Адел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adel/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 18:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Адел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/adel/ 32 32 Трогателна средба: Адел се расплака на настап во Лас Вегас кога ја виде и прегрна Селин Дион https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/trogatelna-sredba-adel-se-rasplaka-na-nastap-vo-las-vegas-koga-ja-vide-i-pregrna-selin-dion/ Mon, 28 Oct 2024 19:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=831813

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, откако ја виде и ја прегрна својата легендарна колешка, канадската пејачка Селин Дион, која се повлече од сцената поради болест.

Селин била на концертот заедно со своите синови, 14-годишните близнаци Нелсон и Еди.

Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, британската поп-пејачка ѝ пријде на Канаѓанката и ја прегрна со солзи во очите. Специјалната посетителка, исто така расплакана, го прифати поздравот на својата 20 помлада колешка-музичарка.

Поп-ѕвездите се запознале пред неколку години, токму во американскиот „град на гревот“.

По 10 концерти во Минхен, Германија, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши обврските, по што следи долга пауза којашто самата Британка ја најави.

Воопшто немам никакви планови за нова музика... Сакам голема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време, изјави таа претходно за „ЗДФ“.

Сѐ тоа, зашто ѝ недостигал животот пред славата, како што вели Адел.

The post Трогателна средба: Адел се расплака на настап во Лас Вегас кога ја виде и прегрна Селин Дион appeared first on Република.

]]>

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, откако ја виде и ја прегрна својата легендарна колешка, канадската пејачка Селин Дион, која се повлече од сцената поради болест. Селин била на концертот заедно со своите синови, 14-годишните близнаци Нелсон и Еди. Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, британската поп-пејачка ѝ пријде на Канаѓанката и ја прегрна со солзи во очите. Специјалната посетителка, исто така расплакана, го прифати поздравот на својата 20 помлада колешка-музичарка. Поп-ѕвездите се запознале пред неколку години, токму во американскиот „град на гревот“. По 10 концерти во Минхен, Германија, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши обврските, по што следи долга пауза којашто самата Британка ја најави.
Воопшто немам никакви планови за нова музика... Сакам голема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време, изјави таа претходно за „ЗДФ“.
Сѐ тоа, зашто ѝ недостигал животот пред славата, како што вели Адел.

The post Трогателна средба: Адел се расплака на настап во Лас Вегас кога ја виде и прегрна Селин Дион appeared first on Република.

]]>
Картите за концертите на Адел во Лас Вегас чинат по неколку илјади долари https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kartite-za-kontsertite-na-adel-vo-las-vegas-chinat-po-nekolku-iljadi-dolari/ Sat, 21 Sep 2024 06:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=818370

По концертите во Минхен, Германија, каде што настапуваше четири седмици, Адел ја продолжува турнејата во САД, но високите цени на влезниците ги налутија обожавателите.

Адел ќе одржи серија концерти во Лас Вегас од крајот на октомври до крајот на ноември. Картите задниот дел на салата, на пр. се движат од 3.500 до 4.800 долари, а оние за седиштата блиску до сцената чинат повеќе од 5.000 долари.

На полупрописната „препродажба“, билетите се даваат и за цена од 13.000, па дури и до 70.000 долари.

Обожавателите се жалат на цените на картите и на социјалните мрежи.

„Таа е неверојатна, но цените на билетите се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“ - гласат дел од коментарите.

За потсетување, пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, по оваа турнеја и откри дека сака да ѝ се посвети на семејството, но и на глумата, како што пренеува „Индекс“. Според Светската филмска база на податоци - ИМДБ, Адел има „Оскар“ за оригинална филмска песна од 2013 година, но засега нема најава за нејзино учество во нов филм.

Таа наводно одбила понуда за нови концерти и потенцијална заработка од 200 милиони долари бидејќи сака да поминува време дома со своето дете.

The post Картите за концертите на Адел во Лас Вегас чинат по неколку илјади долари appeared first on Република.

]]>

По концертите во Минхен, Германија, каде што настапуваше четири седмици, Адел ја продолжува турнејата во САД, но високите цени на влезниците ги налутија обожавателите. Адел ќе одржи серија концерти во Лас Вегас од крајот на октомври до крајот на ноември. Картите задниот дел на салата, на пр. се движат од 3.500 до 4.800 долари, а оние за седиштата блиску до сцената чинат повеќе од 5.000 долари. На полупрописната „препродажба“, билетите се даваат и за цена од 13.000, па дури и до 70.000 долари. Обожавателите се жалат на цените на картите и на социјалните мрежи.
„Таа е неверојатна, но цените на билетите се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“ - гласат дел од коментарите.
За потсетување, пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, по оваа турнеја и откри дека сака да ѝ се посвети на семејството, но и на глумата, како што пренеува „Индекс“. Според Светската филмска база на податоци - ИМДБ, Адел има „Оскар“ за оригинална филмска песна од 2013 година, но засега нема најава за нејзино учество во нов филм. Таа наводно одбила понуда за нови концерти и потенцијална заработка од 200 милиони долари бидејќи сака да поминува време дома со своето дете.

The post Картите за концертите на Адел во Лас Вегас чинат по неколку илјади долари appeared first on Република.

]]>
Нема ризик од бомбашки напад за концертите на Адел во Германија https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/nema-rizik-od-bombashki-napad-za-kontsertite-na-adel-vo-germanija/ Sat, 10 Aug 2024 09:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=805139

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА.

Овие гаранции даѓаат откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани.

Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој.

Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи.

The post Нема ризик од бомбашки напад за концертите на Адел во Германија appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА. Овие гаранции даѓаат откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани. Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој. Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи.

The post Нема ризик од бомбашки напад за концертите на Адел во Германија appeared first on Република.

]]>
Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politsijata-vo-germanija-ne-veruva-deka-postoi-rizik-na-kontsertite-na-pejachkata-adel-vo-minhen/ Thu, 08 Aug 2024 20:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=804750

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА.

Овие гаранции дојдоа откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани.

Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој.

Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи.

Досега Адел има одржано два концерта во Минхен. Првиот коцерт беше на 2 август. Следниот концерт е вечерва, а другиот утре

The post Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА. Овие гаранции дојдоа откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани. Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој. Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи. Досега Адел има одржано два концерта во Минхен. Првиот коцерт беше на 2 август. Следниот концерт е вечерва, а другиот утре

The post Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен appeared first on Република.

]]>
По концертите во Лас Вегас, Адел ќе паузира од музиката https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/po-kontsertite-vo-las-vegas-adel-ke-pauzira-od-muzikata/ Thu, 18 Jul 2024 10:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=798011

Адел се повлекува од јавноста на одредено време по завршувањето на нејзиното американско музичко шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас оваа година.

Воопшто немам никакви планови за нова музика! Сакам поголема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно!?, изјави Адел во интервју за германски „ЗДФ“.

Инаку, британската пејачка ги почна „Викендите со Адел“ во ноември 2022., а нејзиниот засега последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

Таа искрено говореше за своето искуство со славата, признавајќи дека ѝ недостига животот што го имала пред да стане позната.

Не ми се допаѓа тоа што сум позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостасува животот пред славата, рече Адел.

Во февруари поп-пејачката мораше да одложи 10 концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

The post По концертите во Лас Вегас, Адел ќе паузира од музиката appeared first on Република.

]]>

Адел се повлекува од јавноста на одредено време по завршувањето на нејзиното американско музичко шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас оваа година.
Воопшто немам никакви планови за нова музика! Сакам поголема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно!?, изјави Адел во интервју за германски „ЗДФ“.
Инаку, британската пејачка ги почна „Викендите со Адел“ во ноември 2022., а нејзиниот засега последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година. Таа искрено говореше за своето искуство со славата, признавајќи дека ѝ недостига животот што го имала пред да стане позната.
Не ми се допаѓа тоа што сум позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостасува животот пред славата, рече Адел.
Во февруари поп-пејачката мораше да одложи 10 концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

The post По концертите во Лас Вегас, Адел ќе паузира од музиката appeared first on Република.

]]>
Поради проблеми со здравјето Адел одложи 10 концерти во Лас Вегас https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poradi-problemi-so-zdravjeto-adel-odlozhi-10-kontserti-vo-las-vegas/ Thu, 29 Feb 2024 10:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=749582

Светски позната по-пејачка Aдел одложи десет концерти во Лас Вегас.

За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм.

Таа рече дека има здравствени проблеми.

Бев болна пред и за време на целата пауза. Немав шанса да се подобрам пред да продолжи шоуто и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас, објаснила таа.

Моментално се разработуваат деталите и наскоро биде објавено кога повторно ќе може да настапи во Лас Вегас.

Пејачката ја започна својата постојана претстава во Цезар Палас во Лас Вегас во ноември 2022 година. Коментарите под објавата се полни со поддршка.

The post Поради проблеми со здравјето Адел одложи 10 концерти во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Светски позната по-пејачка Aдел одложи десет концерти во Лас Вегас.
За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм.
Таа рече дека има здравствени проблеми.
Бев болна пред и за време на целата пауза. Немав шанса да се подобрам пред да продолжи шоуто и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас, објаснила таа.
Моментално се разработуваат деталите и наскоро биде објавено кога повторно ќе може да настапи во Лас Вегас. Пејачката ја започна својата постојана претстава во Цезар Палас во Лас Вегас во ноември 2022 година. Коментарите под објавата се полни со поддршка.

The post Поради проблеми со здравјето Адел одложи 10 концерти во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
По пауза од осум години Адел ќе настапи во Европа https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/po-pauza-od-osum-godini-adel-ke-nastapi-vo-evropa/ Fri, 09 Feb 2024 11:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=742170

Адел најави дека ќе настапи во Европа првпат од 2016 година, со серија од четири концерти во Минхен, Германија, ова лето.

Пред неколку месеци добив покана за летни концерти. Бев среќна со моите настапи во лондонскиот Хајд Парк и престојот во Вегас, па немав други планови“, се вели во објавата.

Пејачката во продолжение наведе голем број причини за одржување на концертите, кои се закажани за 2, 3, 9 и 10 август, вклучувајќи го и фактот дека УЕФА Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија.

Не сум настапувала во Европа од 2016 година! Не можев да замислам поубав начин да го поминам летото и да ја завршам оваа прекрасна фаза од мојот живот и кариера со концерти поблиску до дома за време на едно толку возбудливо лето, додаде таа.

The post По пауза од осум години Адел ќе настапи во Европа appeared first on Република.

Адел се омажи по вторпат, далеку од очите на јавноста https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/adel-se-omazhi-po-vtorpat-daleku-od-ochite-na-javnosta/ Tue, 21 Nov 2023 09:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=714691

Во емисијата на својот добар пријател Алан Кар, пејачката Адел ја извести јавноста дека, далеку од очите на јавноста, се омажила за нејзиното момче - спортскиот агент Рич Пол.

Адел, која има син со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, ја потврди врската со Пол во 2021 година. Во интервју за списанието „Ел“ (Elle) лани, пак, таа ги отфрли тврдењата дека се венчале, по тогашните гласини. Сепак, таа нагласи:

Никогаш не сум била толку вљубена. Опседната сум со него!

На концерт во септември, Адел навести дека тие се венчани. Имено, девојка од публиката ја запроси пејачката... И, тоа, се чини, не беше на шега. Но, Адел на шега одговори:

Не можам да се оженам за тебе. Сакам мажи, драга моја, а мојот сопруг е тука вечерва... Не, не сакам да пробам ништо. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира!.

На друг концерт во Лас Вегас, таа најави и дека сака дете, па зборуваше и за имиња за деца.

The post Адел се омажи по вторпат, далеку од очите на јавноста appeared first on Република.

]]>

Во емисијата на својот добар пријател Алан Кар, пејачката Адел ја извести јавноста дека, далеку од очите на јавноста, се омажила за нејзиното момче - спортскиот агент Рич Пол. Адел, која има син со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, ја потврди врската со Пол во 2021 година. Во интервју за списанието „Ел“ (Elle) лани, пак, таа ги отфрли тврдењата дека се венчале, по тогашните гласини. Сепак, таа нагласи:
Никогаш не сум била толку вљубена. Опседната сум со него!
На концерт во септември, Адел навести дека тие се венчани. Имено, девојка од публиката ја запроси пејачката... И, тоа, се чини, не беше на шега. Но, Адел на шега одговори:
Не можам да се оженам за тебе. Сакам мажи, драга моја, а мојот сопруг е тука вечерва... Не, не сакам да пробам ништо. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира!.
На друг концерт во Лас Вегас, таа најави и дека сака дете, па зборуваше и за имиња за деца.

The post Адел се омажи по вторпат, далеку од очите на јавноста appeared first on Република.

]]>
Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/charls-iii-gi-pokanil-adel-i-ed-shiran-na-krunisuvaneto-tie-odbile-toj-den-sme-zafateni/ Mon, 20 Feb 2023 08:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=610877

На 6 мај ќе се одржи важна британска церемонија, крунисувањето на Кралот Чарлс Трети а во врска со протоколот веќе се објавени многу информации. Сепак, списокот на музичари се уште не е финализиран, a некои не ја прифатија поканата за оваа голема чест.

На програмата ќе учествуваат многу клучни британски музичари, но не и Адел и Ед Ширан. Имено, иако тие добиле покани да пеат на концертот во чест на новиот крал, сепак тие не ја прифатиле поканата, пишува Daily Mail.

Тие се извиниле што се зафатени и што не можеле да настапат на таа голема церемонија тој ден.

Tимот што се грижи за музиката им испрати покана, но тие рекоа дека не се во можност, што е големо разочарување. Тие се суштински членови на шоубиз индустријата и се суштински Британци, но и познати низ целиот свет. Штета што не можат да настапат – изјавил изворот за медиумите.

Сепак, тој ден засега не им е резервиран. Ед Ширан има концерт ден пред тој концерт, додека Адел нема ништо што е јавно.

Ако Ед Ширан има концерт во Тексас, на 6 мај, би можел да лета за Лондон со приватен авион, велат неговите обожаватели. Адел има концерти во Лас Вегас, но тие траат до 25 март.

Не е познато ниту дали Хари Стајлс добил покана, но британските таблоиди наведуваат дека и Чарлс би сакал да го види и слушне на тој концерт.

Во меѓувреме, на концерото по повод крунисувањето на британскиот крал се согласиле да пеат Лајонел Ричи и Спајс Грлс. На концертот ќе можат да учествуваат и граѓани, ѐ ќе бидат продадени неколку илјади билети.

The post Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! appeared first on Република.

]]>

На 6 мај ќе се одржи важна британска церемонија, крунисувањето на Кралот Чарлс Трети а во врска со протоколот веќе се објавени многу информации. Сепак, списокот на музичари се уште не е финализиран, a некои не ја прифатија поканата за оваа голема чест. На програмата ќе учествуваат многу клучни британски музичари, но не и Адел и Ед Ширан. Имено, иако тие добиле покани да пеат на концертот во чест на новиот крал, сепак тие не ја прифатиле поканата, пишува Daily Mail. Тие се извиниле што се зафатени и што не можеле да настапат на таа голема церемонија тој ден. Tимот што се грижи за музиката им испрати покана, но тие рекоа дека не се во можност, што е големо разочарување. Тие се суштински членови на шоубиз индустријата и се суштински Британци, но и познати низ целиот свет. Штета што не можат да настапат – изјавил изворот за медиумите. Сепак, тој ден засега не им е резервиран. Ед Ширан има концерт ден пред тој концерт, додека Адел нема ништо што е јавно. Ако Ед Ширан има концерт во Тексас, на 6 мај, би можел да лета за Лондон со приватен авион, велат неговите обожаватели. Адел има концерти во Лас Вегас, но тие траат до 25 март. Не е познато ниту дали Хари Стајлс добил покана, но британските таблоиди наведуваат дека и Чарлс би сакал да го види и слушне на тој концерт. Во меѓувреме, на концерото по повод крунисувањето на британскиот крал се согласиле да пеат Лајонел Ричи и Спајс Грлс. На концертот ќе можат да учествуваат и граѓани, ѐ ќе бидат продадени неколку илјади билети.

The post Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! appeared first on Република.

]]>
Билетите за првиот настап на Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/biletite-za-prviot-nastap-na-adel-vo-las-vegas-se-prodavaat-za-povekje-od-40-000-dolari/ Wed, 27 Jul 2022 13:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=533866

Билетите за првиот настап на британската пејачка Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари на одредени веб-страници, додека билетите за другите концерти можат да се најдат по цена од 20.000 долари.

Во понеделникот пејачката објави нови датуми за серија концерти во Лас Вегас, откако претходно беше принудена да ги одложи своите настапи само 24 часа пред премиерата во јануари оваа година.

Заедно со 24-те одложени настапи, најавени се уште 8 нови, а истите ќе траат од 18-ти ноември 2022 година до 25-ти март 2023 година.

The post Билетите за првиот настап на Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари appeared first on Република.

]]>

Билетите за првиот настап на британската пејачка Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари на одредени веб-страници, додека билетите за другите концерти можат да се најдат по цена од 20.000 долари.
Во понеделникот пејачката објави нови датуми за серија концерти во Лас Вегас, откако претходно беше принудена да ги одложи своите настапи само 24 часа пред премиерата во јануари оваа година. Заедно со 24-те одложени настапи, најавени се уште 8 нови, а истите ќе траат од 18-ти ноември 2022 година до 25-ти март 2023 година.

The post Билетите за првиот настап на Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари appeared first on Република.

]]>
Хит видео од пијаната Адел: од каде сите знаат дека сум тука?! https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/hit-video-od-pijanata-adel-od-kade-site-znaat-deka-sum-tuka/ Thu, 02 Jun 2022 21:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=509264

Иако видеото е направено за време на едно излегување на пејачката во февруари, неодамна стана хит на социјалните мрежи, пред сè на ТикТок. 34-годишната пејачка уживала во ноќниот клуб Хевен во Лондон во моментот кога е направено видеото.
Тоа е ретко појавување на пејачката пијана, откако јавно се откажала од алкохолот во октомври 2021 година.

Иако се објавени неколку клипови од тоа издание, еден особено се издвојува - затоа што изгледа дека Адел заборавила дека е позната.

Како што покажува снимката на ТикТок, таа се наведнува надвор од ВИП-зоната за навидум збунета да ја праша групата на подиумот: „Од каде одеднаш сите знаат дека сум овде?“.

@lifeoflaparties Adele Forgot That She Was A Celebrity 🥃🍸#adele #partying #drinking ♬ original sound - Party With Betts 🎥

Кон крајот на минатата година, пејачката зборуваше за американскиот Вог за нејзините „проблеми со алкохол“ и рече дека страда од „анксиозност“ по мамурлакот - што прво станало проблем за време на изолацијата.

Секогаш сум малку мамурна во понеделник наутро. Опивањето стана сѐ порано и порано“, тврдеше таа.

@lifeoflaparties Adele Passes Out Due To Too Many Tequila Shots ‼️🍸 #tequila #tequilashots #adele30 ♬ original sound - Party With Betts 🎥

The post Хит видео од пијаната Адел: од каде сите знаат дека сум тука?! appeared first on Република.

]]>

Иако видеото е направено за време на едно излегување на пејачката во февруари, неодамна стана хит на социјалните мрежи, пред сè на ТикТок. 34-годишната пејачка уживала во ноќниот клуб Хевен во Лондон во моментот кога е направено видеото. Тоа е ретко појавување на пејачката пијана, откако јавно се откажала од алкохолот во октомври 2021 година. Иако се објавени неколку клипови од тоа издание, еден особено се издвојува - затоа што изгледа дека Адел заборавила дека е позната. Како што покажува снимката на ТикТок, таа се наведнува надвор од ВИП-зоната за навидум збунета да ја праша групата на подиумот: „Од каде одеднаш сите знаат дека сум овде?“.