Ацо Шопов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aco-shopov/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 09:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ацо Шопов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aco-shopov/ 32 32 „Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-jazik-e-nash-identitet-odekna-vo-hrvatska-ratsin-shopov-i-makedonskiot-pravopis-vo-fokusot/ Mon, 28 Oct 2024 09:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=831580

Го имаме Рацин, кој е всушност канон, значи дека постоиме како култура, како јазик, како нација! Почетокот на официјализирањето на македонскиот јазик на Првото заседание на АСНОМ и градењето на нацијата не се без корен, иако нашите соседи и од југот и од истокот, упорно се обидуваат да се убедат себеси, Европа и светот, дека македонската нација е накарадно „посадена“ во една новоформирана бившојугословенска република од страна на југословенскиот „диктатор“, Јосип Броз Тито. Првата книга на македонски јазик во слободна Македонија напишана од Ацо Шопов, не е само резултат на борбата, туку и самата, тогаш, сѐ уште е и борба – борба со збор, но и со културолошки и општествен чекор што го распламтува македонското постоење како факт, но и како конкретно остварен, легален и легитимен чин, наспроти претходното третирање на употребата на македонскиот јазик за илегалност. Со книгата објавена во 1944 година, Шопов и ја остварува литературнојазичната заложба на Крсте Мисирков на дело.

Ова се дел од пораките што беа упатени на манифестацијата „Македонскиот јазик е наш идентитет“ што се одржа во преполната сала на Градската библиотека во Самобор, со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска. Во централниот дел на манифестацијата одржаа Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Голем број Македонци, студенти и ученици што го изучуваат македонскиот јазик, книжевници, музичари и други важни чинители на хрватската општествена стварност, со оваа манифестација чествуваа неколку значани јубилеи: 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Рацин и тоа токму во Самобор, 80 години од одлуката на АСНОМ македонскиот јазик да е официјален во македонската држава и 80 години од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија – Шоповата „Песни“. Носител на проектот беше македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб, под координација на македонистката што живее и работи во Хрватска, Ивана Брезовец, којашто напоменува:

– Манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ за првпат се одржува оваа година. Нашиот јазик и книжевност имаат свои значајни личности и датуми кои заслужуваат достојно да бидат одбележани и надвор од границите на нашата земја. Мојата желба беше Самобор и Рацин да нѐ обединат и да бидат мостот кој нѐ поврзува. На исто место на македонски јазик да зборуваат најзначајните проучувачи кои посветено работат во промовирањето и проучување на делото на нашите основоположници, на нашите инспиративни поети, писатели, критичари, научни работници.

„Силно светнал ден“ беше насловено предавањето на истакнатиот рацинолог, Весна Мојсова-Чепишевска, во коешто за првпат, на таков начин се презентира толкав корпус зачувани сведоштва, архивирана документација и сеќавања за објавувањето на книгата „Бели мугри“ од Рацин, со осврнување и кон досегашните научни согледби. Во исто време, таа се осврна и на книжевната генеза на „Бели мугри“, но и воопшто на релациите на Рацин со Хрватска.

Ако се согледа во целост Рациновиот творечки опус, нè запрепастува фактот дека тој воглавно е објавен токму во Хрватска. Некои од тие трудови, како расказот „Во каменоломот“ кој победува на литературниот конкурс на загрепското списание „Литература“ во 1932., или песната „До еден работник“ како прва авторска песна објавена на македонски јазик во XX век, конкретно во април 1936 година, во загрепското списание „Книжевник“ и особено поетската збирка „Бели мугри“ и визионарскиот манифест за раѓањето на новата македонска книжевност под наслов „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ повторно објавен во Загреб, во 1940 година, сите тие се од исклучителна важност за развојот на македонската книжевност и тоа од повеќе аспекти – литературно-историски, уметнички, јазички и теориски, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Во дел од предавањето, таа и напомена:

Кочо Рацин е канон. Со неговата збирка „Бели мугри“ се удираат темелите на современата македонска поезија. Рацин со помош на креативната корекција која е манифестирана преку напуштањето на поетиката на експресионизмот и ослободувањето од српскохрватскиот, односно српскиот јазик се издигнува во канон. Потврда за Рацин како канон во македонската современа книжевност претставува и влијанието што тој ќе го изврши врз хрватскиот поет Јуре Каштелан кој во 1948 година, во Хрватска ја објавува книгата „Македонски народни песни“ што претставува прв повоен препев на македонската народна поезија на хрватски јазик и воопшто на некој друг јазик.

Лингвистиката Елка Јачева-Улчар одржа предавање под наслов „Претходниците и историјатот на македонскиот правопис – од одлуката за неговото донесување на 2.8.1944 до денес“ во коешто се осврна на повеќе важи прашања од историјата на македонскиот јазик и за актуелните состојби.

Покрај, пишувањето на македонски и за македонскиот јазик од нашите преродбеници и учебникари во 19 век, како Константин Миладинов, Ѓорѓија Пулевски, Димитар Македонски и др., македонскиот јазик, речиси, истовремено со излегувањето на Пулевската „Славјанско-маќедонска општа историја“ (1892) ја добива својата научна потврда за своето постоење. Станува збор за првата одбранета докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес „Тарту“) во Естонија. Докторандот е еден балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг, кој исто како и Крсте Мисирков бил ученик и пријател на Иван Александрович Бодуен де Куртене, којшто бил и поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик: македонските говори кои ги истражувал во 1877 г. ги изделил како посебна словенска гранка, нагласи Јачева-Улчар.

Во однос на некои прашања од понов датум, таа го издвои и заговарањето од една група писатели, во раните 90-ти години, непосредно пред осамостојувањето на Македонија, за внесување на буква за бележење на темниот вокал со употреба на нацртот од старослвенската кирилица за т.н. јор или голем ер за бележење на полувокалот од заден ред.

До тогаш заговараната реформа, за среќа, не дојде. И тогаш како и денес сметам дека тоа што фатило корен во нашата писмена традиција не треба да се менува. Поинаку, може да се предизвика уште поголема неписменост при веќе постоен голем процент на неписменост, дотолку повеќе што внесување на нова графема во азбуката на еден јазик значи голема правописна реформа која не можат да си ја дозволат многу поголеми и побогати држави од нашата… …Конечно, во македонистиката имаме толку многу празнини кои чекаат на нас да ги пополниме, така што реформа во азбуката што ќе повлече и реформа во правописот е последната работа со која треба да се занимаваат македонските лингвисти.

За првата поетска книга во слободна Македонија, говореше Иван Антоновски, којшто важи за познавач на творештвото на Ацо Шопов, при што овојпат, поезијата на македонскиот класик беше ставена и во дијалог со творештвото, идеологијата и визијата на Рацин.

Некој можеби и ќе рече дека ако „Песни“ не се случела во таа, 1944., имајќи ги предвид натамошните творечки остварувања на Шопов, сигурно би била пообемна и поетички покомплексна. Но, очигледно, таа се случува тогаш и како резултат на свесноста дека е нужна, неопходна и за самиот развиток на македонскиот литературен јазик. За да биде и книжевен браник од тогашните и натамошните напади и нелингвистички негирања упатени кон него, за кои несомнено, Шопов бил повеќе од свесен, и затоа, неколку години подоцна, во 1950 година, Шопов отворено ќе порача: „Инфорбировците од Бугарија можат да го одречуваат македонскиот јазик колку што сакаат. Нивно е да се нервираат и псуат. А ние сигурно одиме по правиот пат во развитокот на нашиот литературен јазик“. Се чини, истово важи и денес, за наследниците на инфорбировците, по не малку минати децении од тој непрекинат развиток, кога Шоповата „Песни“ е една од неговите почетни точки – книга во која официјално се остварува нашиот народен јазик слободно, и пред да се случи процесот на кодификација, нагласи меѓу другото, Антоновски.

Инаку, на овој дел од манифестацијата, пред присутните, со поддршка за настанот се обратија и Маја А. Балабурски, ополномоштен министер во македонската амбасада во Хрватска, Миран Шиоќ, претседател на Градскиот совет на Самобор, директорката на Градската библиотека, Мирјана Димњаковиќ и претседателката на „Охридски бисер“, Виолета Штерјова.

Во проектот ги вклучивме и училиштата од Република Хрватска во коишто се изучуваат македонскиот јазик и култура. Воспоставивме соработка со Детските Рацинови средби во Велес, распишавме поетски конкурс за учениците во Хрватска со тема „Рацин во моите очи“. Ученичките Јана Димовски, Ева Русевски и Александра Мерпушкоски како наградени учесници ќе ги посетат градот Велес и родната куќа на Кочо Рацин, како и манифестацијата „Детски Рацинови средби“. Дел од проектот беше и јазичната работилница „Учиме македонски јазик“ која се одржа во Градската библиотека во Самобор, во детското одделение. Учесници беа ученици од четврто одделение во ОУ „Богомил Тонија“, напомена Ивана Брезовец.

Во рамките на централниот настан на манифестацијата, покрај предавањата на истакнатите истражувачи, со учество на најмладите се рецитираше и поезија, на македонски и во препев на хрватски јазик. Свои стихови читаа учениците Петар и Павел Богатинови, а стихови на Рацин и Шопов, средношколките Ева Матишиќ, Исидора Спиркоска и Александра Мерпушкоски. Програмата ја збогатија музичките ансамбли „Езерки“ и „Моми бисерни“, при што македонската народна песна одекна во Самобор.

Во текот на манифестацијата, со учесниците од Македонија беа одржани работни средби во македонската Амбасада и во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Македонското културно друштво ,,Охридски бисер” подари триесет книги од издаваштвото на Заедницата на Македонците во Република Хрватска на Градската библиотека во Самобор.

Ова за нас е прва манифестација од ваков вид и се надевам дека ќе прерасне во традиција, а дека Самобор и Загреб ќе продолжат да будат едни од најзначајните центри на македонистиката, истакнува Брезовец.

The post „Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот appeared first on Република.

]]>

Го имаме Рацин, кој е всушност канон, значи дека постоиме како култура, како јазик, како нација! Почетокот на официјализирањето на македонскиот јазик на Првото заседание на АСНОМ и градењето на нацијата не се без корен, иако нашите соседи и од југот и од истокот, упорно се обидуваат да се убедат себеси, Европа и светот, дека македонската нација е накарадно „посадена“ во една новоформирана бившојугословенска република од страна на југословенскиот „диктатор“, Јосип Броз Тито. Првата книга на македонски јазик во слободна Македонија напишана од Ацо Шопов, не е само резултат на борбата, туку и самата, тогаш, сѐ уште е и борба – борба со збор, но и со културолошки и општествен чекор што го распламтува македонското постоење како факт, но и како конкретно остварен, легален и легитимен чин, наспроти претходното третирање на употребата на македонскиот јазик за илегалност. Со книгата објавена во 1944 година, Шопов и ја остварува литературнојазичната заложба на Крсте Мисирков на дело. Ова се дел од пораките што беа упатени на манифестацијата „Македонскиот јазик е наш идентитет“ што се одржа во преполната сала на Градската библиотека во Самобор, со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска. Во централниот дел на манифестацијата одржаа Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Голем број Македонци, студенти и ученици што го изучуваат македонскиот јазик, книжевници, музичари и други важни чинители на хрватската општествена стварност, со оваа манифестација чествуваа неколку значани јубилеи: 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Рацин и тоа токму во Самобор, 80 години од одлуката на АСНОМ македонскиот јазик да е официјален во македонската држава и 80 години од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија – Шоповата „Песни“. Носител на проектот беше македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб, под координација на македонистката што живее и работи во Хрватска, Ивана Брезовец, којашто напоменува: – Манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ за првпат се одржува оваа година. Нашиот јазик и книжевност имаат свои значајни личности и датуми кои заслужуваат достојно да бидат одбележани и надвор од границите на нашата земја. Мојата желба беше Самобор и Рацин да нѐ обединат и да бидат мостот кој нѐ поврзува. На исто место на македонски јазик да зборуваат најзначајните проучувачи кои посветено работат во промовирањето и проучување на делото на нашите основоположници, на нашите инспиративни поети, писатели, критичари, научни работници. „Силно светнал ден“ беше насловено предавањето на истакнатиот рацинолог, Весна Мојсова-Чепишевска, во коешто за првпат, на таков начин се презентира толкав корпус зачувани сведоштва, архивирана документација и сеќавања за објавувањето на книгата „Бели мугри“ од Рацин, со осврнување и кон досегашните научни согледби. Во исто време, таа се осврна и на книжевната генеза на „Бели мугри“, но и воопшто на релациите на Рацин со Хрватска.
Ако се согледа во целост Рациновиот творечки опус, нè запрепастува фактот дека тој воглавно е објавен токму во Хрватска. Некои од тие трудови, како расказот „Во каменоломот“ кој победува на литературниот конкурс на загрепското списание „Литература“ во 1932., или песната „До еден работник“ како прва авторска песна објавена на македонски јазик во XX век, конкретно во април 1936 година, во загрепското списание „Книжевник“ и особено поетската збирка „Бели мугри“ и визионарскиот манифест за раѓањето на новата македонска книжевност под наслов „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ повторно објавен во Загреб, во 1940 година, сите тие се од исклучителна важност за развојот на македонската книжевност и тоа од повеќе аспекти – литературно-историски, уметнички, јазички и теориски, нагласи Мојсова-Чепишевска.
Во дел од предавањето, таа и напомена:
Кочо Рацин е канон. Со неговата збирка „Бели мугри“ се удираат темелите на современата македонска поезија. Рацин со помош на креативната корекција која е манифестирана преку напуштањето на поетиката на експресионизмот и ослободувањето од српскохрватскиот, односно српскиот јазик се издигнува во канон. Потврда за Рацин како канон во македонската современа книжевност претставува и влијанието што тој ќе го изврши врз хрватскиот поет Јуре Каштелан кој во 1948 година, во Хрватска ја објавува книгата „Македонски народни песни“ што претставува прв повоен препев на македонската народна поезија на хрватски јазик и воопшто на некој друг јазик.
Лингвистиката Елка Јачева-Улчар одржа предавање под наслов „Претходниците и историјатот на македонскиот правопис – од одлуката за неговото донесување на 2.8.1944 до денес“ во коешто се осврна на повеќе важи прашања од историјата на македонскиот јазик и за актуелните состојби. Покрај, пишувањето на македонски и за македонскиот јазик од нашите преродбеници и учебникари во 19 век, како Константин Миладинов, Ѓорѓија Пулевски, Димитар Македонски и др., македонскиот јазик, речиси, истовремено со излегувањето на Пулевската „Славјанско-маќедонска општа историја“ (1892) ја добива својата научна потврда за своето постоење. Станува збор за првата одбранета докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес „Тарту“) во Естонија. Докторандот е еден балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг, кој исто како и Крсте Мисирков бил ученик и пријател на Иван Александрович Бодуен де Куртене, којшто бил и поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик: македонските говори кои ги истражувал во 1877 г. ги изделил како посебна словенска гранка, нагласи Јачева-Улчар. Во однос на некои прашања од понов датум, таа го издвои и заговарањето од една група писатели, во раните 90-ти години, непосредно пред осамостојувањето на Македонија, за внесување на буква за бележење на темниот вокал со употреба на нацртот од старослвенската кирилица за т.н. јор или голем ер за бележење на полувокалот од заден ред.
До тогаш заговараната реформа, за среќа, не дојде. И тогаш како и денес сметам дека тоа што фатило корен во нашата писмена традиција не треба да се менува. Поинаку, може да се предизвика уште поголема неписменост при веќе постоен голем процент на неписменост, дотолку повеќе што внесување на нова графема во азбуката на еден јазик значи голема правописна реформа која не можат да си ја дозволат многу поголеми и побогати држави од нашата… …Конечно, во македонистиката имаме толку многу празнини кои чекаат на нас да ги пополниме, така што реформа во азбуката што ќе повлече и реформа во правописот е последната работа со која треба да се занимаваат македонските лингвисти.
За првата поетска книга во слободна Македонија, говореше Иван Антоновски, којшто важи за познавач на творештвото на Ацо Шопов, при што овојпат, поезијата на македонскиот класик беше ставена и во дијалог со творештвото, идеологијата и визијата на Рацин.
Некој можеби и ќе рече дека ако „Песни“ не се случела во таа, 1944., имајќи ги предвид натамошните творечки остварувања на Шопов, сигурно би била пообемна и поетички покомплексна. Но, очигледно, таа се случува тогаш и како резултат на свесноста дека е нужна, неопходна и за самиот развиток на македонскиот литературен јазик. За да биде и книжевен браник од тогашните и натамошните напади и нелингвистички негирања упатени кон него, за кои несомнено, Шопов бил повеќе од свесен, и затоа, неколку години подоцна, во 1950 година, Шопов отворено ќе порача: „Инфорбировците од Бугарија можат да го одречуваат македонскиот јазик колку што сакаат. Нивно е да се нервираат и псуат. А ние сигурно одиме по правиот пат во развитокот на нашиот литературен јазик“. Се чини, истово важи и денес, за наследниците на инфорбировците, по не малку минати децении од тој непрекинат развиток, кога Шоповата „Песни“ е една од неговите почетни точки – книга во која официјално се остварува нашиот народен јазик слободно, и пред да се случи процесот на кодификација, нагласи меѓу другото, Антоновски.
Инаку, на овој дел од манифестацијата, пред присутните, со поддршка за настанот се обратија и Маја А. Балабурски, ополномоштен министер во македонската амбасада во Хрватска, Миран Шиоќ, претседател на Градскиот совет на Самобор, директорката на Градската библиотека, Мирјана Димњаковиќ и претседателката на „Охридски бисер“, Виолета Штерјова.
Во проектот ги вклучивме и училиштата од Република Хрватска во коишто се изучуваат македонскиот јазик и култура. Воспоставивме соработка со Детските Рацинови средби во Велес, распишавме поетски конкурс за учениците во Хрватска со тема „Рацин во моите очи“. Ученичките Јана Димовски, Ева Русевски и Александра Мерпушкоски како наградени учесници ќе ги посетат градот Велес и родната куќа на Кочо Рацин, како и манифестацијата „Детски Рацинови средби“. Дел од проектот беше и јазичната работилница „Учиме македонски јазик“ која се одржа во Градската библиотека во Самобор, во детското одделение. Учесници беа ученици од четврто одделение во ОУ „Богомил Тонија“, напомена Ивана Брезовец.
Во рамките на централниот настан на манифестацијата, покрај предавањата на истакнатите истражувачи, со учество на најмладите се рецитираше и поезија, на македонски и во препев на хрватски јазик. Свои стихови читаа учениците Петар и Павел Богатинови, а стихови на Рацин и Шопов, средношколките Ева Матишиќ, Исидора Спиркоска и Александра Мерпушкоски. Програмата ја збогатија музичките ансамбли „Езерки“ и „Моми бисерни“, при што македонската народна песна одекна во Самобор. Во текот на манифестацијата, со учесниците од Македонија беа одржани работни средби во македонската Амбасада и во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Македонското културно друштво ,,Охридски бисер” подари триесет книги од издаваштвото на Заедницата на Македонците во Република Хрватска на Градската библиотека во Самобор.
Ова за нас е прва манифестација од ваков вид и се надевам дека ќе прерасне во традиција, а дека Самобор и Загреб ќе продолжат да будат едни од најзначајните центри на македонистиката, истакнува Брезовец.

The post „Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот appeared first on Република.

]]>
Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dvojazichniot-izbor-zlaten-krug-na-vremeto-od-atso-shopov-promoviran-vo-lublana/ Sun, 22 Sep 2024 11:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=818709

Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, вчера беше промовиран во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана.

Во присуство на голем број посетители, меѓу кои покрај претставниците на македонската дијаспора се наоѓаа и писатели, преведувачи, членови на Словенечката академија на науките и уметностите, универзитетски професори и студенти, стихови од Шопов инспиративно читаа Соња Цекова Стојаноска и Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, кој ја организа промоцијата во соработка со Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, издавач на книгата. Во публиката беше забележан и Матеј Минати, син на првиот препејувач на Шопов на словенечки, чии препеви беа објавени во првата книга од македонски авор објавена во Љубљана во 1957 година, „Zlij se s tišino“ („Слеј се со тишината“), информираат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“.

При одбележувањето на „Годината во чест на Ацо Шопов“, по повод 100 години од неговото раѓање, во 2023 година, ни се стори логично да се вклучиме во овој значаен јубилеј со објавување на двојазичен избор од неговата поезија, и со него да потсетиме на одличните словенечки препеви на поети како Богомил Фатур, Иван Минати, Цирил Злобец, Северин Шали и Јоже Шмит, но и да ги претставиме и најновите препеви – изјави Намита Субиото, која е приредувач на изборот „Златен круг на времето“ и, заедно со Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска, автор на најновите препеви.

Иницирана во јануари 2023 ггодина, во рамките на 3-та Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, книгата е објавена во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов.

Првиот говорник на промоцијата беше Бранислав Тасков, претседател на Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, кој во рамките на одбележувањето на 30 години постоење ја издаде книгата „Златен круг на времето“, со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија.

Потсетувајќи дека ова е прва книга од ваков вид издадена надвор од границите на Македонија, бидејќи во неа, покрај ликовните дела на академскиот сликар Боге Димовски кој живее во Крањ, се застапени повеќе генерации преведувачи на Шопов, Тасков изрази надеж дека ваквата пракса ќе продолжи и дека овој проект ќе послужи како пример во иднина.

Како пример, се вели во соопштението, треба да послужи и една од позначајните димензии на овој проект, а тоа е духот на ентузијазмот кој владее со него и доброволната работа на сите соработници, вклучувајќи ги и наследниците на авторските права на Ацо Шопов и на неговите словенечки препејувачи кои ги отстапија правата без надоместок, како и уметниците кои со своите музучки интерпретации ги збогатија сордржините на литературната вечер: Маја Кастратовиќ (пијано), Зоран Митев (фагот), Даниела Радевска (вилолончело) и Вероника Стојаноска (фагот).

Како директен сведок на тој ентузијазам и учесник во проектот, нашиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, го почна своето обраќање со стихови од „Очи“ од Ацо Шопов, привлекувајќи го вниманието на публиката кон влогот на поетот во остварувањето на сонот за македонска држава, како и кон улогата што книгата „Златен круг на времето“ објавена во Словенија може да ја одигра во образованието на младите генерации.

Книгата ќе им овозможи на Македонците што живеат во Словенија да го читаат Шопов и на словенечки и на македонски, а на оние што послабо го владеат мајчиниот јазик, да се доближат до оригиналите преку словенечкиот јазик, како што забележа министерот за култура Зоран Љутков.

Ова квалитетно издание, кое е двојазичен избор од неговата поезија, на словенечки и на македонски, и во кое се помесетни како постари така и најнови препеви на поезијата на Шопов, придонесува за голема афирмација на македонскиот јазик, овде во пријателска Словенија, изјави Љутков. Горди сме на поединците од македонската културна средина како што е Ацо Шопов. Токму поради ваквите личности, во светот моќно одекнаа силината и убавината на македонскиот поетски збор, заклучи министерот.

За македонските личности од ковот на Шопов, кои се истакнале како на литературното така и на дипломатското поле, говореше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. Потенцирајќи ја успешната мисија на Ацо Шопов во Сенегал, Гамбија и Мавританија, во периодот од 1971 до 1975 година, тој забележа дека „таа и денес претставува вистински предизвик за анализа и несомнен пример за исклучително успешна дипломатска работа“. Станува збор за „еден од најдобрите примери на културна дипломатија“, истакна заменик министерот, кој го претстави Шопов како еден од „стожерите на македонската култура и на нејзината достоинствена и репрезентативна промоција во светот“.

Кон значењето на промоцијата на македонската култура во светот се осврна и Иван Антоновски, кој ја претставуваше фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во својство на нејзин прв стипендист. Цитирајќи познат стих од Шопов, Антоновски изјави дека „Златен круг на времето“ е капитално издание не само за македонската култура, и не само за мостовите меѓу македонската и словенечката култура, туку и за поезијата и за културата воопшто, со кое денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија“ преку Словенија.

Секогаш кога се соочуваме со различни напади или негирања, не само творештво од форматот на она на Шопов, туку и едно вакво издание коешто преку препевите на неговата поезија го потврдува и интересот и посветеноста на македонскиот јазик во странска јазична и културна средина е не само одбрана, туку и најсоодветна негација на негациите, истакна Антоновски.

The post Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана appeared first on Република.

]]>

Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, вчера беше промовиран во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана. Во присуство на голем број посетители, меѓу кои покрај претставниците на македонската дијаспора се наоѓаа и писатели, преведувачи, членови на Словенечката академија на науките и уметностите, универзитетски професори и студенти, стихови од Шопов инспиративно читаа Соња Цекова Стојаноска и Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, кој ја организа промоцијата во соработка со Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, издавач на книгата. Во публиката беше забележан и Матеј Минати, син на првиот препејувач на Шопов на словенечки, чии препеви беа објавени во првата книга од македонски авор објавена во Љубљана во 1957 година, „Zlij se s tišino“ („Слеј се со тишината“), информираат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“.
При одбележувањето на „Годината во чест на Ацо Шопов“, по повод 100 години од неговото раѓање, во 2023 година, ни се стори логично да се вклучиме во овој значаен јубилеј со објавување на двојазичен избор од неговата поезија, и со него да потсетиме на одличните словенечки препеви на поети како Богомил Фатур, Иван Минати, Цирил Злобец, Северин Шали и Јоже Шмит, но и да ги претставиме и најновите препеви – изјави Намита Субиото, која е приредувач на изборот „Златен круг на времето“ и, заедно со Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска, автор на најновите препеви.
Иницирана во јануари 2023 ггодина, во рамките на 3-та Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, книгата е објавена во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов. Првиот говорник на промоцијата беше Бранислав Тасков, претседател на Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, кој во рамките на одбележувањето на 30 години постоење ја издаде книгата „Златен круг на времето“, со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Потсетувајќи дека ова е прва книга од ваков вид издадена надвор од границите на Македонија, бидејќи во неа, покрај ликовните дела на академскиот сликар Боге Димовски кој живее во Крањ, се застапени повеќе генерации преведувачи на Шопов, Тасков изрази надеж дека ваквата пракса ќе продолжи и дека овој проект ќе послужи како пример во иднина. Како пример, се вели во соопштението, треба да послужи и една од позначајните димензии на овој проект, а тоа е духот на ентузијазмот кој владее со него и доброволната работа на сите соработници, вклучувајќи ги и наследниците на авторските права на Ацо Шопов и на неговите словенечки препејувачи кои ги отстапија правата без надоместок, како и уметниците кои со своите музучки интерпретации ги збогатија сордржините на литературната вечер: Маја Кастратовиќ (пијано), Зоран Митев (фагот), Даниела Радевска (вилолончело) и Вероника Стојаноска (фагот). Како директен сведок на тој ентузијазам и учесник во проектот, нашиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, го почна своето обраќање со стихови од „Очи“ од Ацо Шопов, привлекувајќи го вниманието на публиката кон влогот на поетот во остварувањето на сонот за македонска држава, како и кон улогата што книгата „Златен круг на времето“ објавена во Словенија може да ја одигра во образованието на младите генерации. Книгата ќе им овозможи на Македонците што живеат во Словенија да го читаат Шопов и на словенечки и на македонски, а на оние што послабо го владеат мајчиниот јазик, да се доближат до оригиналите преку словенечкиот јазик, како што забележа министерот за култура Зоран Љутков.
Ова квалитетно издание, кое е двојазичен избор од неговата поезија, на словенечки и на македонски, и во кое се помесетни како постари така и најнови препеви на поезијата на Шопов, придонесува за голема афирмација на македонскиот јазик, овде во пријателска Словенија, изјави Љутков. Горди сме на поединците од македонската културна средина како што е Ацо Шопов. Токму поради ваквите личности, во светот моќно одекнаа силината и убавината на македонскиот поетски збор, заклучи министерот.
За македонските личности од ковот на Шопов, кои се истакнале како на литературното така и на дипломатското поле, говореше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. Потенцирајќи ја успешната мисија на Ацо Шопов во Сенегал, Гамбија и Мавританија, во периодот од 1971 до 1975 година, тој забележа дека „таа и денес претставува вистински предизвик за анализа и несомнен пример за исклучително успешна дипломатска работа“. Станува збор за „еден од најдобрите примери на културна дипломатија“, истакна заменик министерот, кој го претстави Шопов како еден од „стожерите на македонската култура и на нејзината достоинствена и репрезентативна промоција во светот“. Кон значењето на промоцијата на македонската култура во светот се осврна и Иван Антоновски, кој ја претставуваше фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во својство на нејзин прв стипендист. Цитирајќи познат стих од Шопов, Антоновски изјави дека „Златен круг на времето“ е капитално издание не само за македонската култура, и не само за мостовите меѓу македонската и словенечката култура, туку и за поезијата и за културата воопшто, со кое денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија“ преку Словенија.
Секогаш кога се соочуваме со различни напади или негирања, не само творештво од форматот на она на Шопов, туку и едно вакво издание коешто преку препевите на неговата поезија го потврдува и интересот и посветеноста на македонскиот јазик во странска јазична и културна средина е не само одбрана, туку и најсоодветна негација на негациите, истакна Антоновски.

The post Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана appeared first on Република.

]]>
„Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки, прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlaten-krug-na-vremeto-od-shopov-vo-prepev-na-slovenechki-prv-dvojazichen-izbor-od-poezijata-na-makedonski-klasik-vo-vakov-format/ Wed, 18 Sep 2024 11:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=817433

Во Словенија штотуку излезе од печат избор од поезијата на Ацо Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик. Под наслов преземен од песна на Шопов – „Златен круг на времето“, ова обемно и луксузно издание воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски, информирааат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“.

Оттаму велат дека ова е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик.

Поконкретно, во изборот, со критички пристап се опфатени препеви на поезијата на Шопов на повеќе генерации преведувачи, започнувајќи од првите препеви остварени од Богомил Футур, Иван Минати и Цирил Злобец во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век со критички одглас на Фран Петре, преку препевите на Северин Шали и Јоже Шмит, во седумдесетите години, и заклучно со најновите остварени во 2023 година од Намита Субиото, Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска. Всушност, како што е нагласено и во книгата – „Ацо Шопов е еден од најпреведуваните македонски литературни уметници на словенечки јазик во XX век“, а нови препеви се случија и во ова столетие, се вели во соопштението.

Во овој двојазичен избор од поетското творештво на „вечниот поет“ како што е наречен Шопов од Драги Стефанија се застапени песни од сите збирки на македонскиот класик, распоредени во неколку циклуси. Изданието содржи и обемна студија за словенечките преводи на поезијата на Ацо Шопов и за рецепцијата за неа во словенечката културна средина, од истакнатата македонистка и славистка, проф. д-р Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Изборот е објавен од Сојузот на македонските културни друштва во Република Словенија, а е резултат на комплексен проект за истражување на присуството и рецепцијата на поезијата на Шопов во Словенија. Проектот е инициран од Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и остварен е во текот на 2023. – годината во чест на Ацо Шопов, кога меѓу другото, по речиси половина век се остварија и нови препеви на неговата поезија на словенечки.

Изданието „Златен круг на времето“ е влог и на словенечката академска и културна средина во минатогодишното чествување на стогодишнината од раѓањето на Шопов, но истовремено и на половина век творештво на академскиот сликар Боге Димовски. Но, како исклучително критичко издание е објавено во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија – „Песни“ од Шопов, како прилог кон чествувањето и на овие јубилеи, велат од Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“.

Шопов, потенцираат, е прв македонски автор објавен во Словенија – избор од неговата поезија под наслов „Слеј се со тишината“ е објавен на словенечки во 1957 година –, а како културен деец и како препејувач дал значителен придонес во развивањето на македонско-словенечките културни врски. Меѓу другото, негов е и препевот на македонски јазик на познатата поетска книга за деца „Цицибан“ од словенечкиот поет Отон Жупанчич, објавен уште во 1951 година, којшто неколку децении беше и лектирно издание.

Изборот „Златен круг на времето“ е објавен со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Во Словенија веќе се закажани и првите промоции на книгата, и тоа во Љубљана, во организација на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија и на македонската амбасада, и во Крањ во организација на МКД „Св. Кирил и Метoдиј“ од Крањ.

The post „Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки, прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат appeared first on Република.

]]>

Во Словенија штотуку излезе од печат избор од поезијата на Ацо Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик. Под наслов преземен од песна на Шопов – „Златен круг на времето“, ова обемно и луксузно издание воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски, информирааат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“. Оттаму велат дека ова е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик.
Поконкретно, во изборот, со критички пристап се опфатени препеви на поезијата на Шопов на повеќе генерации преведувачи, започнувајќи од првите препеви остварени од Богомил Футур, Иван Минати и Цирил Злобец во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век со критички одглас на Фран Петре, преку препевите на Северин Шали и Јоже Шмит, во седумдесетите години, и заклучно со најновите остварени во 2023 година од Намита Субиото, Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска. Всушност, како што е нагласено и во книгата – „Ацо Шопов е еден од најпреведуваните македонски литературни уметници на словенечки јазик во XX век“, а нови препеви се случија и во ова столетие, се вели во соопштението.
Во овој двојазичен избор од поетското творештво на „вечниот поет“ како што е наречен Шопов од Драги Стефанија се застапени песни од сите збирки на македонскиот класик, распоредени во неколку циклуси. Изданието содржи и обемна студија за словенечките преводи на поезијата на Ацо Шопов и за рецепцијата за неа во словенечката културна средина, од истакнатата македонистка и славистка, проф. д-р Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Изборот е објавен од Сојузот на македонските културни друштва во Република Словенија, а е резултат на комплексен проект за истражување на присуството и рецепцијата на поезијата на Шопов во Словенија. Проектот е инициран од Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и остварен е во текот на 2023. – годината во чест на Ацо Шопов, кога меѓу другото, по речиси половина век се остварија и нови препеви на неговата поезија на словенечки.
Изданието „Златен круг на времето“ е влог и на словенечката академска и културна средина во минатогодишното чествување на стогодишнината од раѓањето на Шопов, но истовремено и на половина век творештво на академскиот сликар Боге Димовски. Но, како исклучително критичко издание е објавено во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија – „Песни“ од Шопов, како прилог кон чествувањето и на овие јубилеи, велат од Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“.
Шопов, потенцираат, е прв македонски автор објавен во Словенија – избор од неговата поезија под наслов „Слеј се со тишината“ е објавен на словенечки во 1957 година –, а како културен деец и како препејувач дал значителен придонес во развивањето на македонско-словенечките културни врски. Меѓу другото, негов е и препевот на македонски јазик на познатата поетска книга за деца „Цицибан“ од словенечкиот поет Отон Жупанчич, објавен уште во 1951 година, којшто неколку децении беше и лектирно издание. Изборот „Златен круг на времето“ е објавен со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Во Словенија веќе се закажани и првите промоции на книгата, и тоа во Љубљана, во организација на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија и на македонската амбасада, и во Крањ во организација на МКД „Св. Кирил и Метoдиј“ од Крањ.

The post „Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки, прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат appeared first on Република.

]]>
Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/omnibus-od-chetiri-kratki-animirani-filmovi-inspirirani-od-chetiri-pesni-od-makedonskiot-poet-atso-shopov-deneska-na-sinedejs/ Sun, 14 Jul 2024 07:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=796553

На четвртиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

20:30 „ Dormitory режија“ Нехир Туна (SEE) МКЦ Парк
Дебито на турскиот реисер Нехир Туна покажува две страни на лошо образование, и тоа раскажано со огромна сила.

20:00 „Kozara“ – 124’ режија Вељко Булајиќ Кинотека внатре
Еден куп југословенски филмски легенди на едно место. Култниот филм „Козара“ како потсетување на големиот мајстор на спектаклот, Вељко Булајиќ.

19:30 „Caught by the Tides“ Zhangke Jie режија (G) Кино Фросина
Мајсторски поетски и пионерски спој на старото и новото, соочувајќи се со романтиката и животната борба во саканата, тешка Кина.

21:30 „Not-being“ Omnibus
(MK Short) Кино Фросина
Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор.

21:30 „Schirkoa: In Lies we trust“ режија Ишан Шукла (OC) Кино Фросина
Анимирана дистописка научна фантастика, која ги комбинира основните елементи на поджанрот со источната духовност, што резултира со малку збркано, но несомнено импресивно деби за индискиот режисер Ишан Шукла.

21:30 „A nice jewish boy“ режија Ное Дебре (OC) Кинотека надвор
По реакциите во Франција за случувањата во Палестина, филмот мораше да ја одложи својата премиера поради опасност од антисемитизмот. Инаку филмот е урнебесна и потресна приказна за влегувањето во зрелоста и сите обврски што доаѓаат со неа.

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

На четвртиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови: 20:30 „ Dormitory режија“ Нехир Туна (SEE) МКЦ Парк Дебито на турскиот реисер Нехир Туна покажува две страни на лошо образование, и тоа раскажано со огромна сила. 20:00 „Kozara“ – 124’ режија Вељко Булајиќ Кинотека внатре Еден куп југословенски филмски легенди на едно место. Култниот филм „Козара“ како потсетување на големиот мајстор на спектаклот, Вељко Булајиќ. 19:30 „Caught by the Tides“ Zhangke Jie режија (G) Кино Фросина Мајсторски поетски и пионерски спој на старото и новото, соочувајќи се со романтиката и животната борба во саканата, тешка Кина. 21:30 „Not-being“ Omnibus (MK Short) Кино Фросина Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор. 21:30 „Schirkoa: In Lies we trust“ режија Ишан Шукла (OC) Кино Фросина Анимирана дистописка научна фантастика, која ги комбинира основните елементи на поджанрот со источната духовност, што резултира со малку збркано, но несомнено импресивно деби за индискиот режисер Ишан Шукла. 21:30 „A nice jewish boy“ режија Ное Дебре (OC) Кинотека надвор По реакциите во Франција за случувањата во Палестина, филмот мораше да ја одложи својата премиера поради опасност од антисемитизмот. Инаку филмот е урнебесна и потресна приказна за влегувањето во зрелоста и сите обврски што доаѓаат со неа.     Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Избрани првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izbrani-prvite-dobitnitsi-na-stipendijata-atso-shopov/ Fri, 12 Jul 2024 07:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=795996

Саранда Мехмеди и м-р Иван Антоновски се првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“, што фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ одлучи ја доделува на студенти од втор и трет циклус, по минатогодишното одбележување на 100 години од раѓањето на македонскиот класик. Кандидатите се избрани едногласно од страна на стручното жири на фондацијата, чии членови се: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (УКИМ), проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска (УГД Штип), проф. д-р Намита Субиото (Универзитет во Љубљана) и Јасмина Шоповa, потпретседател на фондацијата.

Втор циклус

„Ацо Шопов: Антрополошките структури на поетската имагинација“ е темата на магистерскиот труд на поетесата и препејувачка Саранда Мехмеди, студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Трудот има за цел да го истражи творештвото, т.е поетската имагинација на Ацо Шопов од антрополошка гледна точка преку теоријата на францускиот антрополог Жилбер Диран.

Според мислењето на менторката, д-р Маја Бојаџиевска, редовен професор при Kатедрата за општа и компаративна книжевност, со оглед на докажаните квалитети, кандидатката „ќе успее да ги заокружи своите познавања од теоријата на книжевноста и книжевната херменевтика, од една страна, а од друга страна, ќе ги примени тие познавања во анализа на поезијата на Шопов, која минуциозно ја познава, како врз основа на поетската блискост со нашиот голем автор, така и врз основа на нејзината персонална креативност во доменот на поезијата, но и во доменот на поетскиот превод кој претпоставува совршено познавање на албанскиот и на македонскиот јазик“.

Трет циклус

Тезата на м-р Иван Антоновски, докторант на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, каде што работи како асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура, гласи: Современата македонска поезија во генолошки, мотивски и стилски дијалог со средновековната култура.

Во целост посветен на современата македонска поезија, трудот се базира на компаративно проучување на две огромни стилски епохи од македонската книжевност, а притоа „поезијата на Шопов зазема место што е во согласност со Конкурсот за стипендијата“, изјавува менторката д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор при Катедрата за македонска книжевност и култура.

– Темата, со својот опфат има речиси енциклопедиски карактер, вели понатаму менторката, упатувајќи на заклучоците на рецензентската комисија избрана од Наставно-научниот совет на Факлултетот, која, познавајќи ги можностите на кандидатот, гледа одлична можност за исклучителен научен труд. Дотолку повеќе што досега „посеопфатни генолошки, а уште помалку проучувања на стилските доминанти и аналогии не се правени. Трудот се базира на обемен корпус, над 500 библиографски единици стручна литература, јасно дефинирана методологија и систем од хипотези, при што за последната хипотеза уште однапред може да се тврди дека е теза: сиот тој интертекстуален дијалог резултира ш појавата на современи македонски канонски поети, такви кои зад себе оставиле ако не цели ‘школи’, тогаш барем следбеници/епигони во смисла на руските формалисти: оние кои ја доработуваат воспоставената канонска форма. Меѓу нив и школата на Шопов“, посочува Мојсова-Чепишевска.

Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска смета дека „преку овој докторски труд може да се очекува исчитување и растајнување на досега малку анализирани сегменти од опусот на Шопов“, а следствено, како резултат од ова истражување, „може да се очекува и одделна монографска публикација за дијалогот на современата македонска книжевност со средновековието преку примерот на Шопов“.

Исплата на стипендиите

Согласно условите на конкурсот, стипендистите наскоро ќе потпишат договор со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ со кој детално се уредуваат правата и должностите на двете страни. Магистерска стипендија, во износ од 1500 евра, ќе биде исплатена двократно, во текот на една година по доделувањето на стипендијата. Докторската стипендија, во износ од 3000 евра, ќе биде исплатена трикратно, во текот на две години по доделувањето на стипендијата. Одбиените кандидати имаат право да се пријават следните години, и тоа најмногу до трипати.

The post Избрани првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>

Саранда Мехмеди и м-р Иван Антоновски се првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“, што фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ одлучи ја доделува на студенти од втор и трет циклус, по минатогодишното одбележување на 100 години од раѓањето на македонскиот класик. Кандидатите се избрани едногласно од страна на стручното жири на фондацијата, чии членови се: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (УКИМ), проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска (УГД Штип), проф. д-р Намита Субиото (Универзитет во Љубљана) и Јасмина Шоповa, потпретседател на фондацијата.   Втор циклус „Ацо Шопов: Антрополошките структури на поетската имагинација“ е темата на магистерскиот труд на поетесата и препејувачка Саранда Мехмеди, студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Трудот има за цел да го истражи творештвото, т.е поетската имагинација на Ацо Шопов од антрополошка гледна точка преку теоријата на францускиот антрополог Жилбер Диран.   Според мислењето на менторката, д-р Маја Бојаџиевска, редовен професор при Kатедрата за општа и компаративна книжевност, со оглед на докажаните квалитети, кандидатката „ќе успее да ги заокружи своите познавања од теоријата на книжевноста и книжевната херменевтика, од една страна, а од друга страна, ќе ги примени тие познавања во анализа на поезијата на Шопов, која минуциозно ја познава, како врз основа на поетската блискост со нашиот голем автор, така и врз основа на нејзината персонална креативност во доменот на поезијата, но и во доменот на поетскиот превод кој претпоставува совршено познавање на албанскиот и на македонскиот јазик“.   Трет циклус Тезата на м-р Иван Антоновски, докторант на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, каде што работи како асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура, гласи: Современата македонска поезија во генолошки, мотивски и стилски дијалог со средновековната култура.   Во целост посветен на современата македонска поезија, трудот се базира на компаративно проучување на две огромни стилски епохи од македонската книжевност, а притоа „поезијата на Шопов зазема место што е во согласност со Конкурсот за стипендијата“, изјавува менторката д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор при Катедрата за македонска книжевност и култура.   – Темата, со својот опфат има речиси енциклопедиски карактер, вели понатаму менторката, упатувајќи на заклучоците на рецензентската комисија избрана од Наставно-научниот совет на Факлултетот, која, познавајќи ги можностите на кандидатот, гледа одлична можност за исклучителен научен труд. Дотолку повеќе што досега „посеопфатни генолошки, а уште помалку проучувања на стилските доминанти и аналогии не се правени. Трудот се базира на обемен корпус, над 500 библиографски единици стручна литература, јасно дефинирана методологија и систем од хипотези, при што за последната хипотеза уште однапред може да се тврди дека е теза: сиот тој интертекстуален дијалог резултира ш појавата на современи македонски канонски поети, такви кои зад себе оставиле ако не цели ‘школи’, тогаш барем следбеници/епигони во смисла на руските формалисти: оние кои ја доработуваат воспоставената канонска форма. Меѓу нив и школата на Шопов“, посочува Мојсова-Чепишевска.   Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска смета дека „преку овој докторски труд може да се очекува исчитување и растајнување на досега малку анализирани сегменти од опусот на Шопов“, а следствено, како резултат од ова истражување, „може да се очекува и одделна монографска публикација за дијалогот на современата македонска книжевност со средновековието преку примерот на Шопов“.   Исплата на стипендиите Согласно условите на конкурсот, стипендистите наскоро ќе потпишат договор со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ со кој детално се уредуваат правата и должностите на двете страни. Магистерска стипендија, во износ од 1500 евра, ќе биде исплатена двократно, во текот на една година по доделувањето на стипендијата. Докторската стипендија, во износ од 3000 евра, ќе биде исплатена трикратно, во текот на две години по доделувањето на стипендијата. Одбиените кандидати имаат право да се пријават следните години, и тоа најмногу до трипати.  

The post Избрани првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>
Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-konkurs-za-stipendii-atso-shopov-za-studenti-od-vtor-i-tret-tsiklus/ Fri, 24 May 2024 12:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=781402

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот на научноистражувачката методологија се придржуваат до современите научни парадигми.

Право да конкурираат, како што информираат од Фондацијата, имаат студенти запишани на втор и трет циклус студии, чија тема на магистерски или докторски труд е веќе прифатена од наставно-научниот совет на факултетот на кој студираат, чиј магистерски или докторски труд ѝ е посветен најмалку во една третина на македонската современа поезија и најмалку во една четвртина на творештвото на Ацо Шопов, и кои во текот на студиите постигнале најмалку 8 просечен успех.

Прецизните услови за конкурирање се објавени на страницата на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во „Лирскиот дом на Ацо Шопов“.

The post Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус appeared first on Република.

]]>

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот на научноистражувачката методологија се придржуваат до современите научни парадигми. Право да конкурираат, како што информираат од Фондацијата, имаат студенти запишани на втор и трет циклус студии, чија тема на магистерски или докторски труд е веќе прифатена од наставно-научниот совет на факултетот на кој студираат, чиј магистерски или докторски труд ѝ е посветен најмалку во една третина на македонската современа поезија и најмалку во една четвртина на творештвото на Ацо Шопов, и кои во текот на студиите постигнале најмалку 8 просечен успех. Прецизните услови за конкурирање се објавени на страницата на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во „Лирскиот дом на Ацо Шопов“.  

The post Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус appeared first on Република.

]]>
Штип одбележува 42 години од смртта на Ацо Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shtip-odbelezhuva-42-godini-od-smrtta-na-atso-shopov/ Sat, 20 Apr 2024 15:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=768521

Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов.

Петар Мицевски претседател на ОО на СБМ-Штип истакна дека Шопов е карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност.

Aцо Шопов учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напердната литература: „Нов ден“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризнот.“ Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година, рече Мицевски.

Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, Шопов остава голем печат на современата македонска поезија.

Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941 до 1945 година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија, рече Мицевски.

The post Штип одбележува 42 години од смртта на Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>

Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов. Петар Мицевски претседател на ОО на СБМ-Штип истакна дека Шопов е карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност.
Aцо Шопов учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напердната литература: „Нов ден“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризнот.“ Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година, рече Мицевски.
Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, Шопов остава голем печат на современата македонска поезија.
Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941 до 1945 година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија, рече Мицевски.
 
The post Штип одбележува 42 години од смртта на Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>
Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од поезијата на Ацо Шопов на јубилејното издание на „Танц фест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/baletskiot-triptih-molitvi-na-moeto-telo-inspiriran-od-poezijata-na-atso-shopov-na-jubilejnoto-izdanie-na-tants-fest/ Wed, 17 Apr 2024 14:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=767197

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на  јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024.

Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовскизведба: диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ) , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник, Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн, Лазе Трипков.

Поезијата на Шопов односно истоимениот циклус поезија на сцената на Националната опера и балет ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на  триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од поезијата на Ацо Шопов на јубилејното издание на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на  јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024. Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовскизведба: диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ) , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник, Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн, Лазе Трипков. Поезијата на Шопов односно истоимениот циклус поезија на сцената на Националната опера и балет ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на  триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од поезијата на Ацо Шопов на јубилејното издание на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>
Денеска почнува четиридневната манифестација „Денови на поезијата“ во чест на Рацин и Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-chetiridnevnata-manifestatsija-denovi-na-poezijata-vo-chest-na-ratsin-i-shopov/ Thu, 21 Mar 2024 09:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=756910

Манифестацијата „Денови на поезијата“ што ја организира Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во 18 часот ќе се одржи во „Скопје Сити Мол“. Отворањето ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, а беседа за македонските врвни мајстори на лирскиот збор, за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи, ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска.

Преку ликот на Шопов, „Деновите на поезијата“ ги соединуваат сите генерации, сè до најмладите. На свеченото отворање ќе учествуваат и студенти од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, придружени со деканот, Владимир Мартиновски.

Манифестацијата ќе трае четири дена, а повод се 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Од 21 до 24 март, по свеченото отворање, публиката ја очекува богата програма која ќе се одвива и во книжарницата „Литература.мк“ и во киното „Синеплекс“, а во чија организација се вклучија и Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“.

The post Денеска почнува четиридневната манифестација „Денови на поезијата“ во чест на Рацин и Шопов appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Денови на поезијата“ што ја организира Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во 18 часот ќе се одржи во „Скопје Сити Мол“. Отворањето ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, а беседа за македонските врвни мајстори на лирскиот збор, за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи, ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска. Преку ликот на Шопов, „Деновите на поезијата“ ги соединуваат сите генерации, сè до најмладите. На свеченото отворање ќе учествуваат и студенти од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, придружени со деканот, Владимир Мартиновски. Манифестацијата ќе трае четири дена, а повод се 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија. Од 21 до 24 март, по свеченото отворање, публиката ја очекува богата програма која ќе се одвива и во книжарницата „Литература.мк“ и во киното „Синеплекс“, а во чија организација се вклучија и Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“.  

The post Денеска почнува четиридневната манифестација „Денови на поезијата“ во чест на Рацин и Шопов appeared first on Република.

]]>
Појавувањето на книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов е исклучително значаен момент за македонската литература и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pojavuvaneto-na-knigata-avtoportret-so-sedum-prsti-od-atso-shopov-e-iskluchitelno-znachaen-moment-za-makedonskata-literatura-i-kultura/ Wed, 20 Mar 2024 09:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=756614

Во нетипичната – и преполна хала – на „Лабораториум“, во која како сè уште да не исчезнал мирисот на олово и хартија, но и духот на старата печатница на „Нова Македонија“, вчера беше промовирана книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов, во издание на „Антолог“. Нетипичен простор идеален за промоција на нетипичната, волуменозна книга, во која за првпат се објавени прозните написи, огледи, критички осврти, есеи, дебати, беседи и интервјуа на познатиот македонски поет. Книга која им нуди можност на новите генерации да се препознаат во старите, да научат нешто повеќе од нив, за да ја продолжат културната и општествена изградба на нашата земја, и афирмацијата на нашата литература во светот.

Не е залудно враќањето на текстовите од поблиското и од подалечното минато“, бидејќи тие одговараат на „многу прашања кои и ден-денес нѐ мачат“, напишал некогаш Шопов. Повеќе од шест децении подоцна, кога се враќаме на неговите текстови објавени во тогашната периодика, сфаќаме дека „виталните проблеми на денешницата“ од неговото време остануваат извонредно актуелни и во сегашниот миг. Зарем и ден-денес не го плаќаме цехот на нашата „особина да импровизираме“, на нашата навика да „се играме одговорност“, на „напластеното сало на нашето спокојство“? Зарем и ден-денес не нѐ мачат темните обиди да се покријат со лага страниците од нашата историја, и зарем не нѐ водат кон безизлез „сфаќањата што осцилираат помеѓу тоталната негација и тоталната глорификација на сѐ она што го среќаваме во нашата културна историја“?

 „Автопортрет со седум прсти“ е своевидна хроника на современата македонска културна историја, испишана со лирското перо и надвремениот стил на Ацо Шопов.

Во овие прозни текстови на Шопов, клокоти извориштето на неговата поезија“, изјави по промоцијата Никола Ристановски. „Пред да се запознаам со содржината на книгата и не помислував дека поетот може да се претстави пред публиката без да се се изречат стиховите Патував долго, патував цела вечност / од мене до твојата небиднина или Има долу тешка една крв / од древноста чиниш останата... или пак Тука е тој оган под овие улави води, / под овој бигор и зло самото што се плоди. // Под овие води тешки и зрели / тримеѓница црна црно што ги дели.... Но штом почнав да ја читам книгата“, дополни првенецот на Македонскиот народен театар, „со секој следен збор сè повисоко се исправаше пред мене онаа сенка на Шопов која ми е позната и блиска уште од Небиднина или Гледач во пепелта, бидејќи овие негови прозни текстови, кои се движат по рабовите на различните литературни жанрови, сврзувајќи ги со најфина лирска срма, се… поезија“.

За интимната врска помеѓу стиховите и текстовите од „Автортрет со седум прсти“ говореше Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Како поетот (си) прави автопортрет?“, се запраша промоторот. „Наједноставниот одговор би бил: со поетскиот опус. Сепак, драгоцената книга Автортрет со седум прсти, приредена од ќерката на поетот, Јасмина Шопова, нè уверува дека всушност и прозните текстови (беседи, написи, статии, огледи, студии, критички осврти, интервјуа, посланија) пишувани во текот на целиот животен век и собрани во една нова и моќна целина, во еден мамутски мозаик, ни овозможуваат да ги запознаеме подлабоко и поетот и поезијата од бројни нови агли едновремено, како во кубистичка слика.

Во книгата Ацо Шопов е (авто)портретиран како темелен мислител, ангажиран интелектуалец, посветен револуционер, многустран културен работник, суптилен есеист и раскажувач, книжевен преведувач, беседник (и мора да ставиме три точки), а од секој текст се гледа дека сите негови дејности се неразделни од примарната поетска вокација, забележа Мартиновски пред да заклучи: Затоа, оваа книга отвора пат не само кон нови читања и толкувања на песните и стиховите на Ацо Шопов, туку и кон потемелно разбирање на контекстот (и личен и општествен) во кој е настаната неговата вонвременска лирика.

Ете зошто појавувањето на оваа книга е исклучително значаен момент за македонската литература и култура. Текстовите објавени во неа, кои со години трпеливо ги собирала сопругата на поетот, Светлана Шопова, пред да ги предаде во Архивот на Македонската академија на науките и уметностите, го отсликуваат поетското творештво и интелектуалниот ангажман на Шопов, но истовремено и нашата севкупна општествена и културна сцена во втората половина на давесеттиот век.

На оваа мала грутка земја која ја чувствуваме како наша татковина и во која како сиот свет во мало да застанал, со пркос кон себеси и кон другите, на оваа земја изрована од несон и себенаоѓање, како што Ацо Шопов ја чувствуваше и нарекуваше Македонија, насушно ѝ се потребни ваквите книги, изјави за медиумите Јасмина Шопова, приредувач на изданието. Книги кои застануваат во одбрана на нашиот национален идентитет, без никакви националистички тенденции; книги кои ја афирмираат нашата литература како пред нас самите, така и во очите на светот; книги кои одговараат на највисоките етички и естетски критериуми и со тоа ја валоризираат нашата уметност и нашата култура; книги чии хуманистички и универзални валери го поткрепуваат дигнитетот на нашиот човек и на човекот воопшто.

Многубројните книжевни, уметнички и научни проекти изведени во национални и меѓународни рамки, во текот на 2023, Година во чест на Ацо Шопов – меѓу кои се присутни на оваа промоција оние на Националната опера и балет, на ФлипБук – Фестивалот на анимирани филмови и на Друштвото на ликовни уметници, како и сите актуелни проекти во кои спаѓа овој Автопортрет, објавен по повод осумдесет години од излегувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни од Ацо Шопов (1944), имаат еден заеднички именител. Тој заеднички именител е противотровот за заборавот на нашето културно наследство“, истакна потпретседателката на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија.

И да не заборавиме – пред долги години, Шопов напиша: „Ме учеа како да го заборавам своето потекло, своето јас, оваа грутка црница што ме родила. Ме учеа и не ме научија“.

The post Појавувањето на книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов е исклучително значаен момент за македонската литература и култура appeared first on Република.

Промоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/antolog-ke-ja-promovira-dosega-nepoznatata-proza-na-atso-shopov/ Tue, 19 Mar 2024 16:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=756184

Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски.

Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувачка на книгата и потпретседателка на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, фестивалот на анимирани филмови „Флипбук“ и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

За првпат, осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), голем дел од неговите прозни записи е објавен во книга. Од денеска таа е достапна во книжарниците.

На речиси шестотини страници се провлекуваат неговите размисли за поезијата, литературата, уметноста, културата, општеството и историјата, забележани во македонски, југословенски и странски весници и списанија, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век.

Тоа е времето во кое, „по ужасите што ги запиша врагот во својот дневник“, генерацијaта на Ацо Шопов, во чии први редови тој чекореше за време на целиот свој творечки и општествен живот, стапуваше „на прагот на вистинската историја“ и, заедно со ќерките и синовите, трпеливо ја градеше оваа земја, „изрована од несон и себенаоѓање“, пред внуците да свртат нова страница во нејзината историја, за денес правнуците да живеат во еден сосема нов општествен поредок, кој, и покрај радикалните разлики, се темели на оној што го откриваме во автопортретот на нашиот поет.

А неговиот автопортрет во издание на „Антолог“ е во најмала рака изненадувачки, затоа што колку што широката публика го познава суптилниот лиричар, толку е слабо упатена во другите книжевни и општествени дејности на Шопов, кој во оваа книга се покажува како исклучителен есеист и беседник со изострен слух за литературата, ликовната уметност и филмот, како сериозен толкувач и критичар на општествените текови и драми, како строг полемичар, како ангажиран издавач и интелектуален работник.

The post Промоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>

Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски. Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувачка на книгата и потпретседателка на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски. Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, фестивалот на анимирани филмови „Флипбук“ и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“. За првпат, осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), голем дел од неговите прозни записи е објавен во книга. Од денеска таа е достапна во книжарниците. На речиси шестотини страници се провлекуваат неговите размисли за поезијата, литературата, уметноста, културата, општеството и историјата, забележани во македонски, југословенски и странски весници и списанија, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век. Тоа е времето во кое, „по ужасите што ги запиша врагот во својот дневник“, генерацијaта на Ацо Шопов, во чии први редови тој чекореше за време на целиот свој творечки и општествен живот, стапуваше „на прагот на вистинската историја“ и, заедно со ќерките и синовите, трпеливо ја градеше оваа земја, „изрована од несон и себенаоѓање“, пред внуците да свртат нова страница во нејзината историја, за денес правнуците да живеат во еден сосема нов општествен поредок, кој, и покрај радикалните разлики, се темели на оној што го откриваме во автопортретот на нашиот поет. А неговиот автопортрет во издание на „Антолог“ е во најмала рака изненадувачки, затоа што колку што широката публика го познава суптилниот лиричар, толку е слабо упатена во другите книжевни и општествени дејности на Шопов, кој во оваа книга се покажува како исклучителен есеист и беседник со изострен слух за литературата, ликовната уметност и филмот, како сериозен толкувач и критичар на општествените текови и драми, како строг полемичар, како ангажиран издавач и интелектуален работник.  

The post Промоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>
Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во „Лабораториум“ ќе промовира досега непозната поезија на Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fondatsijata-atso-shopov-poezija-vecherva-vo-laboratorium-ke-promovira-dosega-nepoznata-poezija-na-shopov/ Tue, 19 Mar 2024 08:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=756181

Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот  во „Лабораториум“ ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски. Промоцијата е организирана во соработка со издавачката куќа „Антолог“.

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук Фестивалот на анимирани филмови и Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за Шопов, во рамки на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.

The post Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во „Лабораториум“ ќе промовира досега непозната поезија на Шопов appeared first on Република.

]]>

Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот  во „Лабораториум“ ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски. Промоцијата е организирана во соработка со издавачката куќа „Антолог“. Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук Фестивалот на анимирани филмови и Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за Шопов, во рамки на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.

The post Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во „Лабораториум“ ќе промовира досега непозната поезија на Шопов appeared first on Република.

]]>
„Денови на поезијата“ во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-poezijata-vo-znak-na-85-godini-od-objavuvaneto-na-beli-mugri-od-kocho-ratsin-i-na-80-godini-od-objavuvaneto-na-pesni-od-atso-shopov-prvata-kniga-na-makedonski-jazik-vo-slobodna-makedonija/ Mon, 18 Mar 2024 08:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=755745

За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост ќе биде посветен на поезијата. Од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Несекојдневен и исклучителен настан кој на најшироката публиката ќе ѝ даде можност да ужива во поезија од македонски поети од сите генерации, а додека се движи низ молот и да ги запише своите омилени стихови на „Sидот на поезијата”. Поезијата ќе се чита, слуша и доживува непрестано, преку богата програма со низа настани на различни локации во „Скопје Сити Мол“. Покрај стиховите на Рацин и Шопов, во просториите на молот ќе одекне и поезијата на класиците Гане Тодоровски и Матеја Матевски, по повод 95-годишнината од раѓањето, како и на Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ, за кои годинава се чествуваат девет децении од раѓањето. Посебно место ќе има и поезијата на автори од поновите генерации, а одделно внимание ќе им биде посветено и на најмладите автори.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи во главниот влез на „Скопје Сити Мол“, во четврток, 21 март, со почеток во 18 часот и ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, актерот Никола Ристановски.

Во изведба на Ристановски, публиката ќе чуе дел од поезијата на македонските класици, а беседата на отворањето ќе ја одржи Весна Мојсова-Чепишевска. Поезијата на Шопов ќе се чуе и на повеќе јазици, во превод на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, при што збор ќе земе и деканот, Владимир Мартиновски.

Од следниот ден – 22 март, на различни локации низ трговскиот центар ќе се одржат настани што ги поврзуваат сите генерации – поетски читања во книжарницата „Литература.мк“, проекција на анимирани филмови инспирирани од поезијата, разговори со македонски поети, рецитаторски натпревар за ученици од сите основни и средни училишта од државата, настани посветени на најмладите и особено на досега неоткриените таленти за кои „Скопје Сити Мол“ обезбеди и пригодни награди. Поканети се сите што ја сакаат поезијата и што уживаат во книжевноста.

Сите посетители на „Скопје Сити Мол“ кои на „Ѕидот на поезијата“ ќе напишат по некој свој или пак некој омилен стих од ним драг поет ќе добијат ваучер за попуст во локалите „Amigos”, „Play”, „Trend” и „La Cucina”.

„Синеплекс” ќе ги отвори своите врати за љубителите на поезијата кои ќе имаат можност да го проследат анимираниот омнибус „Небиднина” (кратки анимирани филмови инспирирани од поезијата на Ацо Шопов во продукција на „ФлипБоок“), а воедно и да се сретнат и да разговараат со авторите.

Поезијата да допре до најшироката публика е идеја зад која најпрво заеднички застанаа „Скопје Сити Мол“ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, а поврза повеќе институции и компании – Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, книжарницата „Литература.мк“, „Синеплекс“, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“. Сите тие учествуваат во програмата со која од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ главен ќе биде поетскиот збор.

„Поезијата е предизвик за патување кон непознатото.“, запиша Шопов во 1970. Во 2024, заеднички да патуваме кон непознатото – во „Скопје Сити Мол“.

The post „Денови на поезијата“ во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија appeared first on Република.

„Автопортрет со седум прсти“ хроника на современата македонска културна историја под перото на Ацо Шопов од денеска е во книжарниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/avtoportret-so-sedum-prsti-hronika-na-sovremenata-makedonska-kulturna-istorija-pod-peroto-na-atso-shopov-od-deneska-e-vo-knizharnitsite/ Thu, 14 Mar 2024 08:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=754618

Првпат, осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), голем дел од неговите прозни записи се објавени во книга. Од денес, таа е достапна во книжарниците.

На речиси шестотини страници се провлекуваат неговите размисли за поезијата, литературата, уметноста, културата, општеството и историјата, забележани во македонските, југословенските и во странски весници и списанија, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век.

Тоа е времето во кое, „по ужасите што ги запиша врагот во својот дневник“, генерацијaта на Ацо Шопов, во чии први редови тој чекореше за време на целиот свој творечки и општествен живот, стапуваше „на прагот на вистинската историја“ и, заедно со ќерките и синовите, трпеливо ја градеше оваа земја, „изрована од несон и себенаоѓање“, пред внуците да свртат нова страница во нејзината историја, за денес правнуците да живеат во еден сосема нов општествен поредок кој, и покрај радикалните разлики, се темели на оној што го откриваме во автопортретот на нашиот поет.

А неговиот автопортрет во издание на „Антолог“ е во најмала рака изненадувачки, затоа што колку што широката публика го познава суптилниот лиричар, толку е слабо упатена во другите книжевни и општествени дејноси на Шопов, кој во оваа книга се покажува како исклучителен есеист и беседник со изострен слух за литературата, ликовната уметност и филмот, како сериозен толкувач и критичар на општествените текови и драми, како строг полемичар, како ангажиран издавач и интелектуален работник.

Издавачката куќа „Антолог“ го најавува и настанот со кој, во вторник 19 март, од 19 часот, во Лабораториум (Бул. „Климент Охридски“ бр. 68, Скопје), ќе се одбележи објавувањето на ова дело од исклучително значење за културната меморија на нашата земја.

Книгата ќе ја претстават проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и првенецот на МНТ Никола Ристановски. Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувач на книгата и потпретседател на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук - Фестивалот на анимирани филмови и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

The post „Автопортрет со седум прсти“ хроника на современата македонска културна историја под перото на Ацо Шопов од денеска е во книжарниците appeared first on Република.

]]>

Првпат, осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), голем дел од неговите прозни записи се објавени во книга. Од денес, таа е достапна во книжарниците. На речиси шестотини страници се провлекуваат неговите размисли за поезијата, литературата, уметноста, културата, општеството и историјата, забележани во македонските, југословенските и во странски весници и списанија, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век. Тоа е времето во кое, „по ужасите што ги запиша врагот во својот дневник“, генерацијaта на Ацо Шопов, во чии први редови тој чекореше за време на целиот свој творечки и општествен живот, стапуваше „на прагот на вистинската историја“ и, заедно со ќерките и синовите, трпеливо ја градеше оваа земја, „изрована од несон и себенаоѓање“, пред внуците да свртат нова страница во нејзината историја, за денес правнуците да живеат во еден сосема нов општествен поредок кој, и покрај радикалните разлики, се темели на оној што го откриваме во автопортретот на нашиот поет. А неговиот автопортрет во издание на „Антолог“ е во најмала рака изненадувачки, затоа што колку што широката публика го познава суптилниот лиричар, толку е слабо упатена во другите книжевни и општествени дејноси на Шопов, кој во оваа книга се покажува како исклучителен есеист и беседник со изострен слух за литературата, ликовната уметност и филмот, како сериозен толкувач и критичар на општествените текови и драми, како строг полемичар, како ангажиран издавач и интелектуален работник. Издавачката куќа „Антолог“ го најавува и настанот со кој, во вторник 19 март, од 19 часот, во Лабораториум (Бул. „Климент Охридски“ бр. 68, Скопје), ќе се одбележи објавувањето на ова дело од исклучително значење за културната меморија на нашата земја. Книгата ќе ја претстават проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и првенецот на МНТ Никола Ристановски. Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувач на книгата и потпретседател на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски. Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук - Фестивалот на анимирани филмови и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

The post „Автопортрет со седум прсти“ хроника на современата македонска културна историја под перото на Ацо Шопов од денеска е во книжарниците appeared first on Република.

]]>
„Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dijalog-objavi-vtoro-izdanie-na-knigata-od-onaa-strana-na-nebidninata-razgovori-za-atso-shopov-so-svetlana-shopova-od-ivan-antonovski/ Wed, 13 Mar 2024 07:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=754212

Издавачката куќа „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски. Второто издание на книгата се објавува по само неколку месеци од првото, кое веќе е исцрпено по големиот интерес на читетелите и одгласите на македонската книжевна наука и културологија, а веќе предизвика забележлив интерес и надвор од Македонија.

Академик Ала Шешкен од Универзитетот „Ломоносов“ во Москва нагласува дека „Од онаа страна на Небиднината“ е врвен придонес за македонската книжевност и култура.

Нема да згрешам со тврдењето дека ова е бесценето издание. Книга што е благороден и вистински патриотски чин, без удирање во гради. Со неа се спасени од заборав безброј драгоцени моменти од животот на голем поет. Благодарение на „Од онаа страна на Небиднината“, за современата македонска генерација и за идните поколенија, Ацо Шопов е сочуван како жива личност, доближена со илјадници детали. И ние, странските читатели добивме можност подлабоко да го разбереме овој поет-класик, бидејќи за првпат стануваат достапни важни детали за конкретни песни и за неговото творештво во целина. Добивме подлога за вистинска биографија на Шопов, напоменува академик Шешкен.

Според универзитетската професорка и книжевна критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска, Светлана Шопова е нашата Софија Толстој или Надежда Мандељштам, а како автор, Иван Антоновски пројавува извонредна упатеност во животот и делото на Ацо Шопов и фасцинира неговата идејна концепција и творечка вештина во книгата.

Оваа невообичаена, но искрена, „отворена“ книга е клучна за чување и негување на меморијата не само на Ацо Шопов, туку и на нашата културна историја. Зашто, богатиот фактографски материјал, покрај тоа што ги портретира ликот и делото на Ацо Шопов, дава и една панорама на состојбите во македонската книжевност од втората половина на 20 век. Оттаму, интенцијата на овие разговори е да бидат влог во нашето културно наследство и репер за грижата за тоа наследство. Книга што е редок и скапоцен дар кој на читателите им нуди книжевна, културна и општествена авантура од најпрефинет вид, оценува во својата рецензија, Капушевска-Дракулевска.

И според универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, разговорите поместени во оваа книга се еден вид биографија или обид за вистинската биографија на Ацо Шопов, иако, како што се вели и во книгата, „сета биографија, тој ја запишал во своите стихови…“, но она што во оваа книга го посведочи Светлана Шопова за него не може никој друг.

Книгата „Од онаа страна на Небиднината“ добива визура на оној ткаеж на кој инсистира и Блаже Конески во својата „Везилка“. Оваа книга е „прост и строг“ дијалог, „прост и строг“ муабет, „меѓу времињата – она на Шопов и денешното“ и „меѓу генерациите“. А тоа значи дека Антоновски требал темелно да го исчита Шопов и на тој начин таа сложеност да ја совлада и потоа да ја издигне, да ја трансформира до едноставен разговор. Зашто само на тој начин можел да ѝ биде донекаде рамноправен соговорник на Светлана Шопова и да знае кога и како треба да ја поттикне на одредени моменти кои, ете, таа сака да ги претрча или едноставно да не ни ги открие докрај, истакнува Мојсова-Чепишевска во својата рецензијата.

Според универзитетската професорка, Луси Караниколова-Чочоровска, воодушевувачки е колку во оваа книга, детално и прецизно се опишува живеењето и делувањето на поетот Шопов.

Моето длабоко убедување по однос на книгата „Од онаа страна на Небиднината“ е дека таа конечно  ќе ги осветли „темните“ и ќе ги „расчисти“ тешко проодните места во поезијата на Шопов. Кои, за волја на вистината ниту се тешки, ниту пак темни, ако се има волја длабоко да се навлезе во суштината на поезијата и суштината на поетовото суштествување, нагласува Караниколова-Чочоровска.

И второто издание на „Од онаа страна на Небиднината“ е објавено во соработка и со финансиска поддршка од Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“.

Откако првото издание се случи по повод 100 години од раѓањето на Шопов, ова издание се случува во годината кога се навршуваат осум децении од објавувањето на неговата прва книга „Песни“ – прва книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Следниве денови, книгата веќе ќе биде достапна за читателите во книжарниците.

The post „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски appeared first on Република.

„Црно сонце“ од Ацо Шопов најава за првиот албум на „Ветрило“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tsrno-sontse-od-atso-shopov-najava-za-prviot-album-na-vetrilo/ Thu, 11 Jan 2024 08:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=731792

Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на новиот музички проект „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет, преведувач на поезија и редовен член на МАНУ.

Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружуваат Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски (Студио Алшар), кој го работеше и аудио миксот и мастерингот на песната.

Видео записот во режија на Дејан Спасовиќ го снимаа Томислав Георгиев и Драгица Николовска, а монтажата е на Небојша Илијевски.

„Црно сонце“ е и најава за албумот на „Ветрило“ кој ќе опфати и поезија од помлади македонски автори.

The post „Црно сонце“ од Ацо Шопов најава за првиот албум на „Ветрило“ appeared first on Република.

]]>

Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на новиот музички проект „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет, преведувач на поезија и редовен член на МАНУ. Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружуваат Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски (Студио Алшар), кој го работеше и аудио миксот и мастерингот на песната. Видео записот во режија на Дејан Спасовиќ го снимаа Томислав Георгиев и Драгица Николовска, а монтажата е на Небојша Илијевски. „Црно сонце“ е и најава за албумот на „Ветрило“ кој ќе опфати и поезија од помлади македонски автори.  

The post „Црно сонце“ од Ацо Шопов најава за првиот албум на „Ветрило“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zbornikot-od-megunarodnata-nauchna-konferentsija-sto-godini-od-raganeto-na-atso-shopov/ Wed, 27 Dec 2023 11:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=727078

Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ денеска ќе се одржи во библиотеката на Кампус 4 во Универзитет Гоце Делчев – Штип.

Меѓународната научна конференција беше организирана од Филолошкиот факултет при УГД на 25 и 26 мај оваа година.

Зборникот содржи 40 реферати кои беа презентирани на конференцијата од областите литература, јазик и преведување.

На промоцијата ќе присуствуваат учесници на конференцијата, студенти и ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова.

The post Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ денеска ќе се одржи во библиотеката на Кампус 4 во Универзитет Гоце Делчев – Штип. Меѓународната научна конференција беше организирана од Филолошкиот факултет при УГД на 25 и 26 мај оваа година. Зборникот содржи 40 реферати кои беа презентирани на конференцијата од областите литература, јазик и преведување. На промоцијата ќе присуствуваат учесници на конференцијата, студенти и ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова.  

The post Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>
Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ одбележува два јубилеи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shtipskiot-tsentar-za-kultura-atso-shopov-odbelezhuva-dva-jubilei/ Sat, 16 Dec 2023 14:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=723689

„Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, но и „Сто години театарска дејност во Штип“ се значајни јубилеи, кои наредната недела ќе се одбележат со низа настани во Центарот за култура „Ацо Шопов“, најави денеска директорот Горан Трајков. Тој на прес-конференција истакна дека овие две манифестации ќе се реализираат во среда и четврток.

Она што е важно за централната манифестација е дека во четврток имаме изложба на слики по поезијата на Ацо Шопов од страна на децата и учениците на ликовното атеље, кои учествуваат и нивните дела ќе бидат изложени. Потоа следува еднодневен Саем на книгата во чест на Ацо Шопов. Вечерта во 19 часот се случува главниот настан на којшто ќе бидат доделени благодарници на сите оние кои помагаат во одржување на името на Шопов, рече Трајков.

За првпат ќе биде доделен и орден „Ацо Шопов“ кој ќе го добие академик Витомир Митевски.

Манифестацијата ќе продолжи со настанот „Младите пеат за Ацо Шопов“ на кој ќе се пејат текстови на Шопов.

Настаните за манифестацијата „Сто години од театарско дејствување во Штип“, се закажани во среда.

Го претставуваме летописот 'Сто години организирано театарско дејствување', потоа ќе имаме изложба на костими, потоа имаме дебата, обраќање. Со изложбата на костимите ќе бидат поставени и плакати“, рече Трајков.

Тој на денешната прес-конференција најави дека во понеделник ќе има два настани, едниот е одбележување на влашката култура во 12 часот, а вториот е прослава за турската азбука во 19 часот.

The post Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ одбележува два јубилеи appeared first on Република.

]]>

„Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, но и „Сто години театарска дејност во Штип“ се значајни јубилеи, кои наредната недела ќе се одбележат со низа настани во Центарот за култура „Ацо Шопов“, најави денеска директорот Горан Трајков. Тој на прес-конференција истакна дека овие две манифестации ќе се реализираат во среда и четврток.
Она што е важно за централната манифестација е дека во четврток имаме изложба на слики по поезијата на Ацо Шопов од страна на децата и учениците на ликовното атеље, кои учествуваат и нивните дела ќе бидат изложени. Потоа следува еднодневен Саем на книгата во чест на Ацо Шопов. Вечерта во 19 часот се случува главниот настан на којшто ќе бидат доделени благодарници на сите оние кои помагаат во одржување на името на Шопов, рече Трајков.
За првпат ќе биде доделен и орден „Ацо Шопов“ кој ќе го добие академик Витомир Митевски. Манифестацијата ќе продолжи со настанот „Младите пеат за Ацо Шопов“ на кој ќе се пејат текстови на Шопов. Настаните за манифестацијата „Сто години од театарско дејствување во Штип“, се закажани во среда.
Го претставуваме летописот 'Сто години организирано театарско дејствување', потоа ќе имаме изложба на костими, потоа имаме дебата, обраќање. Со изложбата на костимите ќе бидат поставени и плакати“, рече Трајков.
Тој на денешната прес-конференција најави дека во понеделник ќе има два настани, едниот е одбележување на влашката култура во 12 часот, а вториот е прослава за турската азбука во 19 часот.

The post Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ одбележува два јубилеи appeared first on Република.

]]>
И Штип му се поклони на Шопов со промоција на „Од онаа страна на Небиднината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-shtip-mu-se-pokloni-na-shopov-so-promotsija-na-od-onaa-strana-na-nebidninata/ Thu, 30 Nov 2023 10:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=717924

Родниот град Штип, одново му се поклони на македонскиот класик Ацо Шопов. со промоција на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски. Универзитетски професори, писатели, студенти и гимназијалци ја преполнија салата на тренинг центарот на Универзитетот „Гоце Делчев“, во која Филолошкиот факултет во Штип, вчера го организираше настанот. Оваа книга, како што истакна промоторката, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, се доживува како складиште на знаци и значења и затоа покрај својата примарна улога на убава книжевност ја има и улогата на вистински книжевен архив. Разговорите поместени меѓу нејзините корици, како што вели и самата Светлана Шопова, се и вистински влог во книжевната и културната историја, а со тоа и во историјата на Македонија.

Оддавајќи му почит на Шопов на највисоко ниво од страна на Универзитетот и на градот, во присуство и на ректорот, проф. д-р Дејан Мираковски, многубројните присутни ги поздравија и проректорот Мишко Џидров и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. И двајцата, говорејќи со пиетет за Шопов, за кого споменот во родниот град се рехабилитира во оваа 2023 година, нагласија дека неговото присуство во нашиот културен простор се чувствува и по повеќе од четириесет години од неговата физичка смрт. И тоа не само преку неговото творештво и преку неговиот влог за македонската култура, туку и преку писанијата како што е книгата „Од онаа страна на Небиднината“, посакувајќи таа да го најде вистинското место во рацете на студентите, на учениците и на сите посветени на животот и делото на Ацо Шопов.

Воодушевувачки е колку во оваа книга, детално и прецизно се опишува живеењето и делувањето на поетот Шопов од страна на неговата сопруга Светлана Шопова, колку добро ја служи меморијата и уште повоодушевувачки е начинот на кој е тоа спакувано од страна на Иван Антоновски. Моето длабоко убедување по однос на книгата „Од онаа страна на Небиднината“ е дека таа конечно  ќе ги осветли „темните“ и ќе ги „расчисти“ тешко проодните места во поезијата на Шопов. Кои, за волја на вистината ниту се тешки, ниту пак темни, ако се има волја длабоко да се навлезе во суштината на поезијата и суштината на поетовото суштествување, нагласи во своето слово, деканката на Филолошкиот факултет во Штип, Луси Караниколова-Чочоровска.

Исчитувањето на 200-те страници на оваа книга, според неа, за читателите опитни во книжевноста претставува вистински поход, кој на моменти се квалификува како епски, другпат како лирски, од време на време драматичен, а најмногу од сѐ можеби искрен, реален, објективен. И многу емотивен!

Книгата „Од онаа страна на Небиднината“ добива визура на оној ткаеж на кој инсистира и Блаже Конески во својата „Везилка“. Оваа книга е „прост и строг“ дијалог, „прост и строг“ муабет, „меѓу времињата – она на Шопов и денешното“ и „меѓу генерациите“. А тоа значи дека Антоновски требал темелно да го исчита Шопов и на тој начин таа сложеност да ја совлада и потоа да ја издигне, да ја трансформира до едноставен разговор. Зашто само на тој начин можел да ѝ биде донекаде рамноправен соговорник на Светлана Шопова и да знае кога и како треба да ја поттикне на одредени моменти кои, ете, таа можеби сака да ги претрча или едноставно да не ни ги открие докрај, посочи промоторката, Весна Мојсова-Чепишевска.

Според неа, разговорите поместени во оваа книга се еден вид биографија или обид за вистинската биографија на Ацо Шопов, иако како што се вели и во книгата, „сета биографија, тој ја запишал во своите стихови...“

– Ова што во оваа книга го посведочи Светлана за Ацо не може никој друг. Таа е единствениот легитимен сведок на оној Шопов кој знаел да им дава  поддршка на младите: Анте Поповски, Ташко Георгиевски, Живко Чинго, Атанас Вангелов, Ристо Лазаров... На оној Шопов кој го поддржувал новиот концепт на издаваштвото што Божин Павловски го вовел во „Мисла“. На Шопов, познавачот на југословенската филмска продукција. На Шопов чие творештво инспирирало уметници како Кирил Ефремов, Илија Пенушлиски, Димо Шумка... На Шопов, миленикот на многу југословенски писатели – Сарајлиќ, Диздар, Андриќ, Раичковиќ, Алечковиќ, Ќопиќ, Максимовиќ, Реѓеп, Минати, Космач, Крефт, Михалиќ, Парун, Брковиќ, Перовиќ. На Шопов како умешен дипломат, како голем амбасадор на својата земја. На Шопов како реален Болен Дојчин кому пополека болеста му го крши телото, му ја одзема силата, му ја снеможува раката, му го секнува зборот..., истакна Мојсова-Чепишевска.

Исчитувајќи ја книгата преку модалитетите на сеќавањето, таа посочи дека многубројните мали приказни околу големата приказна за поетот и дипломатот Шопов се и книжевни музеи.

– Интересно е што доволно често Светлана си ги позајмува мислите на Ацо, како артефакти, како експонати во музеј, го цитира зашто чувствува дека не може подобро да го каже ако го прекаже т.е. ако го парафразира. На тој начин таа му го позајмува, ми го дава својот глас, го оживува и му допушта слободно да влезе во овој разговор. Тие партии прераснуваат во мали филозофски симпозиуми. А Светлана Шопова скоро секогаш е подготвена да одговори на сите, и лесни и тешки, прашања поставени од Иван Антоновски. И затоа одѕвонуваат некои нејзини мисли кои ги откраднува, позајмува од Шопов, мисли кои стануваат и нејзини како онаа дека „... поезијата и воопшто уметноста секогаш на крајот победуваат над политичките и политиканските интереси“, рече Мојсова-Чепишевска.

На промоцијата се обрати и ќерката на поетот, Јасмина Шопова, која е и истражувач и преведувач на неговото творештво. Потсетувајќи на некои моменти од нашето минато забележани во оваа книга, таа во своето кратко обраќање, особено инсистираше на неопходноста и итноста да го негуваме нашето културно наследство.

Во завршницата на настанот се обрати и авторот на книгата, Иван Антоновски, кој присутните ги потсети и на стихови на Шопов од аманетната книга „Дрво на ридот: „Ти доаѓам, граде мој, изморен и остарен колку што ме преобличил светот. / Светот е долговечен а нашиот век краток. / Ти доаѓам со сите безгрижни и изгубени детства / што ги среќавав на патот, / со сите надежи и маки на луѓето со кои се запознав, / и го фрлам тој тежок товар во бунарот на твојата историја, / а ти злокобната судба изгони ја, / за да из’рти едно ново детство / признато и прифатено од сето човештво / како добрина и Македонија.“ И со „Од онаа страна на Небиднината“, Шопов му се врати на својот роден град, токму „како добрина и Македонија“, при што што преку оваа книга, и неговата поезија добива нови толкувања.

По промоцијата, соговорниците од книгата, Светлана Шопова и Иван Антоновски, заеднички ги потпишуваа примероците од изданието за многубројните заинтересирани штипјани.

Од името на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, Јасмина Шопова ѝ подари на библиотеката на Филолошкиот факултет во Штип единаесет значајни изданија за и од творештвото на Шопов, меѓу кои и двојазични и повеќејазични изданија објавени од реномирани странски издавачки куќи.

Избор од новообјавените книги, Фондацијата му донираше и на роднокрајното одделение во НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип, во кое Ацо Шопов своевремено лично предал голем број свои ракописи, за што поопширно зборува Светлана Шопова во „Од онаа страна на Небиднината“.

Книгата беше објавена на почетокот на месецов од издавачката куќа „Дијалог“, а ова беше нејзина втора промоција по онаа во рамките на мултимедијалниот настан „Ацо Шопов – Невообичаено“ што се одржа во Скопје на 23 ноември. Од вчера, книгата е достапна и во книжарниците во Штип.

Инаку, овој настан беше втор што годинава го организира Филолошкиот факултет во Штип во чест на 100-годишнината од раѓањето на Шопов, по Меѓународната научна конференција која се одржа во мај, а како што најави деканката, Караниколова-Чочоровска, ќе има и трет, кога за неполн месец ќе биде промовиран Зборникот од Конференцијата.

The post И Штип му се поклони на Шопов со промоција на „Од онаа страна на Небиднината“ appeared first on Република.

Ацо Шопов – „Песна над песните“, избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/atso-shopov-pesna-nad-pesnite-izbor-od-poezijata-razmislite-kritikite-i-arhivskiot-materijal/ Mon, 20 Nov 2023 07:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=714188

Ново, несекојдневно читање на поезијата на Ацо Шопов во светлината на неговите размисли, изјави, коментари за поезијата, за животот, за војната, за болот, за љубовта, за човештвото… „Песна над песните“, која штотуку излезе во издание на „Сигмапрес“, претставува прв избор од поезијата на Шопов во кој неговите размисли за литературата и за општеството, како и критичките осврти кон неговото творештво се појавуваат како кратки одеци на песните. Извадоците од анализите на Димитар Митрев, Георги Старделов, Анте Поповски и други македонски толкувачи на творештвото на Шопов, сè до најмладите, како и коментарите на неговите познавачи надвор од границите на нашата земја, како што се Махмуд Хусеин (Египет), Едуар Ж. Моник (Маурициус), Марија Аурора Сааведра (Мексико), Кристина Е. Крамер и Роли Грау (САД), Ив Бержере (Франција) и други, отвараат разнострани насоки за читање на поезијата на Шопов.

Во овој избор, незборавната „Лузна“ од збирката „Небиднина“ (1963) се чита паралелно со стихови од „На Грамос“ (1950) и се доведува во дослух со детството на Шопов, како што неговите младешки творби од крајот на триесеттите години се доближуваат до подоцнежните песни од „Стихови за маката и радоста“ па сè до „Дрво на ридот“ (1980). „Сто години по раѓањето на авторот, времето во оваа книга се мери со аршините на поезијата, не на хронологијата“, забележува Јасмина Шопова во предговорот на книгата.

Во годината кога го одбележуваме јубилејот 100 години од раѓањето на македонскиот поет, „Песна над песните“ ја илустрира и докажува луцидната забелешка на Бахгат Елнади, alias Махмуд Хусеин, кој вели: „Поезијата на Ацо Шопов фасцинира со нејзината актуелност. Таа е пишувана пред неколку децении, а говори за она што се случува денес. Тоа е поезија против која времето не може ништо, зашто таа во себе носи нешто профетско. А нејзиниот автор останува наш современик“.

Вкоричени меѓу суптилниот портрет на поетот од Оља Ивањицки и ракописот на досега необјавените стихови од „Голема е твојата песна“, страниците на Песна над песните нудат една нова можност за читање и повторно откривање на творештвото на Шопов.

Објавувањето на „Песна над песните: Избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал“ од Ацо Шопов е остварено во рамките на националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а со поддршка од Министерството за култура и во соработка со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Книгата ќе биде промовирана, заедно со „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски („Дијалог“) и графичкиот омнибус „Небиднина“ („Флип Бук Букс“) во Кинотека, Скопје, на 23 ноември во 19 часот.

The post Ацо Шопов – „Песна над песните“, избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал appeared first on Република.

]]>

Ново, несекојдневно читање на поезијата на Ацо Шопов во светлината на неговите размисли, изјави, коментари за поезијата, за животот, за војната, за болот, за љубовта, за човештвото… „Песна над песните“, која штотуку излезе во издание на „Сигмапрес“, претставува прв избор од поезијата на Шопов во кој неговите размисли за литературата и за општеството, како и критичките осврти кон неговото творештво се појавуваат како кратки одеци на песните. Извадоците од анализите на Димитар Митрев, Георги Старделов, Анте Поповски и други македонски толкувачи на творештвото на Шопов, сè до најмладите, како и коментарите на неговите познавачи надвор од границите на нашата земја, како што се Махмуд Хусеин (Египет), Едуар Ж. Моник (Маурициус), Марија Аурора Сааведра (Мексико), Кристина Е. Крамер и Роли Грау (САД), Ив Бержере (Франција) и други, отвараат разнострани насоки за читање на поезијата на Шопов. Во овој избор, незборавната „Лузна“ од збирката „Небиднина“ (1963) се чита паралелно со стихови од „На Грамос“ (1950) и се доведува во дослух со детството на Шопов, како што неговите младешки творби од крајот на триесеттите години се доближуваат до подоцнежните песни од „Стихови за маката и радоста“ па сè до „Дрво на ридот“ (1980). „Сто години по раѓањето на авторот, времето во оваа книга се мери со аршините на поезијата, не на хронологијата“, забележува Јасмина Шопова во предговорот на книгата. Во годината кога го одбележуваме јубилејот 100 години од раѓањето на македонскиот поет, „Песна над песните“ ја илустрира и докажува луцидната забелешка на Бахгат Елнади, alias Махмуд Хусеин, кој вели: „Поезијата на Ацо Шопов фасцинира со нејзината актуелност. Таа е пишувана пред неколку децении, а говори за она што се случува денес. Тоа е поезија против која времето не може ништо, зашто таа во себе носи нешто профетско. А нејзиниот автор останува наш современик“. Вкоричени меѓу суптилниот портрет на поетот од Оља Ивањицки и ракописот на досега необјавените стихови од „Голема е твојата песна“, страниците на Песна над песните нудат една нова можност за читање и повторно откривање на творештвото на Шопов. Објавувањето на „Песна над песните: Избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал“ од Ацо Шопов е остварено во рамките на националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а со поддршка од Министерството за култура и во соработка со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Книгата ќе биде промовирана, заедно со „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски („Дијалог“) и графичкиот омнибус „Небиднина“ („Флип Бук Букс“) во Кинотека, Скопје, на 23 ноември во 19 часот.  

The post Ацо Шопов – „Песна над песните“, избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал appeared first on Република.

]]>