администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/administracija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 09:39:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/administracija/ 32 32 Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ni-treba-depolitizirana-administratsija-kade-kluchni-ke-bidat-struchnosta-i-posvetenosta/ Wed, 27 Nov 2024 09:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=842154

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на годишната министерска конференција на Регионалното училиште за јавна администрација. Конференцијата е посветена на темата „Идна генерација на управување и иновации во јавната администрација“.

Јавна администрација што нема да биде само сервис за граѓаните, туку и партнер во градењето на идните мерки и чекори. Зборуваме за една важна тема, што со годините многу малку била предмет на студиозна анализа, ниту пак на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките што треба да се преземат за поголем квалитет на услугите, но и иновациите како важен предизвик на тој план - рече Мицкоски.

Истакна дека ова е тема којашто не само што го одредува квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, туку и го обликува лицето на државата.

Во изминатиот период, сите сме сведоци на предизвиците со кои се соочува администрацијата. Бавни процеси, недостаток на дигитализација, понекогаш и недоволна транспарентност. Но и партизацијата која е отворен проблем, исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор. Овие проблеми не можеме да ги игнорираме – тие се реални и за нив треба да се најдат решенија - нагласи премиерот.

Притоа се осврна и на целите и на важноста на реформите. Зборувајќи за дигитализација на услугите, рече дека ќе се обезбеди што е можно повеќе услуги да бидат достапни онлајн, со еден клик за да се намали времето за чекање и зголеми задоволството на корисниците.

Мицкоски говореше и за ефикасноста и професионалноста, како и за транспарентноста и отчетноста, намалувањето на бирократијата, вреднувањето на трудот како поставени цели.

Се залагам за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста. Ќе ги зајакнеме механизмите за надзор и отчетност. Секој граѓанин има право да знае како и каде се трошат јавните средства. Администрацијата треба да биде партнер, а не пречка за граѓаните и бизнисите. Работиме за поедноставување на процедурите и намалување на непотребните документи. Потребен е систем за наградување на оние што работат вредно и чесно, за да ги мотивираме сите вработени во администрацијата да се стремат кон извонредност - подвлече премиерот.

Реформите, како што посочи, не се само за подобрување на услугите, туку и за враќање на довербата.

The post Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста appeared first on Република.

]]>

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на годишната министерска конференција на Регионалното училиште за јавна администрација. Конференцијата е посветена на темата „Идна генерација на управување и иновации во јавната администрација“.
Јавна администрација што нема да биде само сервис за граѓаните, туку и партнер во градењето на идните мерки и чекори. Зборуваме за една важна тема, што со годините многу малку била предмет на студиозна анализа, ниту пак на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките што треба да се преземат за поголем квалитет на услугите, но и иновациите како важен предизвик на тој план - рече Мицкоски.
Истакна дека ова е тема којашто не само што го одредува квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, туку и го обликува лицето на државата.
Во изминатиот период, сите сме сведоци на предизвиците со кои се соочува администрацијата. Бавни процеси, недостаток на дигитализација, понекогаш и недоволна транспарентност. Но и партизацијата која е отворен проблем, исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор. Овие проблеми не можеме да ги игнорираме – тие се реални и за нив треба да се најдат решенија - нагласи премиерот.
Притоа се осврна и на целите и на важноста на реформите. Зборувајќи за дигитализација на услугите, рече дека ќе се обезбеди што е можно повеќе услуги да бидат достапни онлајн, со еден клик за да се намали времето за чекање и зголеми задоволството на корисниците. Мицкоски говореше и за ефикасноста и професионалноста, како и за транспарентноста и отчетноста, намалувањето на бирократијата, вреднувањето на трудот како поставени цели.
Се залагам за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста. Ќе ги зајакнеме механизмите за надзор и отчетност. Секој граѓанин има право да знае како и каде се трошат јавните средства. Администрацијата треба да биде партнер, а не пречка за граѓаните и бизнисите. Работиме за поедноставување на процедурите и намалување на непотребните документи. Потребен е систем за наградување на оние што работат вредно и чесно, за да ги мотивираме сите вработени во администрацијата да се стремат кон извонредност - подвлече премиерот.
Реформите, како што посочи, не се само за подобрување на услугите, туку и за враќање на довербата.

The post Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста appeared first on Република.

]]>
Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mask-i-ramasvami-se-slozhuvaat-na-petdnevna-rabotna-nedela-vo-kantselarija-za-federalnite-sluzhbenitsi/ Thu, 21 Nov 2024 12:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=840371

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го водат новоформираниот Оддел за владина ефикасност, соопштија дека го поддржуваат предлогот вработените во федералните органи на власта да работат од канцеларија пет дена во неделата.

Повеќе од половина од 2,3 милиони вработени во американската влада во моментов не работат од далечина поради спецификите на нивните позиции, кои бараат присуство на лице место за следење на квалитетот на работата, а останатите поминуваат околу 61 отсто од своето работно време во канцеларија, информира Волстрит Џурнал повикувајќи се на извештај на Канцеларијата за управување и буџет.

Предлогот доаѓа како дел од широката ревизија на државната администрација, а најавената промена може да доведе до „бран доброволни откази што го поздравуваме“, напишаа Маск и Рамасвами во колумна за Волстрит Џурнал.

Ако федералните службеници не сакаат да се појават на работа, американските даночни обврзници не треба да им плаќаат за привилегијата од Ковид ерата да останат дома, велат тие во колумната, истакнувајќи дека ова се некои од првите цели на одделот, за кој Трамп рече дека ќе дејствува надвор од владата и ќе им понуди придонес на федералните службеници.

Во рамките на законот, претседателот има право да воспостави правила со кои се регулира работата на државните службеници со цел да се ограничи административниот апарат.

Маск вети дека ќе елиминира два трилиони долари од годишниот буџет на Соединетите Американски Држави и рече дека на владата и требаат само 99 агенции, не повеќе од 400.

Вкоренетата и растечка бирократија е егзистенцијална закана за нашата земја, а политичарите предолго ја поддржуваа. Затоа ние ги правиме работите поинаку. Ние сме претприемачи, а не политичари. Ќе служиме како надворешни волонтери, а не како федерални службеници или вработени. За разлика од владините комисии или советодавните одбори, нема само да пишуваме извештаи или да сечеме ленсти. Ќе ги намалиме трошоците, велат Маск и Рамасвами.

Тие наведоа дека посебно ќе се фокусираат на иницирање промени преку извршна акција врз основа на постојното законодавство, наместо да се носат нови закони. Што се однесува до најавеното намалување на бројот на федерални регулативи, целта е да се обезбеди „здрава индустриска логика за масовно намалување на бројот на вработени во сојузната администрација“, се посочува во колумната.

Зборувајќи за потребата да се намалат трошоците за државните службеници, Маск и Рамасвами го привлекоа вниманието на законодавните мерки насочени кон заштита на службениците од отпуштање по налог на претседателот и лицата што тој ги назначува.

Истовремено, потсетија претприемачите, целта на законот е да се заштити од персонализирана политичка одмазда, додека претседателот го задржува правото да отпушти вработени без да именува конкретни лица. Според извор запознаен со плановите за спроведување на оваа иницијатива, американските власти би можеле да направат таков чекор што е можно поскоро по инаугурацијата на новата администрација, која ќе се одржи на 20 јануари, пишува Волстрит Џурнал.

Претставниците на синдикалното движење се спротивставија на најавените реформи и порачаа дека за промената на условите за работа треба да се разговара преку колективно преговарање. Во моментов, синдикатот, кој обединува околу 110.000 државни службеници, се консултира со адвокати, рече лидерот на синдикатот Ренди Ервин.

The post Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници appeared first on Република.

]]>

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го водат новоформираниот Оддел за владина ефикасност, соопштија дека го поддржуваат предлогот вработените во федералните органи на власта да работат од канцеларија пет дена во неделата. Повеќе од половина од 2,3 милиони вработени во американската влада во моментов не работат од далечина поради спецификите на нивните позиции, кои бараат присуство на лице место за следење на квалитетот на работата, а останатите поминуваат околу 61 отсто од своето работно време во канцеларија, информира Волстрит Џурнал повикувајќи се на извештај на Канцеларијата за управување и буџет. Предлогот доаѓа како дел од широката ревизија на државната администрација, а најавената промена може да доведе до „бран доброволни откази што го поздравуваме“, напишаа Маск и Рамасвами во колумна за Волстрит Џурнал. Ако федералните службеници не сакаат да се појават на работа, американските даночни обврзници не треба да им плаќаат за привилегијата од Ковид ерата да останат дома, велат тие во колумната, истакнувајќи дека ова се некои од првите цели на одделот, за кој Трамп рече дека ќе дејствува надвор од владата и ќе им понуди придонес на федералните службеници. Во рамките на законот, претседателот има право да воспостави правила со кои се регулира работата на државните службеници со цел да се ограничи административниот апарат. Маск вети дека ќе елиминира два трилиони долари од годишниот буџет на Соединетите Американски Држави и рече дека на владата и требаат само 99 агенции, не повеќе од 400. Вкоренетата и растечка бирократија е егзистенцијална закана за нашата земја, а политичарите предолго ја поддржуваа. Затоа ние ги правиме работите поинаку. Ние сме претприемачи, а не политичари. Ќе служиме како надворешни волонтери, а не како федерални службеници или вработени. За разлика од владините комисии или советодавните одбори, нема само да пишуваме извештаи или да сечеме ленсти. Ќе ги намалиме трошоците, велат Маск и Рамасвами. Тие наведоа дека посебно ќе се фокусираат на иницирање промени преку извршна акција врз основа на постојното законодавство, наместо да се носат нови закони. Што се однесува до најавеното намалување на бројот на федерални регулативи, целта е да се обезбеди „здрава индустриска логика за масовно намалување на бројот на вработени во сојузната администрација“, се посочува во колумната. Зборувајќи за потребата да се намалат трошоците за државните службеници, Маск и Рамасвами го привлекоа вниманието на законодавните мерки насочени кон заштита на службениците од отпуштање по налог на претседателот и лицата што тој ги назначува. Истовремено, потсетија претприемачите, целта на законот е да се заштити од персонализирана политичка одмазда, додека претседателот го задржува правото да отпушти вработени без да именува конкретни лица. Според извор запознаен со плановите за спроведување на оваа иницијатива, американските власти би можеле да направат таков чекор што е можно поскоро по инаугурацијата на новата администрација, која ќе се одржи на 20 јануари, пишува Волстрит Џурнал. Претставниците на синдикалното движење се спротивставија на најавените реформи и порачаа дека за промената на условите за работа треба да се разговара преку колективно преговарање. Во моментов, синдикатот, кој обединува околу 110.000 државни службеници, се консултира со адвокати, рече лидерот на синдикатот Ренди Ервин.

The post Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vrabotuvanata-vo-drzhavnite-institutsii-ne-se-atraktivni-za-mladite/ Tue, 12 Nov 2024 13:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=836813

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека треба да се почитуваат законите, вклучително и Законот за јазиците, а за непочитувањето на овој закон во делот на веб страниците и соопштенијата од министерствата, смета дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести била 10 пати помала од сега.

Мислам дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести и активности било 10 пати помала од денеска и можеби било полесно да се работи и да се испорачува нешто кое што е во согласност со Законот за употреба на јазиците. Законот мора да се почитува, но треба да се зголемат капацитетите и во фаза сме на вработување на луѓе кои 10 пати поголемата активност на министерствата апсолутно ќе ја испорачуваат до медиумите - рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на два договори за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.

Вели дека нема интерес за вработување во државните институции поради висината на платата и дека тоа е сериозен проблем.

За жал, нема интерес за таа плата што е во моментот и овде во Владата и во институциите. Тоа претставува сериозен проблем и не е атрактивно за младите, но ќе продолжиме да бараме се додека не го испорачаме тоа што им е потребно на граѓаните без разлика на етничката припадност, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци... Се надеваме дека наскоро ќе се доекипираме и дека се ќе биде како што треба да биде - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите appeared first on Република.

Маск не е заинтересиран за позиција во идната администрација на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mask-ne-e-zainteresiran-za-pozitsija-vo-idnata-administratsija-na-tramp/ Mon, 11 Nov 2024 10:13:19 +0000 https://republika.mk/?p=836268

Американскиот милијардер Илон Маск најверојатно нема да биде во идната администрација на Доналд Трамп, а во исто време расте неговото влијание врз новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори.

Американскиот ТВ канал потсетува дека на Маск јавно му било понудено да раководи со комисијата за ефикасност за намалување на трошоците во американската сојузна влада.

Сепак, извор запознаен со ова прашање рече дека е малку веројатно дека тој воопшто би сакал владина позиција со полно работно време, со оглед на тоа што би значело за неговата улога во компаниите што ги води.

The post Маск не е заинтересиран за позиција во идната администрација на Трамп appeared first on Република.

]]>

Американскиот милијардер Илон Маск најверојатно нема да биде во идната администрација на Доналд Трамп, а во исто време расте неговото влијание врз новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори. Американскиот ТВ канал потсетува дека на Маск јавно му било понудено да раководи со комисијата за ефикасност за намалување на трошоците во американската сојузна влада. Сепак, извор запознаен со ова прашање рече дека е малку веројатно дека тој воопшто би сакал владина позиција со полно работно време, со оглед на тоа што би значело за неговата улога во компаниите што ги води.

The post Маск не е заинтересиран за позиција во идната администрација на Трамп appeared first on Република.

]]>
Администрацијата на Бајден ги ублажи извозните ограничувања за компаниите за истражување на Вселената https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/administratsijata-na-bajden-gi-ublazhi-izvoznite-ogranichuvana-za-kompaniite-za-istrazhuvane-na-vselenata/ Fri, 18 Oct 2024 07:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=828303

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги олесни извозните ограничувања на американските комерцијални вселенски компании да испраќаат одредени производи поврзани со сателити и вселенски летала до сојузниците и партнерите.

Американските вселенски компании како Спејс Икс (SpaceX) на Илон Маск и големите одбранбени изведувачи со вселенски производи како што се Локед Мартин (Lockheed Martin), Л3 Харис Технолоџис (L3Harris Technologies) и Боинг (Boeing) би можеле да имаат корист од новите правила, кои беа објавени во Федералниот регистар во четвртокот попладне.

Како што расте различноста на комерцијалните активности во вселената, овие правила ќе го намалат товарот на американската индустрија да продолжи со иновации и да предводи во вселенскиот сектор, се наведува во писмената изјава на заменик-секретарот на Министерството за трговија, Дон Грејвс.

Ажурирањата ќе придонесат и за способноста на САД да ги „прошират и продлабочат меѓународните партнерства, да ја развијат својата економија и да соработуваат на заедничките вселенски приоритети“, рече Грејвс.

Одредени ставки кои вклучуваат вселенски летала за далечинско набљудување или вселенско логистичко склопување и сервисирање на вселенски летала повеќе нема да бараат лиценци за испорака во Австралија, Канада и Обединетото Кралство, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

Правилата би можеле да им помогнат на САД да продолжат со трилатералниот безбедносен пакт АУКУС помеѓу Обединетото Кралство, САД и Австралија, кој беше формиран во 2021 година за да одговори на растечката моќ на Кина во индо-пацифичкиот регион. Дел од пактот се фокусира на споделување технологија.

The post Администрацијата на Бајден ги ублажи извозните ограничувања за компаниите за истражување на Вселената appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги олесни извозните ограничувања на американските комерцијални вселенски компании да испраќаат одредени производи поврзани со сателити и вселенски летала до сојузниците и партнерите. Американските вселенски компании како Спејс Икс (SpaceX) на Илон Маск и големите одбранбени изведувачи со вселенски производи како што се Локед Мартин (Lockheed Martin), Л3 Харис Технолоџис (L3Harris Technologies) и Боинг (Boeing) би можеле да имаат корист од новите правила, кои беа објавени во Федералниот регистар во четвртокот попладне. Како што расте различноста на комерцијалните активности во вселената, овие правила ќе го намалат товарот на американската индустрија да продолжи со иновации и да предводи во вселенскиот сектор, се наведува во писмената изјава на заменик-секретарот на Министерството за трговија, Дон Грејвс. Ажурирањата ќе придонесат и за способноста на САД да ги „прошират и продлабочат меѓународните партнерства, да ја развијат својата економија и да соработуваат на заедничките вселенски приоритети“, рече Грејвс. Одредени ставки кои вклучуваат вселенски летала за далечинско набљудување или вселенско логистичко склопување и сервисирање на вселенски летала повеќе нема да бараат лиценци за испорака во Австралија, Канада и Обединетото Кралство, се вели во соопштението на Министерството за трговија. Правилата би можеле да им помогнат на САД да продолжат со трилатералниот безбедносен пакт АУКУС помеѓу Обединетото Кралство, САД и Австралија, кој беше формиран во 2021 година за да одговори на растечката моќ на Кина во индо-пацифичкиот регион. Дел од пактот се фокусира на споделување технологија.

The post Администрацијата на Бајден ги ублажи извозните ограничувања за компаниите за истражување на Вселената appeared first on Република.

]]>
Минчев: Треба да се донесе закон за правична застапеност кој ќе биде долгорочен и применлив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-treba-da-se-donese-zakon-za-pravichna-zastapenost-koj-ke-bide-dolgorochen-i-primenliv/ Thu, 17 Oct 2024 11:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=828024

Министерот за јавна администрација Горан Минчев смета дека не треба да се брза со законот за правична застапеност затоа што треба да се направи соодветно законско решение кое ќе биде долгорочно и применливо. Законот, според Минчев, треба да помине низ јавна дебата со вклученост на експерти, а пред да биде донесен, да се добие и мислење од Венецијанската комисија.

Во ова општество секој може да направи закон и тоа не е најважното прашање кој ќе го направи законот. Она што е многу битно е дека во владината коалицијата постои капацитет за политички дијалог да се дојде до една содржина на законско решение кое нема да биде предмет на повторно евентуално нова одлука на суд. Тоа значи дека треба да не се брза со ова законско решение, дека треба да се отвори јавна расправа во која што ќе се вклучат оние надлежни, а тоа е експертската јавност, посебно оние кои се задолжени за уставотворноста на евентуалното законско решение. Притоа да потенцирам дека правичната застапеност е уставна категорија, што значи дека треба да се дојде до една драфт верзија или, пак, Нацрт-закон кој на крајот по сериозна дебата, треба да биде доставен до Венецијанската комисија со цел да имаме соодветно решение кое што ќе биде долгорочно со добра содржина, но најважно од се применливо. Се надевам дека Владата ќе дојде до тоа решение, но потенцирам не треба да се брза затоа што таа уставна категорија ќе важи и сега, етничките заедници ќе имаат можност да се вработуваат согласно постоечките закони и без овие одредби коишто се укинати од страна на Уставниот суд - рече Минчев на денешната дебата во Владата посветена на економијата, финансиите и јавната администрација.

Минчев вели дека нема да има вработувања на нестручен кадар само поради неговата етничка припадност, но посочува и дека не треба етничката припадност да се поврзува со мерит системот. Според него, етничката припадност не е единствената причина за лошиот рејтинг на дел од јавната администрација, туку причините треба да се бараат и во партиските вработувања во администрацијата.

Мерит системот значи надоградување на кариерата врз база на квалитет, стручност и покажани резултати. Тој функционирал и без балансерот, значи етничките заедници се вработувани и пред 2001 година и ние сме имале сериозно добра администрација. И тука нема да потенцирам дека само припадници на етничката заедница допринеле до слаб или пак, лош квалитет на дел од јавната администрација. Тоа не е само етничко прашање. Тоа е прашање на партиски вработувања, прашање на непотизам кое што се темели на една нестручност на дел од јавната администрација - рече Минчев.

Законот за висока раководна служба, како што најави, во план е да биде донесен следната година.

The post Минчев: Треба да се донесе закон за правична застапеност кој ќе биде долгорочен и применлив appeared first on Република.

Министерството за јавна администрација со насоки за вработување по временото стопирање на балансерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-javna-administratsija-so-nasoki-za-vrabotuvane-po-vremenoto-stopirane-na-balanserot/ Mon, 30 Sep 2024 11:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=821011

Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на алатката „балансер“ при вработувањата во јавната администрација.

Во врска со Решението на Уставниот суд на Република Македонија У.Бр.90/24 од 18 септември 2024 година, Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор, опфатени во точката 1 од ова Решение, соопштија денеска од Министерството.

Оттаму посочуваат дека веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас се наведува припадност на заедница, а пак кандидатот се обврзува во пријавата да ја истакне припадност на заедница).

Веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор продолжува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор не е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас не се наведува припадност на заедница ниту пак кандидатот се обврзува во пријавата да истакне припадност на заедница), се наведува во соопштението.

Во Регистарот на вработени во јавниот сектор, како што посочуваат од Министерството за јавна администрација, не се евидентираат податоците за вработените во институциите.

Уставните судии на седницата одржана на 18 септември одлучија да отворат предмет за употребата на „балансерот“ при вработувањата во јавната администрација. Во меѓувреме, додека да одлучат дали е уставен или не, „балансерот“ ќе биде „замрзнат.

На седницата уставните судии расправаа дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, оформен по иницијатива од ДКСК, Дарко Костадиновски, нагласи дека апсолутно не зборуваат за укинување на нечии права и дека според него оваа афирмативна мерка ја има исполнето својата цел и оти само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.

Антикорупциската комисија на седницата одржана на 11 јануари годинава одлучи да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преспитување на алатката „балансер“, бидејќи сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.

The post Министерството за јавна администрација со насоки за вработување по временото стопирање на балансерот appeared first on Република.

]]>

Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на алатката „балансер“ при вработувањата во јавната администрација. Во врска со Решението на Уставниот суд на Република Македонија У.Бр.90/24 од 18 септември 2024 година, Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор, опфатени во точката 1 од ова Решение, соопштија денеска од Министерството. Оттаму посочуваат дека веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас се наведува припадност на заедница, а пак кандидатот се обврзува во пријавата да ја истакне припадност на заедница). Веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор продолжува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор не е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас не се наведува припадност на заедница ниту пак кандидатот се обврзува во пријавата да истакне припадност на заедница), се наведува во соопштението. Во Регистарот на вработени во јавниот сектор, како што посочуваат од Министерството за јавна администрација, не се евидентираат податоците за вработените во институциите. Уставните судии на седницата одржана на 18 септември одлучија да отворат предмет за употребата на „балансерот“ при вработувањата во јавната администрација. Во меѓувреме, додека да одлучат дали е уставен или не, „балансерот“ ќе биде „замрзнат. На седницата уставните судии расправаа дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, оформен по иницијатива од ДКСК, Дарко Костадиновски, нагласи дека апсолутно не зборуваат за укинување на нечии права и дека според него оваа афирмативна мерка ја има исполнето својата цел и оти само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување. Антикорупциската комисија на седницата одржана на 11 јануари годинава одлучи да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преспитување на алатката „балансер“, бидејќи сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.

The post Министерството за јавна администрација со насоки за вработување по временото стопирање на балансерот appeared first on Република.

]]>
Над 84 илјади административци и наставници ќе добијат по 11 илјади денари К-15 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-84-iljadi-administrativtsi-i-nastavnitsi-ke-dobijat-po-11-iljadi-denari-k-15/ Tue, 10 Sep 2024 07:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=814793

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К-15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштуваат од владината прес-служба.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К-15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, порачуваат оттаму.

The post Над 84 илјади административци и наставници ќе добијат по 11 илјади денари К-15 appeared first on Република.

]]>

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К-15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштуваат од владината прес-служба. Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.
Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К-15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, порачуваат оттаму.

The post Над 84 илјади административци и наставници ќе добијат по 11 илјади денари К-15 appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Јавна дискусија во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација” https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-javna-diskusija-vo-ramki-na-kampanata-site-zaedno-za-profesionalna-i-kvalitetna-javna-administratsija/ Fri, 30 Aug 2024 08:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=811469

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев организираше јавна дискусија за предлог законите со учество на општинската администрација организирана од Министерството за јавна администрација со поддршка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”.

The post Следете во живо: Јавна дискусија во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација” appeared first on Република.

Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ne-se-prijaveni-problemi-vo-kompjuterskite-sistemi-na-drzhavnite-institutsii/ Fri, 19 Jul 2024 11:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=798446

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот.

Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт.

– Тоа е нивното известување, и дека одредени институции коишто биле поврзани на таа платформа преку нивните сервиси, имало некои недостаток и предизвикале некој пад на системот.

Што се однесува до државните институции, во постојана комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица, не се пријавени до сегашни падови на системите во државните институции.

Има некоја информација за приватниот сектор, но мислам дека тоа се изолирани случаи и веќе се надминува.

Дополнителни информации може да имаме во текот на утрешниот ден, но како што ја гледам ситуацијата во моментот, станува изолиран инцидент во Мајкрософт и со него поврзани системи, така што не очекувам да има повеќе проблем во државните институции, истакна Андоновски, кој во тетовско Јегуновце потпиша меморандум за соработка со градоначалникот Димитар Костадиноски, со цел отворање на административна канцеларија за „Една точка за услуги“.

Според министерот државата има стратегија за работа во областа на заштита во сајбер просторот.

Се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.

– Можам да кажам дека од најголемиот дел од институциите веќе ги одобривме номинациите од сите државни институции засегнати.

Ние ќе го водиме процесот заедно со нашите партнери, меѓународни партнери во НАТО, за изработка на стратегија за сајбер безбедност, закон за сајбер заштита и патоказ протокол како се однесуваме во случај на инциденти кои можат да се појават.

Видите, овој свет е под напад, постојано се развива и постојано трпи напади, но кога имате јасен одговор од страната на државите, проблемите со кои ќе се соочите и последиците со кои ќе се соочите, се секогаш помали но многу е важно да имаме системски пристап и стратешки да се позиционираме за да се заштитиме, изјави Андоновски.

The post Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот.
  Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт.   – Тоа е нивното известување, и дека одредени институции коишто биле поврзани на таа платформа преку нивните сервиси, имало некои недостаток и предизвикале некој пад на системот. Што се однесува до државните институции, во постојана комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица, не се пријавени до сегашни падови на системите во државните институции.   Има некоја информација за приватниот сектор, но мислам дека тоа се изолирани случаи и веќе се надминува. Дополнителни информации може да имаме во текот на утрешниот ден, но како што ја гледам ситуацијата во моментот, станува изолиран инцидент во Мајкрософт и со него поврзани системи, така што не очекувам да има повеќе проблем во државните институции, истакна Андоновски, кој во тетовско Јегуновце потпиша меморандум за соработка со градоначалникот Димитар Костадиноски, со цел отворање на административна канцеларија за „Една точка за услуги“.   Според министерот државата има стратегија за работа во областа на заштита во сајбер просторот. Се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.   – Можам да кажам дека од најголемиот дел од институциите веќе ги одобривме номинациите од сите државни институции засегнати. Ние ќе го водиме процесот заедно со нашите партнери, меѓународни партнери во НАТО, за изработка на стратегија за сајбер безбедност, закон за сајбер заштита и патоказ протокол како се однесуваме во случај на инциденти кои можат да се појават. Видите, овој свет е под напад, постојано се развива и постојано трпи напади, но кога имате јасен одговор од страната на државите, проблемите со кои ќе се соочите и последиците со кои ќе се соочите, се секогаш помали но многу е важно да имаме системски пристап и стратешки да се позиционираме за да се заштитиме, изјави Андоновски.

The post Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции appeared first on Република.

]]>
Балансерот ќе биде укинат, во МЈА 43 отсто од административците се од етничките заедници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/balanserot-ke-bide-ukinat-vo-mja-43-otsto-od-administrativtsite-se-od-etnichkite-zaednitsi/ Fri, 12 Jul 2024 13:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=796211

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби.

Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија.

Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.

Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреби. Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото МЈА каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво - објасни Минчев, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Балансерот ќе биде укинат, во МЈА 43 отсто од административците се од етничките заедници appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби. Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија. Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.
Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреби. Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото МЈА каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво - објасни Минчев, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Балансерот ќе биде укинат, во МЈА 43 отсто од административците се од етничките заедници appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Не е проблемот во превработенот туку во нефункционалност на администрацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ne-e-problemot-vo-prevrabotenot-tuku-vo-nefunktsionalnost-na-administratsijata/ Thu, 28 Mar 2024 10:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=759674

Има една чудна ситуација која се случува, иако со распишувањето на изборите е стопирана. Во декември во 2023 година Владата носи одлука за трансформација на договорите на определено време во неопределено вработување, а МИОА по брза постапка од 3-7 дена треба да даде согласност. И тука почнува една трка во институциите побрзо да вработат луѓе. Некои постапки и се завршени, но некои се стопирани поради изборите но им се ветува на тие луѓе дека ќе бидат примени по изборите што е класичен предизборен поткуп. Таа информација на Владата за трансформација на вработувања е незаконска. Владата требала да поднесе таков закон за овие 2.700 работни места во Собрание и така да се изгласа. Сега тие луѓе се во неизвесност и создава немир кај луѓето, вели Стефан Андоновски, заменик министер за информатичко општество и администрација во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Ова е хроничен проблем и било пракса и порано. Но затоа е воведен чл. 8а од Изборниот законик кој го спречува тоа. За здравствените работници ќе беше добро да се донесе закон за трансформација на работните места, но станува збор за малку вработувања во здравството. На пример, 300 вработувања се во Македонски шуми. Од друга страна, ова е направено со оглас на кој можел да се јави кој било, па имаме ситуации кога се примени лица кои воопшто не ни работеле на договор во некоја институција и му го зеле местото на оној кој работел на договор на дело, вели Андоновски.

Андоновски вели дека со донесување на забрана за ангажман на договор за дело се оневозможуваат менаџерите да функционираат. Од друга стра, вели тој, трајните вработувања значат дека нема можност некој кој не работи да му биде прекинат работниот однос, а оној кој работи добро нема можност да се награди. Затоа, вели Андоновски потребна е вистинска реформа на јавната администрација која ќе значи флексибилен и функционален систем и задоволни вработени.

Сега имаме околу 130 илјади луѓе во јавната администрација, но има луѓе кои се иселуваат па се намалува бројот. Ние реформата ја гледаме во смисла на укинување или спојување на одредени административни институции за да бидат функционални. Размислуваме да воведеме систем секој вработен да си го најде местото каде што му одговара да работи. Но, мора да се најде решение за прекинување на договорите на луѓе кои ништо не работат. За жал во администрацијата недостасуваат ИТ кадар, правници, архитекти. Тие луѓе нема да дојдат да работат од приватниот сектор од платите таму им се поголеми. Затоа треба да се најдат решенија со обука на лица од администрацијата и за сметка на тоа ќе остане да работи во администрацијата, вели Андоновски.

Тој додава дека нема превработеност во администрацијата, но перцепцијата е таква затоа што граѓаните се соочуваат со ситуации кога не можат да си ја завршат работата и тоа е легитимно чувство оти е така.

Граѓаните се научија да живеат со апсурдите наместо државата да ги решава апсурдите. Таков е примерот со балансерот кога Македонци се пишуваат дека се нешто друго. Ние планираме да го укинеме балансерот затоа што е заснован врз погрешна основа, односно во него се бројат и оние лица кои се иселени од државата. Ние треба да ги гледаме уловите дали се исполнуваат, па потоа да се гледа дали ако се вработи Македонец ќе се наруши балансот. Инаку има министерства и институции каде поголемиот дел од вработените всушност се Албанци, вели Андоновски.

The post Андоновски: Не е проблемот во превработенот туку во нефункционалност на администрацијата appeared first on Република.

ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-i-sdsm-gi-prepolnuvaat-institutsiite-so-partiski-poslushnitsi/ Thu, 21 Mar 2024 21:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=757208

Според Интегрираниот план кој е усвоен од Владата, треба да има 96 органи на државна управа, а самата Влада утврдила таргет од најмногу 110 органи. Спротивно на тоа, се предлагаат нови закони за формирање нови институции, со што би се приближиле до бројката од 150 институции, изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на “Click Plus” на ТВ 21.

Дополнително, Андоновски ги коментираше вработувањата во јавниот сектор пред изборите.

Во ЕТУ центарот во Тетово до пред година-две имало 4 вработени, па се објавија огласи за уште 5 и сега има 9 вработени. Потреба за тоа воопшто нема, односно според податоците од системот во март 2024 имале опслужено само 1 клиент, а веќе сме 20 март. За овие едноцифрени услуги државата потрошила илјадници евра на плати, за греење на просторот, за електрична енергија. Неопходна е сериозна реорганизација на системот, истакна Андоновски.

Очигледно е дека распоредот на вработување е таков што недостигаат вработени во клучни сектори, а се преполнуваат со профили кои не се потребни, заклучи тој.

The post ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници appeared first on Република.

]]>

Според Интегрираниот план кој е усвоен од Владата, треба да има 96 органи на државна управа, а самата Влада утврдила таргет од најмногу 110 органи. Спротивно на тоа, се предлагаат нови закони за формирање нови институции, со што би се приближиле до бројката од 150 институции, изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на “Click Plus” на ТВ 21. Дополнително, Андоновски ги коментираше вработувањата во јавниот сектор пред изборите.
Во ЕТУ центарот во Тетово до пред година-две имало 4 вработени, па се објавија огласи за уште 5 и сега има 9 вработени. Потреба за тоа воопшто нема, односно според податоците од системот во март 2024 имале опслужено само 1 клиент, а веќе сме 20 март. За овие едноцифрени услуги државата потрошила илјадници евра на плати, за греење на просторот, за електрична енергија. Неопходна е сериозна реорганизација на системот, истакна Андоновски. Очигледно е дека распоредот на вработување е таков што недостигаат вработени во клучни сектори, а се преполнуваат со профили кои не се потребни, заклучи тој.

The post ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници appeared first on Република.

]]>
Детектор анкета: Граѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата која ја сметаат за партизирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-anketa-graganite-ne-se-zadovolni-od-uslugite-na-administratsijata-koja-ja-smetaat-za-partizirana/ Sun, 17 Mar 2024 16:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=755646

Граѓаните не се задоволни од услугите кои ги нуди јавната администрација, сметаат дека бројот на вработени треба да се намали и да прекине праксата на вработување според партиска припадност. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 56,4% од анкетираните не се задоволни од услугите на администрацијата додека нешто под 41% рекле дека се задоволни. Во споредба со анкетите на Детектор од претходните години нема некоја значителна разлика во степенот за задоволство кај граѓаните од услугите кои ги добиваат од јавната администрација.

Во моментов граѓаните се најзадоволни од услугите кои што ги нудат општините. Ваков став делат 12,7% од анкетираните. Следи МВР со нешто под 10%. Споредбата со ланската анкета дава интересни податоци имајќи предвид дека лани МВР го држеше врвот како институција од која граѓаните се најзадоволни пред локалната самоуправа, но во моментов, ситуацијата е обратна. Очекувано, по кризата со издавање на документи. МВР е институцијата од која граѓаните се најмалку задоволни. Ваков став дели речи си секој четврти анкетиран граѓанин или 24% од вкупната бројка.

Следи Фондот за здравство за кого 8% од граѓаните рекле дека е институција од која се најмалку задоволни.

Споредбата со минатата година дава големи разлики само кај полицијата, имајќи предвид дека во 2023 во анкетата на Детектор само 7% од анкетираните го посочиле МВР како институција од која се најмалку задоволни. Во моментов, МВР е институцијата за која граѓаните велат дека најчесто имаат потреба да им заврши некоја услуга. Ваков став делат 23% од анкетираните. Следат општините со 16% и Фондот за здравство во 13,%. Без некакви промени е и споредбата со нашата анкета од претходната година.

Дури 83% од граѓаните сметаат дека огласите за вработување кои се објавуваат пред избори се класична предизборна манипулација, наспроти 11,4% кои се на ставот дека станува збор за реална потреба на институциите.

Споредбата со претходните анкети на Детектор покажува дека во последните 5 години бројот на граѓани кои во вработувањата пред избори гледаат манипулација се зголемил од 62% на 83%. Нешто под 53% од анкетираните сметаат дека при вработување во јавниот сектор, најважна е партиската припадност. 22% се на ставот дека клучни се роднинските и пријателските врски а 20,4% мислат дека најважна е стручната подготвеност, односно професионалниот капацитет и
квалификациите.

Во споредба со ланската анкета значително се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека партијата е клучна за вработување во државно. 57,3% од анкетираните мислат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. 25,8% се на ставот дека треба да остане ист, а 11,3% дека треба да се зголеми. Интересна е споредбата со анкетите од претходните години. Додека бројот на испитаници кои се на ставот дека администрацијата треба да ја кратиме, во последната анкета за нешто под 50% скокнал бројот на граѓани кои сметаат дека бројката треба да остане иста. Половина од граѓаните сметаат дека имаме премногу институции. Ваков став делат 51,3% од анкетираните, наспроти 32% кои сметаат дека имаме соодветен број на институции. 10% од
анкетираните сметаат дека треба да отвориме нови институции, бидејќи актуелната бројка е премала за потребите на државата

Интересна е споредбата според етничката структура на испитаниците. Додека нешто над 58% Македонци сметаат дека имаме премногу институции, таков став делат само 27% етнички Албанци. Тие во мнозинство од 50% сметаат дека имаме соодветен број на институции што е двојно повеќе од нешто под 27% Македонци кои го делат овој став.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

The post Детектор анкета: Граѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата која ја сметаат за партизирана appeared first on Република.

]]>

Граѓаните не се задоволни од услугите кои ги нуди јавната администрација, сметаат дека бројот на вработени треба да се намали и да прекине праксата на вработување според партиска припадност. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 56,4% од анкетираните не се задоволни од услугите на администрацијата додека нешто под 41% рекле дека се задоволни. Во споредба со анкетите на Детектор од претходните години нема некоја значителна разлика во степенот за задоволство кај граѓаните од услугите кои ги добиваат од јавната администрација. Во моментов граѓаните се најзадоволни од услугите кои што ги нудат општините. Ваков став делат 12,7% од анкетираните. Следи МВР со нешто под 10%. Споредбата со ланската анкета дава интересни податоци имајќи предвид дека лани МВР го држеше врвот како институција од која граѓаните се најзадоволни пред локалната самоуправа, но во моментов, ситуацијата е обратна. Очекувано, по кризата со издавање на документи. МВР е институцијата од која граѓаните се најмалку задоволни. Ваков став дели речи си секој четврти анкетиран граѓанин или 24% од вкупната бројка. Следи Фондот за здравство за кого 8% од граѓаните рекле дека е институција од која се најмалку задоволни. Споредбата со минатата година дава големи разлики само кај полицијата, имајќи предвид дека во 2023 во анкетата на Детектор само 7% од анкетираните го посочиле МВР како институција од која се најмалку задоволни. Во моментов, МВР е институцијата за која граѓаните велат дека најчесто имаат потреба да им заврши некоја услуга. Ваков став делат 23% од анкетираните. Следат општините со 16% и Фондот за здравство во 13,%. Без некакви промени е и споредбата со нашата анкета од претходната година. Дури 83% од граѓаните сметаат дека огласите за вработување кои се објавуваат пред избори се класична предизборна манипулација, наспроти 11,4% кои се на ставот дека станува збор за реална потреба на институциите. Споредбата со претходните анкети на Детектор покажува дека во последните 5 години бројот на граѓани кои во вработувањата пред избори гледаат манипулација се зголемил од 62% на 83%. Нешто под 53% од анкетираните сметаат дека при вработување во јавниот сектор, најважна е партиската припадност. 22% се на ставот дека клучни се роднинските и пријателските врски а 20,4% мислат дека најважна е стручната подготвеност, односно професионалниот капацитет и квалификациите. Во споредба со ланската анкета значително се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека партијата е клучна за вработување во државно. 57,3% од анкетираните мислат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. 25,8% се на ставот дека треба да остане ист, а 11,3% дека треба да се зголеми. Интересна е споредбата со анкетите од претходните години. Додека бројот на испитаници кои се на ставот дека администрацијата треба да ја кратиме, во последната анкета за нешто под 50% скокнал бројот на граѓани кои сметаат дека бројката треба да остане иста. Половина од граѓаните сметаат дека имаме премногу институции. Ваков став делат 51,3% од анкетираните, наспроти 32% кои сметаат дека имаме соодветен број на институции. 10% од анкетираните сметаат дека треба да отвориме нови институции, бидејќи актуелната бројка е премала за потребите на државата Интересна е споредбата според етничката структура на испитаниците. Додека нешто над 58% Македонци сметаат дека имаме премногу институции, таков став делат само 27% етнички Албанци. Тие во мнозинство од 50% сметаат дека имаме соодветен број на институции што е двојно повеќе од нешто под 27% Македонци кои го делат овој став. Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

The post Детектор анкета: Граѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата која ја сметаат за партизирана appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Обезбедуваме современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација според европските пракси и регулативи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-obezbeduvame-sovremena-efikasna-i-digitalizirana-javna-administratsija-spored-evropskite-praksi-i-regulativi/ Wed, 20 Sep 2023 09:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=683372

Обезбедуваме современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација според европските пракси и регулативи. Денеска пред нас и граѓаните има готов документ за реформа на јавната администрација до 2030 година со прецизни насоки  за реформските зафати, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Нашата заложба, посочи Ковачевски во своето видео обраќање на промоцијата на Стратегија , е  македонските граѓани да имаат квалитет на живот според европските стандарди дома.

Стратегија за реформа на јавната администрација има едноставна и јасна цел. Испорака на повеќе и поквалитетни јавни услуги за сите граѓани и за приватниот сектор. Секој кој го полни државниот буџет преку даноците има право на брза и ефикасна услуга од институциите, а тоа е можно единствено со професионална, деполитизирана, ефикасна, ефективна и отчетна јавна администрација, поддржана од интензивна дигитализација, нагласи Ковачевски.

Веќе се работи,  посочи Ковачевски, на дигитализација на јавната администрација, која на институциите ќе им овозможи дигитализација на процесите и електронска размена на податоци.

Дигиталното поврзување на владините институции, академската заедница, бизнис секторот и граѓанскиот сектор, го подобрува квалитетот на институционалните услуги. Воедно е значајно за ефикасна борба против корупцијата, бидејќи подразбира намалување на човечкиот контакт при вакви услуги, изјави Ковачевски.

Реформата на јавната администрација, посочи Ковачевски, е поставена како основа на процесот на проширување на ЕУ и е дел од клучната област од кластерот основи, со што почнуваат и завршуваат преговорите со Унијата, а напредокот се следи во текот на целиот процес на преговори.

-  Стратегијата е во согласност со програмата за работа на Владата и е комплементарен дел до сите програми и стратегии за локален развој и децентрализација, за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за отворена влада, за забрзан економски раст, како и со програмата за усвојување на правото на ЕУ и реформата на даночниот систем. Владата и јас како премиер, недвосмислено сме посветени на имплементацијата на сите регулативи, критериуми и стандарди, нагласи Ковачевски.

Ковачевски, исто така, повика динамичната агенда на извршната власт да ја следат и законодавната власт и правосудната власт, затоа што, како што порача, македонските граѓани заслужуваат европски квалитет на живот.

Промоцијата на новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 - 2030) е на настанот „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“, во организација на  Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА.

Во рамки на настанот, како што е најавено, ќе бидат презентирани процесот на изработка и механизмите за нејзина  примена и следење, како и клучните цели и приоритети до 2030 година по приоритетни области.

The post Ковачевски: Обезбедуваме современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација според европските пракси и регулативи appeared first on Република.

]]>

Обезбедуваме современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација според европските пракси и регулативи. Денеска пред нас и граѓаните има готов документ за реформа на јавната администрација до 2030 година со прецизни насоки  за реформските зафати, најави премиерот Димитар Ковачевски. Нашата заложба, посочи Ковачевски во своето видео обраќање на промоцијата на Стратегија , е  македонските граѓани да имаат квалитет на живот според европските стандарди дома.
Стратегија за реформа на јавната администрација има едноставна и јасна цел. Испорака на повеќе и поквалитетни јавни услуги за сите граѓани и за приватниот сектор. Секој кој го полни државниот буџет преку даноците има право на брза и ефикасна услуга од институциите, а тоа е можно единствено со професионална, деполитизирана, ефикасна, ефективна и отчетна јавна администрација, поддржана од интензивна дигитализација, нагласи Ковачевски.
Веќе се работи,  посочи Ковачевски, на дигитализација на јавната администрација, која на институциите ќе им овозможи дигитализација на процесите и електронска размена на податоци.
Дигиталното поврзување на владините институции, академската заедница, бизнис секторот и граѓанскиот сектор, го подобрува квалитетот на институционалните услуги. Воедно е значајно за ефикасна борба против корупцијата, бидејќи подразбира намалување на човечкиот контакт при вакви услуги, изјави Ковачевски.
Реформата на јавната администрација, посочи Ковачевски, е поставена како основа на процесот на проширување на ЕУ и е дел од клучната област од кластерот основи, со што почнуваат и завршуваат преговорите со Унијата, а напредокот се следи во текот на целиот процес на преговори. -  Стратегијата е во согласност со програмата за работа на Владата и е комплементарен дел до сите програми и стратегии за локален развој и децентрализација, за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за отворена влада, за забрзан економски раст, како и со програмата за усвојување на правото на ЕУ и реформата на даночниот систем. Владата и јас како премиер, недвосмислено сме посветени на имплементацијата на сите регулативи, критериуми и стандарди, нагласи Ковачевски. Ковачевски, исто така, повика динамичната агенда на извршната власт да ја следат и законодавната власт и правосудната власт, затоа што, како што порача, македонските граѓани заслужуваат европски квалитет на живот. Промоцијата на новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 - 2030) е на настанот „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“, во организација на  Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА. Во рамки на настанот, како што е најавено, ќе бидат презентирани процесот на изработка и механизмите за нејзина  примена и следење, како и клучните цели и приоритети до 2030 година по приоритетни области.

The post Ковачевски: Обезбедуваме современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација според европските пракси и регулативи appeared first on Република.

]]>
Ќе биде жешка есен: Вработените во обвинителствата и судовите ќе бараат зголемување на платите од 78% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-bide-zheshka-esen-vrabotenite-vo-obvinitelstvata-i-sudovite-ke-baraat-zgolemuvane-na-platite-od-78/ Tue, 19 Sep 2023 09:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=683095

Вработените во обвинителствата и судовите од 27 септември излегуваат на штрајк незадоволни од разликите на платите меѓу нив и избраните лица. Тие бараат да се зголемат нивните плати исто како и на функционерите за 78% и да се исплаќаат редовно додатоците на плати кои не се исплаќаат подолг период.

Синдикатот на УПОЗ во чиј состав се овие вработени најави дека штрајковите ќе се реализираат се до исполнување на барањата, а во тој период ќе се работат само итните случаи. Станува збор за 2.500 вработени во обвинителствата и судовите кои имаат просек на плата од 25.000 денари.

Разликата на платите сега во обвинителствата и судовите порасна од 1:2 или 3 работник – избран раководител, на 1: 6 или 7 што е многу. Незадоволството кај вработените во јавните обвинителства и судовите е големо. Министерството за правда и судовите не прифаќаат преговори и ние одлучивме да штрајкуваме. На 27 септември први излегуваат вработените во обвинителствата, а на 29 ќе им се придружат и вработените во судовите. Барањата се исти зголемување на платите од најмалку 30 отсто до најмногу 78 отсто и редовна исплата на додатоците на плати. Ќе се штрајкува до исполнување на барањата – информира претседателот на синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Тој информира и дека Синдикатот на УПОЗ испрати амандман на ребалансот на буџетот со тоа што ќе се зголеми износот на пари наменети за плати според бараното зголемување од најмалку 30 до најмногу 78%.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека подолг период има незадоволство кај работниците во јавниот сектор.

За време на преговорите за зголемување на платите ние кажавме дека за вработените зголемувањето на платите од 10% е мало, а високо е зголемувањето на платите на избраните раководители и функционери, но не бевме послушани и ни беше понудено зголемување од 10% со одложено дејство. Ние и тогаш и сега велиме дека ќе имаме жешка есен и тоа ќе се случува – вели Трендафилов.

Денеска во Собранието почнува расправата по имените на законот со кои се зголемуваат платите во јавниот сектор за 10%.

Денеска ние бараме пратениците да не политизираат и да ги донесат овие измени- рече Трендафилов.

Тој информира дека имаат информации од вработени во јавниот сектор дека раководителите не презеле никакви подготовки за зголемување на платите. тие треба да го применат општиот колективен договор за јавен сектор и да го применат зголемувањето од 10%, рече Трендафилов.

Тој рече дека вработените во јавниот сектор не се задоволни од зголемувањето.

Денеска пред влада протестираат вработените во „Водостопанство“, а веќе наредната недела ќе почнат и другите штрајкови- рече Трендафилов.

The post Ќе биде жешка есен: Вработените во обвинителствата и судовите ќе бараат зголемување на платите од 78% appeared first on Република.

]]>

Вработените во обвинителствата и судовите од 27 септември излегуваат на штрајк незадоволни од разликите на платите меѓу нив и избраните лица. Тие бараат да се зголемат нивните плати исто како и на функционерите за 78% и да се исплаќаат редовно додатоците на плати кои не се исплаќаат подолг период. Синдикатот на УПОЗ во чиј состав се овие вработени најави дека штрајковите ќе се реализираат се до исполнување на барањата, а во тој период ќе се работат само итните случаи. Станува збор за 2.500 вработени во обвинителствата и судовите кои имаат просек на плата од 25.000 денари.
Разликата на платите сега во обвинителствата и судовите порасна од 1:2 или 3 работник – избран раководител, на 1: 6 или 7 што е многу. Незадоволството кај вработените во јавните обвинителства и судовите е големо. Министерството за правда и судовите не прифаќаат преговори и ние одлучивме да штрајкуваме. На 27 септември први излегуваат вработените во обвинителствата, а на 29 ќе им се придружат и вработените во судовите. Барањата се исти зголемување на платите од најмалку 30 отсто до најмногу 78 отсто и редовна исплата на додатоците на плати. Ќе се штрајкува до исполнување на барањата – информира претседателот на синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.
Тој информира и дека Синдикатот на УПОЗ испрати амандман на ребалансот на буџетот со тоа што ќе се зголеми износот на пари наменети за плати според бараното зголемување од најмалку 30 до најмногу 78%. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека подолг период има незадоволство кај работниците во јавниот сектор.
За време на преговорите за зголемување на платите ние кажавме дека за вработените зголемувањето на платите од 10% е мало, а високо е зголемувањето на платите на избраните раководители и функционери, но не бевме послушани и ни беше понудено зголемување од 10% со одложено дејство. Ние и тогаш и сега велиме дека ќе имаме жешка есен и тоа ќе се случува – вели Трендафилов.
Денеска во Собранието почнува расправата по имените на законот со кои се зголемуваат платите во јавниот сектор за 10%.
Денеска ние бараме пратениците да не политизираат и да ги донесат овие измени- рече Трендафилов.
Тој информира дека имаат информации од вработени во јавниот сектор дека раководителите не презеле никакви подготовки за зголемување на платите. тие треба да го применат општиот колективен договор за јавен сектор и да го применат зголемувањето од 10%, рече Трендафилов. Тој рече дека вработените во јавниот сектор не се задоволни од зголемувањето.
Денеска пред влада протестираат вработените во „Водостопанство“, а веќе наредната недела ќе почнат и другите штрајкови- рече Трендафилов.

The post Ќе биде жешка есен: Вработените во обвинителствата и судовите ќе бараат зголемување на платите од 78% appeared first on Република.

]]>
Алиу: Да се изгласаат законите за реформи на администрацијата и да ја подобриме оценката во Извештајот на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aliu-da-se-izglasaat-zakonite-za-reformi-na-administratsijata-i-da-ja-podobrime-otsenkata-vo-izveshtajot-na-eu/ Mon, 18 Sep 2023 09:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=682821

Време е конечно да се изгласаат законите кои се чекаат со години, а се од големо значење за реформите во јавната администрација, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за Порталб.

Закон за висока раководна служба, закон за агенција за дигитализација, закон за административни службеници, закон за вработени во јавен сектор, закон за медиуми. Ова се дел од законите кои мора да бидат усвоени во наредниот период, во рамки на реформите во јавната администрација и дигитализацијата на услугите, а со тоа да се подобри оценката 3 што ја доби Република Македонија во скрининг извештајот од Европската Унија, вели Алиу.

Тој потсетува дека се очекува наскоро да се отворат шалтери „една точка за услуги“ во сите филијали на нациналната Пошта, а во меѓувреме, како што вели, „да се создадат дополнителни механизми за принудување на институциите да ја користат платформата за интероперабилност, што досега ја правеа по своја волја иако имаа законска обврска“.

Софтверот што овозможува, како што вели министерот, вработување по етничка припадност, т.н „Балансер“, дури и да се отстрани, треба да се замени со нешто друго за да се заштити демографската структура на државата.

За балансерот се зборуваше многу и внатре и надвор од државата. И во однос на злоупотребата на балансерот, и во однос на тоа колку балансерот навистина дава вредност во нашето општество. Ако ние решиме да го отстраниме балансерот како инструмент за заштита на граѓаните во државата, задолжително мора да го замениме со нешто друго. Ние не можеме да воспоставиме инструмент, кој иако е злоупотребен, знаеме од различни институции дека Македонец е регистриран како Албанец бидејќи балансерот на тоа работно место одредува албанска националност. Да не зборуваме за националност, имаме многу наши граѓани кои се регистрираат како Роми, Турци и слично. Такви злоупотреби имало и верувам дека ќе има и во иднина, но од друга страна не треба да седиме и да кажеме, ок, злоупотреби има, сепак балансерот горе-долу ја нормализира состојбата. Сметам дека со овие три закони и со пристапот кој ќе се создаде или уште еден нов закон за заштита на демографската структура на државата, сепак треба да работиме за ова, вели Алиу.

Анализираме, дополнува министерот, различни форми за тоа како може да се подобри балансерот или, од друга страна, ако не може да се подобри, како да се создаде посебен закон кој ќе ги заштити демографијата и демографската структура, како во јавната администрација, така и во согласност со демографијата во државата.

The post Алиу: Да се изгласаат законите за реформи на администрацијата и да ја подобриме оценката во Извештајот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Време е конечно да се изгласаат законите кои се чекаат со години, а се од големо значење за реформите во јавната администрација, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за Порталб.
Закон за висока раководна служба, закон за агенција за дигитализација, закон за административни службеници, закон за вработени во јавен сектор, закон за медиуми. Ова се дел од законите кои мора да бидат усвоени во наредниот период, во рамки на реформите во јавната администрација и дигитализацијата на услугите, а со тоа да се подобри оценката 3 што ја доби Република Македонија во скрининг извештајот од Европската Унија, вели Алиу.
Тој потсетува дека се очекува наскоро да се отворат шалтери „една точка за услуги“ во сите филијали на нациналната Пошта, а во меѓувреме, како што вели, „да се создадат дополнителни механизми за принудување на институциите да ја користат платформата за интероперабилност, што досега ја правеа по своја волја иако имаа законска обврска“. Софтверот што овозможува, како што вели министерот, вработување по етничка припадност, т.н „Балансер“, дури и да се отстрани, треба да се замени со нешто друго за да се заштити демографската структура на државата.
За балансерот се зборуваше многу и внатре и надвор од државата. И во однос на злоупотребата на балансерот, и во однос на тоа колку балансерот навистина дава вредност во нашето општество. Ако ние решиме да го отстраниме балансерот како инструмент за заштита на граѓаните во државата, задолжително мора да го замениме со нешто друго. Ние не можеме да воспоставиме инструмент, кој иако е злоупотребен, знаеме од различни институции дека Македонец е регистриран како Албанец бидејќи балансерот на тоа работно место одредува албанска националност. Да не зборуваме за националност, имаме многу наши граѓани кои се регистрираат како Роми, Турци и слично. Такви злоупотреби имало и верувам дека ќе има и во иднина, но од друга страна не треба да седиме и да кажеме, ок, злоупотреби има, сепак балансерот горе-долу ја нормализира состојбата. Сметам дека со овие три закони и со пристапот кој ќе се создаде или уште еден нов закон за заштита на демографската структура на државата, сепак треба да работиме за ова, вели Алиу.
Анализираме, дополнува министерот, различни форми за тоа како може да се подобри балансерот или, од друга страна, ако не може да се подобри, како да се создаде посебен закон кој ќе ги заштити демографијата и демографската структура, како во јавната администрација, така и во согласност со демографијата во државата.

The post Алиу: Да се изгласаат законите за реформи на администрацијата и да ја подобриме оценката во Извештајот на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Воведуваме системско решение за раст на платите во јавниот сектор, сите вработени отсега ќе добиваат и К-15 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-voveduvame-sistemsko-reshenie-za-rast-na-platite-vo-javniot-sektor-site-vraboteni-otsega-ke-dobivaat-i-k-15/ Sun, 23 Jul 2023 18:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=664530

Како што воспоставивме систем за минимална плата, систем за постојан раст на пензиите, така со овој општ колективен договор после 15 години повторно воспоставуваме систем за раст на платите во јавниот сектор, порача претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во интервју за Дневникот на Телевизија Сител.

Таа истакна дека Општиот колективен договор носи бројни поволности за 130.000 вработени во јавниот сектор, но и дека носи извесност и стабилност во иднина.

Со општиот колективен договор ќе следува зголемување на платите за 10 отсто од септември оваа година, но истотака со него ја вративме и исплатата на К-15 и исплатата на јубилејните награди. Веќе од следната година износот на К - 15 ќе биде најмалку 30 отсто од просечната плата, а од 2025 година ќе започне да се применува новата методологија за исплата на плати во јавниот сектор. Создаваме еден систем кој што ќе гарантира постојан раст на платите и тоа нема да зависи од тоа кој министер и кој е премиер, туку ова веќе е систем кој што е воспоставен и кој што не може да ги врати правата на работниците назад, посочи Тренчевска.

Тренчевска истакна дека новиот Колективен договор ќе ја зголеми мотивацијата на вработените, но и дека ќе се врши мерење на нивната продуктивност.

The post Тренчевска: Воведуваме системско решение за раст на платите во јавниот сектор, сите вработени отсега ќе добиваат и К-15 appeared first on Република.

]]>

Како што воспоставивме систем за минимална плата, систем за постојан раст на пензиите, така со овој општ колективен договор после 15 години повторно воспоставуваме систем за раст на платите во јавниот сектор, порача претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во интервју за Дневникот на Телевизија Сител. Таа истакна дека Општиот колективен договор носи бројни поволности за 130.000 вработени во јавниот сектор, но и дека носи извесност и стабилност во иднина.
Со општиот колективен договор ќе следува зголемување на платите за 10 отсто од септември оваа година, но истотака со него ја вративме и исплатата на К-15 и исплатата на јубилејните награди. Веќе од следната година износот на К - 15 ќе биде најмалку 30 отсто од просечната плата, а од 2025 година ќе започне да се применува новата методологија за исплата на плати во јавниот сектор. Создаваме еден систем кој што ќе гарантира постојан раст на платите и тоа нема да зависи од тоа кој министер и кој е премиер, туку ова веќе е систем кој што е воспоставен и кој што не може да ги врати правата на работниците назад, посочи Тренчевска.
Тренчевска истакна дека новиот Колективен договор ќе ја зголеми мотивацијата на вработените, но и дека ќе се врши мерење на нивната продуктивност.

The post Тренчевска: Воведуваме системско решение за раст на платите во јавниот сектор, сите вработени отсега ќе добиваат и К-15 appeared first on Република.

]]>
Владата потврди: Од септември за 10 отсто повисоки плати за административците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-potvrdi-od-septemvri-za-10-otsto-povisoki-plati-za-administrativtsite/ Tue, 11 Jul 2023 12:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=660045

Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор, соопштија од Влада, додавајќи дека на вчерашниот работен состанок, двете страни договорија 10 отсто раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината.

Како што информира владината прес-служба, постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем.

Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.

Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, кое ќе гарантира раст на платите без политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30 отсто од просечната нето плата, стои во соопштението.

Постигнатиот договор меѓу Владата и синдикатите, како што се наведува, е резултат на посветеноста на Владата за примена на политики коишто се во интерес на правата на работниците и заштита на стандардот на граѓаните, со што се влијае и врз растот на домашната економија.

Утврденото решение ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено. Владата на Република Cеверна Македонија и понатаму ќе продолжи да работи во насока на обезбедување на подобри услови за работници, подобар животен стандард, како и овозможување на просперитетна и европска иднина за државата, се вели во соопштението од Владата.

The post Владата потврди: Од септември за 10 отсто повисоки плати за административците appeared first on Република.

]]>

Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор, соопштија од Влада, додавајќи дека на вчерашниот работен состанок, двете страни договорија 10 отсто раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината. Како што информира владината прес-служба, постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем. Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.
Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, кое ќе гарантира раст на платите без политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30 отсто од просечната нето плата, стои во соопштението.
Постигнатиот договор меѓу Владата и синдикатите, како што се наведува, е резултат на посветеноста на Владата за примена на политики коишто се во интерес на правата на работниците и заштита на стандардот на граѓаните, со што се влијае и врз растот на домашната економија.
Утврденото решение ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено. Владата на Република Cеверна Македонија и понатаму ќе продолжи да работи во насока на обезбедување на подобри услови за работници, подобар животен стандард, како и овозможување на просперитетна и европска иднина за државата, се вели во соопштението од Владата.

The post Владата потврди: Од септември за 10 отсто повисоки плати за административците appeared first on Република.

]]>
Откако 1.060 функционери добија покачување на платите од 78%, Бесими вели не е најповолно време за зголемување на платите за работниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkako-1-060-funktsioneri-dobija-pokachuvane-na-platite-od-78-besimi-veli-ne-e-najpovolno-vreme-za-zgolemuvane-na-platite-za-rabotnitsite/ Mon, 15 May 2023 19:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=641127

За повисоки плати за 1.060 фунцкионери се најдоа пари во буџетот. За вработени во јавниот сектор,  Бесими предлага зголемувањето да биде од следната година. На денешниот брифинг тој  кажа дека досегашната плата му била 71. 145 денари, а за април  му се исплатени 125.960 денари.

Примањата на Бесими пораснале за нешто над 50 илјади денари. Приближно  колку што му е потребно на едно  семејство за да ги покрие  основните трошоци во месецот.  Кај некој функционери зголемувањето е и поголемо. Но, Бесими  тврди – сега не е најповолно време за усогласување и зголемување и на платите  во јавниот сектор, поради инфлацијата.

  • Не сум многу омилен министер кај синдикатите, затоа што велам дека не може да се покачат платите во јавниот сектор ако нема зголемување на продуктивноста и ако не се зголемат платите во реалниот сектор. Сметам дека сега не е најповолно време бидејќи ќе има импликации на инфлацијата и ќе го зголеми дефицитот во Буџетот. Усогласувањето на платите на Економско-социјалниот совет ќе трае подолго, а методологијата за зголемување на плати може да се донесе побрзо, рече Фатмир Бесими- министер за финансии.

Со зголемувањето претседателот Пендаровски кажа дека има плата од 165 000 денари. Претходно вицепемеирот Груби се пожали дека неговата е најниска, а министерот за земјоделство, Николовски не знаеше колкаво зголемување добил, затоа што ги изгубил картичките во Брисел.

Неодамна Уставниот суд укина одредба од законот за плати за коефицинетите на плати со која се овозможи на јавно избраните фунцкионери да им се зголемат платите до 78 отсто. Според пресметките за зголемените функционерски плати, годишно се потребни над 15 милиони евра.

The post Откако 1.060 функционери добија покачување на платите од 78%, Бесими вели не е најповолно време за зголемување на платите за работниците appeared first on Република.

]]>

За повисоки плати за 1.060 фунцкионери се најдоа пари во буџетот. За вработени во јавниот сектор,  Бесими предлага зголемувањето да биде од следната година. На денешниот брифинг тој  кажа дека досегашната плата му била 71. 145 денари, а за април  му се исплатени 125.960 денари. Примањата на Бесими пораснале за нешто над 50 илјади денари. Приближно  колку што му е потребно на едно  семејство за да ги покрие  основните трошоци во месецот.  Кај некој функционери зголемувањето е и поголемо. Но, Бесими  тврди – сега не е најповолно време за усогласување и зголемување и на платите  во јавниот сектор, поради инфлацијата.
  • Не сум многу омилен министер кај синдикатите, затоа што велам дека не може да се покачат платите во јавниот сектор ако нема зголемување на продуктивноста и ако не се зголемат платите во реалниот сектор. Сметам дека сега не е најповолно време бидејќи ќе има импликации на инфлацијата и ќе го зголеми дефицитот во Буџетот. Усогласувањето на платите на Економско-социјалниот совет ќе трае подолго, а методологијата за зголемување на плати може да се донесе побрзо, рече Фатмир Бесими- министер за финансии.
Со зголемувањето претседателот Пендаровски кажа дека има плата од 165 000 денари. Претходно вицепемеирот Груби се пожали дека неговата е најниска, а министерот за земјоделство, Николовски не знаеше колкаво зголемување добил, затоа што ги изгубил картичките во Брисел. Неодамна Уставниот суд укина одредба од законот за плати за коефицинетите на плати со која се овозможи на јавно избраните фунцкионери да им се зголемат платите до 78 отсто. Според пресметките за зголемените функционерски плати, годишно се потребни над 15 милиони евра.

The post Откако 1.060 функционери добија покачување на платите од 78%, Бесими вели не е најповолно време за зголемување на платите за работниците appeared first on Република.

]]>