат и кога тој е присутен. Еве иста е ситуацијата и во ова сала. Ако гледате дека и кога премиерот е присутен замислете пратениците по цел ден ги нема. Каде се овие реформи во администрацијата кои што толку долго ги најавувате, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова. Панова нагласи дека Алити ќе биде запамтен по тоа што тој измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација. -Знаете ли по што ви е запамтен овој министер Алити, по балансерот по тоа што тој измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација. И после државата немала пари за сервисни трошоци за пензии. Дали вработените во јавната администрација се стручни и колку се компетентни. Каков придонес ќе дадат во институциите во кои што работат. Дали тоа ќе им донесе подобар живот на граѓаните. Меѓутоа некој ќе се фали со бројки ќе лицитира со министерски места. За ова некој треба стоп, истакна Панова. Панова нагласи дека луѓе со 9,5 просек не можат да се вработат на обично работно место бидејќи немаат партиска книшка а на испитот се полагало со телефони. -Магистер на машински факултет со просек 9, 50 кој што аплицирал на јавен оглас за вработување во АЕК и мислејќи дека знаењето и испитите ќе бидат пресудни за вработување но не било така, човекот лично кажува што му се случило во администрацијата, бил повикан во просториите кои се всушност под министерството за информатичко општество и полагал испит меѓутоа знаете што се случило на испитот луѓето полагале со телефони, тоа се случило. Луѓе кои што имаат 9,5 просек не можат да се вработат на обично работно место бидејќи немаат партиска книшка, додаде Панова.  

The post Панова: Амирим Алити ќе биде запамтен по тоа што си измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација appeared first on Република.

]]>
Симовски: За вработувањата по етички клуч единствена валидна категорија е резидентно население https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/simovski-za-vrabotuvanjata-po-etichki-kluch-edinstvena-validna-kategorija-e-rezidentno-naselenie/ Wed, 17 Aug 2022 15:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=541469

Директорот на за Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вели дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) погрешно ги усогласило податоците од последниот попис со балансерот за вработувања во јавниот сектор по принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците.

Тој за државната агенција МИА денеска изјави дека единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и е прифатено и од Евростат.

Ние како земја, категоријата нерезидентно население одлучивме да ја попишуваме затоа што имаме проблем со емиграцијата и тие податоци да се искористат за да се креираат политики да се намали емиграцијата и евентуално да се вратат луѓе, ама не може тие да бидат дел од никаква друга категорија население, изјави Симовски.

На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.

МИОА нè контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствена категорија што треба да ја гледаат е резидентно население, појасни Симовски.

За тоа дали биле прашани како да се користат податоците за граѓаните кои беа попишани преку регистрите, Симовски рече дека и за тоа им дале јасен одговор.

Прашаа и добија одговор. Не може да ги распоредите. Не знаеме и тука нема нагаѓање. Тие седум проценти се неизјаснети и ќе си останат во групата на останати, нагласи Симовски.

Симовски, исто така, појасни дека граѓаните и по Устав имаат право да не одговорат за етничката припадност.

И на крајот Вие по Устав имате право да не се изјасните. Никој со сила не може да Ве натера да се изјасните. Ние ги импутиравме податоците за кои има во регистрите документирана информација, ама никако не смееме да помислиме, а камоли да направиме импутирање на податоци за чувство. Тоа си е лично и е апсолутно забрането, изјави Симовски.

Според пресметката на МИОА, каде што министер е Адмирим Алити, балансерот го зема предвид вкупното население од пописот, во кое влегуваат и отселените во странство, но и 7-те отсто административно попишани, за кои нема податок за националност. Според пресметката на Алити, Албанците се 31,54 отсто од населението, а според податоците од пописот од септември лани – 24,3 отсто од резидентното население и 29,5 отсто од вкупното население.

Од МИОА, за МИА вчера изјавија, дека при усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број попишани лица.

Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување.

Во 2016 година беше донесена Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно која секоја институција ќе мора да изготви годишен план за вработување и согласно годишниот план да ги спроведува постапките за вработување. Изработена е веб алатка достапна на веб локацијата https://balancer.mioa.gov.mk/ преку која електронски се врши распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност.

The post Симовски: За вработувањата по етички клуч единствена валидна категорија е резидентно население appeared first on Република.

]]>

Директорот на за Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вели дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) погрешно ги усогласило податоците од последниот попис со балансерот за вработувања во јавниот сектор по принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците. Тој за државната агенција МИА денеска изјави дека единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и е прифатено и од Евростат.
Ние како земја, категоријата нерезидентно население одлучивме да ја попишуваме затоа што имаме проблем со емиграцијата и тие податоци да се искористат за да се креираат политики да се намали емиграцијата и евентуално да се вратат луѓе, ама не може тие да бидат дел од никаква друга категорија население, изјави Симовски.
На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.
МИОА нè контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствена категорија што треба да ја гледаат е резидентно население, појасни Симовски.
За тоа дали биле прашани како да се користат податоците за граѓаните кои беа попишани преку регистрите, Симовски рече дека и за тоа им дале јасен одговор.
Прашаа и добија одговор. Не може да ги распоредите. Не знаеме и тука нема нагаѓање. Тие седум проценти се неизјаснети и ќе си останат во групата на останати, нагласи Симовски.
Симовски, исто така, појасни дека граѓаните и по Устав имаат право да не одговорат за етничката припадност.
И на крајот Вие по Устав имате право да не се изјасните. Никој со сила не може да Ве натера да се изјасните. Ние ги импутиравме податоците за кои има во регистрите документирана информација, ама никако не смееме да помислиме, а камоли да направиме импутирање на податоци за чувство. Тоа си е лично и е апсолутно забрането, изјави Симовски.
Според пресметката на МИОА, каде што министер е Адмирим Алити, балансерот го зема предвид вкупното население од пописот, во кое влегуваат и отселените во странство, но и 7-те отсто административно попишани, за кои нема податок за националност. Според пресметката на Алити, Албанците се 31,54 отсто од населението, а според податоците од пописот од септември лани – 24,3 отсто од резидентното население и 29,5 отсто од вкупното население. Од МИОА, за МИА вчера изјавија, дека при усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број попишани лица. Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување. Во 2016 година беше донесена Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно која секоја институција ќе мора да изготви годишен план за вработување и согласно годишниот план да ги спроведува постапките за вработување. Изработена е веб алатка достапна на веб локацијата https://balancer.mioa.gov.mk/ преку која електронски се врши распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност.

The post Симовски: За вработувањата по етички клуч единствена валидна категорија е резидентно население appeared first on Република.

]]>
Државно ќе работат 31,5 отсто Албанци наместо законските 24,3 оти така си пресметал министерот Алити https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavno-kje-rabotat-31-5-otsto-albanci-namesto-zakonskite-24-3-oti-taka-si-presmetal-ministerot-aliti/ Tue, 16 Aug 2022 10:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=540891

Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население, пренесува „Сакам да кажам“. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.

Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија.

Целата сторија на СДК

The post Државно ќе работат 31,5 отсто Албанци наместо законските 24,3 оти така си пресметал министерот Алити appeared first on Република.

]]>

Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население, пренесува „Сакам да кажам“. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција. Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија. Целата сторија на СДК

The post Државно ќе работат 31,5 отсто Албанци наместо законските 24,3 оти така си пресметал министерот Алити appeared first on Република.

]]>
Алити: Мартовските минимални плати во администрацијата нема да бидат под 18.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aliti-martovskite-minimalni-plati-vo-administracijata-nema-da-bidat-pod-18-000-denari/ Fri, 08 Apr 2022 21:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=485628

Министерот за информатичко општество, Адмирим Алити, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на Алсат меѓудругото се осврна и на минималната плата во администрацијата и вети дека до крајот на овој месец сите мартовски плати ќе се исплаќаат со минимум 18.000 денари и дека според него нема да има вработени во јавната администрација кои ќе добијат помалку од 18.000 денари.

Има различни толкувања на законот и има судири меѓу различни закони. Затоа, толкувањето кое преовладува е дека минималната плата можеме како Влада да ја исплатиме во сите институции во моментот кога овој закон ќе се изгласа во парламентот. Овој закон деновиве е во парламентот, ние како Влада не сме во позиција да го тераме парламентот да гласа кога сакаме ние, но нашите очекувања се дека овој закон ќе се гласа следната недела, па начин да се реши оваа ситуација е со тоа што најголемиот дел од министерствата прават онолку колку што биле платите досега, претпоставуваме ако некој има 17.000 денари плата, во моментот кога ќе се гласа во парламентот ќе се исплатат дополнителни 1.000 денари, рече Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

The post Алити: Мартовските минимални плати во администрацијата нема да бидат под 18.000 денари appeared first on Република.

Во државно вработени 132.088 лица, 905 повеќе од лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-drzavno-vraboteni-132-088-lica-905-povekje-od-lani/ Thu, 31 Mar 2022 10:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=481343

Во јавниот сектор во земјава заклучно со 31 декември лани биле вработени 132.088 лица во 1.346 институции. Повеќе од половината имаат најмалку високо образование. Споредено со лани, има околу 900 вработени повеќе. Намалување за околу 600 лица има во органите на државната власт. Најголем дел вработените во јавниот сектор работат во образование. Просечната старост на вработените е 46 години.

Ова го покажува анализата на Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2021 година што денеска на прес-конференција го презентираше министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити.

Тој истакна дека од вкупниот број вработени, 19.311 лица работат во АРМ, МВР, АНБ, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција и за нив како што рече, поради специфичноста на дејностите не се презентираат подетални анализи. Тие се прават за останатите 112.777 вработени во целиот јавен сектор.

Она што е за истакнување е дека бројот на вработените на државната власт претставува само 13 отсто од вкупната бројка на вработените во јавниот сектор, односно од вкупно 132.088 вработени во јавниот сектор, во Владата, министерствата, ораганите во нивен состав, органите на државната управа… се вработени 15.302 лица, рече министерот.

Алити додаде дека анализата покажува оти најголем е бројот на вработени лица во дејноста образование, со 33 отсто, потоа во здравство 19 отсто, државната управа со 13 отсто, комуналните дејности на јавните претпријатија со 9 проценти од вкупниот број вработени…

Во споредба со истиот период лани, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за 905 лица. Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт, каде во 2020 работеле 15.945 лица, а во 2021 година 15.302 што е намалување за 643 вработувања.

Во 2021 е зголемен број лица со високи образовни кфалификации, односно повеќе од половината од вработените во јавниот сектор имаат намалку високо образование. Од нив 4.753 се магистри и 2.575 се доктори на науки.

Од Извештајот може да се види дека поголем број од вработените или 55,3 отсто се жени, а 44,7 отсто мажи. Просечна возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години. Во однос на етничка припадност на ниво на цел јавен сектор Македонците се застапени со 73,57 проценти, Албанците со 20,35, Турците со 1,95, Ромите 1,19, Србите со 1,07 проценти….

Министерот на прес-конференцијата информира и дека во тек е проект со кој, како што рече, се предвидени едни од најхрабрите промени во администрацијата. Тие, нагласи Алити, ќе подразбираат целосна реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на хоризаонтално ниво, елиминирање на секакво поклопување на надлежностите на институциите и воведување јасна хиерархиска подреденост согласно надлежностите на институцијата.

Еден од најважните производи на проектот – Интегрираниот извештај кој ги сумира сите предлози за реорганизација на институците беше усвоен на седница на Владата од 8 март годинава. Овие препораки се важни како потоказ за реорганизација на министерстките системи. Со усвојувањето донесена е одлука МИОА, МЗШВ и Министерството за економија да бидат пилот министерски системи кои ќе почнат со процесот, посочи Алити.

Тој информира дека во изработка се и закони поврзани со јавната администрација – законите за висока раководна служба, за вработените во јавниот сектор, и за административни службеници. Тие, рече, во нацрт-верзија биле објавени на ЕНЕР заради транспарентност и собирање коментари од засегнатите страни.

The post Во државно вработени 132.088 лица, 905 повеќе од лани appeared first on Република.

]]>

Во јавниот сектор во земјава заклучно со 31 декември лани биле вработени 132.088 лица во 1.346 институции. Повеќе од половината имаат најмалку високо образование. Споредено со лани, има околу 900 вработени повеќе. Намалување за околу 600 лица има во органите на државната власт. Најголем дел вработените во јавниот сектор работат во образование. Просечната старост на вработените е 46 години. Ова го покажува анализата на Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2021 година што денеска на прес-конференција го презентираше министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити. Тој истакна дека од вкупниот број вработени, 19.311 лица работат во АРМ, МВР, АНБ, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција и за нив како што рече, поради специфичноста на дејностите не се презентираат подетални анализи. Тие се прават за останатите 112.777 вработени во целиот јавен сектор.
Она што е за истакнување е дека бројот на вработените на државната власт претставува само 13 отсто од вкупната бројка на вработените во јавниот сектор, односно од вкупно 132.088 вработени во јавниот сектор, во Владата, министерствата, ораганите во нивен состав, органите на државната управа… се вработени 15.302 лица, рече министерот.
Алити додаде дека анализата покажува оти најголем е бројот на вработени лица во дејноста образование, со 33 отсто, потоа во здравство 19 отсто, државната управа со 13 отсто, комуналните дејности на јавните претпријатија со 9 проценти од вкупниот број вработени… Во споредба со истиот период лани, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за 905 лица. Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт, каде во 2020 работеле 15.945 лица, а во 2021 година 15.302 што е намалување за 643 вработувања. Во 2021 е зголемен број лица со високи образовни кфалификации, односно повеќе од половината од вработените во јавниот сектор имаат намалку високо образование. Од нив 4.753 се магистри и 2.575 се доктори на науки. Од Извештајот може да се види дека поголем број од вработените или 55,3 отсто се жени, а 44,7 отсто мажи. Просечна возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години. Во однос на етничка припадност на ниво на цел јавен сектор Македонците се застапени со 73,57 проценти, Албанците со 20,35, Турците со 1,95, Ромите 1,19, Србите со 1,07 проценти…. Министерот на прес-конференцијата информира и дека во тек е проект со кој, како што рече, се предвидени едни од најхрабрите промени во администрацијата. Тие, нагласи Алити, ќе подразбираат целосна реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на хоризаонтално ниво, елиминирање на секакво поклопување на надлежностите на институциите и воведување јасна хиерархиска подреденост согласно надлежностите на институцијата.