аболиција на Иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abolitsija-na-ivanov/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Oct 2023 09:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аболиција на Иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abolitsija-na-ivanov/ 32 32 Аболицијата на Иванов дадена на Врховен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abolitsijata-na-ivanov-dadena-na-vrhoven/ Tue, 10 Oct 2023 09:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=689777

Адвокатот Миле Наумовски од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд на Република  Македонија во која бара утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов донесе одлука за аболиција на повеќе од 50 лица, политичари и нивни блиски соработници осомничени од СЈО, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, во Собранието беа донесени измени на Законот за помилување, со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Иванов, потоа соопшти дека донел одлука да ги поништи одлуките за аболиција на 22 лица, меѓу кои има и лица кои досега не со обратиле до неговиот Кабинет со такво барање.

Судот има рок од шест месеци да расправа по однос на Иницијативата. Позитивен начелен став на највисокиот суд би значел потврда на помилувањата што ги даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов

The post Аболицијата на Иванов дадена на Врховен appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Миле Наумовски од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд на Република  Македонија во која бара утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов донесе одлука за аболиција на повеќе од 50 лица, политичари и нивни блиски соработници осомничени од СЈО, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, во Собранието беа донесени измени на Законот за помилување, со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Иванов, потоа соопшти дека донел одлука да ги поништи одлуките за аболиција на 22 лица, меѓу кои има и лица кои досега не со обратиле до неговиот Кабинет со такво барање. Судот има рок од шест месеци да расправа по однос на Иницијативата. Позитивен начелен став на највисокиот суд би значел потврда на помилувањата што ги даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов

The post Аболицијата на Иванов дадена на Врховен appeared first on Република.

]]>
Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-vrhoven-za-transporter-odluchi-deka-vazhi-abolitsijata-od-ivanov-ke-vazhi-i-za-site-drugi-sluchai/ Mon, 05 Jun 2023 07:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=647803

Доколку одлуката на Врховниот суд за случајот „Транспортер“ биде дека е важечка аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорге Иванов тоа ќе биде јасен показтел во кој правец ќе се движат и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.

Она што е важно дека одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов.

Ова доаѓа откако на средината на февруари Стразбур се изјасни дека барањето дали важат аболициите е преурането и оти апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови.

Обвинетите од СЈО мора да ги поминат сите домашни редовни и вонредни правни лекови што им стојат на располагање, односно Апелацискиот и Врховниот суд, па дури тогаш да ја тужат државата.

Зад тужбата стојат Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други, коишто беа опфатени со аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а се обвинети во предметите кои ги отвори поранешното СЈО.

Тие доставија жалба во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена.

Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.

The post Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи appeared first on Република.

]]>

Доколку одлуката на Врховниот суд за случајот „Транспортер“ биде дека е важечка аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорге Иванов тоа ќе биде јасен показтел во кој правец ќе се движат и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур. Она што е важно дека одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов. Ова доаѓа откако на средината на февруари Стразбур се изјасни дека барањето дали важат аболициите е преурането и оти апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови. Обвинетите од СЈО мора да ги поминат сите домашни редовни и вонредни правни лекови што им стојат на располагање, односно Апелацискиот и Врховниот суд, па дури тогаш да ја тужат државата. Зад тужбата стојат Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други, коишто беа опфатени со аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а се обвинети во предметите кои ги отвори поранешното СЈО. Тие доставија жалба во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена. Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.

The post Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи appeared first on Република.

]]>
Судот во Стразбур не пресуди: Преуранета е жалбата за аболициите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ne-presudi-preuraneta-e-zhalbata-za-abolitsiite/ Thu, 16 Feb 2023 09:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=609623

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери.

ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк.

Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите

The post Судот во Стразбур не пресуди: Преуранета е жалбата за аболициите appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк. Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите

The post Судот во Стразбур не пресуди: Преуранета е жалбата за аболициите appeared first on Република.

]]>