а видео Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/a-video/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 07:50:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png а видео Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/a-video/ 32 32 Оливер Балабурски – автор на домашната порака по повод 25 октомври, Меѓународниот ден на операта: За некои од нас секој ден е Ден на операта! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/oliver-balaburski-avtor-na-domashnata-poraka-po-povod-25-oktomvri-megunarodniot-den-na-operata-za-nekoi-od-nas-sekoj-den-e-den-na-operata/ Wed, 25 Oct 2023 07:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=694411

На 25 октомври се одбележува Меѓународниот ден на операта.

https://www.youtube.com/watch?v=mB8oCUGAXwA&t=2s

По тој повод, годинава диригентот и композитор Оливер Балабурски ја напиша македонската порака, која ја пренесуваме во целост.

Композиторите треба непрестано да истражуваат и создаваат нови опери со истиот жар и интерес како кога ги создавале своите дела легендите на оперската музика. Денот на операта е момент во вечноста, на кој треба да ги сублимираме и прославуваме успесите постигнати низ целата година бидејќи секој ден за некои од нас е ден на операта, се вели во пораката на диригентот и композитор Оливер Балабурски, по повод Меѓународниот ден на операта – 25 октомври.

Како што наведува тој во пораката, да се напишат неколку зборови за најголемата музичко-драмска форма која постои со векови и се спротивставува на сите предизвици низ столетијата е голема чест, исто колку и да се биде дел од неа како изведувач или композитор. Таа, посочува, отсекогаш го предизвикувала возпримачот на размислување, разбудувајќи ги најдлабоките чувства, без разлика на познавањето на делото.

-Ние изведувачите имаме задача и обврска да ја негуваме оваа форма, да го будиме интересот на новите „членови на семејството“ со несебично презентирање на делата во старо или ново руво, со стара или создавајќи нова традиција. Денес светот ја прославува операта и преку нас и нејзиниот придонес во човештвото, го храни и негува духот, кој во ова време, на моменти, се чувствува како да е загубен. Сведоци сме на изведби на многу нови дела, опери со различен музички, драмски и сценски пристап. Без разлика на нивниот успех, квалитет и моментален интерес за нив, многу е важно да се создаваат и изведуваат, додава Балабурски.

Тој појаснува дека на овој ден, милиони луѓе низ светот прославуваат, се радуваат, безмилосно вежбаат, се подготвуваат за нови предизвици, се со цел да ја споделат својата приказна и љубов кон операта со својата публика.

-Нека ни е честит и вечен овој ден како почеток на нова година на успешни претстави, се вели во пораката на Балабурски.

 

 

 

The post Оливер Балабурски – автор на домашната порака по повод 25 октомври, Меѓународниот ден на операта: За некои од нас секој ден е Ден на операта! appeared first on Република.

]]>

На 25 октомври се одбележува Меѓународниот ден на операта. https://www.youtube.com/watch?v=mB8oCUGAXwA&t=2s По тој повод, годинава диригентот и композитор Оливер Балабурски ја напиша македонската порака, која ја пренесуваме во целост. Композиторите треба непрестано да истражуваат и создаваат нови опери со истиот жар и интерес како кога ги создавале своите дела легендите на оперската музика. Денот на операта е момент во вечноста, на кој треба да ги сублимираме и прославуваме успесите постигнати низ целата година бидејќи секој ден за некои од нас е ден на операта, се вели во пораката на диригентот и композитор Оливер Балабурски, по повод Меѓународниот ден на операта – 25 октомври. Како што наведува тој во пораката, да се напишат неколку зборови за најголемата музичко-драмска форма која постои со векови и се спротивставува на сите предизвици низ столетијата е голема чест, исто колку и да се биде дел од неа како изведувач или композитор. Таа, посочува, отсекогаш го предизвикувала возпримачот на размислување, разбудувајќи ги најдлабоките чувства, без разлика на познавањето на делото. -Ние изведувачите имаме задача и обврска да ја негуваме оваа форма, да го будиме интересот на новите „членови на семејството“ со несебично презентирање на делата во старо или ново руво, со стара или создавајќи нова традиција. Денес светот ја прославува операта и преку нас и нејзиниот придонес во човештвото, го храни и негува духот, кој во ова време, на моменти, се чувствува како да е загубен. Сведоци сме на изведби на многу нови дела, опери со различен музички, драмски и сценски пристап. Без разлика на нивниот успех, квалитет и моментален интерес за нив, многу е важно да се создаваат и изведуваат, додава Балабурски. Тој појаснува дека на овој ден, милиони луѓе низ светот прославуваат, се радуваат, безмилосно вежбаат, се подготвуваат за нови предизвици, се со цел да ја споделат својата приказна и љубов кон операта со својата публика. -Нека ни е честит и вечен овој ден како почеток на нова година на успешни претстави, се вели во пораката на Балабурски.      

The post Оливер Балабурски – автор на домашната порака по повод 25 октомври, Меѓународниот ден на операта: За некои од нас секој ден е Ден на операта! appeared first on Република.

]]>