Абазовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abazovikj/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 11:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Абазовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abazovikj/ 32 32 Абазовиќ: Мојата влада падна поради борбата против криминалот која налути многумина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-mojata-vlada-padna-poradi-borbata-protiv-kriminalot-koja-naluti-mnogumina/ Tue, 07 Nov 2023 11:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=699136

Поранешниот претседател на црногорската влада Дритан Абазовиќ тврди дека неговиот кабинет во август минатата година не падна поради Основниот договор што го потпишал со Српската православна црква, туку поради „бескомпромисната борба против криминалот“.

Тој исто така тврди дека таа влада не е формирана со поддршка на ДПС, туку, како што вели, со гласови на пратеници во државниот парламент.

Абазовиќ во емисијата „Наглас“ рече дека доказите за криминални активности во Црна Гора се на безбедно, а на потег се институциите одговорни за борба против криминалот и корупцијата.

Тој нагласи дека никој не е недопирлив, туку сите се еднакви пред законот и изрази уверување дека Црна Гора никогаш не видела таков вид на демократски напредок што го видела за време на неговата влада.

Сè може да се случи, на цивилизиран, достоинствен, културен начин, имаме и нов состав на парламентот, рече Абазовиќ.

Тој е убеден дека неговата, 43-та Влада, има такви резултати што новоформираната, како што наведува, нема да може да ги надмине и достигне.

Нема мафија која не е нападната. Ги таргетирав сите, со ваков тип на обвинителство и судство, веројатно ќе потрае малку време, рече Абазовиќ, кој сега е лидер на опозициското Граѓанско движење Ура.

The post Абазовиќ: Мојата влада падна поради борбата против криминалот која налути многумина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на црногорската влада Дритан Абазовиќ тврди дека неговиот кабинет во август минатата година не падна поради Основниот договор што го потпишал со Српската православна црква, туку поради „бескомпромисната борба против криминалот“. Тој исто така тврди дека таа влада не е формирана со поддршка на ДПС, туку, како што вели, со гласови на пратеници во државниот парламент. Абазовиќ во емисијата „Наглас“ рече дека доказите за криминални активности во Црна Гора се на безбедно, а на потег се институциите одговорни за борба против криминалот и корупцијата. Тој нагласи дека никој не е недопирлив, туку сите се еднакви пред законот и изрази уверување дека Црна Гора никогаш не видела таков вид на демократски напредок што го видела за време на неговата влада.
Сè може да се случи, на цивилизиран, достоинствен, културен начин, имаме и нов состав на парламентот, рече Абазовиќ.
Тој е убеден дека неговата, 43-та Влада, има такви резултати што новоформираната, како што наведува, нема да може да ги надмине и достигне.
Нема мафија која не е нападната. Ги таргетирав сите, со ваков тип на обвинителство и судство, веројатно ќе потрае малку време, рече Абазовиќ, кој сега е лидер на опозициското Граѓанско движење Ура.

The post Абазовиќ: Мојата влада падна поради борбата против криминалот која налути многумина appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Иднината на сите е во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-idninata-na-site-e-vo-eu/ Mon, 16 Oct 2023 10:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=691653

Иднината на сите е во ЕУ, изјави во Тирана премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и нагласи дека одржувањето на самитот во Берлинскиот процес е многу добар знак.

„Ова е многу добар знак, премиерот Рама ја приближи цела Европа во Тирана и во Западен Балкан, тоа е многу добар знак“, рече тој.

Самитот ги зближи и домаќинот Рама и неговиот косовски колега Албин Курти.

-Пред неколку дена се избегнуваа на стадион „Ер Албанија“, на натпреварот Албанија-Чешка, денеска ги „обедини“ Самитот на Берлинскиот процес, Рама и Курти се ракуваа на црвениот тепих . Односите меѓу двајцата лидери се очигледно напнати по последните случувања меѓу Косово и Србија и односот на шефот на албанската влада во врска со тоа, наведуваат медиумите.

Рама му ја подаде раката на Курти и двајцата им позираа на фотографите пред Курти да влезе во зградата.

По Курти, премиерот Рама го дочека и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со кого исто така имаат заладени односи поради случајот „Берели“.

The post Абазовиќ: Иднината на сите е во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Иднината на сите е во ЕУ, изјави во Тирана премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и нагласи дека одржувањето на самитот во Берлинскиот процес е многу добар знак. „Ова е многу добар знак, премиерот Рама ја приближи цела Европа во Тирана и во Западен Балкан, тоа е многу добар знак“, рече тој. Самитот ги зближи и домаќинот Рама и неговиот косовски колега Албин Курти. -Пред неколку дена се избегнуваа на стадион „Ер Албанија“, на натпреварот Албанија-Чешка, денеска ги „обедини“ Самитот на Берлинскиот процес, Рама и Курти се ракуваа на црвениот тепих . Односите меѓу двајцата лидери се очигледно напнати по последните случувања меѓу Косово и Србија и односот на шефот на албанската влада во врска со тоа, наведуваат медиумите. Рама му ја подаде раката на Курти и двајцата им позираа на фотографите пред Курти да влезе во зградата. По Курти, премиерот Рама го дочека и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со кого исто така имаат заладени односи поради случајот „Берели“.

The post Абазовиќ: Иднината на сите е во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Шест лица осомничени за ископаниот тунел, а камионот е пронајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-shest-litsa-osomnicheni-za-iskopaniot-tunel-a-kamionot-e-pronajden/ Wed, 13 Sep 2023 19:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=681697

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека шест лица се осомничени дека ископале тунел под Вишиот суд, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено.

Неверојатно е дека Вишиот суд не можел да постави камера во депото, чини околу сто евра, мислам, да има видео надзор. Депото изгледа како од рубриката Верувате или не. Архивата во Врховното обвинителство изгледа исто, голем институционален проблем“, изјави Абазовиќ за РТЦГ.

Депото на Вишиот суд во Подгорица е урнато и до него е ископан тунел, чиј почеток е во стан на соседна зграда, што се наоѓа спроти споредната зграда на судот, во центарот на Подгорица.

Зградата на Вишиот суд беше во реконструкција во последните месеци, а тој дел од Подгорица е вмрежен со тунели од претходниот период. Во депото биле чувани документи од истраги, материјали одземени при увид и значително количество дрога запленета при полициски акции. Тунелот го откриле судски службеници кога почувствувале провев.

Бирото за оперативна координација на органите на разузнавачкиот и безбедносниот сектор (БОК) денеска соопшти дека ова е најопасниот напад врз државните институции и правосудниот систем.

Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и документи.

Иако Подгорица е поврзана со подземни тунели, за да стигнат до просториите на судот, сторителите морале да ископаат и да пробијат ѕидови со дебелина од 70 до 80 сантиметри, изјави претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ.

- Имаме сомневање дека целта бил лесен пристап до судот и до притворската соба, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на просторијата за притвор, рече Савиќ. Тој ги демантираше информациите дека недостасува некој од документите во депото на судот.

Но, со тоа не се согласува шефот на црногорската полициска управа, Никола Терзиќ.

- За разлика од претседателот на Вишиот суд, кој рече дека речиси ниту еден доказ од депото не недостасува, мислам дека никој не вложил толку труд и напор заради рекреација, иако би сакал да е во право, а јас да грешам. Стравувам дека вистината ќе биде поинаква, рече Терзиќ.

Тој потенцираше дека полицијата прави се за да го расветли овој случај.

The post Абазовиќ: Шест лица осомничени за ископаниот тунел, а камионот е пронајден appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека шест лица се осомничени дека ископале тунел под Вишиот суд, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено. Неверојатно е дека Вишиот суд не можел да постави камера во депото, чини околу сто евра, мислам, да има видео надзор. Депото изгледа како од рубриката Верувате или не. Архивата во Врховното обвинителство изгледа исто, голем институционален проблем“, изјави Абазовиќ за РТЦГ. Депото на Вишиот суд во Подгорица е урнато и до него е ископан тунел, чиј почеток е во стан на соседна зграда, што се наоѓа спроти споредната зграда на судот, во центарот на Подгорица. Зградата на Вишиот суд беше во реконструкција во последните месеци, а тој дел од Подгорица е вмрежен со тунели од претходниот период. Во депото биле чувани документи од истраги, материјали одземени при увид и значително количество дрога запленета при полициски акции. Тунелот го откриле судски службеници кога почувствувале провев. Бирото за оперативна координација на органите на разузнавачкиот и безбедносниот сектор (БОК) денеска соопшти дека ова е најопасниот напад врз државните институции и правосудниот систем. Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и документи. Иако Подгорица е поврзана со подземни тунели, за да стигнат до просториите на судот, сторителите морале да ископаат и да пробијат ѕидови со дебелина од 70 до 80 сантиметри, изјави претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ. - Имаме сомневање дека целта бил лесен пристап до судот и до притворската соба, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на просторијата за притвор, рече Савиќ. Тој ги демантираше информациите дека недостасува некој од документите во депото на судот. Но, со тоа не се согласува шефот на црногорската полициска управа, Никола Терзиќ. - За разлика од претседателот на Вишиот суд, кој рече дека речиси ниту еден доказ од депото не недостасува, мислам дека никој не вложил толку труд и напор заради рекреација, иако би сакал да е во право, а јас да грешам. Стравувам дека вистината ќе биде поинаква, рече Терзиќ. Тој потенцираше дека полицијата прави се за да го расветли овој случај.

The post Абазовиќ: Шест лица осомничени за ископаниот тунел, а камионот е пронајден appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ се надева дека што е можно поскоро ќе се постигне договор за формирање Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-se-nadeva-deka-shto-e-mozhno-poskoro-ke-se-postigne-dogovor-za-formirane-vlada/ Mon, 31 Jul 2023 13:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=667313

Црногорскиот премиер Дритран Абазовиќ им посака успех на учесниците во преговорите за формирање ново парламентарно мнозинство кое ќе застане зад новата влада.

„Навивам да се постигне договор што е можно поскоро. Јас лично мислев дека ќе помине малку побрзо бидејќи така беа најавите, но сега завршува месец јули... им посакувам многу успех“. го коментираше премиерот во заминување и претседател на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, денешниот почеток на консултациите меѓу претседателот на државата Јаков Милатовиќ и претставниците на парламентарните партии за именувањето на мандатар за состав на новата влада.

Се очекува по тие разговори Милатовиќ и формално да му го довери мандатот за состав на новата влада на својот сопартиец и носител на изборната листа на Движењето Европа сега, Милојко Спајиќ, кој најави дека сигурно нема да ја покани ДП. и нејзините коалициони партнери во новата влада, но ниту УРА на Абазовиќ.

Коментирајќи го почетокот на разговорите на партиските лидери со Милатовиќ и темпото на формирање на новата влада, Абазовиќ пред новинарите во Тиват изјави дека „граѓаните немаат причина да се грижат што се однесува на државните служби“.

„Мислам дека нема да има проблеми. Навистина се трудиме се да функционира како што треба. Им посакувам многу успех. Тоа е единствениот коментар“, изјави Абазовиќ.

Во врска со формирањето на новото парламентарно мнозинство и новата влада, министерот за здравство во владата во заминување и потпретседател на СНП, Драгослав Шќекиќ, рече дека дури неодамна била првата формална дискусија на оваа тема и дека до сега неформално се разговарало и дека е во името на оваа партија учествувал претседателот на СНП и потпретседател на владата во заминување Владимир Јоковиќ.

„Во принцип, намерата е да се создаде мнозинство кое ќе биде одговорно, бидејќи знаете дека во наредниот период треба да се донесат некои многу сериозни одлуки во врска со државата и функционирањето на нашиот систем. Очекувам мнозинството да биде сигурно и стабилно, рече Шчекиќ, додавајќи дека за тоа како ќе продолжат преговорите не зависи само од СНП, туку и од „многу субјекти“.

-Тоа зависи и од поединци и поединечни субјекти кои се дел од некои големи коалиции. Овде разговорите ќе покажат каков е исходот од сето тоа, заклучи Шќекиќ, кој не коментираше детално кои би можеле да бидат конституенти на новата парламентарното мнозинство и Владата.

The post Абазовиќ се надева дека што е можно поскоро ќе се постигне договор за формирање Влада appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот премиер Дритран Абазовиќ им посака успех на учесниците во преговорите за формирање ново парламентарно мнозинство кое ќе застане зад новата влада.
„Навивам да се постигне договор што е можно поскоро. Јас лично мислев дека ќе помине малку побрзо бидејќи така беа најавите, но сега завршува месец јули... им посакувам многу успех“. го коментираше премиерот во заминување и претседател на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, денешниот почеток на консултациите меѓу претседателот на државата Јаков Милатовиќ и претставниците на парламентарните партии за именувањето на мандатар за состав на новата влада.
Се очекува по тие разговори Милатовиќ и формално да му го довери мандатот за состав на новата влада на својот сопартиец и носител на изборната листа на Движењето Европа сега, Милојко Спајиќ, кој најави дека сигурно нема да ја покани ДП. и нејзините коалициони партнери во новата влада, но ниту УРА на Абазовиќ. Коментирајќи го почетокот на разговорите на партиските лидери со Милатовиќ и темпото на формирање на новата влада, Абазовиќ пред новинарите во Тиват изјави дека „граѓаните немаат причина да се грижат што се однесува на државните служби“.
„Мислам дека нема да има проблеми. Навистина се трудиме се да функционира како што треба. Им посакувам многу успех. Тоа е единствениот коментар“, изјави Абазовиќ.
Во врска со формирањето на новото парламентарно мнозинство и новата влада, министерот за здравство во владата во заминување и потпретседател на СНП, Драгослав Шќекиќ, рече дека дури неодамна била првата формална дискусија на оваа тема и дека до сега неформално се разговарало и дека е во името на оваа партија учествувал претседателот на СНП и потпретседател на владата во заминување Владимир Јоковиќ.
„Во принцип, намерата е да се создаде мнозинство кое ќе биде одговорно, бидејќи знаете дека во наредниот период треба да се донесат некои многу сериозни одлуки во врска со државата и функционирањето на нашиот систем. Очекувам мнозинството да биде сигурно и стабилно, рече Шчекиќ, додавајќи дека за тоа како ќе продолжат преговорите не зависи само од СНП, туку и од „многу субјекти“.
-Тоа зависи и од поединци и поединечни субјекти кои се дел од некои големи коалиции. Овде разговорите ќе покажат каков е исходот од сето тоа, заклучи Шќекиќ, кој не коментираше детално кои би можеле да бидат конституенти на новата парламентарното мнозинство и Владата.

The post Абазовиќ се надева дека што е можно поскоро ќе се постигне договор за формирање Влада appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Добрите односи на Ердоган со регионалните лидери ја прават Турција клучна земја на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-dobrite-odnosi-na-erdogan-so-regionalnite-lideri-ja-pravat-turtsija-kluchna-zemja-na-balkanot/ Sun, 25 Jun 2023 15:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=654975

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека Турција почна да игра ефикасна улога на Балканот, исто како и Европската Унија и Соединетите Американски Држави, и дека успешните односи на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со регионалните лидери ја направија Турција клучна земја на Западен Балкан.

Претседателот на црногорската влада, во интервјуто за Анадолија, истакна дека е постигнат значителен напредок во односите со Турција, но дека тие се уште не се на задоволително ниво.

Сакам да го изразам моето големо задоволство од продолжувањето на соработката со Турција. Подготвени сме да ги претставиме нашите конкретни проекти пред турската влада што е можно поскоро. Мислам дека овие проекти можеме да ги реализираме до крајот на летото, рече Абазовиќ, кој престојуваше во Истанбул во рамки на Програмата за идни лидери (FLEP) организирана од Младинскиот форум за исламска соработка (ICYF).

Абазовиќ нагласи дека успешните односи на Ердоган со регионалните лидери ја направиле Турција „клучна земја“ на Западен Балкан.

Претседателот Ердоган е некој што може да ги убеди проблематичните страни на Балканот да седнат и да најдат одржливи решенија за проблемите во регионот. Мислам дека посредничката улога на Турција е многу важна во тензиите меѓу Србија и Косово. Се надевам дека претседателот Ердоган ќе се фокусира повеќе за овој и други проблеми на Балканот. Ова е исклучително важно за обезбедување мир и стабилност во регионот, потенцираше Абазовиќ.

Истакнувајќи дека Турција како велесила има пријателски односи со целиот свет, Абазовиќ додаде: Нема таков пример во светот. Сите чекори што Турција ќе ги преземе во глобалната дипломатија се вредни и за земјите од регионот и за Балканот.

The post Абазовиќ: Добрите односи на Ердоган со регионалните лидери ја прават Турција клучна земја на Балканот appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека Турција почна да игра ефикасна улога на Балканот, исто како и Европската Унија и Соединетите Американски Држави, и дека успешните односи на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со регионалните лидери ја направија Турција клучна земја на Западен Балкан. Претседателот на црногорската влада, во интервјуто за Анадолија, истакна дека е постигнат значителен напредок во односите со Турција, но дека тие се уште не се на задоволително ниво.
Сакам да го изразам моето големо задоволство од продолжувањето на соработката со Турција. Подготвени сме да ги претставиме нашите конкретни проекти пред турската влада што е можно поскоро. Мислам дека овие проекти можеме да ги реализираме до крајот на летото, рече Абазовиќ, кој престојуваше во Истанбул во рамки на Програмата за идни лидери (FLEP) организирана од Младинскиот форум за исламска соработка (ICYF).
Абазовиќ нагласи дека успешните односи на Ердоган со регионалните лидери ја направиле Турција „клучна земја“ на Западен Балкан.
Претседателот Ердоган е некој што може да ги убеди проблематичните страни на Балканот да седнат и да најдат одржливи решенија за проблемите во регионот. Мислам дека посредничката улога на Турција е многу важна во тензиите меѓу Србија и Косово. Се надевам дека претседателот Ердоган ќе се фокусира повеќе за овој и други проблеми на Балканот. Ова е исклучително важно за обезбедување мир и стабилност во регионот, потенцираше Абазовиќ.
Истакнувајќи дека Турција како велесила има пријателски односи со целиот свет, Абазовиќ додаде: Нема таков пример во светот. Сите чекори што Турција ќе ги преземе во глобалната дипломатија се вредни и за земјите од регионот и за Балканот.

The post Абазовиќ: Добрите односи на Ердоган со регионалните лидери ја прават Турција клучна земја на Балканот appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Подготвен сум да поднесам оставка под одредени услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-podgotven-sum-da-podnesam-ostavka-pod-odredeni-uslovi/ Thu, 14 Jul 2022 21:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=529080

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во интервју за телевизијата „Вијести“ изјави дека начелно го поддржува ставот на Претседателството на Демократска Црна Гора и дека е подготвен да поднесе оставка.

„Бидејќи мораме да имаме поширок консензус за деблокирање на судството и на Уставниот суд, ајде сите да придонесеме за тоа и да кажеме, одиме на нови избори, реконструкција на владата или некој друг модел, но ајде пред тоа да ја завршиме заедничка работа. Ако е тоа некој пат, јас сум подготвен да поднесам оставка“, изјави Абазовиќ.

Според него, кога се формирала 43-та Влада, целта била да се деблокира европскиот пат.

„Ако успееме заедно да го деблокираме, тогаш сите опции се на маса, вклучително и онаа за која зборуваа демократите и некои други опции“, додаде тој.

Тој објасни дека нему и партијата УРА, која тој ја предводи, се прифатливи за сите опции кои подразбираат дека прво треба да се реши ситуацијата околу деблокадата на судството и посочи дека соопштението на Демократите не го доживува како ултиматум.

На новинарско прашање дали е време да ја предаде палката на друг, Абазовиќ рече дека го прави тоа што го предложила Владата.

„Црна Гора е многу поразлична од 30 август 2020 година и сите процеси што се случија не се случија на штета на Црна Гора. Тоа беше наша обврска. Понекогаш се чувствуваме сами во одбраната на граѓанска Црна Гора, тоа често се манифестира, но најважно е дека процесот продолжува и никој не може да го спречи“, одговори Абазовиќ.

Претходно денеска, Претседателството на Демократска Црна Гора го повика парламентот да не ги разгледува „можните иницијативи за скратување на мандатот пред да бидат избрани четворица членови на Судскиот совет и најмалку еден судија на Уставниот суд“.

The post Абазовиќ: Подготвен сум да поднесам оставка под одредени услови appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во интервју за телевизијата „Вијести“ изјави дека начелно го поддржува ставот на Претседателството на Демократска Црна Гора и дека е подготвен да поднесе оставка. „Бидејќи мораме да имаме поширок консензус за деблокирање на судството и на Уставниот суд, ајде сите да придонесеме за тоа и да кажеме, одиме на нови избори, реконструкција на владата или некој друг модел, но ајде пред тоа да ја завршиме заедничка работа. Ако е тоа некој пат, јас сум подготвен да поднесам оставка“, изјави Абазовиќ.
Според него, кога се формирала 43-та Влада, целта била да се деблокира европскиот пат. „Ако успееме заедно да го деблокираме, тогаш сите опции се на маса, вклучително и онаа за која зборуваа демократите и некои други опции“, додаде тој. Тој објасни дека нему и партијата УРА, која тој ја предводи, се прифатливи за сите опции кои подразбираат дека прво треба да се реши ситуацијата околу деблокадата на судството и посочи дека соопштението на Демократите не го доживува како ултиматум. На новинарско прашање дали е време да ја предаде палката на друг, Абазовиќ рече дека го прави тоа што го предложила Владата. „Црна Гора е многу поразлична од 30 август 2020 година и сите процеси што се случија не се случија на штета на Црна Гора. Тоа беше наша обврска. Понекогаш се чувствуваме сами во одбраната на граѓанска Црна Гора, тоа често се манифестира, но најважно е дека процесот продолжува и никој не може да го спречи“, одговори Абазовиќ. Претходно денеска, Претседателството на Демократска Црна Гора го повика парламентот да не ги разгледува „можните иницијативи за скратување на мандатот пред да бидат избрани четворица членови на Судскиот совет и најмалку еден судија на Уставниот суд“.

The post Абазовиќ: Подготвен сум да поднесам оставка под одредени услови appeared first on Република.

]]>
Рама и Абазовиќ на средба со Зеленски, Ковачевски се приклучи со видео врска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-i-abazovikj-na-sredba-so-zelenski-kovachevski-se-prikluchi-so-video-vrska/ Wed, 15 Jun 2022 19:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=515735

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во Киев се сретна со премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, а на средбата преку видео врска се приклучи и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.

Зеленски на Телеграм објави дека Албанија, Македонија и Црна Гора го поддржуваат кандидатскиот статус на Украина за членство во Европската унија.

– Нашите земји не се конкуренти на европскиот пат. Тие се надополнуваат и ги зајакнуваат меѓусебните способности, истакна Зеленски и им се заблагодари на Рама и Абазовиќ за посетата.

Тројцата лидери на земјите од Западен Балкан, кои се членки и на НАТО, усвоија Заедничка изјава во која ја поддржуваат Украина да добие статус на кандидат за членство во Европската унија.

Во Изјавата се наведува дека на следниот Самит на ЕУ е неопходно да се донесат политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат за мир, стабилност и просперитет.

Абазовиќ посочи дека Црна Гора ќе продолжи да и помага на Украина, нагласувајќи дека Црна Гора како лидер во европските интеграции ја поддржува решеноста на Украина да ја гледа својата иднина во истата насока.

„Денеска заедно со Еди Рама и Дмитар Ковачевски усвоивме Заедничка изјава со која ја поддржуваме Украина да добие статус на кандидат за ЕУ. Во соопштението се наведува дека следниот Самит на ЕУ треба да донесе политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат кон мир, стабилност и просперитет“, напиша Абазовиќ на Фејсбук.

– Денеска имавме многу успешен ден во Киев, особено средбата со претседателот на Украина, а потоа и со премиерот и градоначалникот на Киев Кличко. Можам да кажам дека нашата работа и должност ја завршивме на најдобар можен начин. Дојдовме овде да го кажеме ставот на Црна Гора, тоа им значи многу, многу повеќе отколку што мислиме, без разлика што нашите капацитети не се преголеми, изјави Абазовиќ за новинарите во Киев.

Тој посочи и дека пристапот на Црна Гора, Албанија и Македонија е нешто ново.

– Целосно се солидаризиравме со нив, покажавме дека немаме никаква доза на политичка себичност во однос на прашањето за нивната кандидатура за членство во ЕУ, секако навиваме за нив. Сметаме дека тие ги бранат вредностите на ЕУ и мислиме дека тие ја бранат Европа од она што може да биде негативен пробив и дека тоа е нешто што е корисно и за нив и за нас и за членките на ЕУ. Мислам дека таа порака беше јасно пренесена, рече премиерот на Црна Гора.

The post Рама и Абазовиќ на средба со Зеленски, Ковачевски се приклучи со видео врска appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во Киев се сретна со премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, а на средбата преку видео врска се приклучи и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски. Зеленски на Телеграм објави дека Албанија, Македонија и Црна Гора го поддржуваат кандидатскиот статус на Украина за членство во Европската унија. – Нашите земји не се конкуренти на европскиот пат. Тие се надополнуваат и ги зајакнуваат меѓусебните способности, истакна Зеленски и им се заблагодари на Рама и Абазовиќ за посетата. Тројцата лидери на земјите од Западен Балкан, кои се членки и на НАТО, усвоија Заедничка изјава во која ја поддржуваат Украина да добие статус на кандидат за членство во Европската унија. Во Изјавата се наведува дека на следниот Самит на ЕУ е неопходно да се донесат политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат за мир, стабилност и просперитет. Абазовиќ посочи дека Црна Гора ќе продолжи да и помага на Украина, нагласувајќи дека Црна Гора како лидер во европските интеграции ја поддржува решеноста на Украина да ја гледа својата иднина во истата насока. „Денеска заедно со Еди Рама и Дмитар Ковачевски усвоивме Заедничка изјава со која ја поддржуваме Украина да добие статус на кандидат за ЕУ. Во соопштението се наведува дека следниот Самит на ЕУ треба да донесе политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат кон мир, стабилност и просперитет“, напиша Абазовиќ на Фејсбук. – Денеска имавме многу успешен ден во Киев, особено средбата со претседателот на Украина, а потоа и со премиерот и градоначалникот на Киев Кличко. Можам да кажам дека нашата работа и должност ја завршивме на најдобар можен начин. Дојдовме овде да го кажеме ставот на Црна Гора, тоа им значи многу, многу повеќе отколку што мислиме, без разлика што нашите капацитети не се преголеми, изјави Абазовиќ за новинарите во Киев. Тој посочи и дека пристапот на Црна Гора, Албанија и Македонија е нешто ново. – Целосно се солидаризиравме со нив, покажавме дека немаме никаква доза на политичка себичност во однос на прашањето за нивната кандидатура за членство во ЕУ, секако навиваме за нив. Сметаме дека тие ги бранат вредностите на ЕУ и мислиме дека тие ја бранат Европа од она што може да биде негативен пробив и дека тоа е нешто што е корисно и за нив и за нас и за членките на ЕУ. Мислам дека таа порака беше јасно пренесена, рече премиерот на Црна Гора.

The post Рама и Абазовиќ на средба со Зеленски, Ковачевски се приклучи со видео врска appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Можно е „Свети Стефан“ да се врати во државна сопственост и да се прогласи за посебно добро кое што не може да се отуѓи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-mozno-e-sveti-stefan-da-se-vrati-vo-drzavna-sopstvenost-i-da-se-proglasi-za-posebno-dobro-koe-shto-ne-moze-da-se-otugji/ Mon, 13 Jun 2022 09:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=514399

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, најави дека Владата се бори да најде одржливо решение за атрактивната туристичка дестинација „Свети Стефан“.

Најлошата опција е да остане затворен. За се друго треба да се најде компромис и тоа со жителите. Тоа е најголемото туристичко богатство што го има Црна Гора, рече Абазовиќ.

Според црногорскиот премиер, можно е „Свети Стефан“ да се врати во државна сопственост и да се прогласи за посебно добро кое што не може да се отуѓи.

Тоа е идеја, потврдил Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Можно е „Свети Стефан“ да се врати во државна сопственост и да се прогласи за посебно добро кое што не може да се отуѓи appeared first on Република.

Пендаровски на средба со црногорскиот премиер Абазовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-sredba-so-crnogorskiot-premier-abazovikj/ Wed, 25 May 2022 07:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=506598

Претседателот Стево Пендаровски, за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На средбата беше изразена подготвеност за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Црна Гора, нагласувајќи ги потенцијалните можности за јакнење на економската соработка.

Двајцата соговорници разменија мислење за актуелните политички случувања во двете земји, во Европа и во регионот на Западен Балкан, реафирмирајќи ги заложбите за регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку доследно јакнење на демократските процеси и засилено меѓународно партнерство.

Соговорниците се согласија дека тесната соработка во рамки на НАТО сојузништвото, ќе продолжи и во процесот на интеграција во Европската Унија, како заедничка стратешка цел на двете земји.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Абазовиќ за назначувањето на новата функција, посакувајќи му успешен мандат при справувањето како со внатрешните, така и со надворешно-политичките предизвици и цели.

The post Пендаровски на средба со црногорскиот премиер Абазовиќ appeared first on Република.

Новата црногорска влада ќе ја води Дритан Абазовиќ, прв Албанец на највисоката извршна функција во Подгорица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novata-crnogorska-vlada-kje-ja-vodi-dritan-abazovikj-prv-albanec-na-najvisokata-izvrshna-funkcija-vo-podgorica/ Fri, 29 Apr 2022 08:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=495090

На 36-години, Дритан Абазовиќ, за еден ден, успеа да внесе многу новитети на црногорската политичка сцена. Сепак нема да стане најмлад премиер на Црна Гора. Таа позиција засега цврсто ја држи Мило Ѓукановиќ, актуелен претседател кој стана црногорски премиер на 29-годишна возраст сега веќе далечната 1991-ва година, при распадот на Југославија.

Кога Ѓукановиќ станал премиер, младиот Дритан имал само 5 години. Сега се заедно во врвната лидерска двојка во Црна Гора. Абазовиќ е проевропски настроен политичар и сака во таа област да и донесе предност на Црна Гора пред останатите држави од регионот и од поранешна Југославија кои и покрај се, верно чекаат на позитивен одговор од Брисел.

Владата на Црна Гора е подготвена да ги постигне очекуваните резултати и ќе биде искрено посветена да стане следна држава-членка на ЕУ, преку Твитер одговори Абазовиќ на честитките од евро-комесарот за проширување Вархеи.

Нови меѓници на црногорската политика со Абазовиќ

Околу, новитетите, Абазовиќ станува прв премиер кој е партиски лидер на друга партија од онаа на Мило Ѓукановиќ односно е прв премиер кој воопшто не е член или е поврзан со црногорската Демократска партија на социјалисти (партијата на Ѓукановиќ) која речиси три децении владееше со најмалата држава излезена од Југославија.

Абазовиќ станува претседател на влада кој по етничка припадност е Албанец (прв што не е Црногорец или Србин), потоа е прв премиер кој доаѓа од граѓанска, а не од национална партија, а е единствен политички профилиран министер кој беше и во претходната влада составена по победата на партиите кои се бореа против деценискиот црногорски лидер Ѓукановиќ.

Абазовиќ е лидер на партијата УРА односно на Обединетата реформска акција. Оваа партија има тројца пратеници во 81-члениот црногорски пшарламент, но во новата влада ќе имаат министер повеќе, односно премиер и три министерски места.

Дритан Абазовиќ ќе ја води и досега најголемата влада во Подгорица, ќе има вкупно 21 член, 18 министерства и двајца министри без ресор. Толку министри има и сегашниот состав на кабинетот на македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Актуелниот црногорски кабинет на Абазовиќ ќе биде за половина поголем од претходниот состав на владата кој броеше само 14 министри и во кој Абазовиќ беше потпретседател на владата задолжен за безбедносни прашања и интеграции. За да се задоволи апетитот на сите партии, во сите министерства се воведени и по тројца државни секретари (досега беа два, а нивната улога е замена на отсутниот или болен министер).

Монтенегро кабинет микс 

Кабинетот на Абазовиќ има вкупно 8 партии и коалиции, како и министри кои се непартиски личности. Во игра се враќаат и некои од долгогодишните соработници на ДПС, партијата на Ѓукановиќ.

Така министер за надворешни работи ќе биде Ранко Кривокапиќ од СДП (коалиционен партнер на Ѓукановиќ до последните избори во 2020-тата) кој министерски функции вршеше и во кабинети предводени од самиот Ѓукановиќ, но беше и претседател на парламентот. СДП има двајца пратеници и ќе има и двајца министри.

СНП или Социјалистичка Народна Партија пак ќе има најмногу министри, вкупно 5, а во парламентот во Подгорица има исто толку пратеници. На последните избори, СНП беше дел од таканаречената про-црковна коалиција чиј фронтмен беше доскорешниот премиер Здравко Кривокапиќ.

Две министерски места има бошњачката партија, а трет малцински министер доаѓа од редовите на Албанската листа. Останатите партии присутни во владата имаат по еден министер.

На гласањето во парламентот во Подгорица имаше 48 присутни пратеници, од кои 45 гласаа за новата влада. Тројца од партијата СД (Социјал демократи) гласаа против.

Прашањето е како Дритан, најмалиот коалиционен партнер во минатата влада успеа да стигне до мнозинство кога се гледа дека партиите во неговиот кабинет имаат не повеќе од „шака“ пратеници. Едноставно зад нив како малцинска влада застана токму ДПС (главен двигател на победата на не-Ѓукановиќ партиите на последните избори во 2020-тата). ДПС не доби и не бараше министерско место.

Од друга страна две големи политички групации, Демократски фронт со 20 пратеници (просрпски блок) и Демократи со 9 пратеници (проевропски блок) воопшто не гласаа и ги обвинија и Абазовиќ и новокомпонираното владино друштво за поништување на изборната волја на граѓаните во 2020-тата и обид за враќање на власта во рацете на Ѓукановиќ.

„Владата ќе трае колку ќе дозволат политичките прилики“

Протести веќе има. А Абазовиќ кој се покажа и како привлечен на проевропската граѓанска популација во Црна Гора, но и како снаодлив политичар кој успеа да „скроти“ различни партии и раскарани политичари за да ги смести под свое водство. До кога, прашање е кое го мачи, но и го радува младиот политичар од Улцињ.

Како ја сменивме претходната, се надевам дека во многу подобра атмосфера ќе ја смениме и оваа 43-та црногорска влада. Претходната експертска влада имаше некои резултати, но покажа и слабости особено во односот кон Парламентот, си ја предвиде судбината како секој демократски политичар кој знае дека ќе биде биран, но и менуван, во своето завршно обраќање пред гласањето во парламентот во Подгорица.

Неколку минути подоцна се заколна и потпиша дека ќе биде премиер на Црна Гора, со што неколкумесечната политичка агонија во Подгорица заврши за да почне нова епизода. Затоа што незадоволните најавуваат протести.

The post Новата црногорска влада ќе ја води Дритан Абазовиќ, прв Албанец на највисоката извршна функција во Подгорица appeared first on Република.

]]>

На 36-години, Дритан Абазовиќ, за еден ден, успеа да внесе многу новитети на црногорската политичка сцена. Сепак нема да стане најмлад премиер на Црна Гора. Таа позиција засега цврсто ја држи Мило Ѓукановиќ, актуелен претседател кој стана црногорски премиер на 29-годишна возраст сега веќе далечната 1991-ва година, при распадот на Југославија. Кога Ѓукановиќ станал премиер, младиот Дритан имал само 5 години. Сега се заедно во врвната лидерска двојка во Црна Гора. Абазовиќ е проевропски настроен политичар и сака во таа област да и донесе предност на Црна Гора пред останатите држави од регионот и од поранешна Југославија кои и покрај се, верно чекаат на позитивен одговор од Брисел.
Владата на Црна Гора е подготвена да ги постигне очекуваните резултати и ќе биде искрено посветена да стане следна држава-членка на ЕУ, преку Твитер одговори Абазовиќ на честитките од евро-комесарот за проширување Вархеи.
Нови меѓници на црногорската политика со Абазовиќ Околу, новитетите, Абазовиќ станува прв премиер кој е партиски лидер на друга партија од онаа на Мило Ѓукановиќ односно е прв премиер кој воопшто не е член или е поврзан со црногорската Демократска партија на социјалисти (партијата на Ѓукановиќ) која речиси три децении владееше со најмалата држава излезена од Југославија. Абазовиќ станува претседател на влада кој по етничка припадност е Албанец (прв што не е Црногорец или Србин), потоа е прв премиер кој доаѓа од граѓанска, а не од национална партија, а е единствен политички профилиран министер кој беше и во претходната влада составена по победата на партиите кои се бореа против деценискиот црногорски лидер Ѓукановиќ. Абазовиќ е лидер на партијата УРА односно на Обединетата реформска акција. Оваа партија има тројца пратеници во 81-члениот црногорски пшарламент, но во новата влада ќе имаат министер повеќе, односно премиер и три министерски места. Дритан Абазовиќ ќе ја води и досега најголемата влада во Подгорица, ќе има вкупно 21 член, 18 министерства и двајца министри без ресор. Толку министри има и сегашниот состав на кабинетот на македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Актуелниот црногорски кабинет на Абазовиќ ќе биде за половина поголем од претходниот состав на владата кој броеше само 14 министри и во кој Абазовиќ беше потпретседател на владата задолжен за безбедносни прашања и интеграции. За да се задоволи апетитот на сите партии, во сите министерства се воведени и по тројца државни секретари (досега беа два, а нивната улога е замена на отсутниот или болен министер). Монтенегро кабинет микс  Кабинетот на Абазовиќ има вкупно 8 партии и коалиции, како и министри кои се непартиски личности. Во игра се враќаат и некои од долгогодишните соработници на ДПС, партијата на Ѓукановиќ. Така министер за надворешни работи ќе биде Ранко Кривокапиќ од СДП (коалиционен партнер на Ѓукановиќ до последните избори во 2020-тата) кој министерски функции вршеше и во кабинети предводени од самиот Ѓукановиќ, но беше и претседател на парламентот. СДП има двајца пратеници и ќе има и двајца министри. СНП или Социјалистичка Народна Партија пак ќе има најмногу министри, вкупно 5, а во парламентот во Подгорица има исто толку пратеници. На последните избори, СНП беше дел од таканаречената про-црковна коалиција чиј фронтмен беше доскорешниот премиер Здравко Кривокапиќ. Две министерски места има бошњачката партија, а трет малцински министер доаѓа од редовите на Албанската листа. Останатите партии присутни во владата имаат по еден министер. На гласањето во парламентот во Подгорица имаше 48 присутни пратеници, од кои 45 гласаа за новата влада. Тројца од партијата СД (Социјал демократи) гласаа против. Прашањето е како Дритан, најмалиот коалиционен партнер во минатата влада успеа да стигне до мнозинство кога се гледа дека партиите во неговиот кабинет имаат не повеќе од „шака“ пратеници. Едноставно зад нив како малцинска влада застана токму ДПС (главен двигател на победата на не-Ѓукановиќ партиите на последните избори во 2020-тата). ДПС не доби и не бараше министерско место. Од друга страна две големи политички групации, Демократски фронт со 20 пратеници (просрпски блок) и Демократи со 9 пратеници (проевропски блок) воопшто не гласаа и ги обвинија и Абазовиќ и новокомпонираното владино друштво за поништување на изборната волја на граѓаните во 2020-тата и обид за враќање на власта во рацете на Ѓукановиќ. „Владата ќе трае колку ќе дозволат политичките прилики“ Протести веќе има. А Абазовиќ кој се покажа и како привлечен на проевропската граѓанска популација во Црна Гора, но и како снаодлив политичар кој успеа да „скроти“ различни партии и раскарани политичари за да ги смести под свое водство. До кога, прашање е кое го мачи, но и го радува младиот политичар од Улцињ.