абсорпција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/absorpcija/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 19:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png абсорпција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/absorpcija/ 32 32 Произведена ткаенина која ќе апсорбира стакленички гасови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proizvedena-tkaenina-koja-kje-apsorbira-staklenichki-gasovi/ Tue, 24 May 2022 19:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=506168

Шведската конфекциска компанија „H&M“ и Институтот во Хонг Конг одлучија да ги поместат границите на одржливата мода и развија нова техника со која памучните ткаенини абсорбираат стакленички гасови од воздухот, со цел модната индустрија да го намали влијанието на климатските промени.

Пилот-проектот го спроведуваат вработени во ресторан во Стокхолм кои носат нови памучни престилки за да го апсорбираат јаглеродниот диоксид од воздухот.

Текстилната индустрија произведува големи количества јаглерод диоксид, поради што модните гиганти се под зголемен притисок да го решат тој проблем.

Истражувачкиот институт за текстил и облека во Хонг Конг (HKRITA) развил раствор кој содржи средство за третирање на памук, влакна, предиво или ткаенина, кое потоа делува на тој начин што го апсорбира јаглерод диоксидот, го задржува, а потоа го стабилизира и складира на површината на текстилот.

Со употреба на оваа техника, маичката може да апсорбира околу една третина од она што едно дрво апсорбира дневно.

Извршниот директор на HKRITA, Едвин Кех, вели дека неговиот тим бил инспириран од техниките за контрола на емисиите што се користат во оџаците на електраните на јаглен.

Многу електрани мора да прочистат што е можно повеќе јаглерод диоксид од воздухот пред да се ослободи гасот. Помисливме, зошто да не се обидеме да го повториме тој хемиски процес на памучни влакна - вели Кех.

Тој објаснува дека капацитетот за фаќање не е премногу висок, но ова е прилично едноставно и евтино за производство и дека има многу потенцијални примени.

Престилките се произведени од индонезискиот добавувач на „H&M“, користејќи постоечка опрема за тој третман - вели Кех.

По употребата, престилките се загреваат на 30-40 Целзиусови степени и потоа го испуштаат апсорбираниот јаглерод диоксид во стаклена градина, каде што гасот го преземаат растенијата.

The post Произведена ткаенина која ќе апсорбира стакленички гасови appeared first on Република.

]]>

Шведската конфекциска компанија „H&M“ и Институтот во Хонг Конг одлучија да ги поместат границите на одржливата мода и развија нова техника со која памучните ткаенини абсорбираат стакленички гасови од воздухот, со цел модната индустрија да го намали влијанието на климатските промени. Пилот-проектот го спроведуваат вработени во ресторан во Стокхолм кои носат нови памучни престилки за да го апсорбираат јаглеродниот диоксид од воздухот. Текстилната индустрија произведува големи количества јаглерод диоксид, поради што модните гиганти се под зголемен притисок да го решат тој проблем. Истражувачкиот институт за текстил и облека во Хонг Конг (HKRITA) развил раствор кој содржи средство за третирање на памук, влакна, предиво или ткаенина, кое потоа делува на тој начин што го апсорбира јаглерод диоксидот, го задржува, а потоа го стабилизира и складира на површината на текстилот. Со употреба на оваа техника, маичката може да апсорбира околу една третина од она што едно дрво апсорбира дневно. Извршниот директор на HKRITA, Едвин Кех, вели дека неговиот тим бил инспириран од техниките за контрола на емисиите што се користат во оџаците на електраните на јаглен.