Абази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abazi/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Jul 2023 10:28:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Абази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/abazi/ 32 32 Стоилковски: Абази да одговори дали снаата работи во АЕК, а претходно кај Груби? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-abazi-da-odgovori-dali-snaata-raboti-vo-aek-a-prethodno-kaj-grubi/ Mon, 31 Jul 2023 10:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=667206

Ислам Абази треба да одговори: дали снаата од брат Шпреса Абази работи во АЕК, како советник за одговор на компјутерски инциденти, а претходно била во министерството на Артан Груби?, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски:

Сепак, Ислам Абази, до толку не смее да отвори уста за ДУИ, што Артан Груби одговара место него дури и за неговото семејство.

Груби во занес на неказнивост за криминал и корупција е во состојба да уверува дека има и двајца Ислам Абази – едниот актуелен јавен обвинител за организиран криминал, а другиот поранешен гостиварски обвинител, член на ДУИ, близок со семејството Ахмети, пријател на Невзат Бејта и неговиот зет Јеток Акику, директор на АЕК, каде работи снаата од брат на овој Ислам Абази, Шпреса Абази која била во министерството на Артан Груби.

Да не е трагично, ќе е смешно. Вака е и трагично и страшно, незнаењето на Артан Груби.

Факт е дека луѓе кога се враќаат на работно место во мирување, за тоа не се распишува оглас.

Факт е и дека Шпреса Абази е на листата вработени кај Груби, полагала тестови, за потоа да се вработи во АЕК, на објавен оглас за работно место во АЕК, советник за одговор на компјутерски инциденти.

Почитувани,

Јасни се низата злоупотреби на позициите, злоупотребата на министерство како агенција за вработување на миленички, снаи, деца, новинари на ДУИ!

Не очекуваме Ислам Абази да одговори, исто како што не одговара за ниедна корупција, ниту злоупотреба од ДУИ!

Очекуваме одговорност по смена на власта!, рече Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=Ezqlt2Io7Ak

The post Стоилковски: Абази да одговори дали снаата работи во АЕК, а претходно кај Груби? appeared first on Република.

]]>

Ислам Абази треба да одговори: дали снаата од брат Шпреса Абази работи во АЕК, како советник за одговор на компјутерски инциденти, а претходно била во министерството на Артан Груби?, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски: Сепак, Ислам Абази, до толку не смее да отвори уста за ДУИ, што Артан Груби одговара место него дури и за неговото семејство. Груби во занес на неказнивост за криминал и корупција е во состојба да уверува дека има и двајца Ислам Абази – едниот актуелен јавен обвинител за организиран криминал, а другиот поранешен гостиварски обвинител, член на ДУИ, близок со семејството Ахмети, пријател на Невзат Бејта и неговиот зет Јеток Акику, директор на АЕК, каде работи снаата од брат на овој Ислам Абази, Шпреса Абази која била во министерството на Артан Груби. Да не е трагично, ќе е смешно. Вака е и трагично и страшно, незнаењето на Артан Груби. Факт е дека луѓе кога се враќаат на работно место во мирување, за тоа не се распишува оглас. Факт е и дека Шпреса Абази е на листата вработени кај Груби, полагала тестови, за потоа да се вработи во АЕК, на објавен оглас за работно место во АЕК, советник за одговор на компјутерски инциденти. Почитувани, Јасни се низата злоупотреби на позициите, злоупотребата на министерство како агенција за вработување на миленички, снаи, деца, новинари на ДУИ! Не очекуваме Ислам Абази да одговори, исто како што не одговара за ниедна корупција, ниту злоупотреба од ДУИ! Очекуваме одговорност по смена на власта!, рече Стоилковски. https://www.youtube.com/watch?v=Ezqlt2Io7Ak

The post Стоилковски: Абази да одговори дали снаата работи во АЕК, а претходно кај Груби? appeared first on Република.

]]>
Ахмети: Реакцијата на амбасадорката Агелер за Абази е принципиелна, ние мора да бидеме бескомпромисни против криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-reakcijata-na-ambasadorkata-ageler-za-abazi-e-principielna-nie-mora-da-bideme-beskompromisni-protiv-kriminalot/ Sun, 20 Nov 2022 13:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=576104

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека вчерашната средба во партиското седиште во Мала Речица, која траеше 11 часа, била една од низата традиционални средби на партијата, а имало конструктивна дебата.

-На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше за прашањето за ветинг, каде како ДУИ имаме одговорност за непречено функционирање на државата. Имаше и различни теми, се разговараше за образованието, за здравството, за имплементација на албанскиот јазик. Нема да се прекинат дебатите во ДУИ или различните размислувања. Јас сум еден од оние кои не би се согласиле доколку се потисне различното мислење, но на крајот мора да се почитува мислењето на мнозинството. Демократијата има свои граници, тоа значи дека во демократијата не е дозволена анархија, рече Ахмети.

На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да и се приклучи на владината коалиција, Ахмети истакна дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог.

-Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој.

Во врска со скорешната реакција на амбасадорката на САД во земјава околу избирањето на шефот на  Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, Ахмети рече дека нејзината реакција била принципиелна и посочи дека за ова прашање ДУИ веќе со години бара сеопфатен ветинг, почнувајќи од локалната до централната власт.

-Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека тизвршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции. Без соодветен ветинг не можеме да бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото. Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг. Партнерство со нас ќе има секој кој што е посветен, одлучен за вистинска ветинг и за функционирање и владеење на правото. Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во Европската Унија, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт, изјави Ахмети.

The post Ахмети: Реакцијата на амбасадорката Агелер за Абази е принципиелна, ние мора да бидеме бескомпромисни против криминалот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека вчерашната средба во партиското седиште во Мала Речица, која траеше 11 часа, била една од низата традиционални средби на партијата, а имало конструктивна дебата.

-На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше за прашањето за ветинг, каде како ДУИ имаме одговорност за непречено функционирање на државата. Имаше и различни теми, се разговараше за образованието, за здравството, за имплементација на албанскиот јазик. Нема да се прекинат дебатите во ДУИ или различните размислувања. Јас сум еден од оние кои не би се согласиле доколку се потисне различното мислење, но на крајот мора да се почитува мислењето на мнозинството. Демократијата има свои граници, тоа значи дека во демократијата не е дозволена анархија, рече Ахмети. На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да и се приклучи на владината коалиција, Ахмети истакна дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог. -Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој. Во врска со скорешната реакција на амбасадорката на САД во земјава околу избирањето на шефот на  Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, Ахмети рече дека нејзината реакција била принципиелна и посочи дека за ова прашање ДУИ веќе со години бара сеопфатен ветинг, почнувајќи од локалната до централната власт. -Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека тизвршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции. Без соодветен ветинг не можеме да бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото. Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг. Партнерство со нас ќе има секој кој што е посветен, одлучен за вистинска ветинг и за функционирање и владеење на правото. Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во Европската Унија, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт, изјави Ахмети.

The post Ахмети: Реакцијата на амбасадорката Агелер за Абази е принципиелна, ние мора да бидеме бескомпромисни против криминалот appeared first on Република.

]]>
Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abazi-deneska-predlozen-za-chlen-na-uo-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Fri, 11 Nov 2022 12:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=572736

Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО.

За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители.

На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.

The post Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО. За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски. Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители. На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.

The post Абази денеска предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Камбовски со порака до Абази: Држи се до законот оти доаѓа време на одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-so-poraka-do-abazi-drzi-se-do-zakonot-oti-doagja-vreme-na-odgovornost/ Thu, 10 Nov 2022 11:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=572257

Академик Владо Камбовски во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази смета дека доколку се утврди како негативно искуство актуелниот избор на шеф на ова обвинителство, тогаш ќе треба да се допрецизираат критериумите за избор и понатаму да се развиваат.

Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК, не знам како е избран, но му препорачувам доследно да се држи до законот, бидејќи како што видовме во поранешни случаи, доаѓа време на одговорност не само на политичка, туку и казнена, кривична одговорност на се повисоки скалила на вршење на државните функции, изјави денеска академик Камбовски.

Со отворањето на преговорите за членство во ЕУ, посочува Камбовски, сите институции ќе бидат сериозно опсервирани дали ја извршуваат својата функција или не.

За мене е важно човекот што е избран законито и совесно да си ја врши својата функција зашто сите институции во наредниот период ќе бидат сериозно опсервирани дали ја остваруваат својата функција на законит начин или не. Конечно треба да се разбере дека доаѓа крајот на политичката арбитрарност, на бесот на политичките партии и арогантноста, наметнување на кадровски и какви било други решенија без да се исполнат критериумите за квалитет, потенцира Камбовски.

Додаде дека се подготвува нова страртегија за реформа на судскиот систем и сите овие прашања ќе бидат опфатени.

The post Камбовски со порака до Абази: Држи се до законот оти доаѓа време на одговорност appeared first on Република.

Војо Димоски: Абази за неколку часа беше демантиран со фотодокументација, тоj го крши Етичкиот кодекс на Јавните обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vojo-dimoski-abazi-za-nekolku-chasa-beshe-demantiran-so-fotodokumentacija-toj-go-krshi-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/ Wed, 09 Nov 2022 13:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=571961

Војо Димоски, поранешен обвинител за Локално.мк вели дека незадоволството од изборот на Абази се базира на неколку основи, пред се тоа е професионалната биографија на обвинителот, која, како што вели, од една страна е скромна ако се види пописот на кривичните дела кои ги сработил, а од друга страна е пример за експресно напредување од Основен обвинител до Виш обвинител и веднаш до раководител на Вишото обвинителство во Гостивар.

Дополнително за нас кои сме луѓе од занаетот е скандалозно да се настапи на избори, а при тоа да не се достави програма за делување, ниту пак да се удостои стручната и општата јавност со учество на соочувањата со противкандидатите. Мојата перцепција е дека со овој избор се бетонира состојбата на статус кво во гонењето на сериозните форми на криминал и корупција и се потврдува заробеноста на институциите од политиката, објаснува екс-обвинителот.

Околноста еден правосуден функционер да познава некого од политиката сама по себе за мене не е проблематична, вели Димоски околу „блискоста“ Абази со членови на ДУИ, како и фактот што потекнуваат од исто село со претседателот на партијата, Али Ахмети.

На човек кој има професионален интегритет нема да му биде тешко да не дозволи мешање во неговата работа. Меѓутоа за мене е и тоа како проблематично, кога некој кој треба да е олицетворение на борбата со најсериозните форми на криминал, на јавноста и соопштува нешто кое после неколку часа е демантирано со фотодокументација. Тоа за мене е скандалозно и претставува сериозно кршење на Етичкиот кодекс на Јавните обвинители. Сега на потег е Државниот обвинител кој според мене е должен да му поведе постапка пред комисијата за етика, порачува поранешниот охридски обвинител.

Целиот текст овде.

The post Војо Димоски: Абази за неколку часа беше демантиран со фотодокументација, тоj го крши Етичкиот кодекс на Јавните обвинители appeared first on Република.

Ивановска: ДКСК има забелешки на начинот на кој е избран Абази https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-dksk-ima-zabeleshki-na-nachinot-na-koj-e-izbran-abazi/ Wed, 09 Nov 2022 09:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=571809

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има забелешки за начинот на кој се избираше првиот човек во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), изјави денеска претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, посочувајќи дека тоа што во јавноста излегоа фотографии на новиот шеф на Обвинителството, Ислам Абази со првите луѓе на ДУИ, остава простор да се верува дека „постоело некакво влијание“.

Да се надеваме дека новиот шеф на Обвинителството ќе застане на патот на криминалот и корупцијата, меѓутоа секако имаме забелешки за начинот на кој се избираше. Отсекогаш се бараат некакви механизми за подобар избор, еве сега се даде шанса сите обвинители на демократски начин да гласаат и тоа е во ред. Од друга страна, по мене, се заборави на критериумите за квалитет на оценките што ги дава Советот на јавни обвинители и на Програмата за работа, а сето тоа се елементи што ќе дадеа појасна слика за кој човек се работи, каква позадина има во својот професионален дел од работата. Така сликата ќе ни беше поцелосна, изјави Ивановска.

Претседателката на ДКСК вели дека не можат да кажат дали некој им наметнал на обвинителите како да гласаат, меѓутоа, како што рече, во отсуство на некои од критериумите се остава простор да помислат дека постоело некакво влијание.

Во отсуство на сите овие работи што ги набројав, останаа сликите со блиски лица во партијата, што остава простор да веруваме дека постоело некакво влијание. Доколку е тој човек со интегритет може да се избори и да докаже дека е тој што ќе го среди Обвинителството. Всушност треба да му дадеме простор на човекот, но сликата до сега не е поволна. Тој треба да вложи многу повеќе енергија за да докаже дека има интегритет и има енергија да се избори со корупцијата, рече Ивановска.

Прашана дали ДКСК ќе реагира на отсуството на критериуми што ги посочи, Ивановска рече дека тие секако прават антикорупциска проверка на легислативата.

Подготвивме и некои забелешки во однос на законот, сега нема што да реагираме бидејќи се е по законот, но ќе реагираме во насока на подобрување на критериумите за избор на јавниот обвинител, на првиот човек во ова обвинителство, бидејќи тоа е клучно. Тоа треба да е пандан на нешто што беше СЈО, нешто што навистина треба да ги спроведе сите предмети кои се донесуваат на висока корупција. Треба нова енергија која ќе биде одлучна, потенцира Ивановска.

The post Ивановска: ДКСК има забелешки на начинот на кој е избран Абази appeared first on Република.