Абу Даби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abu-dabi/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 08:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Абу Даби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abu-dabi/ 32 32 Се отвора првата легална пивница во Абу Даби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-otvora-prvata-legalna-pivnitsa-vo-abu-dabi/ Thu, 14 Dec 2023 08:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=722782

Се отвора првата легална пивница во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Властите во емиратот Абу Даби му дадоа дозвола на гастропабот „Kraft bi Side Hustle“ да продава точено пиво кое се приготвува на лице место.

Планирано е производството да почне пред крајот на 2023 година.

Основањето е во сопственост на „Balmaghie Beverage Group“, која ќе стане првата компанија која легално произведува алкохол на Блискиот Исток по олеснувањето на законодавството во ОАЕ во 2020 година.

The post Се отвора првата легална пивница во Абу Даби appeared first on Република.

]]>

Се отвора првата легална пивница во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Властите во емиратот Абу Даби му дадоа дозвола на гастропабот „Kraft bi Side Hustle“ да продава точено пиво кое се приготвува на лице место. Планирано е производството да почне пред крајот на 2023 година. Основањето е во сопственост на „Balmaghie Beverage Group“, која ќе стане првата компанија која легално произведува алкохол на Блискиот Исток по олеснувањето на законодавството во ОАЕ во 2020 година.

The post Се отвора првата легална пивница во Абу Даби appeared first on Република.

]]>
УЕФА демантира дека финале на ЛШ ќе се игра во Абу Даби https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-demantira-deka-finale-na-lsh-ke-se-igra-vo-abu-dabi/ Wed, 06 Dec 2023 19:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=720491

Европската фудбалска федерација (УЕФА) демантираше дека е постигнат договор со Обединетите Арапски Емирати според кој Абу Даби до 2030 година треба да биде организатор на едно финале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Демантот доаѓа ден по информациите објавени во шпанскиот весник „Диарио“.

Шпанскиот медиум објави дека УЕФА постигнала договор со Обединетите Арапски Емирати вреден 2.2 милијарди евра, а сè би требало да бде ставено на хартија во февруари идната година.

ОД УЕФА нагласија дека не е прв пат шпанските таблоиди од сличен профил да шират невистини за раководното тело на европскиот фудбал, додавајќи оти оваа пракса зачестила со наближување на денот на одлуката на Европскиот суд на правдата за случајот Суперлига.

https://republika.mk/sport/fudbal/i-so-fudbalot-se-pretera-ligata-na-shampionite-ke-se-igra-vo-abu-dabi/

The post УЕФА демантира дека финале на ЛШ ќе се игра во Абу Даби appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска федерација (УЕФА) демантираше дека е постигнат договор со Обединетите Арапски Емирати според кој Абу Даби до 2030 година треба да биде организатор на едно финале во Лигата на шампиони (ЛШ). Демантот доаѓа ден по информациите објавени во шпанскиот весник „Диарио“. Шпанскиот медиум објави дека УЕФА постигнала договор со Обединетите Арапски Емирати вреден 2.2 милијарди евра, а сè би требало да бде ставено на хартија во февруари идната година. ОД УЕФА нагласија дека не е прв пат шпанските таблоиди од сличен профил да шират невистини за раководното тело на европскиот фудбал, додавајќи оти оваа пракса зачестила со наближување на денот на одлуката на Европскиот суд на правдата за случајот Суперлига. https://republika.mk/sport/fudbal/i-so-fudbalot-se-pretera-ligata-na-shampionite-ke-se-igra-vo-abu-dabi/

The post УЕФА демантира дека финале на ЛШ ќе се игра во Абу Даби appeared first on Република.

]]>
И со фудбалот се претера: Лигата на шампионите ќе се игра во Абу Даби https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/i-so-fudbalot-se-pretera-ligata-na-shampionite-ke-se-igra-vo-abu-dabi/ Tue, 05 Dec 2023 13:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=719718

УЕФА потпиша договор за соработка со Владата на ОАЕ за сума од 2,4 милијарди евра, врз основа на кој до 2030 година во Абу Даби ќе се игра барем едно финале од Лигата на шампионите. Овој договор е потпишан како форма на борба против Суперлигата, Саудијците и ФИФА.
Според шпанскиот весник „Диарио“, натпреварот за титулата европски првак наскоро би можел да биде преместен на Емирати, бидејќи УЕФА дозволила право да го пренесува натпреварувањето под нејзино покровителство.

 

The post И со фудбалот се претера: Лигата на шампионите ќе се игра во Абу Даби appeared first on Република.

]]>

УЕФА потпиша договор за соработка со Владата на ОАЕ за сума од 2,4 милијарди евра, врз основа на кој до 2030 година во Абу Даби ќе се игра барем едно финале од Лигата на шампионите. Овој договор е потпишан како форма на борба против Суперлигата, Саудијците и ФИФА. Според шпанскиот весник „Диарио“, натпреварот за титулата европски првак наскоро би можел да биде преместен на Емирати, бидејќи УЕФА дозволила право да го пренесува натпреварувањето под нејзино покровителство.  

The post И со фудбалот се претера: Лигата на шампионите ќе се игра во Абу Даби appeared first on Република.

]]>
Се расипа германскиот владин авион, министерка „заглави“ во Абу Даби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-rasipa-germanskiot-vladin-avion-ministerka-zaglavi-vo-abu-dabi/ Mon, 14 Aug 2023 13:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=672055

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок остана во Абу Даби поради уште еден дефект на владин авион.

Министерката патувала за Австралија, Нов Зеланд и Фиџи, а во Абу Даби морал да слета владиниот Ербас А340 за да наполни гориво, но и поради тоа што имало „механички проблем“, напиша портпаролот на Министерството Себастијан Фишер на социјалната мрежа Х.

Пилотот го забележал тоа дури откако авионот полетал од Абу Даби и го вратил, но пред тоа морал да кружи два часа за да исфрли 80 тони гориво, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Во 2018 година, дефектот на истиот авион доведе до фактот дека тогашната канцеларка Ангела Меркел и тогашниот министер за финансии Олаф Шолц мораа да земат комерцијален лет до самитот на Групата 20 во Аргентина, поради што доцнеле. Тогаш откажала дел од електрониката на тој авион, што влијаело на радио системот и системот за гориво.

Во мај Бербок мораше да остане еден ден подолго во Катар поради оштетена гума на авионот.

Денешниот проблем е последниот во низата германски државни авиони, од кои повеќето се стари. Од трите нови авиони А350 нарачани од Владата, два се веќе во употреба.

The post Се расипа германскиот владин авион, министерка „заглави“ во Абу Даби appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок остана во Абу Даби поради уште еден дефект на владин авион. Министерката патувала за Австралија, Нов Зеланд и Фиџи, а во Абу Даби морал да слета владиниот Ербас А340 за да наполни гориво, но и поради тоа што имало „механички проблем“, напиша портпаролот на Министерството Себастијан Фишер на социјалната мрежа Х. Пилотот го забележал тоа дури откако авионот полетал од Абу Даби и го вратил, но пред тоа морал да кружи два часа за да исфрли 80 тони гориво, пренесе германската новинска агенција ДПА. Во 2018 година, дефектот на истиот авион доведе до фактот дека тогашната канцеларка Ангела Меркел и тогашниот министер за финансии Олаф Шолц мораа да земат комерцијален лет до самитот на Групата 20 во Аргентина, поради што доцнеле. Тогаш откажала дел од електрониката на тој авион, што влијаело на радио системот и системот за гориво. Во мај Бербок мораше да остане еден ден подолго во Катар поради оштетена гума на авионот. Денешниот проблем е последниот во низата германски државни авиони, од кои повеќето се стари. Од трите нови авиони А350 нарачани од Владата, два се веќе во употреба.

The post Се расипа германскиот владин авион, министерка „заглави“ во Абу Даби appeared first on Република.

]]>
Верстапен со победа во Абу Даби ја запечати втората титула светски шампион во Формула 1 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-so-pobeda-vo-abu-dabi-ja-zapechati-vtorata-titula-svetski-shampion-vo-formula-1/ Sun, 20 Nov 2022 15:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=576162

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Абу Даби.

Втор на целта мина Шарл Леклер од Ферари со 8,771 секудни заостанување зад победникот.

Трет трката ја заврши Серхио Перез од Ред Бул кој доцнеше 10,093 секунди зад својот клупски колега.

Со трката во Абу Даби заврши сезоната 2022 во Формула 1.

Воедно, ова беше последната трка во кариерата за четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел кој денес го освои 10. место.

Од поодамна титулата светски шампион ја обезбеди Верстапен, втор пат по ред го освои трофејот. Вицешампионското место е за Леклер, негово најголемо достигнување во Ф1. Во 2019 година, возачот од Монако беше четврти на крајот на сезоната.

The post Верстапен со победа во Абу Даби ја запечати втората титула светски шампион во Формула 1 appeared first on Република.

]]>

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Абу Даби. Втор на целта мина Шарл Леклер од Ферари со 8,771 секудни заостанување зад победникот. Трет трката ја заврши Серхио Перез од Ред Бул кој доцнеше 10,093 секунди зад својот клупски колега. Со трката во Абу Даби заврши сезоната 2022 во Формула 1. Воедно, ова беше последната трка во кариерата за четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел кој денес го освои 10. место. Од поодамна титулата светски шампион ја обезбеди Верстапен, втор пат по ред го освои трофејот. Вицешампионското место е за Леклер, негово најголемо достигнување во Ф1. Во 2019 година, возачот од Монако беше четврти на крајот на сезоната.

The post Верстапен со победа во Абу Даби ја запечати втората титула светски шампион во Формула 1 appeared first on Република.

]]>
Стратешките проекти и влез на инвестиции од ОАЕ теми на дводневните состаноци на Бесими со Фондот за развој на Абу Даби https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strateshkite-proekti-i-vlez-na-investicii-od-oae-temi-na-dvodnevnite-sostanoci-na-besimi-so-fondot-za-razvoj-na-abu-dabi/ Tue, 22 Mar 2022 12:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=476631

Проекти кои се приоритетни за Владата на РС Македонија и кои имаат придонес во економскиот развој и можностите за нивно финансирање и унапредување на соработката со Обединетите Арапски Емирати, се теми на дводневните состаноци на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставници на инвестициски фондови од Обединетите Арапски Емирати, кои, иако планирани да се одржат во Абу Даби,  се одржуваат онлајн согласно антиркризните мерки за рационализација на трошоците.

По вчераодржаниот состанок со директорот за инвестиции во Фондот за развој на Абу Даби Мохамед Саиф Ал Суади, денеска министерот за финансии Фатмир Бесими одржа состанок со Калифа Алмхеири, извршен директор на Фондот за развој на Абу Даби.

Постои голем потенцијал за развој на сорабоктата меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава. Фондот за развој на Абу Даби е меѓународен инвеститор со инвестиции кои се проценуваат во повеќе милијарди долари, а присутен е и во развиени и во земји во развој во Северна Америка, Европа и Азија.

Покрај Планот за забрзан економски раст, кој нуди координирана поддршка за поттикнување на инвестициите на јавниот и приватниот сектор, на средбата министерот Бесими упати на институционалната поддршка за реализација на инвестициите во земјата и условите за инвестирање. Притоа додаде дека други значајни закони кои имаат за цел да го поттикнат и забрзаат економскиот раст преку привлекување и поддршка на инвеститори во земјата се Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Приоритетните области за  инвестиции кон кои е фокусирана Владата се  „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и технологијата; развој на човечкиот капитал; подобрување на физичката инфраструктура; социјална кохезија и добро владеење.

Како Влада, потенцира министерот, и покрај актуелните случувања во Украина и нивното влијание на глобално ниво, останува приоритет постигнување економски раст со стапки над 5 % во наредните години, засновани на растот на инвестициите и потрошувачката.

 

 

The post Стратешките проекти и влез на инвестиции од ОАЕ теми на дводневните состаноци на Бесими со Фондот за развој на Абу Даби appeared first on Република.

]]>

Проекти кои се приоритетни за Владата на РС Македонија и кои имаат придонес во економскиот развој и можностите за нивно финансирање и унапредување на соработката со Обединетите Арапски Емирати, се теми на дводневните состаноци на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставници на инвестициски фондови од Обединетите Арапски Емирати, кои, иако планирани да се одржат во Абу Даби,  се одржуваат онлајн согласно антиркризните мерки за рационализација на трошоците. По вчераодржаниот состанок со директорот за инвестиции во Фондот за развој на Абу Даби Мохамед Саиф Ал Суади, денеска министерот за финансии Фатмир Бесими одржа состанок со Калифа Алмхеири, извршен директор на Фондот за развој на Абу Даби. Постои голем потенцијал за развој на сорабоктата меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава. Фондот за развој на Абу Даби е меѓународен инвеститор со инвестиции кои се проценуваат во повеќе милијарди долари, а присутен е и во развиени и во земји во развој во Северна Америка, Европа и Азија. Покрај Планот за забрзан економски раст, кој нуди координирана поддршка за поттикнување на инвестициите на јавниот и приватниот сектор, на средбата министерот Бесими упати на институционалната поддршка за реализација на инвестициите во земјата и условите за инвестирање. Притоа додаде дека други значајни закони кои имаат за цел да го поттикнат и забрзаат економскиот раст преку привлекување и поддршка на инвеститори во земјата се Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Законот за технолошки индустриски развојни зони. Приоритетните области за  инвестиции кон кои е фокусирана Владата се  „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и технологијата; развој на човечкиот капитал; подобрување на физичката инфраструктура; социјална кохезија и добро владеење. Како Влада, потенцира министерот, и покрај актуелните случувања во Украина и нивното влијание на глобално ниво, останува приоритет постигнување економски раст со стапки над 5 % во наредните години, засновани на растот на инвестициите и потрошувачката.    

The post Стратешките проекти и влез на инвестиции од ОАЕ теми на дводневните состаноци на Бесими со Фондот за развој на Абу Даби appeared first on Република.

]]>