адети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adeti/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 15:11:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png адети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adeti/ 32 32 Девет верувања за денешниот празник посветен на Света Петка Икониска https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/devet-veruvana-za-deneshniot-praznik-posveten-na-sveta-petka-ikoniska/ Sun, 10 Nov 2024 15:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=836121

Православните верници денеска ќе го слават споменот на Светата Маченичка Параскева (Света Петка Икониска).

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка, а покрај денешниот празници посветени на св. Петка има и на 8 август и 27 октомври (нов стил).

Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.

Верувањата за овој ден велат:

Ако денес пцуете – во староста може да останете сами;

Ако на глас се смеете и се забавувате – наскоро ќе мора горко да плачете;

Ако ја миете косата (но само за слободни девојки) – барем уште една година ќе останат сами;

Ако зборувате лошо за мртвите – фрлате клетви на себе;

Ако започнете нов бизнис – нема да биде успешен.

Меѓу луѓето имало знаци и за временските услови. Така, на пример, ако на 10 ноември има мраз на дрвјата, тогаш цела зима ќе биде многу студена и со мраз.

Ако има магла наутро – следува затоплување.

Ако има круг во близина на Месечината, очекувајте бура.

Случајно да се види верверица на овој ден – ќе имате радост во зимата.

The post Девет верувања за денешниот празник посветен на Света Петка Икониска appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска ќе го слават споменот на Светата Маченичка Параскева (Света Петка Икониска). Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка, а покрај денешниот празници посветени на св. Петка има и на 8 август и 27 октомври (нов стил). Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените. Верувањата за овој ден велат: Ако денес пцуете – во староста може да останете сами; Ако на глас се смеете и се забавувате – наскоро ќе мора горко да плачете; Ако ја миете косата (но само за слободни девојки) – барем уште една година ќе останат сами; Ако зборувате лошо за мртвите – фрлате клетви на себе; Ако започнете нов бизнис – нема да биде успешен. Меѓу луѓето имало знаци и за временските услови. Така, на пример, ако на 10 ноември има мраз на дрвјата, тогаш цела зима ќе биде многу студена и со мраз. Ако има магла наутро – следува затоплување. Ако има круг во близина на Месечината, очекувајте бура. Случајно да се види верверица на овој ден – ќе имате радост во зимата.

The post Девет верувања за денешниот празник посветен на Света Петка Икониска appeared first on Република.

]]>
Каде да ја чувате паричката ако ви паднала денеска во бадниковото лепче? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kade-da-ja-chuvate-parichkata-ako-vi-padnala-deneska-vo-badnikovoto-lepche/ Sat, 06 Jan 2024 19:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=729922

Без разлика што Црквата вели дека правилно е паричка да се врти на Василица, векови наназад во делови од Македонија традиција е да се крши леб со паричка за Бадник. Оној кај кој ќе се падне ќе има среќа, здравје и бериќетна година.

Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака:

Никако паричката не треба да се фрли или заборави! Иако многумина ја чуваат во паричник или некој предмет, таа треба да стои до икона и да се чува до наредната година.

The post Каде да ја чувате паричката ако ви паднала денеска во бадниковото лепче? appeared first on Република.

]]>

Без разлика што Црквата вели дека правилно е паричка да се врти на Василица, векови наназад во делови од Македонија традиција е да се крши леб со паричка за Бадник. Оној кај кој ќе се падне ќе има среќа, здравје и бериќетна година. Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака: Никако паричката не треба да се фрли или заборави! Иако многумина ја чуваат во паричник или некој предмет, таа треба да стои до икона и да се чува до наредната година.

The post Каде да ја чувате паричката ако ви паднала денеска во бадниковото лепче? appeared first on Република.

]]>
Доаѓа славата Свети Никола: На овој ден се носат подароци, но никако не правете го ова… https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/doaga-slavata-sveti-nikola-na-ovoj-den-se-nosat-podarotsi-no-nikako-ne-pravete-go-ova/ Sun, 10 Dec 2023 16:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=721510

Православните верници на 19 месецот го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере…

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

The post Доаѓа славата Свети Никола: На овој ден се носат подароци, но никако не правете го ова… appeared first on Република.

]]>

Православните верници на 19 месецот го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере… Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

The post Доаѓа славата Свети Никола: На овој ден се носат подароци, но никако не правете го ова… appeared first on Република.

]]>
В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/v-ochi-na-sveta-petka-vecherva-vnimavajte-na-koja-strana-ke-ja-svrtite-glavata-vo-tekot-na-spieneto/ Thu, 26 Oct 2023 11:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=695227

Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева – во народот позната како Света Петка.

Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас.

По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата:

„Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“

Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.

 

The post В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева – во народот позната како Света Петка. Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас. По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата: „Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“ Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.  

The post В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа тежок празник: В понеделник напијте се вода со ронка боја од иконата на Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ni-doaga-tezhok-praznik-v-ponedelnik-napijte-se-voda-so-ronka-boja-od-ikonata-na-bogoroditsa/ Fri, 25 Aug 2023 13:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=675411

Во понеделник, 28 август, православните верници ќе го чествуваат големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

За празниците Голема и Мала Богородица обичај е, особено жените, да ги почитуваам поголемиот број забрани кои се однесуваат на извршувањето домашни обврски. На верниците, особено на жените им се препорачува да не чистат, перат и да ги завршуваат домашните обврски.

Се верува дека ако на празникот жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност.

Исто така, тој ден не е добар за отпочнување на нови бизниси.

The post Ни доаѓа тежок празник: В понеделник напијте се вода со ронка боја од иконата на Богородица appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, 28 август, православните верници ќе го чествуваат големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога. За празниците Голема и Мала Богородица обичај е, особено жените, да ги почитуваам поголемиот број забрани кои се однесуваат на извршувањето домашни обврски. На верниците, особено на жените им се препорачува да не чистат, перат и да ги завршуваат домашните обврски. Се верува дека ако на празникот жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Исто така, тој ден не е добар за отпочнување на нови бизниси.

The post Ни доаѓа тежок празник: В понеделник напијте се вода со ронка боја од иконата на Богородица appeared first on Република.

]]>
За девојчињата и девојките Велипеток носи убави адети, испочитувајте ги https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/za-devojchinata-i-devojkite-velipetok-nosi-ubavi-adeti-ispochituvajte-gi/ Fri, 14 Apr 2023 08:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=630515

За христијаните ширум светот денеска е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрели е распнат на крстот на Голготата.

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.

Според старите обичаи за Велики Петок, се станува од кревет пред изгревањето на сонцето. Луѓето на тој ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото.

Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“.

Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-na-velipetok-se-pominuva-pod-masa/

Во некои делови се верува дека девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црковната порта и го стават под перница во ноќта ќе го сонуваат својот иден сопруг.

https://republika.mk/zivot/servisi/nokjva-e-bitna-za-mladite-momi-dokolku-ste-nemazeni-prochitajte-go-ovoj-adet/

Интересно е верувањето особено за оние кои страдаат од мигрена, дека треба да ја измијат косата на Велики петок и во текот на целата идна година нема да имаа главобилки, под услов никогаш да не ја мијат косата во петок.

https://republika.mk/zivot/servisi/koj-denes-kje-ja-izmie-kosata-kje-si-go-smeni-zivotot-vo-slednata-godina/

На малите девојчиња им се врзува косата под врба, за побрзо да им расте.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-imate-zensko-detence-eve-shto-treba-da-napravite-za-veliki-petok/

The post За девојчињата и девојките Велипеток носи убави адети, испочитувајте ги appeared first on Република.

]]>

За христијаните ширум светот денеска е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрели е распнат на крстот на Голготата. Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Според старите обичаи за Велики Петок, се станува од кревет пред изгревањето на сонцето. Луѓето на тој ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-na-velipetok-se-pominuva-pod-masa/ Во некои делови се верува дека девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црковната порта и го стават под перница во ноќта ќе го сонуваат својот иден сопруг. https://republika.mk/zivot/servisi/nokjva-e-bitna-za-mladite-momi-dokolku-ste-nemazeni-prochitajte-go-ovoj-adet/ Интересно е верувањето особено за оние кои страдаат од мигрена, дека треба да ја измијат косата на Велики петок и во текот на целата идна година нема да имаа главобилки, под услов никогаш да не ја мијат косата во петок. https://republika.mk/zivot/servisi/koj-denes-kje-ja-izmie-kosata-kje-si-go-smeni-zivotot-vo-slednata-godina/ На малите девојчиња им се врзува косата под врба, за побрзо да им расте. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-imate-zensko-detence-eve-shto-treba-da-napravite-za-veliki-petok/

The post За девојчињата и девојките Велипеток носи убави адети, испочитувајте ги appeared first on Република.

]]>
Бакнете ја мајка ви, исчистете, но не се чешлајте – адети за денешниот убав празник Благовец https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/baknete-ja-majka-vi-ischistete-no-ne-se-cheshlajte-adeti-za-deneshniot-ubav-praznik-blagovets/ Fri, 07 Apr 2023 07:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=628204

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 март – Благовештение.

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Исто така ова е добар ден за чистење на куќата. Новиот почеток е симбол на денешниот празник, па чистењето на куќата е пожелно. Исфрлете се она што е непотребно и поради што се чувствувате лошо.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Бакнете ја мајка ви, исчистете, но не се чешлајте – адети за денешниот убав празник Благовец appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 март – Благовештение. Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица… Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости. Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви! На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените. Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Исто така ова е добар ден за чистење на куќата. Новиот почеток е симбол на денешниот празник, па чистењето на куќата е пожелно. Исфрлете се она што е непотребно и поради што се чувствувате лошо. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Бакнете ја мајка ви, исчистете, но не се чешлајте – адети за денешниот убав празник Благовец appeared first on Република.

]]>
Денеска е Младенци, ова се адетите за празникот на младоста, љубовта и убавината https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-mladentsi-ova-se-adetite-za-praznikot-na-mladosta-lubovta-i-ubavinata/ Wed, 22 Mar 2023 08:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=622311

Денеска православните верници го слават Свети 40 маченици во Севастија (Младенци)

Празник на младоста и љубовта

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Именден празнуваат: Младен, Младенка и др.

Житието за Светите четириесет маченици, како и повеќето народни преданија за нив, меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не сакале да се откажат од христијанската вера.

Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се премисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Според друго предание војниците биле исечени со меч откако ја преживеале ноќта во студената вода, а според трето, езерската вода што се смрзнувала, кога ги фрлиле војниците почнала да се одмрзнува, светлосните венци над главите ги штителе од смрзнување. Војводата и другите мачители биле изненадени кога утрото ги виделе живи и пак ги фрлиле во водата откако претходно им ги скршиле коските. Но тогаш четириесетте маченици му се јавиле на епископот Петар и побарале нивните мошти да бидат извадени од езерото.

Споменот за четириесетте маченици нашол одраз и во македонските народни преданија. Така на пр., преданието од Гевгелиско раскажува дека во старите времиња кога неверниците го прогонувале секој што ќе се покрстел и ќе ја примел Христовата вера, имало некој човек што имал 40 синови. Кога станале христијани ги оковале во синџири и ги фрлиле во темница, каде што умреле. Но набрзо потоа христијанството зело замав и станало многу силно, поради што споменот за нив се празнува до денес. Преданието од Струшко, пак, вели дека четириесетте маченици биле деца кои Евреите ги мачеле за да го кажат Исуса. Кога не успеале да ги придобијат ниту со ветувања, ниту со казни, решиле да ги погубат. Им дале црна волна и им заповедале со перење да ја направат бела, а потоа ги убиле осветувајќи им се за нивната приврзаност кон Исус Христос.

Поголем број обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со бројот 40 во спомен на четириесетте маченици од Севастија. Собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали од половината на минатиот век до денес запишале повеќе вакви обичаи и верувања. Така на пр. Кузман Шапкарев сведочи дека „на 9 март (стар стил) споменот на 40-те маченици, се празнува со некои особености“. Тој сведочи дека спроти празникот собирале 40 полжави, потоа правеле 40 сарми со ориз и расол, а на ручекот пиеле по 40 чаши вино во спомен на 40-те маченици. И Ефтим Спространов запишал дека за овој празник во Охрид се правеле 40 сарми, се јаделе уште и 40 полжави, 40 ракови итн. Во Разлошко, во пиринскиот дел на Македонија, како што запишале браќата Костадин и Димитар Молерови секој требало да направи 40 метании пред Господ, од полето да донесе 40 прачки, 40 билки и 40 ракови од реката, итн. Миленко С. Филиповиќ запишал дека во Скопската Котлина пиеле 40 чаши ракија, а Стефан Тановиќ во богатите записи од Гевгелиско сведочи дека на овој ден береле и прачки „четрирасат биз едно-за сновајне“.

Од поновите записи ќе ги споменеме сведоштвото на Зорка Делиниколова, дека во Радовиш се варела пченка од која секој апнувал по 40 зрна за да се заварат (затечат) 40 бучуци жито во амбарите, а освен што пиеле 40 чаши ракија и саделе 40 корења во нивата. Во Кумановско, пак, како што запишал Велимир Николов на овој ден ништо не се садело зашто немало да никне 40 дена. На овој ден интересни обичаи се правеле во Штип. Александар Донски пишува дека во овој град луѓето оделе на Исарот од каде што секој фрлал по 40 камчиња кон Брегалница, а дома правеле 40 теганици за јадење. Во селото Елешница, Разлошко, според еден современ запис, вечерта спроти празникот од реката донесувале 40 камчиња и ги ставеле во ќошовите на куќата и откако тука ќе преноќеле утрото пак ги фрлале во реката. Тоа се правело за здравје на куќата. Во таа смисла камчињата што ги собирале задолжително требало да бидат бели.

Денот на пролетната рамнодневница според многумина е вистински почеток на пролетта. Наголемениот ден во однос на оној во текот на зимата, посилното сонце, појавата на птиците преселници, враќањето на вегетацијата, во свеста на човекот создавале мислење дека е поминат критичниот период и дека во секој поглед доаѓаат поубави денови. Во таа смисла се и повеќе обичаи верувања поврзани со некои птици и растенија. Се мисли дека до овој празник денот е зголемен толку колку што може да скокне петел од прагот. Во врска со верувањето дека со овој ден започнува вистинската пролет е и обичајот да се јаде нешто зелено (зелен ручек) со што се означува сиромашкото лето, период во кој, како што се вели, не се умира за храна, зашто таа може и на трн да се најде. Некои со ова верување ја поврзуваат и пословицата: „Не умри магаре до зелена трева.“

Во повеќе краишта на Македонија со овој ден е поврзано враќањето на птиците преселници. Во Велешко, како што забележал Д. Матов, на овој ден ластовиците иделе од арапска земја, во с. Елешница, Разлошко, секогаш на овој ден доаѓал штркот, а и во струшки Дримкол на овој ден се очекувало доаѓањето на птиците преселници. Во врска со тоа е и верувањето дека ако човекот гладен (на гладно срце, како што се вели) слушне пеење на овие птици, (ластовици, кукавица, пупунец и др.) ќе биде разбиен од нив, ќе се разболи или не ќе има напредок во текот на целата година. Во таа смисла е и записот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот објавен во „Цариградски весник“ од 1852 година: „Деветти март кога ќе влезе, сите, мали и големи треба уште во постела да каснат по еден залак леб, за да не ги „пробие“ ненадејно ластовица, дури до Благовец. Исто така, ќе се чуваат и од штрк, да не го видат со боси нозе, т.е. без чевли.“ Во Скопско верувале дека ако ги разбие пупунецот ќе им смрди душата, а ако ги разбие грлицата многу ќе кршат садови во текот на годината. Колку ластовици ќе видел човек на овој ден со толку облека ќе се подновел во текот на годината.

Извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Во таа смисла интересен е записот на Стефан Верковиќ од Долновардарско, егејскиот дел на Македонија, во кој се вели дека „Спроти Свети четиријсат (9 марта) през ноќта секое дрво и растение си наведува врвут да си бакнува коренут. От тоги веке факе да расте.“ И други запишувачи на македонски народни верувања забележале дека до тој ден на растенијата растеле само листовите, а од овој ден растеле гранките откако ќе им се поклонеле на корењата и ќе ги бакнеле.

Празникот на Светите 40 маченици, познат во народот и како Маченици но и Мучејнци, а најчесто како Младенци се држи како тежок празник и тогаш ништо не се работи. На овој ден се вели дека и пилците не правеле седело. Во Разлошко не смееле да фатат гребни, конци, игла или метла за да не гледаат змии. Сепак, во други краишта жените пред сонце ги метеле дворовите за да ги затече чисти сиромашкото лето. Особено жените внимаваат да не месат зашто во текот на летото ќе имаат многу стоногалки во ношвите и на другите места каде што се чуваат лебот и брашното. Во некои места, пак, иако на овој ден не се работи чинело да се калеми. Исто така, мажите прошетувале низ полето да ги видат посевите, да позавршат некои работи и да испијат за адет, 40 чаши ракија. Во Гевгелиско над вратите обесувале коприви, како растение кое ги одбива несреќите. Исто така, утрото луѓето каснувале лук и се намачкувале со него под мишките за да не се потат при работата и змиите да бегаат од нив.

Како период кога се затоплуваат воздухот и земјата во некои краишта се верува дека на овој ден излегуваат змиите од дупките. Интересни обичаи поврзани со култот кон змиите, и со верувањето во нивната исцелителна моќ сè уште се изведуваат во с. Орман кај Скопје. Според записите на повеќемина истражуважи, во минатото Миленко Филиповиќ, во наше време Лепа Спировска и др. во местото Змијарник, кај црквата што го носи името „Свети четириесет маченици“ во близината на селото на овој ден се собира многу народ, не само од ова и соседните села туку од цела Скопска Котлина. Особено доаѓаат лица на кои им се потребни лек и друга магиска помош: болни, жени што немаат деца, девојки што не можат да се омажат или момчиња што не можат да се оженат и сл. Тие, пред дупките од каде што се очекува излегувањето на змиите, ставаат разни нишани, најчесто облека (кошули, џемпери и сл.) и со нетрпение очекуваат змиите да излезат и да поминат преку нишаните. Некои луѓе дури без страв со гола рака ги фаќаат змиите што се обидуваат да ги заобиколат нишаните и ги ставаат врз нив. Се верува дека ако змијата мине преку нишанот и болниот ќе оздрави, жената без деца ќе роди, девојката ќе се омажи, момчето ќе се ожени итн.

Познатиот бугарски истражувач Христо Вакарелски во ова село престојувал на денот на празникот во 1943 година. И тој сведочи дека во местото Змијарник имало многу народ дојден поради празникот и поради обичаите и верувањата поврзани со змиите. „Пред сè треба да се спомене дека во тоа село длабоко се верува, дека на тој ден змиите излегуваат од дупките за прв пат таа пролет и стојат надвор на припек цел ден, а потоа пак се прибираат, за да дочекаат уште потопли денови. Се смета, дека тие ќе излезат дури и ако времето не е добро“, пишува Вакарелски. „Утре да тражиш змија, не ќе намериш, денеска само искачаат навонка.“ „Овој ден е ден на змите!“- му велеле селаните. Се верувало дека на тој ден змиите не касаат, а и ако каснат не се отровни. Затоа можело да бидат фаќани. Освен тоа народот верувал дека ако на тој ден змијата се допре до облека на човек тој ќе биде среќен преку годината. Затоа некои луѓе барале по камењата да најдат змија, ги фаќале и потоа ги пуштале да минат преку крпи, шамии, скутници, или друга облека. Тоа особено им значело на жените што немале деца или тие што сакале да имат уште деца. На истражувачот му велеле дека ридот на 300 метри од селото во правец на Вучидол бил „цел змијарник“. Тука некои луѓе утрината фаќале змии околу кои се собирале млади моми, момци, но и постари жени и возрасни мажи кои имале потреба од тој ритуал, тие ставале облека и луѓето што фатиле змии ги пуштале да минат преку облеката. Ако змијата минела преку облеката сметале дека тоа е добро, но ако не минела ја преместувале облеката пред змијата и тоа го правеле сè додека змијата мине преку неа. Тоа е можно, бидејќи во тие денови на раната пролет змите се движат бавно и тромо.

Во минатото пред дваесетина години, ‒ пишува Вакарелски ‒ како дел од обичајоит биле и песните и ората од страна на девојките пред дупките на змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле на шупелки. И во едниот и во другиот случај верувале дека на тој начин ги подмамуваат змиите да излезат надвор и ги фаќале. Сега ‒ вели Вакарелски, тоа не се прави. Фатените змии, најчесто пепелашки, по завршувањето на обичајиот ги пуштаат во блиските карпи или во шумата. „На денот, на Младенци, змија не се убива, греота е!“ Така направија и денес и не се согласија да ја убијат како што им предложив. „На друг ден може, ама денеска не!“ ‒ рекоа, вели Вакарелски во овој запис.

Во врска со култот кон змиите во ова и соседните села има и други верувања. Така на пр. неженети момчиња и немажени девојки носат во себе зрно грав проврено низ устата на пресечена змиска глава и веруваат дека со тоа побрзо ќе се оженат и омажат. Исто така, момче што ќе најдело змиска кошула и ќе ја ставело врз своето тело ќе се оженело со девојката што ја сакало.

Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари. Тоа го правеле на различни начини. Во Гевгелиско како што пишува Стефан Тановиќ вечерта спроти празникот, во мракот, девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток велејќи: „Који ми е удилен ваја вечер, нека дојде на воја мост да пумине и уф нас да дојде!“ Овие зборови ги повторувала три пати и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. Некои пак ова гатање го правеле на следниов начин: Вечерта спроти празникот земале три стракови коприва, секој посебно го врзувале со црвен конец и го наменувале на по едно момче. Утрото викале некоја своја другарка да одбере еден страк од копривите што ќе означува нејзиното момче, идниот брачен другар.

Слични обичаи и верувања се правеле и во Разлошко. Како што е запишано во зборникот на браќата Молерови и таму девојките оделе надвор од селото кај некоја вода и плетеле мосчиња од врбови прачки. Притоа велеле: „Тој што ми е на касметот, да ме преведе преку мостот“. Вечерта на вечерата првиот залак скришум го вадела од устата и го ставала под перницата. Верувала дека ноќта ќе сонуваат како стои на мостот, а момчето како и вика: „Мори дај рака да те преведа, ти нема да минеш по тој мост“.

Во селото Елешница (Разлошпко) имало обичај вечерта спроти прзникот да се собираат 40 бели камчиња што се ставле во ќошовите на дневната соба. Утрото на празникот тие се враќале во реката пред да изгрее сонцето и се верувало дека на тој начин ќе се обезбеди здравје за целото семејство.

Во Штип од 40-те камчиња што од Исарот ги фрлале кон Брегалница младите неженети и немажени оставале едно за себе, го носеле дома и вечерта го ставале под перницата. Верувале дека тој што ќе го сонат таа вечер ќе биде нивниот иден брачен другар.

Имало и други начини младите да го дознаат својот иден брачен другар. На попретки земале памук, усукувале два конца, ги ставале еден до друг и заедно ги запалувале. Ако изгореле до крај значело дека сигурно ќе се земат.

Сонот таа ноќ никогаш не лаже, верувале во Гевгелиско, се вели во еден запис од Гевгелиско објавен во „Македонски преглед“ од 1926 година, каде што е објавено и едно интересно кажување на баба Марија од село Милетково, која кога била девојка врзувала по две прачки со црвен конец и вечерта ги ставала над браздата како мовче, верувајќи дека ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. „Три години по ред како мома правев мосчиња и трите години го сонував мојов дедо. И ми беше многу мака, зашто не го сакав, друг си имав на ум. Божичко колку сакав да го сонам тој што ми беше на ум, но не се случи. Мојов дедо го сонував и за него се омажив. Сонот во тој ден не е лажовен“.

Со празникот Свети четириесет маченици или Младенци се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. во Радовиш овој ден бил празник на ковачите и тогаш се одело на визита кај членовите на овој еснаф. За таа цел во семејствата на ковачите се набавувала пченица, половината ја мелеле брашно и меселе проскури, а другата половина ја вареле. Оделе во црква, а по службата раздавале од пченицата и проскурите.

На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината. Утрото веднаш по станувањето се земала првата гранка до која ќе се допрел човекот, таа се горела и пепелта од неа се сеела. Потоа се гледале покрупните остатоци во ситото. Ако личеле на пченица таа година повеќе ќе родела пченицата, ако личеле на пченка, просо или нешто друго значело дека овие земјоделски култури ќе родат повеќе.

Во минатото овој празник во Македонија го празнувало не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“.

Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневница, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

The post Денеска е Младенци, ова се адетите за празникот на младоста, љубовта и убавината appeared first on Република.

]]>

Денеска православните верници го слават Свети 40 маченици во Севастија (Младенци) Празник на младоста и љубовта Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера. Именден празнуваат: Младен, Младенка и др. Житието за Светите четириесет маченици, како и повеќето народни преданија за нив, меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не сакале да се откажат од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се премисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал. Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле. Според друго предание војниците биле исечени со меч откако ја преживеале ноќта во студената вода, а според трето, езерската вода што се смрзнувала, кога ги фрлиле војниците почнала да се одмрзнува, светлосните венци над главите ги штителе од смрзнување. Војводата и другите мачители биле изненадени кога утрото ги виделе живи и пак ги фрлиле во водата откако претходно им ги скршиле коските. Но тогаш четириесетте маченици му се јавиле на епископот Петар и побарале нивните мошти да бидат извадени од езерото. Споменот за четириесетте маченици нашол одраз и во македонските народни преданија. Така на пр., преданието од Гевгелиско раскажува дека во старите времиња кога неверниците го прогонувале секој што ќе се покрстел и ќе ја примел Христовата вера, имало некој човек што имал 40 синови. Кога станале христијани ги оковале во синџири и ги фрлиле во темница, каде што умреле. Но набрзо потоа христијанството зело замав и станало многу силно, поради што споменот за нив се празнува до денес. Преданието од Струшко, пак, вели дека четириесетте маченици биле деца кои Евреите ги мачеле за да го кажат Исуса. Кога не успеале да ги придобијат ниту со ветувања, ниту со казни, решиле да ги погубат. Им дале црна волна и им заповедале со перење да ја направат бела, а потоа ги убиле осветувајќи им се за нивната приврзаност кон Исус Христос. Поголем број обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со бројот 40 во спомен на четириесетте маченици од Севастија. Собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали од половината на минатиот век до денес запишале повеќе вакви обичаи и верувања. Така на пр. Кузман Шапкарев сведочи дека „на 9 март (стар стил) споменот на 40-те маченици, се празнува со некои особености“. Тој сведочи дека спроти празникот собирале 40 полжави, потоа правеле 40 сарми со ориз и расол, а на ручекот пиеле по 40 чаши вино во спомен на 40-те маченици. И Ефтим Спространов запишал дека за овој празник во Охрид се правеле 40 сарми, се јаделе уште и 40 полжави, 40 ракови итн. Во Разлошко, во пиринскиот дел на Македонија, како што запишале браќата Костадин и Димитар Молерови секој требало да направи 40 метании пред Господ, од полето да донесе 40 прачки, 40 билки и 40 ракови од реката, итн. Миленко С. Филиповиќ запишал дека во Скопската Котлина пиеле 40 чаши ракија, а Стефан Тановиќ во богатите записи од Гевгелиско сведочи дека на овој ден береле и прачки „четрирасат биз едно-за сновајне“. Од поновите записи ќе ги споменеме сведоштвото на Зорка Делиниколова, дека во Радовиш се варела пченка од која секој апнувал по 40 зрна за да се заварат (затечат) 40 бучуци жито во амбарите, а освен што пиеле 40 чаши ракија и саделе 40 корења во нивата. Во Кумановско, пак, како што запишал Велимир Николов на овој ден ништо не се садело зашто немало да никне 40 дена. На овој ден интересни обичаи се правеле во Штип. Александар Донски пишува дека во овој град луѓето оделе на Исарот од каде што секој фрлал по 40 камчиња кон Брегалница, а дома правеле 40 теганици за јадење. Во селото Елешница, Разлошко, според еден современ запис, вечерта спроти празникот од реката донесувале 40 камчиња и ги ставеле во ќошовите на куќата и откако тука ќе преноќеле утрото пак ги фрлале во реката. Тоа се правело за здравје на куќата. Во таа смисла камчињата што ги собирале задолжително требало да бидат бели. Денот на пролетната рамнодневница според многумина е вистински почеток на пролетта. Наголемениот ден во однос на оној во текот на зимата, посилното сонце, појавата на птиците преселници, враќањето на вегетацијата, во свеста на човекот создавале мислење дека е поминат критичниот период и дека во секој поглед доаѓаат поубави денови. Во таа смисла се и повеќе обичаи верувања поврзани со некои птици и растенија. Се мисли дека до овој празник денот е зголемен толку колку што може да скокне петел од прагот. Во врска со верувањето дека со овој ден започнува вистинската пролет е и обичајот да се јаде нешто зелено (зелен ручек) со што се означува сиромашкото лето, период во кој, како што се вели, не се умира за храна, зашто таа може и на трн да се најде. Некои со ова верување ја поврзуваат и пословицата: „Не умри магаре до зелена трева.“ Во повеќе краишта на Македонија со овој ден е поврзано враќањето на птиците преселници. Во Велешко, како што забележал Д. Матов, на овој ден ластовиците иделе од арапска земја, во с. Елешница, Разлошко, секогаш на овој ден доаѓал штркот, а и во струшки Дримкол на овој ден се очекувало доаѓањето на птиците преселници. Во врска со тоа е и верувањето дека ако човекот гладен (на гладно срце, како што се вели) слушне пеење на овие птици, (ластовици, кукавица, пупунец и др.) ќе биде разбиен од нив, ќе се разболи или не ќе има напредок во текот на целата година. Во таа смисла е и записот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот објавен во „Цариградски весник“ од 1852 година: „Деветти март кога ќе влезе, сите, мали и големи треба уште во постела да каснат по еден залак леб, за да не ги „пробие“ ненадејно ластовица, дури до Благовец. Исто така, ќе се чуваат и од штрк, да не го видат со боси нозе, т.е. без чевли.“ Во Скопско верувале дека ако ги разбие пупунецот ќе им смрди душата, а ако ги разбие грлицата многу ќе кршат садови во текот на годината. Колку ластовици ќе видел човек на овој ден со толку облека ќе се подновел во текот на годината. Извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Во таа смисла интересен е записот на Стефан Верковиќ од Долновардарско, егејскиот дел на Македонија, во кој се вели дека „Спроти Свети четиријсат (9 марта) през ноќта секое дрво и растение си наведува врвут да си бакнува коренут. От тоги веке факе да расте.“ И други запишувачи на македонски народни верувања забележале дека до тој ден на растенијата растеле само листовите, а од овој ден растеле гранките откако ќе им се поклонеле на корењата и ќе ги бакнеле. Празникот на Светите 40 маченици, познат во народот и како Маченици но и Мучејнци, а најчесто како Младенци се држи како тежок празник и тогаш ништо не се работи. На овој ден се вели дека и пилците не правеле седело. Во Разлошко не смееле да фатат гребни, конци, игла или метла за да не гледаат змии. Сепак, во други краишта жените пред сонце ги метеле дворовите за да ги затече чисти сиромашкото лето. Особено жените внимаваат да не месат зашто во текот на летото ќе имаат многу стоногалки во ношвите и на другите места каде што се чуваат лебот и брашното. Во некои места, пак, иако на овој ден не се работи чинело да се калеми. Исто така, мажите прошетувале низ полето да ги видат посевите, да позавршат некои работи и да испијат за адет, 40 чаши ракија. Во Гевгелиско над вратите обесувале коприви, како растение кое ги одбива несреќите. Исто така, утрото луѓето каснувале лук и се намачкувале со него под мишките за да не се потат при работата и змиите да бегаат од нив. Како период кога се затоплуваат воздухот и земјата во некои краишта се верува дека на овој ден излегуваат змиите од дупките. Интересни обичаи поврзани со култот кон змиите, и со верувањето во нивната исцелителна моќ сè уште се изведуваат во с. Орман кај Скопје. Според записите на повеќемина истражуважи, во минатото Миленко Филиповиќ, во наше време Лепа Спировска и др. во местото Змијарник, кај црквата што го носи името „Свети четириесет маченици“ во близината на селото на овој ден се собира многу народ, не само од ова и соседните села туку од цела Скопска Котлина. Особено доаѓаат лица на кои им се потребни лек и друга магиска помош: болни, жени што немаат деца, девојки што не можат да се омажат или момчиња што не можат да се оженат и сл. Тие, пред дупките од каде што се очекува излегувањето на змиите, ставаат разни нишани, најчесто облека (кошули, џемпери и сл.) и со нетрпение очекуваат змиите да излезат и да поминат преку нишаните. Некои луѓе дури без страв со гола рака ги фаќаат змиите што се обидуваат да ги заобиколат нишаните и ги ставаат врз нив. Се верува дека ако змијата мине преку нишанот и болниот ќе оздрави, жената без деца ќе роди, девојката ќе се омажи, момчето ќе се ожени итн. Познатиот бугарски истражувач Христо Вакарелски во ова село престојувал на денот на празникот во 1943 година. И тој сведочи дека во местото Змијарник имало многу народ дојден поради празникот и поради обичаите и верувањата поврзани со змиите. „Пред сè треба да се спомене дека во тоа село длабоко се верува, дека на тој ден змиите излегуваат од дупките за прв пат таа пролет и стојат надвор на припек цел ден, а потоа пак се прибираат, за да дочекаат уште потопли денови. Се смета, дека тие ќе излезат дури и ако времето не е добро“, пишува Вакарелски. „Утре да тражиш змија, не ќе намериш, денеска само искачаат навонка.“ „Овој ден е ден на змите!“- му велеле селаните. Се верувало дека на тој ден змиите не касаат, а и ако каснат не се отровни. Затоа можело да бидат фаќани. Освен тоа народот верувал дека ако на тој ден змијата се допре до облека на човек тој ќе биде среќен преку годината. Затоа некои луѓе барале по камењата да најдат змија, ги фаќале и потоа ги пуштале да минат преку крпи, шамии, скутници, или друга облека. Тоа особено им значело на жените што немале деца или тие што сакале да имат уште деца. На истражувачот му велеле дека ридот на 300 метри од селото во правец на Вучидол бил „цел змијарник“. Тука некои луѓе утрината фаќале змии околу кои се собирале млади моми, момци, но и постари жени и возрасни мажи кои имале потреба од тој ритуал, тие ставале облека и луѓето што фатиле змии ги пуштале да минат преку облеката. Ако змијата минела преку облеката сметале дека тоа е добро, но ако не минела ја преместувале облеката пред змијата и тоа го правеле сè додека змијата мине преку неа. Тоа е можно, бидејќи во тие денови на раната пролет змите се движат бавно и тромо. Во минатото пред дваесетина години, ‒ пишува Вакарелски ‒ како дел од обичајоит биле и песните и ората од страна на девојките пред дупките на змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле на шупелки. И во едниот и во другиот случај верувале дека на тој начин ги подмамуваат змиите да излезат надвор и ги фаќале. Сега ‒ вели Вакарелски, тоа не се прави. Фатените змии, најчесто пепелашки, по завршувањето на обичајиот ги пуштаат во блиските карпи или во шумата. „На денот, на Младенци, змија не се убива, греота е!“ Така направија и денес и не се согласија да ја убијат како што им предложив. „На друг ден може, ама денеска не!“ ‒ рекоа, вели Вакарелски во овој запис. Во врска со култот кон змиите во ова и соседните села има и други верувања. Така на пр. неженети момчиња и немажени девојки носат во себе зрно грав проврено низ устата на пресечена змиска глава и веруваат дека со тоа побрзо ќе се оженат и омажат. Исто така, момче што ќе најдело змиска кошула и ќе ја ставело врз своето тело ќе се оженело со девојката што ја сакало. Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари. Тоа го правеле на различни начини. Во Гевгелиско како што пишува Стефан Тановиќ вечерта спроти празникот, во мракот, девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток велејќи: „Који ми е удилен ваја вечер, нека дојде на воја мост да пумине и уф нас да дојде!“ Овие зборови ги повторувала три пати и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. Некои пак ова гатање го правеле на следниов начин: Вечерта спроти празникот земале три стракови коприва, секој посебно го врзувале со црвен конец и го наменувале на по едно момче. Утрото викале некоја своја другарка да одбере еден страк од копривите што ќе означува нејзиното момче, идниот брачен другар. Слични обичаи и верувања се правеле и во Разлошко. Како што е запишано во зборникот на браќата Молерови и таму девојките оделе надвор од селото кај некоја вода и плетеле мосчиња од врбови прачки. Притоа велеле: „Тој што ми е на касметот, да ме преведе преку мостот“. Вечерта на вечерата првиот залак скришум го вадела од устата и го ставала под перницата. Верувала дека ноќта ќе сонуваат како стои на мостот, а момчето како и вика: „Мори дај рака да те преведа, ти нема да минеш по тој мост“. Во селото Елешница (Разлошпко) имало обичај вечерта спроти прзникот да се собираат 40 бели камчиња што се ставле во ќошовите на дневната соба. Утрото на празникот тие се враќале во реката пред да изгрее сонцето и се верувало дека на тој начин ќе се обезбеди здравје за целото семејство. Во Штип од 40-те камчиња што од Исарот ги фрлале кон Брегалница младите неженети и немажени оставале едно за себе, го носеле дома и вечерта го ставале под перницата. Верувале дека тој што ќе го сонат таа вечер ќе биде нивниот иден брачен другар. Имало и други начини младите да го дознаат својот иден брачен другар. На попретки земале памук, усукувале два конца, ги ставале еден до друг и заедно ги запалувале. Ако изгореле до крај значело дека сигурно ќе се земат. Сонот таа ноќ никогаш не лаже, верувале во Гевгелиско, се вели во еден запис од Гевгелиско објавен во „Македонски преглед“ од 1926 година, каде што е објавено и едно интересно кажување на баба Марија од село Милетково, која кога била девојка врзувала по две прачки со црвен конец и вечерта ги ставала над браздата како мовче, верувајќи дека ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. „Три години по ред како мома правев мосчиња и трите години го сонував мојов дедо. И ми беше многу мака, зашто не го сакав, друг си имав на ум. Божичко колку сакав да го сонам тој што ми беше на ум, но не се случи. Мојов дедо го сонував и за него се омажив. Сонот во тој ден не е лажовен“. Со празникот Свети четириесет маченици или Младенци се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. во Радовиш овој ден бил празник на ковачите и тогаш се одело на визита кај членовите на овој еснаф. За таа цел во семејствата на ковачите се набавувала пченица, половината ја мелеле брашно и меселе проскури, а другата половина ја вареле. Оделе во црква, а по службата раздавале од пченицата и проскурите. На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината. Утрото веднаш по станувањето се земала првата гранка до која ќе се допрел човекот, таа се горела и пепелта од неа се сеела. Потоа се гледале покрупните остатоци во ситото. Ако личеле на пченица таа година повеќе ќе родела пченицата, ако личеле на пченка, просо или нешто друго значело дека овие земјоделски култури ќе родат повеќе. Во минатото овој празник во Македонија го празнувало не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“. Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневница, со денот на пролетта и повторното оживување на природата. Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

The post Денеска е Младенци, ова се адетите за празникот на младоста, љубовта и убавината appeared first on Република.

]]>
Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-tezhok-praznik-adet-e-da-ne-se-jadat-jadena-vo-ovaa-boja/ Thu, 09 Mar 2023 10:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=617635

Денеска се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

The post Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител. Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31) Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

The post Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја appeared first on Република.

]]>
Невести и свекрви се поклонија за род и пород на „Невестинско поклонение“ во Конопница https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nevesti-i-svekrvi-se-poklonija-za-rod-i-porod-na-nevestinsko-poklonenie-vo-konopnitsa/ Sun, 05 Mar 2023 17:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=616133

Три пара невести и нивните свекрви од три различни краеви на државата денеска беа учеснички на 14-та по ред манифестација „Невестинско поклонение“ во црквата „Св.Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница.

Манифестацијата го негува пост-свадбениот обичај на поклонение на невестите венчани помеѓу две Тодорови саботи и нивните свекрви, според кој, се поклонуваат пред светецот за род и пород во семејството.

[caption id="attachment_616135" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Покровител на настанот е Општина Крива Паланка, организатор РЗР „Патник“, а куриозитет годинава беше учеството на невестата од познатата Галичка свадба.

Традицијата е идентитет и белег на нашиот народ, а тие, сочувани преку „Невестинското поклонение“ како обичај што ги негува семејните вредности денес не собраа тука, во Конопница, во црквата „Св.Теодор Тирон“, не сполотија заедно, млади и возрасни, да им се радуваме на вредностите што не обединуваат и одликуваат како народ. Денешната манифестација е карактеристична што за првпат, учествува невестата од Галичката свадба, што ја прави манифестацијата „Невестинско поклонение“ обединувачка на сите свадбени и постсвадбени обичаи обоени со колоритот на богатиот македоснки фолклор и традиција. Вредностите на семејните врски и нивната круцијална важност за општеството како аманет ги пренесуваме од поколение на поколение, чувајќи ги од заборав- одржувајќи ги денес како мост за иднината. Општина Крива Паланка е покровител на манифестацијата и ќе продолжиме да ја негуваме како дел од идентитетот на нашиот народ, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

На настанот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, претставници од Советот на Општина Крива Паланка, како и бројни граѓани и туристи.

Манифестацијата е и во симболот на тролисната детелина - основа на црквата, со три пара невести и свекрви, од три различни краеви на нашата убава држава и историско, учество на невестата од Галичка свадба, од минатата година, Елена Димитрова со свекрвата. Учестуваат и Берта Санева од Штип и Марија Стојановска од Крива Паланка, заедно со своите свекрви. Галичкиот пар снаа-свекрва беше дотеран во оригинална Галичка носија од збирката носии на Достана Караѓозоска, а и останатите носеа автентични носии, секоја од својот крај. За оваа година успеав и да комплетирам машка носија од кривопаланечко, а изработив и календар за манифестацијата за следните 100 години, почнувајќи од оваа година, изјави иницијаторот за обнова на манифестацијата од РЗР Патник, Стојанче Величковски.

Свештениците од кривопаланечкото архиерејско намесништво им читаа молитва за зајакнување на брачни врски на невестите, а во дворот на црквата се одржа и водосвет.

За културната програма се погрижиија музичка група и КУЗ „Карпош“.

По завршување на културната манифестација РЗР „Патник“ ќе го распише Меѓународниот конкурс за карикатура, како дел од Годишната програма за култура на Општина Крива Паланка од општината и јавните институции и здруженија од регионот.

The post Невести и свекрви се поклонија за род и пород на „Невестинско поклонение“ во Конопница appeared first on Република.

]]>

Три пара невести и нивните свекрви од три различни краеви на државата денеска беа учеснички на 14-та по ред манифестација „Невестинско поклонение“ во црквата „Св.Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница. Манифестацијата го негува пост-свадбениот обичај на поклонение на невестите венчани помеѓу две Тодорови саботи и нивните свекрви, според кој, се поклонуваат пред светецот за род и пород во семејството. [caption id="attachment_616135" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Покровител на настанот е Општина Крива Паланка, организатор РЗР „Патник“, а куриозитет годинава беше учеството на невестата од познатата Галичка свадба.
Традицијата е идентитет и белег на нашиот народ, а тие, сочувани преку „Невестинското поклонение“ како обичај што ги негува семејните вредности денес не собраа тука, во Конопница, во црквата „Св.Теодор Тирон“, не сполотија заедно, млади и возрасни, да им се радуваме на вредностите што не обединуваат и одликуваат како народ. Денешната манифестација е карактеристична што за првпат, учествува невестата од Галичката свадба, што ја прави манифестацијата „Невестинско поклонение“ обединувачка на сите свадбени и постсвадбени обичаи обоени со колоритот на богатиот македоснки фолклор и традиција. Вредностите на семејните врски и нивната круцијална важност за општеството како аманет ги пренесуваме од поколение на поколение, чувајќи ги од заборав- одржувајќи ги денес како мост за иднината. Општина Крива Паланка е покровител на манифестацијата и ќе продолжиме да ја негуваме како дел од идентитетот на нашиот народ, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
На настанот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, претставници од Советот на Општина Крива Паланка, како и бројни граѓани и туристи.
Манифестацијата е и во симболот на тролисната детелина - основа на црквата, со три пара невести и свекрви, од три различни краеви на нашата убава држава и историско, учество на невестата од Галичка свадба, од минатата година, Елена Димитрова со свекрвата. Учестуваат и Берта Санева од Штип и Марија Стојановска од Крива Паланка, заедно со своите свекрви. Галичкиот пар снаа-свекрва беше дотеран во оригинална Галичка носија од збирката носии на Достана Караѓозоска, а и останатите носеа автентични носии, секоја од својот крај. За оваа година успеав и да комплетирам машка носија од кривопаланечко, а изработив и календар за манифестацијата за следните 100 години, почнувајќи од оваа година, изјави иницијаторот за обнова на манифестацијата од РЗР Патник, Стојанче Величковски.
Свештениците од кривопаланечкото архиерејско намесништво им читаа молитва за зајакнување на брачни врски на невестите, а во дворот на црквата се одржа и водосвет. За културната програма се погрижиија музичка група и КУЗ „Карпош“. По завршување на културната манифестација РЗР „Патник“ ќе го распише Меѓународниот конкурс за карикатура, како дел од Годишната програма за култура на Општина Крива Паланка од општината и јавните институции и здруженија од регионот.

The post Невести и свекрви се поклонија за род и пород на „Невестинско поклонение“ во Конопница appeared first on Република.

]]>
Денеска е Тодорова сабота, испочитувајте ги овие адети за да не ве следи несреќа https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-todorova-sabota-ispochituvajte-gi-ovie-adeti-za-da-ne-ve-sledi-nesreka/ Sat, 04 Mar 2023 07:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=615651

За православните верници денеска е тежок празник што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост. Тодорова сабота или Тодорица се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

Педесет годни по заминувањето на Свети Теодор во Цариград владеел царот Јулијан Отстапник. Така бил наречен поради тоа што во младоста бил христијанин, а подоцна кога станал цар се откажал од христијанството и со сите средства ги прогонувал христијаните Таа година сакајќи на некој начин да им напакости на христијаните, а знаејќи колку им значи Велигденскиот пост особено првата недела по која некои и се причестуваат, царот наредил сета храна што се продавала по пазарите да се попрска со крв од жртвите принесувани на идолите. Но тогаш на цариградскиот патријарх не во сонот, туку на јаве, му се јавил Свети Теодор Тирон и му рекол да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите зашто таа ќе биде испоганета со крв. Наместо тоа цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил, христијаните цела недела јаделе жито и така останале неиспоганети.

Во спомен на овој настан првата сабота од Велигденските пости е наречена Тодорова сабота, тогаш се оди во Црквата и се носи жито.

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

На денешен ден треба да се причестат оние кои постеле цела недела.

Светецот е заштитник на стоката, посебно на коњите. На овој ден излегуваат змиите, се спрема жито и колач, а жените не смеат да ја мијат косата или да палат оган.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

The post Денеска е Тодорова сабота, испочитувајте ги овие адети за да не ве следи несреќа appeared first on Република.

]]>

За православните верници денеска е тежок празник што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост. Тодорова сабота или Тодорица се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар). Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Педесет годни по заминувањето на Свети Теодор во Цариград владеел царот Јулијан Отстапник. Така бил наречен поради тоа што во младоста бил христијанин, а подоцна кога станал цар се откажал од христијанството и со сите средства ги прогонувал христијаните Таа година сакајќи на некој начин да им напакости на христијаните, а знаејќи колку им значи Велигденскиот пост особено првата недела по која некои и се причестуваат, царот наредил сета храна што се продавала по пазарите да се попрска со крв од жртвите принесувани на идолите. Но тогаш на цариградскиот патријарх не во сонот, туку на јаве, му се јавил Свети Теодор Тирон и му рекол да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите зашто таа ќе биде испоганета со крв. Наместо тоа цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил, христијаните цела недела јаделе жито и така останале неиспоганети. Во спомен на овој настан првата сабота од Велигденските пости е наречена Тодорова сабота, тогаш се оди во Црквата и се носи жито. Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња. На денешен ден треба да се причестат оние кои постеле цела недела. Светецот е заштитник на стоката, посебно на коњите. На овој ден излегуваат змиите, се спрема жито и колач, а жените не смеат да ја мијат косата или да палат оган. На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

The post Денеска е Тодорова сабота, испочитувајте ги овие адети за да не ве следи несреќа appeared first on Република.

]]>
Ноќта пред Тодорова сабота се остваруваат желбите, девојки вечерва пред да легнете направете го ова https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/nokta-pred-todorova-sabota-se-ostvaruvaat-zhelbite-devojki-vecherva-pred-da-legnete-napravete-go-ova/ Fri, 03 Mar 2023 17:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=615653

Православните верници утре ќе ја одбележат Тодорова сабота или Тодорица, која се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Тодорова Сабота (Тодорица), e подвижен празник, што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост.

Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

Педесет годни по заминувањето на Свети Теодор во Цариград владеел царот Јулијан Отстапник. Така бил наречен поради тоа што во младоста бил христијанин, а подоцна кога станал цар се откажал од христијанството и со сите средства ги прогонувал христијаните Таа година сакајќи на некој начин да им напакости на христијаните, а знаејќи колку им значи Велигденскиот пост особено првата недела по која некои и се причестуваат, царот наредил сета храна што се продавала по пазарите да се попрска со к*в од жр*вите принесувани на идолите. Но тогаш на цариградскиот патријарх не во сонот, туку на јаве, му се јавил Свети Теодор Тирон и му рекол да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите зашто таа ќе биде испоганета со к*в. Наместо тоа цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил, христијаните цела недела јаделе жито и така останале неиспоганети. Во спомен на овој настан првата сабота од Велигденските пости е наречена Тодорова сабота, тогаш се оди во Црквата и се носи жито.

Според едно предание од Гевгелиско Свети Тодор бил војник во царевата војска и кога дознал за намерата на еврејскиот цар да го укине христијанскиот пост трчал со коњот од место во место за да ги храбри христијаните да издржат зашто, како што претпоставувал, Евреите до првата сабота морале да попуштат. Тоа негово предвидување се покажало точно поради што црквата го прогласила за светец.

Во спомен на овој подвиг на Теодор Тирон се празнува празникот Тодорова сабота во народот познат како Тодорица. Овој празник спаѓа во оние празници што немаат постојан датум туку зависат од Велигден. Секогаш се паѓа на една недела по Прочка, поточно првата сабота по овој празник што значи дека тој е на крајот од првата недела од големите Велигденски пости.

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Во повеќе краишта на Македонија тогаш во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача, а Кузман Шапкарев забележал дека во охридските села носеле колаци со четири проскурчиња „за воловско здравје”. Овој обреден леб од горната страна е украсен со разни фигури: волови, плуг, јарем, коњи, коњски плочи, трло со јагниња и сл. Во црквата лебот се става во чинија врз која има варена пченица и пченка и бидејќи лебот во средината има дупка низ неа се забодува свеќа која што се запалува. Подоцна откако свештеникот ќе отпее молитва и ќе го благослови лебот и другите продукти свеќата се гасне под мишка и се чува цела година за лекување разни болести и за одврзување магии. Во црквата од лебот се раздава „за мажо здравје”, „за воловско здравје”, „за коњско здравје” и тн.

Во записите од Гевгелиско направени на почетокот на овој век од Н.Д. Рачев се вели дека за заштита од магии, но и за иницирање живот и здравје на луѓето и добитокот се правело „мамило”. Тоа се правело од варена пченица и пченка кои се носеле во црквата каде што попот им пеел молитва. Потоа дома на сите и на луѓето и на стоката им се давало да каснат по малку но строго се внимавало ниту едно зрно да не падне на земјата зашто во спротивно ќе се случела голема несреќа и на луѓето и на добитокот.

Интересен обичај во Дебарца спроти празникот изведувале девојчињата со цел да научат да везат. Тие дома подготвувале кесиња направени од крпчиња и врз нив само започнувале да везат, а потоа ги полнеле со пепел. Додека биле во црквата вечерта спроти празникот скришум со куклушка од треска кесето го закачувале за појасот на некоја жена што била позната како добра везачка. Овие жени пак што ќе собереле повеќе вакви кесиња на враќање ги фрлале во некоја вода (извор, река, поток и др.) со благослов: „Како што брза водата така и девојчињата да научат да везат”.

На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов начин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префрлале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот касај добиен во црквата „за мажо здравје”. До креветот ставале и дуле полно со вода за кое го врзувале појасот кој со другиот крај го ставале под перницата. Притоа наречувале: „Кој ми е речен да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот”.

Вакви обичаи забележал и М. Цепенков. „Во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види на сон кое момче ќе си го земи за маж да је биди. – еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чуа за коа ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојде тоа момче што и је наречено за да ја земи. Ако види некое момче што го знаи, него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи”. Сличен на овој обичај М. Цепенков забележал и во Битола: „Во град Битола спроти Тодорица праат мајките на ќерките еден маривет да познаат кое момче ќе и ја земи ќерката. Ќе појди една мајка в црква и ќе земи три зрна пченица, падната што има наземи. Коа ќе седнат да вечераат, ќе и го укради мајката на ќерката првиот залак и коа ќе си легни девојчето да спие, ќе и клаит под перница. Спиејќи девојчето, ќе го сонуала кое момче ќе го земела, убао ќе го видела, очи со очи ќе се виделе и бездруго тоа момче ќе го земела. Утрото со душа ќе ја чекат мајка е да стани од спиење за да ја праша што сон сонуала. Ако е страмежливо некое девојче и неќи да е кажи на мајка си, таа ќе и нагодуа за соно што го видела и за момчето што го видела. Ете од трите зрна пченица и еден залак леб, клаени под перница ќе си го виделе на сон кое момче ќе земи. Ако е вистина ашколсун јас ќе му речам.“

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Стефан Верковиќ запишал дека во с. Мачуково, (Долновардарско) „Спроти Сфити Тодур момите раздават на црквата пшеница и пчиничка бркано, и чис леп. В лебут замесуват една глава лук и сус неа го печат; го извртуве сус се леп, ка ќ’ оде на црквата; дупката што ќе се чине на лебут, туруваат пшеница и пчиничка, да напкум сус них зарануват добитоците, а кукешните си апнуваат за здраве”.134

Интересен обичај на празникот Тодорица се изведувал во селото Лазорополе. Тие што тримереле оделе надвор од селото во местото Сливине, носеле со себе варено жито и вода осветена на Свети Трифун. Со таа вода ги прскале ливадите. Од житото што го носеле девојките еден дел им давале на момчињата и роднините за здравје, а потоа оделе кај своите ливади и фрлајќи од житото викале: „Киш, киш, кртови, / на чупоски вртови”. Чуповци, пак, викале: „Киш, киш кртови, / на росочки вртови”! Овие обичаи започнувале околу десет часот претпладне и завршувале околу три или четири часот попладне.

The post Ноќта пред Тодорова сабота се остваруваат желбите, девојки вечерва пред да легнете направете го ова appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре ќе ја одбележат Тодорова сабота или Тодорица, која се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Тодорова Сабота (Тодорица), e подвижен празник, што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар). Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Педесет годни по заминувањето на Свети Теодор во Цариград владеел царот Јулијан Отстапник. Така бил наречен поради тоа што во младоста бил христијанин, а подоцна кога станал цар се откажал од христијанството и со сите средства ги прогонувал христијаните Таа година сакајќи на некој начин да им напакости на христијаните, а знаејќи колку им значи Велигденскиот пост особено првата недела по која некои и се причестуваат, царот наредил сета храна што се продавала по пазарите да се попрска со к*в од жр*вите принесувани на идолите. Но тогаш на цариградскиот патријарх не во сонот, туку на јаве, му се јавил Свети Теодор Тирон и му рекол да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите зашто таа ќе биде испоганета со к*в. Наместо тоа цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил, христијаните цела недела јаделе жито и така останале неиспоганети. Во спомен на овој настан првата сабота од Велигденските пости е наречена Тодорова сабота, тогаш се оди во Црквата и се носи жито. Според едно предание од Гевгелиско Свети Тодор бил војник во царевата војска и кога дознал за намерата на еврејскиот цар да го укине христијанскиот пост трчал со коњот од место во место за да ги храбри христијаните да издржат зашто, како што претпоставувал, Евреите до првата сабота морале да попуштат. Тоа негово предвидување се покажало точно поради што црквата го прогласила за светец. Во спомен на овој подвиг на Теодор Тирон се празнува празникот Тодорова сабота во народот познат како Тодорица. Овој празник спаѓа во оние празници што немаат постојан датум туку зависат од Велигден. Секогаш се паѓа на една недела по Прочка, поточно првата сабота по овој празник што значи дека тој е на крајот од првата недела од големите Велигденски пости. Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња. Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Во повеќе краишта на Македонија тогаш во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача, а Кузман Шапкарев забележал дека во охридските села носеле колаци со четири проскурчиња „за воловско здравје”. Овој обреден леб од горната страна е украсен со разни фигури: волови, плуг, јарем, коњи, коњски плочи, трло со јагниња и сл. Во црквата лебот се става во чинија врз која има варена пченица и пченка и бидејќи лебот во средината има дупка низ неа се забодува свеќа која што се запалува. Подоцна откако свештеникот ќе отпее молитва и ќе го благослови лебот и другите продукти свеќата се гасне под мишка и се чува цела година за лекување разни болести и за одврзување магии. Во црквата од лебот се раздава „за мажо здравје”, „за воловско здравје”, „за коњско здравје” и тн. Во записите од Гевгелиско направени на почетокот на овој век од Н.Д. Рачев се вели дека за заштита од магии, но и за иницирање живот и здравје на луѓето и добитокот се правело „мамило”. Тоа се правело од варена пченица и пченка кои се носеле во црквата каде што попот им пеел молитва. Потоа дома на сите и на луѓето и на стоката им се давало да каснат по малку но строго се внимавало ниту едно зрно да не падне на земјата зашто во спротивно ќе се случела голема несреќа и на луѓето и на добитокот. Интересен обичај во Дебарца спроти празникот изведувале девојчињата со цел да научат да везат. Тие дома подготвувале кесиња направени од крпчиња и врз нив само започнувале да везат, а потоа ги полнеле со пепел. Додека биле во црквата вечерта спроти празникот скришум со куклушка од треска кесето го закачувале за појасот на некоја жена што била позната како добра везачка. Овие жени пак што ќе собереле повеќе вакви кесиња на враќање ги фрлале во некоја вода (извор, река, поток и др.) со благослов: „Како што брза водата така и девојчињата да научат да везат”. На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов начин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префрлале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот касај добиен во црквата „за мажо здравје”. До креветот ставале и дуле полно со вода за кое го врзувале појасот кој со другиот крај го ставале под перницата. Притоа наречувале: „Кој ми е речен да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот”. Вакви обичаи забележал и М. Цепенков. „Во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види на сон кое момче ќе си го земи за маж да је биди. – еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чуа за коа ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојде тоа момче што и је наречено за да ја земи. Ако види некое момче што го знаи, него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи”. Сличен на овој обичај М. Цепенков забележал и во Битола: „Во град Битола спроти Тодорица праат мајките на ќерките еден маривет да познаат кое момче ќе и ја земи ќерката. Ќе појди една мајка в црква и ќе земи три зрна пченица, падната што има наземи. Коа ќе седнат да вечераат, ќе и го укради мајката на ќерката првиот залак и коа ќе си легни девојчето да спие, ќе и клаит под перница. Спиејќи девојчето, ќе го сонуала кое момче ќе го земела, убао ќе го видела, очи со очи ќе се виделе и бездруго тоа момче ќе го земела. Утрото со душа ќе ја чекат мајка е да стани од спиење за да ја праша што сон сонуала. Ако е страмежливо некое девојче и неќи да е кажи на мајка си, таа ќе и нагодуа за соно што го видела и за момчето што го видела. Ете од трите зрна пченица и еден залак леб, клаени под перница ќе си го виделе на сон кое момче ќе земи. Ако е вистина ашколсун јас ќе му речам.“ Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”. Стефан Верковиќ запишал дека во с. Мачуково, (Долновардарско) „Спроти Сфити Тодур момите раздават на црквата пшеница и пчиничка бркано, и чис леп. В лебут замесуват една глава лук и сус неа го печат; го извртуве сус се леп, ка ќ’ оде на црквата; дупката што ќе се чине на лебут, туруваат пшеница и пчиничка, да напкум сус них зарануват добитоците, а кукешните си апнуваат за здраве”.134 Интересен обичај на празникот Тодорица се изведувал во селото Лазорополе. Тие што тримереле оделе надвор од селото во местото Сливине, носеле со себе варено жито и вода осветена на Свети Трифун. Со таа вода ги прскале ливадите. Од житото што го носеле девојките еден дел им давале на момчињата и роднините за здравје, а потоа оделе кај своите ливади и фрлајќи од житото викале: „Киш, киш, кртови, / на чупоски вртови”. Чуповци, пак, викале: „Киш, киш кртови, / на росочки вртови”! Овие обичаи започнувале околу десет часот претпладне и завршувале околу три или четири часот попладне.

The post Ноќта пред Тодорова сабота се остваруваат желбите, девојки вечерва пред да легнете направете го ова appeared first on Република.

]]>
Задушница: Ако денес не стигнете до гробишта еве како да им изразите помен на тие што не се со нас https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zadushnitsa-ako-denes-ne-stignete-do-grobishta-eve-kako-da-im-izrazite-pomen-na-tie-shto-ne-se-so-nas/ Sat, 18 Feb 2023 07:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=610396

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.

Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитвите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Црквата пропишала посебни денови - задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

 

The post Задушница: Ако денес не стигнете до гробишта еве како да им изразите помен на тие што не се со нас appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитвите за покојните роднини и пријатели. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква. На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот. Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат. Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот. Црквата пропишала посебни денови - задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.  

The post Задушница: Ако денес не стигнете до гробишта еве како да им изразите помен на тие што не се со нас appeared first on Република.

]]>
Зошто на Велипеток се поминува под маса? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-na-velipetok-se-pominuva-pod-masa/ Thu, 21 Apr 2022 13:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=491233

Православните верници во недела ќе го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – празник на победата на животот над смртта. За разлика од православните Христијани, католиците Велигден го прославија минатата недела, со оглед на тоа дека се водиме според различни календари.

Христијаните генерално се водат според слични обичаи по повод празнувањето на најголемиот христијански празник.

Деновите пред Велигден се исполнети со покајување, прошка, пост и молитва.

Велики петок или уште нарекуван Распети петок е ден за духовно прочистување. На овој ден е распнат Исус Христос и поради тоа се смета за најтежок празник во годината. На Велики петок не се работи и се сочувствува со Божјиот Син. Многумина практикуваат строг пост, при што до зајдисонце не јадат ништо, а пијат само вода.

Во православните цркви на Велики петок се поставува специјално украсена маса, која е симбол на гробот на Исус. На неа се изнесува Плаштаницата – покривка на која е претставен ликот на нашиот Спасител како лежи во гробот.

На овој ден православните верници одат в црква со цвеќе и црвено јајце, кои ги оставаат на „гробот“, ја бакнуваат Плаштаницата, а потоа се наведнуваат и поминуваат под неа молејќи се за здравје, мир и благосостојба. Поминувањето под Плаштаницата ја симболизира смртта и воскреснувањето на Христос. Се смета дека оној кој минува под неа влегува како грешник, а излегува како нов човек, прочистен од старите гревови.

The post Зошто на Велипеток се поминува под маса? appeared first on Република.

]]>

Православните верници во недела ќе го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – празник на победата на животот над смртта. За разлика од православните Христијани, католиците Велигден го прославија минатата недела, со оглед на тоа дека се водиме според различни календари. Христијаните генерално се водат според слични обичаи по повод празнувањето на најголемиот христијански празник. Деновите пред Велигден се исполнети со покајување, прошка, пост и молитва. Велики петок или уште нарекуван Распети петок е ден за духовно прочистување. На овој ден е распнат Исус Христос и поради тоа се смета за најтежок празник во годината. На Велики петок не се работи и се сочувствува со Божјиот Син. Многумина практикуваат строг пост, при што до зајдисонце не јадат ништо, а пијат само вода. Во православните цркви на Велики петок се поставува специјално украсена маса, која е симбол на гробот на Исус. На неа се изнесува Плаштаницата – покривка на која е претставен ликот на нашиот Спасител како лежи во гробот. На овој ден православните верници одат в црква со цвеќе и црвено јајце, кои ги оставаат на „гробот“, ја бакнуваат Плаштаницата, а потоа се наведнуваат и поминуваат под неа молејќи се за здравје, мир и благосостојба. Поминувањето под Плаштаницата ја симболизира смртта и воскреснувањето на Христос. Се смета дека оној кој минува под неа влегува како грешник, а излегува како нов човек, прочистен од старите гревови.

The post Зошто на Велипеток се поминува под маса? appeared first on Република.

]]>
Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-utre-pochnuva-veligdenskiot-post-eve-kakvi-se-adetite-za-chist-ponedelnik/ Sun, 06 Mar 2022 15:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=468115

Утре започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

The post Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник appeared first on Република.

]]>

Утре започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост. Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали. Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април. За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук. Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

The post Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник appeared first on Република.

]]>
Утре е Прочка: Адети има разни, но овие две работи мора да ги имате на трпезата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-e-prochka-adeti-ima-razni-no-ovie-dve-raboti-mora-da-gi-imate-na-trpezata/ Sat, 05 Mar 2022 10:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=468100

Утре ни доаѓа големиот празник Прочка.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Утре е Прочка: Адети има разни, но овие две работи мора да ги имате на трпезата appeared first on Република.

]]>

Утре ни доаѓа големиот празник Прочка. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Утре е Прочка: Адети има разни, но овие две работи мора да ги имате на трпезата appeared first on Република.

]]>