административци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/administrativci/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 13:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png административци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/administrativci/ 32 32 Минчев: Балансерот ќе биде укинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/43-od-vrabotenite-vo-mja-se-od-etnichkite-zaednitsi/ Fri, 12 Jul 2024 21:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=796189

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби.

Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија.

Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.

Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреби. Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото МЈА каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво, објасни Минчев, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Минчев: Балансерот ќе биде укинат appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби. Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија. Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.
Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреби. Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото МЈА каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво, објасни Минчев, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Минчев: Балансерот ќе биде укинат appeared first on Република.

]]>
Владата потврди: Од септември за 10 отсто повисоки плати за административците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-potvrdi-od-septemvri-za-10-otsto-povisoki-plati-za-administrativtsite/ Tue, 11 Jul 2023 12:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=660045

Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор, соопштија од Влада, додавајќи дека на вчерашниот работен состанок, двете страни договорија 10 отсто раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината.

Како што информира владината прес-служба, постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем.

Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.

Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, кое ќе гарантира раст на платите без политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30 отсто од просечната нето плата, стои во соопштението.

Постигнатиот договор меѓу Владата и синдикатите, како што се наведува, е резултат на посветеноста на Владата за примена на политики коишто се во интерес на правата на работниците и заштита на стандардот на граѓаните, со што се влијае и врз растот на домашната економија.

Утврденото решение ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено. Владата на Република Cеверна Македонија и понатаму ќе продолжи да работи во насока на обезбедување на подобри услови за работници, подобар животен стандард, како и овозможување на просперитетна и европска иднина за државата, се вели во соопштението од Владата.

The post Владата потврди: Од септември за 10 отсто повисоки плати за административците appeared first on Република.

]]>

Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор, соопштија од Влада, додавајќи дека на вчерашниот работен состанок, двете страни договорија 10 отсто раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината. Како што информира владината прес-служба, постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем. Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.
Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, кое ќе гарантира раст на платите без политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30 отсто од просечната нето плата, стои во соопштението.
Постигнатиот договор меѓу Владата и синдикатите, како што се наведува, е резултат на посветеноста на Владата за примена на политики коишто се во интерес на правата на работниците и заштита на стандардот на граѓаните, со што се влијае и врз растот на домашната економија.
Утврденото решение ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено. Владата на Република Cеверна Македонија и понатаму ќе продолжи да работи во насока на обезбедување на подобри услови за работници, подобар животен стандард, како и овозможување на просперитетна и европска иднина за државата, се вели во соопштението од Владата.

The post Владата потврди: Од септември за 10 отсто повисоки плати за административците appeared first on Република.

]]>
Нека си ги проверуваат сметките: На административците треба да им легне К 15 за две години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neka-si-gi-proveruvaat-smetkite-na-administrativcite-treba-da-im-legne-k-15-za-dve-godini/ Sat, 10 Dec 2022 11:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=583963

Владата вчера на седница донесе заклучок со кој е предвидена исплата на регресот за годишен одмор (К-15) за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари.

Оваа одлука, доаѓа имајќи ја предвид обврската за исплата на К-15 за 2022 година до крајот на месецов, но и со цел намалување на товарот врз Буџетот за судски и адвокатски трошоци кои произлегуваат од правосилните судски пресуди, но и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.

The post Нека си ги проверуваат сметките: На административците треба да им легне К 15 за две години appeared first on Република.

]]>

Владата вчера на седница донесе заклучок со кој е предвидена исплата на регресот за годишен одмор (К-15) за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари. Оваа одлука, доаѓа имајќи ја предвид обврската за исплата на К-15 за 2022 година до крајот на месецов, но и со цел намалување на товарот врз Буџетот за судски и адвокатски трошоци кои произлегуваат од правосилните судски пресуди, но и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година. На предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.

The post Нека си ги проверуваат сметките: На административците треба да им легне К 15 за две години appeared first on Република.

]]>