АЦВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/acv/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 08:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АЦВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/acv/ 32 32 АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/atsv-postapuva-po-prijaven-nastan-od-m-nav-za-izbegnat-intsident-na-neboto-nad-skopje/ Fri, 13 Sep 2024 08:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=815910

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7. месецов.

Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, потврдија денеска за МИА од АЦВ.

Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7. месецов. Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, потврдија денеска за МИА од АЦВ. Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>