900 часови помалку од просекот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/900-chasovi-pomalku-od-prosekot/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 12:55:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 900 часови помалку од просекот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/900-chasovi-pomalku-od-prosekot/ 32 32 Македонските ученици учат околу 900 часови помалку од просекот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-uchenitsi-uchat-okolu-900-chasovi-pomalku-od-prosekot/ Wed, 11 Sep 2024 12:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=815381

Македонија се соочува со криза во учењето и според последните ПИСА оценувања над две третини од учениците имаат лоши резултати во читање, математика и природни науки, изјави денеска претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Лесли Милер пред настанот „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“ во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.

Од 81 држава, средношколците од Македонија се наоѓаат на 71. место по јазична писменост, на 61. место со знаење по математика и на 68. место во Европа по природни науки лани соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавувајќи ги резултатите од ПИСА 2022.

ПИСА е едно од најпознатите и најкредибилни меѓународни тестирања кое ја мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование и да успее во личниот и професионалниот живот. Задачите во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците, и преку одговорите не се мери репродуктивното, туку функционалното знаење, кое е важно за поврзување, разбирање и решавање на проблеми.

Еден од клучните фактори е недоволното време поминато во учење. Македонските ученици имаат околу 900 часови поминати во учење помалку од просекот. Образованиот систем го нема целосно приспособено начинот на кој ги организира ресусрсите, на пример училишната структура, наставниот кадар и финансирање на улилиштата. Има многу можности за подобрување на ситуацијата, изјави денеска Милер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkoltsite-od-makedonija-se-na-61-mesto-po-matematika-a-na-71-po-jazichna-pismenost-od-81-rangirana-drzhava-pokazha-pisa-testot/

The post Македонските ученици учат околу 900 часови помалку од просекот appeared first on Република.

]]>

Македонија се соочува со криза во учењето и според последните ПИСА оценувања над две третини од учениците имаат лоши резултати во читање, математика и природни науки, изјави денеска претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Лесли Милер пред настанот „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“ во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ. Од 81 држава, средношколците од Македонија се наоѓаат на 71. место по јазична писменост, на 61. место со знаење по математика и на 68. место во Европа по природни науки лани соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавувајќи ги резултатите од ПИСА 2022. ПИСА е едно од најпознатите и најкредибилни меѓународни тестирања кое ја мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование и да успее во личниот и професионалниот живот. Задачите во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците, и преку одговорите не се мери репродуктивното, туку функционалното знаење, кое е важно за поврзување, разбирање и решавање на проблеми.