абориџини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aboridzini/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Oct 2023 11:50:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png абориџини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aboridzini/ 32 32 Австралијците на референдум го отфрлија внесувањето на Абориџините во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstralijtsite-na-referendum-go-otfrlija-vnesuvaneto-na-aboridhinite-vo-ustavot/ Sat, 14 Oct 2023 11:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=691151

По пребројани 45 проценти од гласовите низ целата земја, „не“ води со 57,35 проценти наспроти 42,65 „за“. Австралиската телевизија ABC и другите мрежи предвидоа дека најмалку четири сојузни држави - Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија - ќе гласаат против измените на 122-годишниот устав.

За референдумот да успее, најмалку четири од шесте сојузни држави мора да го поддржат предлогот, заедно со мнозинството на национално ниво.

Поради австралиските временски зони, гласањето во Западна Австралија продолжува иако е познат резултатот од референдумот.

Австралијците заокружија „да“ или „не“ на гласачкото ливче кое ги праша дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае народите на Абориџините и на островот Торес Теснец преку создавање на домородни советодавно тело во парламентот наречено „Гласот на Парламентот“.

- Јас сум уништен. Ни треба глас. Ни треба таа структурна промена - изјави за ABC News водачот на Абориџините Томас Мајо.

Абориџинското население на Австралија денес сочинува 3,8 отсто од вкупното население од 26 милиони. Тие живеат на австралискиот континент речиси 60 илјади години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.

The post Австралијците на референдум го отфрлија внесувањето на Абориџините во Уставот appeared first on Република.

]]>

По пребројани 45 проценти од гласовите низ целата земја, „не“ води со 57,35 проценти наспроти 42,65 „за“. Австралиската телевизија ABC и другите мрежи предвидоа дека најмалку четири сојузни држави - Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија - ќе гласаат против измените на 122-годишниот устав. За референдумот да успее, најмалку четири од шесте сојузни држави мора да го поддржат предлогот, заедно со мнозинството на национално ниво. Поради австралиските временски зони, гласањето во Западна Австралија продолжува иако е познат резултатот од референдумот. Австралијците заокружија „да“ или „не“ на гласачкото ливче кое ги праша дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае народите на Абориџините и на островот Торес Теснец преку создавање на домородни советодавно тело во парламентот наречено „Гласот на Парламентот“. - Јас сум уништен. Ни треба глас. Ни треба таа структурна промена - изјави за ABC News водачот на Абориџините Томас Мајо. Абориџинското население на Австралија денес сочинува 3,8 отсто од вкупното население од 26 милиони. Тие живеат на австралискиот континент речиси 60 илјади години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.

The post Австралијците на референдум го отфрлија внесувањето на Абориџините во Уставот appeared first on Република.

]]>