9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/9-megunarodna-konferentsija-za-zheni-romki-i-zheni-patnichki/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 08:42:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/9-megunarodna-konferentsija-za-zheni-romki-i-zheni-patnichki/ 32 32 Жените Ромки имаат потенцијал преку уметноста да рушат стереотипи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhenite-romki-imaat-potentsijal-preku-umetnosta-da-rushat-stereotipi/ Fri, 01 Dec 2023 08:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=718206

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го отвори културниот настан кој се одржa во рамки на 9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички, порачувајќи дека колективна обврска е заедно да градиме еднаквост и дека уште сега треба да се размислува за тоа како ќе живеат и каков ќе биде животот на Ромките родени денес.

„Изложбата „Жена – мајка, столб и потпора“ го покажува уважувањето и почитта која ја имаме кон жената Ромка и нејзината улога и придонес во семејството и општеството“, рече министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, укажувајќи дека црвената боја на женската ромска традиционална облека е симболот на нивната индивидуална жртва за колективна благосостојба, но и потенцијал да ги пробиваат општествено наметнатите бариери.

Костадиновска-Стојчевска се осврна и на меѓународната конференција, за која рече дека е одлична можност за размена на добри практики и продолжување на дијалогот на сите засегнати страни на патот кон обезбедување на еднаквост и социјална вклученост на жените Роми и патници.

Одржувањето на 9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички, тука во Скопје, во организација на Советот на Европа е уште една потврда за нашето партнерство и заедничко делување во заштитата на човековите права, борбата против дискиминација и градењето инклузивни општества“, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Како пример за активни и влијателни жени, кои со своите активности го потврдиле потенцијалот и капацитетот на жената Ромка, министерката Костадиновска-Стојчевска ги наброја извонредните Есма Реџепова, Уснија Реџепова, Елена Лацкова, Цаја Стојка, Олга Панкова, Бронислава Вајс и многу други, како доказ за улогата и придонесот на Ромките во градењето на мултикултурното и одржливото општество.

На изложбата на уникатни носии кои за оваа прилика ги отстапи Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност „Романо Ило“, се обрати и Халвард Горсет, раководителот на Одделот за антидискриминација при Советот на Европа, кој изрази задоволство што ромската култура и идентитет се дел од македонските музеи и музеите низ целиот свет.

Тоа треба да биде позитивен пример за останатите земји членки на Советот на Европа коишто на тој начин го претставуваат и го промовираат културното наследство на Ромите, најмногу жените Ромки, нагласи Горсет.

Настанот беше организиран од Советот на Европа и Европскиот ромски институт за уметност и култура (ЕРИАК), во соработка со Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика.

The post Жените Ромки имаат потенцијал преку уметноста да рушат стереотипи appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го отвори културниот настан кој се одржa во рамки на 9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички, порачувајќи дека колективна обврска е заедно да градиме еднаквост и дека уште сега треба да се размислува за тоа како ќе живеат и каков ќе биде животот на Ромките родени денес.
„Изложбата „Жена – мајка, столб и потпора“ го покажува уважувањето и почитта која ја имаме кон жената Ромка и нејзината улога и придонес во семејството и општеството“, рече министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, укажувајќи дека црвената боја на женската ромска традиционална облека е симболот на нивната индивидуална жртва за колективна благосостојба, но и потенцијал да ги пробиваат општествено наметнатите бариери.
Костадиновска-Стојчевска се осврна и на меѓународната конференција, за која рече дека е одлична можност за размена на добри практики и продолжување на дијалогот на сите засегнати страни на патот кон обезбедување на еднаквост и социјална вклученост на жените Роми и патници.
Одржувањето на 9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички, тука во Скопје, во организација на Советот на Европа е уште една потврда за нашето партнерство и заедничко делување во заштитата на човековите права, борбата против дискиминација и градењето инклузивни општества“, додаде Костадиновска-Стојчевска.
Како пример за активни и влијателни жени, кои со своите активности го потврдиле потенцијалот и капацитетот на жената Ромка, министерката Костадиновска-Стојчевска ги наброја извонредните Есма Реџепова, Уснија Реџепова, Елена Лацкова, Цаја Стојка, Олга Панкова, Бронислава Вајс и многу други, како доказ за улогата и придонесот на Ромките во градењето на мултикултурното и одржливото општество. На изложбата на уникатни носии кои за оваа прилика ги отстапи Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност „Романо Ило“, се обрати и Халвард Горсет, раководителот на Одделот за антидискриминација при Советот на Европа, кој изрази задоволство што ромската култура и идентитет се дел од македонските музеи и музеите низ целиот свет.