адис ахметовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adis-ahmetovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jan 2022 12:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png адис ахметовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adis-ahmetovikj/ 32 32 Германецот со бошњачко потекло, Адис Ахметовиќ, е нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanecot-so-boshnjachko-poteklo-adis-ahmetovikj-e-nov-izvestuvach-na-bundestagot-za-zapaden-balkan/ Mon, 17 Jan 2022 12:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=445817

Германскиот политичар со босанско потекло, од редовите на владејачката Социјалдемократска партија (СПД), Адис Ахметовиќ е новиот известувач на Бундестагот за Западен Балкан, кој порачува дека за зачувување на мирот во Европа се важни мирот и стабилноста на Балканот, особено во БиХ.

Ахметовиќ, кој е член на комисијата за надворешна политика, го замени досегашниот известувачот на Бундестагот за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ.

Како известувач за Западен Балкан, тој, како што е наведено на неговата веб-страница, ќе води разговори, ќе подготвува мерки и ќе дава предлози за усвојување на одлуки во комисијата за надворешна политика.

Ахметовиќ во својата функција ќе го информира Бундестагот и за развојот во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово.

На меѓународен план ни претстојат големи предизвици и среќен сум со новата задача. Нашата цел е социјалдемократските вредности на мирот и разбирањето да ги преточиме во конкретни дела - нагласи Ахметовиќ.

Тој посочува дека зачувувањето на мирот во Европа во иднина не се одлучува само на украинско-руската граница, туку значително и на Западен Балкан, особено во БиХ.

Сакам активно да работам на зачувување на стабилноста и мирот во тој регион - додаде Ахметовиќ.

Инаку, Ахметовиќ е заменик известувач за регионите на Русија, Јужна Азија, Централна и Источна Европа, како и областите на меѓународната политика за климата, политиката на ресурси, енергијата и заштитата на животната средина.

The post Германецот со бошњачко потекло, Адис Ахметовиќ, е нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Германскиот политичар со босанско потекло, од редовите на владејачката Социјалдемократска партија (СПД), Адис Ахметовиќ е новиот известувач на Бундестагот за Западен Балкан, кој порачува дека за зачувување на мирот во Европа се важни мирот и стабилноста на Балканот, особено во БиХ. Ахметовиќ, кој е член на комисијата за надворешна политика, го замени досегашниот известувачот на Бундестагот за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ. Како известувач за Западен Балкан, тој, како што е наведено на неговата веб-страница, ќе води разговори, ќе подготвува мерки и ќе дава предлози за усвојување на одлуки во комисијата за надворешна политика. Ахметовиќ во својата функција ќе го информира Бундестагот и за развојот во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово.