адком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adkom/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Sep 2022 10:32:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png адком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adkom/ 32 32 АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adkom-jkp-da-vlezat-vo-vladiniot-paket-za-subvencionirana-elektrichna-energija/ Fri, 30 Sep 2022 10:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=555930

АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија.

ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки. АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза. Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението.

АДКОМ, како што се посочува, бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и да излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.

The post АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија appeared first on Република.

]]>

АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија. ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки. АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза. Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението. АДКОМ, како што се посочува, бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и да излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.

The post АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-kje-gi-zatvori-komunalnite-pretprijatija-smetkite-im-goltaat-od-60-do-90-otsto-od-budzetot/ Mon, 05 Sep 2022 13:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=547648

Им се заканува ли „струен удар“ на комуналните претпријатија во земјава? Дел од нив веќе се исклучени од струја поради неплатени сметки. Другите не се сигурни уште колку ќе можат да издржат со оглед на тоа што сметките за струја неколкукратно им се зголемени од декември лани, а ги чекаат и многу повисоки сметки до крајот на годината, бидејќи струјата ја купуваат на отворен пазар по берзански цени,aнализира „Плусинфо“. Скоро сите велат дека не се сигурни дека во вакви услови ќе можат да обезбедат вода за пиење и чиста канализациска мрежа и нормално да работат. Во моментов не размислуваат за отпуштање вработени, но не се сигурни дека ќе можат да исплатат плати.

Комуналните претпријатија очекуваат рекција од владата по неколкуте нивни барања за подобрување на состојбата, бидејќи општините немаат буџети да им помогнат.

Голем број претпријатија се во тешка состојба поради неможноста да ги платат доспеаните обврски за електрична енергија и во некои од нив веќе дојде до исклучување, со што директно се загрозува давањето на услугите, потврдуваат за „Плусинфо“ од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).

Според ова здружение, најголемиот дел од јавните комунални претпријатија, кои имаат голема потрошувачка на електрична енергија, моментно се во мошне тешка положба и не можат да ги покријат оперативните трошоци со приходите кои ги остваруваат.

Тоа значи дека тие нема да можат да ги сервисираат своите обврски, што директно ќе се одрази врз непрекинатоста и квалитетот на давањето на комуналните услуги, велат од АДКОМ.

Комунални претпријатија веќе пресметале дека до почетокот на зимата поголемиот дел од нив ќе треба да го потрошат целиот буџет само за да ги платат сметките за струја.

Оваа состојба ќе стане се поизразена до почетокот на зимата. Според некои пресметки учеството на трошоците за струја, во зависност од претпријатијата, во минатиот период се движи од 20 до 25 отсто. Со сегашните поскапувања, трошоците за струја ќе се зголемат повеќекратно, а во некои претпријатија може да се движат од 60 до 90 отсто од буџетот со кој располагаат, укажуваат од АДКОМ.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот appeared first on Република.

]]>

Им се заканува ли „струен удар“ на комуналните претпријатија во земјава? Дел од нив веќе се исклучени од струја поради неплатени сметки. Другите не се сигурни уште колку ќе можат да издржат со оглед на тоа што сметките за струја неколкукратно им се зголемени од декември лани, а ги чекаат и многу повисоки сметки до крајот на годината, бидејќи струјата ја купуваат на отворен пазар по берзански цени,aнализира „Плусинфо“. Скоро сите велат дека не се сигурни дека во вакви услови ќе можат да обезбедат вода за пиење и чиста канализациска мрежа и нормално да работат. Во моментов не размислуваат за отпуштање вработени, но не се сигурни дека ќе можат да исплатат плати. Комуналните претпријатија очекуваат рекција од владата по неколкуте нивни барања за подобрување на состојбата, бидејќи општините немаат буџети да им помогнат.
Голем број претпријатија се во тешка состојба поради неможноста да ги платат доспеаните обврски за електрична енергија и во некои од нив веќе дојде до исклучување, со што директно се загрозува давањето на услугите, потврдуваат за „Плусинфо“ од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).
Според ова здружение, најголемиот дел од јавните комунални претпријатија, кои имаат голема потрошувачка на електрична енергија, моментно се во мошне тешка положба и не можат да ги покријат оперативните трошоци со приходите кои ги остваруваат.
Тоа значи дека тие нема да можат да ги сервисираат своите обврски, што директно ќе се одрази врз непрекинатоста и квалитетот на давањето на комуналните услуги, велат од АДКОМ.
Комунални претпријатија веќе пресметале дека до почетокот на зимата поголемиот дел од нив ќе треба да го потрошат целиот буџет само за да ги платат сметките за струја.

Оваа состојба ќе стане се поизразена до почетокот на зимата. Според некои пресметки учеството на трошоците за струја, во зависност од претпријатијата, во минатиот период се движи од 20 до 25 отсто. Со сегашните поскапувања, трошоците за струја ќе се зголемат повеќекратно, а во некои претпријатија може да се движат од 60 до 90 отсто од буџетот со кој располагаат, укажуваат од АДКОМ.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот appeared first on Република.

]]>
АДКОМ: Ако Владата не им помогне на комуналните претпријатија, ќе поскапи водата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adkom-ako-vladata-ne-im-pomogne-na-komunalnite-pretprijatija-kje-poskapi-vodata/ Wed, 24 Aug 2022 10:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=543569

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија - АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територијата на целата држава, ја известува јавноста дека и по повеќе од еден месец од јавниот апел за средба со владини претставници за состојбите со растечките трошоци на претпријатијата и потребата од владина помош, од владата нема никаков одговор за средба.

На 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на владата за да се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан од растот на трошоците за електрична енергија.

Со продолжување на оваа состојба во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија се доведува во прашање квалитетот на услугите кои ги овзоможуваат за граѓаните, како и нормалното опстојување на самите претпријатија кои обезбедуваат работа за повеќе илјади семејства.

Владата која учествува во формирањето на цената на струјата и која одобри зголемување на електричната енергија потребно е да покаже разбирање за овој реален проблем. Доколку не се изнајде одржливо решение и владата не помогне претпријатијата кои ги обединува АДКОМ, ќе мора да пристапат кон изготвување на ревизија на цените по кои моментално ги испорачуваат услугите.

The post АДКОМ: Ако Владата не им помогне на комуналните претпријатија, ќе поскапи водата appeared first on Република.

]]>

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија - АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територијата на целата држава, ја известува јавноста дека и по повеќе од еден месец од јавниот апел за средба со владини претставници за состојбите со растечките трошоци на претпријатијата и потребата од владина помош, од владата нема никаков одговор за средба. На 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на владата за да се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан од растот на трошоците за електрична енергија. Со продолжување на оваа состојба во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија се доведува во прашање квалитетот на услугите кои ги овзоможуваат за граѓаните, како и нормалното опстојување на самите претпријатија кои обезбедуваат работа за повеќе илјади семејства. Владата која учествува во формирањето на цената на струјата и која одобри зголемување на електричната енергија потребно е да покаже разбирање за овој реален проблем. Доколку не се изнајде одржливо решение и владата не помогне претпријатијата кои ги обединува АДКОМ, ќе мора да пристапат кон изготвување на ревизија на цените по кои моментално ги испорачуваат услугите.

The post АДКОМ: Ако Владата не им помогне на комуналните претпријатија, ќе поскапи водата appeared first on Република.

]]>
Ќе има рестрикции за вода и исклучување на пречистелните станици за отпадни води поради скапата струја? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-ima-restrikcii-za-voda-i-iskluchuvanje-na-prechistelnite-stanici-za-otpadni-vodi-poradi-skapata-struja/ Tue, 22 Mar 2022 11:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=476577

Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, бара итна средба со Министерството за транспорт и врски бидејќи со раскинување на договорите со моменталните снабдувачи на електрична енергија, се очекува зголемување на енергија на слободен пазар, при што јавните комунални претпријатија ќе работат само за да ја платат сметката за струја, истакна на денешната прес-конференција Иван Иванов претседател на Управниот одбор на АДКОМ.

ЈКП даватели на водни услуги нема да бидат во можност да обезбедат континуитет во давањето на водните услуги, со што, имајќи ја предвид постоечката криза и значењето за водата за животот и здравјето на населението и формирањето на сите други субјекти, може да го доведе во опасност целокупното функционирање на државата, вели Иванов.

АДКОМ бараат од Владата да ја разгледа можноста ЈКП да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕСМ, по исти тарифи како котларниците, топлотните станици, училиштата и сите други институции што се со повластена тарифа.

Доколку не се преземат мерки, Иванов апелира дека ќе бидат принудени да спроведат рестрикции во потрошувачката на електрична енергија, што ќе значи исклучување од работа на пречистилните станици за отпадни води како најголеми потрошувачи.

Бараме и итно враќање во собраниска процедура на законот со којшто се врши отпис на камати и репрограмирање на долгови што ЈКП ги имаат спрема државните институции, вклучувајќи и долгови што ќе настанат во период додека трае енергетската криза. Со оваа мерка ќе се олесни работата на ЈКП и ќе се ослободат од блокадите што ги имаат, но ќе успее и исплатата на покачената плата, додава тој.

Директорот на Управниот одбор на АДКОМ нагласи дека правото на здрава и квалитетна вода за пиење и чиста животна средина е уставно загарантирано право, но за жал и покрај секојдневните укажувања од нивна страна надлежните не ја разбираат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат Јавните комунални претпријатија

The post Ќе има рестрикции за вода и исклучување на пречистелните станици за отпадни води поради скапата струја? appeared first on Република.

]]>

Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, бара итна средба со Министерството за транспорт и врски бидејќи со раскинување на договорите со моменталните снабдувачи на електрична енергија, се очекува зголемување на енергија на слободен пазар, при што јавните комунални претпријатија ќе работат само за да ја платат сметката за струја, истакна на денешната прес-конференција Иван Иванов претседател на Управниот одбор на АДКОМ.
ЈКП даватели на водни услуги нема да бидат во можност да обезбедат континуитет во давањето на водните услуги, со што, имајќи ја предвид постоечката криза и значењето за водата за животот и здравјето на населението и формирањето на сите други субјекти, може да го доведе во опасност целокупното функционирање на државата, вели Иванов.
АДКОМ бараат од Владата да ја разгледа можноста ЈКП да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕСМ, по исти тарифи како котларниците, топлотните станици, училиштата и сите други институции што се со повластена тарифа. Доколку не се преземат мерки, Иванов апелира дека ќе бидат принудени да спроведат рестрикции во потрошувачката на електрична енергија, што ќе значи исклучување од работа на пречистилните станици за отпадни води како најголеми потрошувачи.