Адидас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adidas/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Feb 2023 20:19:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Адидас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adidas/ 32 32 Адидас ќе претрпи огромна милионска загуба поради раскинувањето на договорот со Кање Вест https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/adidas-ke-pretrpi-ogromna-milionska-zaguba-poradi-raskinuvaneto-na-dogovorot-so-kane-vest/ Sun, 12 Feb 2023 22:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=607605

Компанијата за спортска опрема Адидас предупреди на огромно потенцијално негативно влијание врз нејзината крајна добивка откако го прекина партнерството со американскиот рапер и моден дизајнер, Кање Вест, минатиот ноември.

Новиот шеф на компанијата, изјави дека Адидас може да изгуби стотици милиони долари оваа година ако компанијата одлучи да не ги продаде залихите на патики „Yeezy“. Гигантот за спортска опрема ги прекина врските со Вест, поради неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи.

Бројките зборуваат сами за себе, во моментов го немаме перформансите што треба да ги имаме“, изјави директорот на Адидас, Бјорн Гулден.

Компанијата сè уште размислува дали да се ослободи од преостанатите залихи на патиките „Yeezy“ или да претрпи загуба од 500 милиони евра доколку ги повцлече од пазарот.

Од компанијата очекуваат дека промената на работењето ќе чини дополнителни 200 милиони евра, а тоа може да значи дека Адидас годинава ќе забележи оперативна загуба од 700 милиони евра. Од друга страна, компанијата очекува да има добивка во 2024 година.

The post Адидас ќе претрпи огромна милионска загуба поради раскинувањето на договорот со Кање Вест appeared first on Република.

]]>

Компанијата за спортска опрема Адидас предупреди на огромно потенцијално негативно влијание врз нејзината крајна добивка откако го прекина партнерството со американскиот рапер и моден дизајнер, Кање Вест, минатиот ноември. Новиот шеф на компанијата, изјави дека Адидас може да изгуби стотици милиони долари оваа година ако компанијата одлучи да не ги продаде залихите на патики „Yeezy“. Гигантот за спортска опрема ги прекина врските со Вест, поради неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи.
Бројките зборуваат сами за себе, во моментов го немаме перформансите што треба да ги имаме“, изјави директорот на Адидас, Бјорн Гулден.
Компанијата сè уште размислува дали да се ослободи од преостанатите залихи на патиките „Yeezy“ или да претрпи загуба од 500 милиони евра доколку ги повцлече од пазарот. Од компанијата очекуваат дека промената на работењето ќе чини дополнителни 200 милиони евра, а тоа може да значи дека Адидас годинава ќе забележи оперативна загуба од 700 милиони евра. Од друга страна, компанијата очекува да има добивка во 2024 година.

The post Адидас ќе претрпи огромна милионска загуба поради раскинувањето на договорот со Кање Вест appeared first on Република.

]]>
Недостиг на аргентински дресови на „Адидас“ пред финалето на СП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nedostig-na-argentinski-dresovi-na-adidas-pred-finaleto-na-sp/ Sat, 17 Dec 2022 10:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=586789

Германскиот производител на спортска опрема Адидас објави денеска дека во некои земји има недостиг од дресови на аргентинската репрезентација пред утрешното финале против Франција на Светското првенство во Катар.

Поради зголемена побарувачка за аргентинските дресови ширум светот, на дел од пазарите се јави недостиг. Работиме на тоа да проследиме што е можно повеќе дресови за навивачите да можат да го слават ова неверојатно патување за таа репрезентација“, рече портпаролот на Адидас.

Иако Аргентина беше единствената репрезентација со дресови на Адидас, која дојде до четвртфиналето, пласманот во финалето на Гаучосите предводени од Лионел Меси беше вистински „мелем“ за германската компанија, која тврди дека продажбата пораснала за 30 отсто во однос на 2018 година кога беше одржано последното Светско првенство.

Меси(35) в недела ќе се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во кариерата, а на Аргентина да ѝ ја донесе третата титула светски првак.

The post Недостиг на аргентински дресови на „Адидас“ пред финалето на СП appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на спортска опрема Адидас објави денеска дека во некои земји има недостиг од дресови на аргентинската репрезентација пред утрешното финале против Франција на Светското првенство во Катар.
Поради зголемена побарувачка за аргентинските дресови ширум светот, на дел од пазарите се јави недостиг. Работиме на тоа да проследиме што е можно повеќе дресови за навивачите да можат да го слават ова неверојатно патување за таа репрезентација“, рече портпаролот на Адидас.
Иако Аргентина беше единствената репрезентација со дресови на Адидас, која дојде до четвртфиналето, пласманот во финалето на Гаучосите предводени од Лионел Меси беше вистински „мелем“ за германската компанија, која тврди дека продажбата пораснала за 30 отсто во однос на 2018 година кога беше одржано последното Светско првенство. Меси(35) в недела ќе се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во кариерата, а на Аргентина да ѝ ја донесе третата титула светски првак.

The post Недостиг на аргентински дресови на „Адидас“ пред финалето на СП appeared first on Република.

]]>
Адидас ги продава германските дресови на половина цена откако Германија се посрамоти во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/adidas-gi-prodava-germanskite-dresovi-na-polovina-cena-otkako-germanija-se-posramoti-vo-katar/ Fri, 02 Dec 2022 22:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=581198

Еден ден по елиминацијата на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во Катар, производителот на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Панцирите, на својата интернет-страница ги намали цените на германските дресови за 50 отсто.

Адидас во пресрет на Мундијалот пресметал дека од продажбата на дресови и друга опрема за време на Мундијалот ќе заработи околу 400 милиони евра, но раната елиминација на Германија во голема мера ги наруши таквите пресметки.

„Иако испаѓањето на Германија тешко не погоди, ние имаме корист од меѓународниот ентузијазам“, рече портпаролот на Адидас.

Само три од седумте репрезентации кои носат дресови на Адидас се пласираа во осминафиналето. Американски „Најк“ има многу повеќе причини да биде задоволен, бидејќи во осминафиналето неговата опрема ќе ја носат дури девет репрезентации.

The post Адидас ги продава германските дресови на половина цена откако Германија се посрамоти во Катар appeared first on Република.

]]>

Еден ден по елиминацијата на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во Катар, производителот на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Панцирите, на својата интернет-страница ги намали цените на германските дресови за 50 отсто. Адидас во пресрет на Мундијалот пресметал дека од продажбата на дресови и друга опрема за време на Мундијалот ќе заработи околу 400 милиони евра, но раната елиминација на Германија во голема мера ги наруши таквите пресметки.
„Иако испаѓањето на Германија тешко не погоди, ние имаме корист од меѓународниот ентузијазам“, рече портпаролот на Адидас.
Само три од седумте репрезентации кои носат дресови на Адидас се пласираа во осминафиналето. Американски „Најк“ има многу повеќе причини да биде задоволен, бидејќи во осминафиналето неговата опрема ќе ја носат дури девет репрезентации.

The post Адидас ги продава германските дресови на половина цена откако Германија се посрамоти во Катар appeared first on Република.

]]>
Ова се новите дизајнирани слушалки на „Адидас“ кои се полнат на соларна енергија https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ova-se-novite-dizajnirani-slushalki-na-adidas-koi-se-polnat-na-solarna-energija/ Fri, 19 Aug 2022 12:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=542030

Популарниот бренд за спортска мода и опрема, „Адидас“, привлекува големо внимание и предизвикува воодушевување со најновиот дизајн на продукт со кој ги поврзува световите на спортот и технологијата на уникатен и еколошки начин.

Новите безжични слушалки на брендот, наречени „RPT-02 SOL“, се полнат со енергија преку природна сончева светлина, но и преку вештачка светлина. Станува збор за колаборација помеѓу „Адидас“ и брендот за звучници „Заунд индустрис“ (Zound Industries).

Делумно изградени од рециклирана пластика и напојувани од светлина, „Adidas RPT-02 SOL“ се спортски слушалки што се дизајнирани да се полнат самите и да ги издржат секојдневните предизвици на активниот начин на живот - велат од „Адидас“.

Дизајнот на слушалките вклучува ткаенина од соларни ќелии наречена „пауерфојл“, која ја трансформира сончевата светлина и вештачката светлина во електрична енергија. За разлика од многу други фотоволтаични материјали на пазарот, кои собираат енергија само од директна сончева светлина, пауерфојл може да собира енергија и за време на облачните денови од невидливите УВ зраци кои минуваат низ облаците.

„Од „Адидас“ откриваат дека слушалките можат да се користат активно и до 80 часа по целосно полнење.

Колку ќе се полни единицата е директно еквивалентна на количината на светлина на која е изложена. Целата поента е во тоа што единицата се полни цело време по малку доколку има некаков вид на светлина, дури и кога не е вклучена или користена - вели менаџерот за производи на „Заунд ундустрис“, Андерс Олсон.

Дизајниран од шведскиот производител на соларна технологија „Ексегер“ (Exeger), поауерфојл се состои од куп фотоволтаични листови со дебелина од 100 атоми кои се испечатени на пластичен лист. Пауерфојл е моделиран на начинот на кој растенијата ја трансформираат светлосната енергија во хемиска енергија за време на фотосинтезата. Кога нанослоевите на материјалот се изложени на светлина, тие генерираат електрична енергија што ги напојува слушалките.

Корисниците можат да идентификуваат од каде доаѓа најсилната светлина преку светлосниот индикатор на страната на лентата за глава. Апликацијата „Адидас хеадфоун“ (Adidas Headphone), исто така, им овозможува на корисниците да го следат нивното полнење и статусот на батеријата во реално време. Исто така, „Адидас“ тврди дека слушалките се отпорни на пот и прскање.

Слушалките се направени од 51 отсто пластика, од кои 87 отсто се направени од рециклиран „PC-ABS“ и рециклиран најлон. Останатите материјали вклучуваат електронски компоненти како што се ПХБ, батерија, прекинувачи и ЛЕД диоди, како и метални делови во внатрешноста на лентата за глава, жици и пена во ушните перничиња.

The post Ова се новите дизајнирани слушалки на „Адидас“ кои се полнат на соларна енергија appeared first on Република.

]]>

Популарниот бренд за спортска мода и опрема, „Адидас“, привлекува големо внимание и предизвикува воодушевување со најновиот дизајн на продукт со кој ги поврзува световите на спортот и технологијата на уникатен и еколошки начин. Новите безжични слушалки на брендот, наречени „RPT-02 SOL“, се полнат со енергија преку природна сончева светлина, но и преку вештачка светлина. Станува збор за колаборација помеѓу „Адидас“ и брендот за звучници „Заунд индустрис“ (Zound Industries).
Делумно изградени од рециклирана пластика и напојувани од светлина, „Adidas RPT-02 SOL“ се спортски слушалки што се дизајнирани да се полнат самите и да ги издржат секојдневните предизвици на активниот начин на живот - велат од „Адидас“.
Дизајнот на слушалките вклучува ткаенина од соларни ќелии наречена „пауерфојл“, која ја трансформира сончевата светлина и вештачката светлина во електрична енергија. За разлика од многу други фотоволтаични материјали на пазарот, кои собираат енергија само од директна сончева светлина, пауерфојл може да собира енергија и за време на облачните денови од невидливите УВ зраци кои минуваат низ облаците. „Од „Адидас“ откриваат дека слушалките можат да се користат активно и до 80 часа по целосно полнење.
Колку ќе се полни единицата е директно еквивалентна на количината на светлина на која е изложена. Целата поента е во тоа што единицата се полни цело време по малку доколку има некаков вид на светлина, дури и кога не е вклучена или користена - вели менаџерот за производи на „Заунд ундустрис“, Андерс Олсон.
Дизајниран од шведскиот производител на соларна технологија „Ексегер“ (Exeger), поауерфојл се состои од куп фотоволтаични листови со дебелина од 100 атоми кои се испечатени на пластичен лист. Пауерфојл е моделиран на начинот на кој растенијата ја трансформираат светлосната енергија во хемиска енергија за време на фотосинтезата. Кога нанослоевите на материјалот се изложени на светлина, тие генерираат електрична енергија што ги напојува слушалките. Корисниците можат да идентификуваат од каде доаѓа најсилната светлина преку светлосниот индикатор на страната на лентата за глава. Апликацијата „Адидас хеадфоун“ (Adidas Headphone), исто така, им овозможува на корисниците да го следат нивното полнење и статусот на батеријата во реално време. Исто така, „Адидас“ тврди дека слушалките се отпорни на пот и прскање. Слушалките се направени од 51 отсто пластика, од кои 87 отсто се направени од рециклиран „PC-ABS“ и рециклиран најлон. Останатите материјали вклучуваат електронски компоненти како што се ПХБ, батерија, прекинувачи и ЛЕД диоди, како и метални делови во внатрешноста на лентата за глава, жици и пена во ушните перничиња.

The post Ова се новите дизајнирани слушалки на „Адидас“ кои се полнат на соларна енергија appeared first on Република.

]]>
„Адидас“ веќе не е спонзор на фудбалката репрезентација на Русија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/adidas-vekje-ne-e-sponzor-na-fudbalkata-reprezentacija-na-rusija/ Tue, 01 Mar 2022 18:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=466066

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави денеска дека целосно ја прекинува соработката со Руската фудбалска федерација поради инвазијата на Украина.

– „Адидас“ од овој момент го прекинува своето партнерство со Руската фудбалска федерација, соопшти попладнево германската компанија, чија соработка со руската страна датира од 2008 година.

Во фудбалска смисла, одлуката на „Адидас“ значи продолжување на суспензијата која деновиве на рускиот фудбал на меѓународна сцена ја изрекоа ФИФА и УЕФА.

Според податоците од 2020 година, околу 2.9 отсто од приходите на „Адидас“ доаѓале од Русија, Украина и останатите земји од овој дел на источна Европа

The post „Адидас“ веќе не е спонзор на фудбалката репрезентација на Русија appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави денеска дека целосно ја прекинува соработката со Руската фудбалска федерација поради инвазијата на Украина. – „Адидас“ од овој момент го прекинува своето партнерство со Руската фудбалска федерација, соопшти попладнево германската компанија, чија соработка со руската страна датира од 2008 година. Во фудбалска смисла, одлуката на „Адидас“ значи продолжување на суспензијата која деновиве на рускиот фудбал на меѓународна сцена ја изрекоа ФИФА и УЕФА. Според податоците од 2020 година, околу 2.9 отсто од приходите на „Адидас“ доаѓале од Русија, Украина и останатите земји од овој дел на источна Европа

The post „Адидас“ веќе не е спонзор на фудбалката репрезентација на Русија appeared first on Република.

]]>