ацо ристов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aco-ristov/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Dec 2022 13:39:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ацо ристов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aco-ristov/ 32 32 Преку ноќ ја снема новогодишната елка во Радовиш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/preku-nok-ja-snema-novogodishnata-elka-vo-radovish/ Mon, 26 Dec 2022 13:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=590126

Радовишани заспаа со накитена елка, се разбудија со празен плоштад. Тие на социјалните мрежи прво се шегуваа дека некој им го украл Божик, за потоа да се рашират муабетите дека фирмата која го украсила градот не била платена, па решиле да го раскитат.

Градоначалникот Ацо Ристов за ММС потврди дека фирмата била таа која ја отстранила елката, но само затоа што ја поставиле без градот да им побара или без било каков договор.

Нема да дозволиме некој да нè уценува и рекетира, вели Ристов објаснувајќи дека фирмата, која што не сакаше да ја именува, со години наназат поставувала елка и го украсувала градот, така направила и оваа година, меѓутоа тоа го направила без пред тоа да склучи било каков договор со општината. Откако било направено украсувањето, фирмата од општината побарала 7.000 евра за елката и украсите, со тоа што тие не стануваат во трајна сопственост, туку само се изнајмуваат.

Почна и притисоците и уцените од фирмата дека доколку не се плати, ќе си ја соберат елката. Јас не сакам никој да ме уценува за нешто што не сме го побарале. Едноставно не сакав да продолжи оваа коруптивна шема, што била разработена во годините наназад. Реков дека нема да платиме и тие во саботата си ја собраа елката, додаде Ристов за ММС и вети дека радовишани ќе добијат и нова елка и нови украси и целосна новогодишна програма.

The post Преку ноќ ја снема новогодишната елка во Радовиш appeared first on Република.

]]>

Радовишани заспаа со накитена елка, се разбудија со празен плоштад. Тие на социјалните мрежи прво се шегуваа дека некој им го украл Божик, за потоа да се рашират муабетите дека фирмата која го украсила градот не била платена, па решиле да го раскитат. Градоначалникот Ацо Ристов за ММС потврди дека фирмата била таа која ја отстранила елката, но само затоа што ја поставиле без градот да им побара или без било каков договор. Нема да дозволиме некој да нè уценува и рекетира, вели Ристов објаснувајќи дека фирмата, која што не сакаше да ја именува, со години наназат поставувала елка и го украсувала градот, така направила и оваа година, меѓутоа тоа го направила без пред тоа да склучи било каков договор со општината. Откако било направено украсувањето, фирмата од општината побарала 7.000 евра за елката и украсите, со тоа што тие не стануваат во трајна сопственост, туку само се изнајмуваат.
Почна и притисоците и уцените од фирмата дека доколку не се плати, ќе си ја соберат елката. Јас не сакам никој да ме уценува за нешто што не сме го побарале. Едноставно не сакав да продолжи оваа коруптивна шема, што била разработена во годините наназад. Реков дека нема да платиме и тие во саботата си ја собраа елката, додаде Ристов за ММС и вети дека радовишани ќе добијат и нова елка и нови украси и целосна новогодишна програма.

The post Преку ноќ ја снема новогодишната елка во Радовиш appeared first on Република.

]]>
Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ristov-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/ Fri, 26 Aug 2022 14:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=544498

Почитувани сограѓани,

Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол.

Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас.

Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации.

Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба.

Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно.

За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас.

Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците.

Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат.

Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно.

Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш.

Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Почитувани сограѓани, Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол. Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас. Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации. Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба. Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно. За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас. Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците. Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат. Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно. Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш. Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ristov-salata-za-venchavanje-e-proekt-koj-radovishani-go-chekaa-so-godini/ Thu, 12 May 2022 12:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=501495

Денеска во Радовиш беше отворен нов простор за венчавање, кој и исто така ќе биде истовремено и мултифункционален. Односно во него ќе биде сместена и галерија, постојана галерија каде што уметниците ќе ги излагаат своите дела и каде што ќе креираат.

Во продолжение интегрален текст и видео од обраќањето на градоначалникот на општината Ацо Ристов:

Добар ден, да ви посакам добредојде едно топло во Радовиш, денеска сте сведоци на еден многу мил настан кој за радовишани многу значи, а тоа е отворање на нов простор за венчавање кој што исто така ќе биде истовремено и мултифункционален. Односно во него ќе биде сместена и галерија, постојана галерија каде што уметниците ќе ги излагаат своите дела и каде што ќе креираат.

Ова Општината Радовиш го направи по барање на граѓаните кои што со години просторот за венчавање им беше многу понижувачки да ви кажам искрено, меѓутоа сега го гледате она позади нас е тоа го крстивме – Музеј на љубовта и уметноста. Затоа што овде ќе се склучуваат бракови, овде ќе се случуваат најубавите настани. И се надеваме дека граѓаните во Радовиш конечно ќе добијат достоинствено место.

Освен овој проект денеска исто така ќе пуштиме уште два објекти во употреба, тоа е централната градска улица која што е комплетно реновирана со сета урбана опрема, со сите инфраструктурни објекти, тоа беше исто барање на граѓаните да стане таа конечно прометна улица бидејќи целиот простор и сето движење од овде беше уништено. Се надеваме сега со ставањето на улицата во промет овој дел од Радовиш ќе го заживееме.

Исто и Паркот на младите ќе доживее наскоро нови содржини и на тој начин ќе добие градот и граѓаните на ова место.

На крај ќе пуштиме уште една голема улица во употреба тоа е во Урбан блок 9 каде што граѓаните после долги години дојдоа до инфраструктурен објект улица која што ќе ја користат генерации, изјави Ристов.

The post Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години appeared first on Република.

]]>

Денеска во Радовиш беше отворен нов простор за венчавање, кој и исто така ќе биде истовремено и мултифункционален. Односно во него ќе биде сместена и галерија, постојана галерија каде што уметниците ќе ги излагаат своите дела и каде што ќе креираат. Во продолжение интегрален текст и видео од обраќањето на градоначалникот на општината Ацо Ристов: Добар ден, да ви посакам добредојде едно топло во Радовиш, денеска сте сведоци на еден многу мил настан кој за радовишани многу значи, а тоа е отворање на нов простор за венчавање кој што исто така ќе биде истовремено и мултифункционален. Односно во него ќе биде сместена и галерија, постојана галерија каде што уметниците ќе ги излагаат своите дела и каде што ќе креираат. Ова Општината Радовиш го направи по барање на граѓаните кои што со години просторот за венчавање им беше многу понижувачки да ви кажам искрено, меѓутоа сега го гледате она позади нас е тоа го крстивме – Музеј на љубовта и уметноста. Затоа што овде ќе се склучуваат бракови, овде ќе се случуваат најубавите настани. И се надеваме дека граѓаните во Радовиш конечно ќе добијат достоинствено место. Освен овој проект денеска исто така ќе пуштиме уште два објекти во употреба, тоа е централната градска улица која што е комплетно реновирана со сета урбана опрема, со сите инфраструктурни објекти, тоа беше исто барање на граѓаните да стане таа конечно прометна улица бидејќи целиот простор и сето движење од овде беше уништено. Се надеваме сега со ставањето на улицата во промет овој дел од Радовиш ќе го заживееме. Исто и Паркот на младите ќе доживее наскоро нови содржини и на тој начин ќе добие градот и граѓаните на ова место. На крај ќе пуштиме уште една голема улица во употреба тоа е во Урбан блок 9 каде што граѓаните после долги години дојдоа до инфраструктурен објект улица која што ќе ја користат генерации, изјави Ристов.

The post Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години appeared first on Република.

]]>
Мицкоски задоволен од работата на градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-zadovolen-od-rabotata-na-gradonachalnikot-na-radovish-aco-ristov/ Thu, 12 May 2022 12:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=501496

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на Сала за венчавање – Парк на млади.

Мицкоски е задоволен од работата на градоначалникот Ристов.

Во Радовиш завршени се и пуштени во употреба три проекти за 5 месеци. Според динамиката со која се одвиваат работите во Радовиш, ценам дека ќе имаме успешен резултат и за радовишани, но очекувам да има влијание и во околината, рече Мицкоски, кој очекува со несмалена динамика да продолжи реализацијата на ветеното.

Важно е да се работи, да се покаже дека не се сите исти, додаде тој.

Имаме влада која е обременета со криминал и којашто краде и имаме градоначалници кои се чесни и кои градат. Тоа е разликата меѓу едните и другите, односно меѓу нас и СДСМ и ДУИ, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски задоволен од работата на градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на Сала за венчавање – Парк на млади. Мицкоски е задоволен од работата на градоначалникот Ристов.
Во Радовиш завршени се и пуштени во употреба три проекти за 5 месеци. Според динамиката со која се одвиваат работите во Радовиш, ценам дека ќе имаме успешен резултат и за радовишани, но очекувам да има влијание и во околината, рече Мицкоски, кој очекува со несмалена динамика да продолжи реализацијата на ветеното.
Важно е да се работи, да се покаже дека не се сите исти, додаде тој.
Имаме влада која е обременета со криминал и којашто краде и имаме градоначалници кои се чесни и кои градат. Тоа е разликата меѓу едните и другите, односно меѓу нас и СДСМ и ДУИ, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски задоволен од работата на градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов appeared first on Република.

]]>
Ристов: За 100 дена во Радовиш се изгради мини брана за акумулирање вода за наводнување и сточарство во с. Злеово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ristov-za-100-dena-vo-radovish-se-izgradi-mini-brana-za-akumuliranje-voda-za-navodnuvanje-i-stocharstvo-vo-s-zleovo/ Wed, 02 Mar 2022 13:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=466495

Во овие 100 дена период на прилагодување, најпрво започнав со студиозен пристап на капацитетите на општинската администрација но и на сите поголеми и помали проекти од различни области, а кои се со подеднакво значење за развојот на општина Радовиш. Но, за жал, уште на почетокот наидов на многубројни и сериозни проблеми и предизвици од неодговорното и несовесно работење на претходната локална власт - истакна градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Ристов додаде при своето стапување на функцијата градоначалник затекнал сериозни проблеми во несовесното работење на образовните установи во делот на неискористување на одобрените финансии согласно потребите на учениците и образовниот кадар.

Благодарение на сериозниот и практичен пристап, се успеа да се набави потребна количина на наставни помагала и опрема од средства кои доколку не реагирал ќе беа повлечени како неискористени.

 

Веднаш започнавме со нова иницијатива за нова законска концесиска надомест од преработка на минерални суровини – односно одлагање на флотациска јаловина, која во иднина ќе претставува сериозна можност за нов прилив во општинскиот буџет, а која итекако ја заслужуваат граѓаните на општина Радовиш. Побарав целосна ревизија на договорот за уличното осветлување и покренав сериозна иницијатива преку сите можни институции за решавање на проблемот со превисоките цени на електричната енергија и очекувам овој сериозен проблем наскоро да добие позитивна завршница - изјави Ристов.

Тој посочи дека покренал иницијатива преку Министерството за труд и социјална политика за трајно решевање на статутот на вработените во детските градинки согласно закон, а со цел намалување на обврските на општинскиот буџет и превземање на истите од страна на централната власт.

Веднаш по преземањето на одговорноста прв човек на општина Радовиш, почнавме со изградба на новиот паркинг простор во урбаната заедница Комуна, како и изградба на нов градски пазар со што ќе го решат проблемот на граѓаните, особено на земјоделците.

 

Ќе потенцирам некои од проектите кои се завршени или започнати во првите 100 дена од мојот мандат:

 

- Асфалтирана е дел од улицата „Бел Камен“;

 

- Асфалтиран пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата;

 

- Асфалтиран пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничко место;

 

- Изградба на водовод и канализација на ул. кејска и ул 3 во УБ 9;

 

- Изградба на водовод и канализација на ул. бр 3 во УБ 9;

 

- Изградена мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с.Злеово;

 

- Исчистено речното корито на река Ступница во Подареш;

 

- Асфалтирање на спортско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица;

 

- Реализиран проекот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Кирил и Методиј“;

 

- Пуштено во употреба подрачно училиште во с.Калаузлија - нагласи Ристов.

Тој појасни дека исто така во тек се и неколку проекти кои сериозно ќе го подобрат квалитетот на живот во општина Радовиш.

Во тек е изградба на мултифункционална сала за венчавки со галерија, изградба на улица Кејска и ул бр. 3 во урбан блок 9.2, изградба на улица бр. 3 во урбан блок 9, изградба на моста на река Марлада, избран е изведувач за изградба на локален пат Дамјан-Погулево.

 

Ветивме дека Радовиш ќе биде еколошки и енергетски независен град.

 

- Набавивме ново возило во јавното претпријатие Плаваја за собирање на комунален отпад, ново после 30 години;

 

- Воведуваме субвенции за користење на велосипед и изградба на мали фотоволтаични проекти

 

- И она што е најважно, склучивме договор во износ од скоро милион евра за реализација на проектот зелена топлина - нагласи Ристов меѓу другото.

Ристов додаде дека за прв пат во Македонија воведуваат централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш, со можност за проширување на услугата и кон останатите објекти и станбени згради.

https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU

The post Ристов: За 100 дена во Радовиш се изгради мини брана за акумулирање вода за наводнување и сточарство во с. Злеово appeared first on Република.

]]>

Во овие 100 дена период на прилагодување, најпрво започнав со студиозен пристап на капацитетите на општинската администрација но и на сите поголеми и помали проекти од различни области, а кои се со подеднакво значење за развојот на општина Радовиш. Но, за жал, уште на почетокот наидов на многубројни и сериозни проблеми и предизвици од неодговорното и несовесно работење на претходната локална власт - истакна градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Ристов додаде при своето стапување на функцијата градоначалник затекнал сериозни проблеми во несовесното работење на образовните установи во делот на неискористување на одобрените финансии согласно потребите на учениците и образовниот кадар.
Благодарение на сериозниот и практичен пристап, се успеа да се набави потребна количина на наставни помагала и опрема од средства кои доколку не реагирал ќе беа повлечени како неискористени.   Веднаш започнавме со нова иницијатива за нова законска концесиска надомест од преработка на минерални суровини – односно одлагање на флотациска јаловина, која во иднина ќе претставува сериозна можност за нов прилив во општинскиот буџет, а која итекако ја заслужуваат граѓаните на општина Радовиш. Побарав целосна ревизија на договорот за уличното осветлување и покренав сериозна иницијатива преку сите можни институции за решавање на проблемот со превисоките цени на електричната енергија и очекувам овој сериозен проблем наскоро да добие позитивна завршница - изјави Ристов.
Тој посочи дека покренал иницијатива преку Министерството за труд и социјална политика за трајно решевање на статутот на вработените во детските градинки согласно закон, а со цел намалување на обврските на општинскиот буџет и превземање на истите од страна на централната власт.
Веднаш по преземањето на одговорноста прв човек на општина Радовиш, почнавме со изградба на новиот паркинг простор во урбаната заедница Комуна, како и изградба на нов градски пазар со што ќе го решат проблемот на граѓаните, особено на земјоделците.   Ќе потенцирам некои од проектите кои се завршени или започнати во првите 100 дена од мојот мандат:   - Асфалтирана е дел од улицата „Бел Камен“;   - Асфалтиран пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата;   - Асфалтиран пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничко место;   - Изградба на водовод и канализација на ул. кејска и ул 3 во УБ 9;   - Изградба на водовод и канализација на ул. бр 3 во УБ 9;   - Изградена мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с.Злеово;   - Исчистено речното корито на река Ступница во Подареш;   - Асфалтирање на спортско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица;   - Реализиран проекот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Кирил и Методиј“;   - Пуштено во употреба подрачно училиште во с.Калаузлија - нагласи Ристов.
Тој појасни дека исто така во тек се и неколку проекти кои сериозно ќе го подобрат квалитетот на живот во општина Радовиш.
Во тек е изградба на мултифункционална сала за венчавки со галерија, изградба на улица Кејска и ул бр. 3 во урбан блок 9.2, изградба на улица бр. 3 во урбан блок 9, изградба на моста на река Марлада, избран е изведувач за изградба на локален пат Дамјан-Погулево.   Ветивме дека Радовиш ќе биде еколошки и енергетски независен град.   - Набавивме ново возило во јавното претпријатие Плаваја за собирање на комунален отпад, ново после 30 години;   - Воведуваме субвенции за користење на велосипед и изградба на мали фотоволтаични проекти   - И она што е најважно, склучивме договор во износ од скоро милион евра за реализација на проектот зелена топлина - нагласи Ристов меѓу другото.
Ристов додаде дека за прв пат во Македонија воведуваат централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш, со можност за проширување на услугата и кон останатите објекти и станбени згради. https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU

The post Ристов: За 100 дена во Радовиш се изгради мини брана за акумулирање вода за наводнување и сточарство во с. Злеово appeared first on Република.

]]>