абдулфета алими Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abdulfeta-alimi/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 09:01:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png абдулфета алими Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abdulfeta-alimi/ 32 32 Кабинет на Пендаровски: Алими ги има исполнето условите предвидени со законот за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinet-na-pendarovski-alimi-gi-ima-ispolneto-uslovite-predvideni-so-zakonot-za-pomiluvanje/ Fri, 18 Mar 2022 14:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=475066

Шефот на државата Стево Пендаровски досега во својот мандат најчесто давал делумни помилувања, со тоа што им крател три до осум месеци од казните на осудениците, додека целосни помилувања давал само кога здравствената состојба на лицата е во животно загрозувачка.

Ова е дел од објаснувањето кое го објавија од кабинетот на претседателот по последната одлука за помилување, објавена вчера во Службен весник, а со која се опфатени пет лица, од кои само едно е целосно, а другите се делумно помилувани.

Помилувањето е институт кој има корективна функција. Дејствата што ги предизвикува помилувањето се овозможување и забрзување на ресоцијализацијата на осудените лица, а со тоа и остварувањето на целите на казнувањето и извршувањето на казната. Претседателот Пендаровски, во текот на неговиот мандат потполни помилувања има дадено само во ситуации кога граѓаните кои ги бараат се во животозагрозувачка здравствена состојба. Потенцираме дека претседателот Пендаровски најчесто дава делумни помилувања односно 3-8 месеци, и тоа во случаи кога граѓаните кои бараат помилување имаат за отслужување уште неколку години од казната, и кога во нивните случаи биле исполнети горенаведените предуслови, велат од кабинетот на Пендаровски.

За петтемина помилувани, меѓу кои и членот на собраниското обезбедување Абдулфета Алими од случајот „27 април“, за кој Зијадин Села тврдеше дека му го спасил животот, оттаму нагласуваат дека сите ги исполнуваат условите и за сите Комисијата за помилувања дала позитивен предлог. Еден од помилуваните, нагласуваат од кабинетот, не е повратник од странски боишта.

Во однос на предметите опфатени со последната одлука за помилување на осудени лица, Комисијата за помилување даде позитивен предлог. Лицето Абдуљфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса. Александар Петровски, потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор, бидејќи станува збор за граѓанин со тешка и животозагрозувачка здравствена состојба. Не станува збор за повратник од странски боишта, велат од кабинетот.

Од претседателскиот кабинет нагласуваат дека основните предуслови некој да биде помилуван се во насока тој да има добро поведени, да покажал каење за стореното дело, да почнал со отслужување на казната и да не станува збор за повторник или лице кое има повеќе дела за кои треба да одговара и во иднина.

Оттаму објаснуваат дека постојат и два вина на помилување:

Редовни, односно кога лица и граѓани на земјава индивидуално испраќаат молби за помилување до Министерството за правда, кои потоа се доставуваат до кабинетот на претседателот, односно Комисијата за помилување која детално ги разгледува и потоа му доставува предлози на претседателот;
Групните помилувања се втора категорија и за нив постапката се одвива двапати годишно, за 2 Август – Илинден, и новогодишните празници. За групните помилувања, предлозите до Министерство за правда пристигнуваат од казнено-поправните домови, а не по индивидуални барања на лицата кои отслужуваат казна.
И за групните, како и за редовните помилувања, предлозите ги доставува Министерството за правда до Комисијата за помилување, која доставува мислење до претседателот кој потоа одлучува за секој случај поединечно.

 

The post Кабинет на Пендаровски: Алими ги има исполнето условите предвидени со законот за помилување appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата Стево Пендаровски досега во својот мандат најчесто давал делумни помилувања, со тоа што им крател три до осум месеци од казните на осудениците, додека целосни помилувања давал само кога здравствената состојба на лицата е во животно загрозувачка. Ова е дел од објаснувањето кое го објавија од кабинетот на претседателот по последната одлука за помилување, објавена вчера во Службен весник, а со која се опфатени пет лица, од кои само едно е целосно, а другите се делумно помилувани.
Помилувањето е институт кој има корективна функција. Дејствата што ги предизвикува помилувањето се овозможување и забрзување на ресоцијализацијата на осудените лица, а со тоа и остварувањето на целите на казнувањето и извршувањето на казната. Претседателот Пендаровски, во текот на неговиот мандат потполни помилувања има дадено само во ситуации кога граѓаните кои ги бараат се во животозагрозувачка здравствена состојба. Потенцираме дека претседателот Пендаровски најчесто дава делумни помилувања односно 3-8 месеци, и тоа во случаи кога граѓаните кои бараат помилување имаат за отслужување уште неколку години од казната, и кога во нивните случаи биле исполнети горенаведените предуслови, велат од кабинетот на Пендаровски.
За петтемина помилувани, меѓу кои и членот на собраниското обезбедување Абдулфета Алими од случајот „27 април“, за кој Зијадин Села тврдеше дека му го спасил животот, оттаму нагласуваат дека сите ги исполнуваат условите и за сите Комисијата за помилувања дала позитивен предлог. Еден од помилуваните, нагласуваат од кабинетот, не е повратник од странски боишта.
Во однос на предметите опфатени со последната одлука за помилување на осудени лица, Комисијата за помилување даде позитивен предлог. Лицето Абдуљфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса. Александар Петровски, потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор, бидејќи станува збор за граѓанин со тешка и животозагрозувачка здравствена состојба. Не станува збор за повратник од странски боишта, велат од кабинетот.
Од претседателскиот кабинет нагласуваат дека основните предуслови некој да биде помилуван се во насока тој да има добро поведени, да покажал каење за стореното дело, да почнал со отслужување на казната и да не станува збор за повторник или лице кое има повеќе дела за кои треба да одговара и во иднина. Оттаму објаснуваат дека постојат и два вина на помилување: Редовни, односно кога лица и граѓани на земјава индивидуално испраќаат молби за помилување до Министерството за правда, кои потоа се доставуваат до кабинетот на претседателот, односно Комисијата за помилување која детално ги разгледува и потоа му доставува предлози на претседателот; Групните помилувања се втора категорија и за нив постапката се одвива двапати годишно, за 2 Август – Илинден, и новогодишните празници. За групните помилувања, предлозите до Министерство за правда пристигнуваат од казнено-поправните домови, а не по индивидуални барања на лицата кои отслужуваат казна. И за групните, како и за редовните помилувања, предлозите ги доставува Министерството за правда до Комисијата за помилување, која доставува мислење до претседателот кој потоа одлучува за секој случај поединечно.  

The post Кабинет на Пендаровски: Алими ги има исполнето условите предвидени со законот за помилување appeared first on Република.

]]>
Пендаровски набрзо ќе соопшти детали околу помилувањето на Абдулфета Алими https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nabrzo-kje-soopshti-detali-okolu-pomiluvanjeto-na-abdulfeta-alimi/ Fri, 18 Mar 2022 10:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=474925

Поради интерес на повеќе медиуми, Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, ќе излезе со детали околу помилувањето на Абдулфета Алими.

Првичната реакција беше дека Министерството за правда доставува предлози за помилување до Кабинетот на претседателот. Комисијата за помилување како работно тело на претседателот ги разгледува и проценува предметите и му доставува предлози на претседателот кои лица да бидат помилувани согласно законските основи.

Во однос на помилуваните лица, за кои е објавена одлуката во Службен весник, вклучително и Абдулфета Алими, се лица кои ги исполнуваат условите за кои Комисијата дала позитивна препорака.

Алими беше осуден на затворска казна од шест години за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија. Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, на судскиот процес сведочеше и тврдеше дека токму тој, Алими, му го спасил животот.

И ова помилување од страна на претседателот Пендаровски не поминува без реакции во јавноста. Чинот со помилувањето на Алими наиде од целосно одобрување до забелешки за селективен пристап, и тоа по етничка линија, на осудените за настаните од 27 април.

За Нова година пропадна обидот за помилување. Тогаш на предложената листа од страна на Министерството за правда се наоѓаа имиња на 48 лица. Меѓу нив и тие на бизнисменот Сеат Кочан, на контроверзниот и клучен сведок врз чии изјави се темелеше и целото обвинение за настаните од 27 април, Александар Василевски-Нинџа, како и Бобан Илиќ, осуден за убиство на 4-годишниот Алмир во Куманово, чиј татко е угледен член на владејачкиот СДСМ.

По жестоките реакции во јавноста, тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ го повлече списокот, префрлајќи ја вината врз затворските директори.

Интересот на медиумите за образложението за помилувањето на Алими произлегува од фактот дека тој е првиот осуденик за настаните од 27 април, кој ќе се најде на слобода.

Ова од една страна, а од друга тој чин фрла огромни сомнежи како врз обвинителството, така и врз судот. Зашто, ќе стане очигледно дека не посветиле внимание на клучното сведочење на Села и дозволиле неговиот фактички спасител невино да мине неколку години в затвор. Главен обвинител во случајот беше шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а судија Добрила Кацарска, која сега е прв човек на Уставниот суд.

 

The post Пендаровски набрзо ќе соопшти детали околу помилувањето на Абдулфета Алими appeared first on Република.

]]>

Поради интерес на повеќе медиуми, Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, ќе излезе со детали околу помилувањето на Абдулфета Алими. Првичната реакција беше дека Министерството за правда доставува предлози за помилување до Кабинетот на претседателот. Комисијата за помилување како работно тело на претседателот ги разгледува и проценува предметите и му доставува предлози на претседателот кои лица да бидат помилувани согласно законските основи. Во однос на помилуваните лица, за кои е објавена одлуката во Службен весник, вклучително и Абдулфета Алими, се лица кои ги исполнуваат условите за кои Комисијата дала позитивна препорака. Алими беше осуден на затворска казна од шест години за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија. Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, на судскиот процес сведочеше и тврдеше дека токму тој, Алими, му го спасил животот. И ова помилување од страна на претседателот Пендаровски не поминува без реакции во јавноста. Чинот со помилувањето на Алими наиде од целосно одобрување до забелешки за селективен пристап, и тоа по етничка линија, на осудените за настаните од 27 април. За Нова година пропадна обидот за помилување. Тогаш на предложената листа од страна на Министерството за правда се наоѓаа имиња на 48 лица. Меѓу нив и тие на бизнисменот Сеат Кочан, на контроверзниот и клучен сведок врз чии изјави се темелеше и целото обвинение за настаните од 27 април, Александар Василевски-Нинџа, како и Бобан Илиќ, осуден за убиство на 4-годишниот Алмир во Куманово, чиј татко е угледен член на владејачкиот СДСМ. По жестоките реакции во јавноста, тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ го повлече списокот, префрлајќи ја вината врз затворските директори. Интересот на медиумите за образложението за помилувањето на Алими произлегува од фактот дека тој е првиот осуденик за настаните од 27 април, кој ќе се најде на слобода. Ова од една страна, а од друга тој чин фрла огромни сомнежи како врз обвинителството, така и врз судот. Зашто, ќе стане очигледно дека не посветиле внимание на клучното сведочење на Села и дозволиле неговиот фактички спасител невино да мине неколку години в затвор. Главен обвинител во случајот беше шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а судија Добрила Кацарска, која сега е прв човек на Уставниот суд.  

The post Пендаровски набрзо ќе соопшти детали околу помилувањето на Абдулфета Алими appeared first on Република.

]]>