Абдуљфета Алими Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abduljfeta-alimi/ За подобро да се разбереме Tue, 30 May 2023 14:58:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Абдуљфета Алими Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abduljfeta-alimi/ 32 32 Зијадин Села го пречека Абдуљфета Алими, еден од осудените за „27 април“ кој денеска излезе од затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zijadin-sela-go-precheka-abdulfeta-alimi-eden-od-osudenite-za-27-april-koj-deneska-izleze-od-zatvor/ Tue, 30 May 2023 14:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=646180

Поранешниот вработен во обезбедувањето во Собранието, Абдуљфета Алими, кој беше осуден за настаните од „27 април“, по поминати шест години во затвор, денеска излезе на слобода, потврди за МИА директорот КПД „Идризово“ Зоран Јовановски.

Веста на својот фејсбук профил со видео - стрим ја потврди и поранешниот пратеник и екс претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој беше меѓу групата од повеќе лица кои го пречекаа Алими.

Села изјави дека го смета Алими за брат, бидејќи во настаните во Собранието на 27 април му го спасил животот.

Тој беше правосилно осуден на 6 години затвор за настаните од 27 април 2017 година затоа што му ги дал клучевите од собраниските врати на Горан Ѓошевски (началник на личното обезбедување на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски). Алими, на судењата, тврдеше дека само постапувал по наредба на надредените и дека во моментот кога му ги дал клучевите на Ѓошевски, едната собраниска врата веќе била отворена.

За настаните во Собранието беа обвинети 33 лица, кои се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок. Од нив 15 беа амнестирани со Законот за амнестија.

The post Зијадин Села го пречека Абдуљфета Алими, еден од осудените за „27 април“ кој денеска излезе од затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вработен во обезбедувањето во Собранието, Абдуљфета Алими, кој беше осуден за настаните од „27 април“, по поминати шест години во затвор, денеска излезе на слобода, потврди за МИА директорот КПД „Идризово“ Зоран Јовановски. Веста на својот фејсбук профил со видео - стрим ја потврди и поранешниот пратеник и екс претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој беше меѓу групата од повеќе лица кои го пречекаа Алими. Села изјави дека го смета Алими за брат, бидејќи во настаните во Собранието на 27 април му го спасил животот. Тој беше правосилно осуден на 6 години затвор за настаните од 27 април 2017 година затоа што му ги дал клучевите од собраниските врати на Горан Ѓошевски (началник на личното обезбедување на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски). Алими, на судењата, тврдеше дека само постапувал по наредба на надредените и дека во моментот кога му ги дал клучевите на Ѓошевски, едната собраниска врата веќе била отворена. За настаните во Собранието беа обвинети 33 лица, кои се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок. Од нив 15 беа амнестирани со Законот за амнестија.  

The post Зијадин Села го пречека Абдуљфета Алими, еден од осудените за „27 април“ кој денеска излезе од затвор appeared first on Република.

]]>
Села: Неизмерно се израдував за Фета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-neizmerno-se-izraduvav-za-feta/ Fri, 18 Mar 2022 09:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=474821

Претседателот Стево Пендаровски донесе Одлука за помилување на осудени лица.

Со Одлуката целосно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор Александар Трајан Петровски од Скопје. Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Неџмедин Расим Матоши од Скопје во траење од четири месеци, Димитар Милија Мишков од Скопје во траење од три месеци, Абдуљфета Амид Алими од с. Оризаре Општина Липково во траење од осум месеци и Џафер Џемаиљ Небија од с. Арачиново во траење од пет месеци, стои во одлуката број 08-271/1 што е објавена во Службен весник на Република Македонија.

По одлуката на претседателот на социјалните мрежи се огласи Зијадин Села, кој објави фотографија со Абдуљфета Амид Алими.

Неизмерно се израдував за Фета, за кого осум месеци помилување не се ништо во споредба со седум години неправедно осуден. Треба да бидеш слободен, а не помилуван пријателе, напиша Села под објавената фотографија.

Според Кабинетот на претседателот, помилувањата се спроведени согласно со законска процедура, а сите лица кои се помилувани ги исполнуваат условите за такво нешто.

The post Села: Неизмерно се израдував за Фета appeared first on Република.

Пендаровски го помилува Алими, за кој Села тврдеше дека му го спасил животот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-pomiluva-alimi-za-koj-sela-tvrdeshe-deka-mu-go-spasil-zivotot/ Thu, 17 Mar 2022 21:08:54 +0000 https://republika.mk/?p=474609

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за помилување на осудени лица, а на листата се наоѓа и името на Абдуљфета Алими, членот на собраниското обезбедување кој беше осуден за настаните од 27 април, за кого, пак, лидерот на Алијанса за Албанците тврдеше дека му го спасил животот, објави 360 степени.

На листата која Пендаровски ја потпишал вчера, а денеска е објавена во Службен весник, има уште четири други лица.

Потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор лицето Александар Петровски. Делумно се ослободуваат од издржување казна затвор лицата Абдуљфета Алими (во траење од 8 месеци), Неџмедин Матоши (4 месеци) Димитар Мишков (3 месеци) и Џафер Небија (5 месеци).

The post Пендаровски го помилува Алими, за кој Села тврдеше дека му го спасил животот appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за помилување на осудени лица, а на листата се наоѓа и името на Абдуљфета Алими, членот на собраниското обезбедување кој беше осуден за настаните од 27 април, за кого, пак, лидерот на Алијанса за Албанците тврдеше дека му го спасил животот, објави 360 степени. На листата која Пендаровски ја потпишал вчера, а денеска е објавена во Службен весник, има уште четири други лица. Потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор лицето Александар Петровски. Делумно се ослободуваат од издржување казна затвор лицата Абдуљфета Алими (во траење од 8 месеци), Неџмедин Матоши (4 месеци) Димитар Мишков (3 месеци) и Џафер Небија (5 месеци).

The post Пендаровски го помилува Алими, за кој Села тврдеше дека му го спасил животот appeared first on Република.

]]>