9 Мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/9-maj/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 09:49:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 9 Мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/9-maj/ 32 32 Воена парада во Москва за Денот на победата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voena-parada-vo-moskva-za-denot-na-pobedata/ Thu, 09 May 2024 09:49:24 +0000 https://republika.mk/?p=776241

Илјадници руски војници денеска маршираа на Црвениот плоштад во Москва за да ја одбележат 79-годишнината од советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна. 9 мај е еден од најпочитуваните празници во Русија.

На парадата учествуваа повеќе од 9.000 војници од различни гранки на војската, вклучително и оние кои се бореле на бојното поле во конфликтот во Украина. Повеќе од 70 тенкови и оклопни возила се приклучија на шоуто.

Неколку воени авиони учествуваа во традиционалното прелетување и покрај необичните снежни врнежи во мај во руската престолнина. Во претходните години, прелетувањето беше откажано поради временските услови.

Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор пред парадата.

The post Воена парада во Москва за Денот на победата appeared first on Република.

]]>

Илјадници руски војници денеска маршираа на Црвениот плоштад во Москва за да ја одбележат 79-годишнината од советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна. 9 мај е еден од најпочитуваните празници во Русија. На парадата учествуваа повеќе од 9.000 војници од различни гранки на војската, вклучително и оние кои се бореле на бојното поле во конфликтот во Украина. Повеќе од 70 тенкови и оклопни возила се приклучија на шоуто. Неколку воени авиони учествуваа во традиционалното прелетување и покрај необичните снежни врнежи во мај во руската престолнина. Во претходните години, прелетувањето беше откажано поради временските услови. Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор пред парадата.

The post Воена парада во Москва за Денот на победата appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Изречени казни во висина од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-izrecheni-kazni-vo-visina-od-12-500-evra-za-gradilishteto-zad-univerzalnata-sala/ Tue, 21 Mar 2023 12:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=622037

Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денес изрече 5 казни на инвеститорот „Бинјапи инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, во вкупна висина од 12.500 евра во денарска противвредност, за небезбедното градилиште.

Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски ленти и продолжуваше со градење, не земајќи ги предвид законските одредби и решенијата од инспекцијата.

Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.

Со изоставувањето на армирано бетонските колови, инвеститорот ги довел во опасност околните објекти, а вчера пропадна и дел од улицата „9 Мај“, каде што се наоѓа и спорното градилиште.

Оттука, постапувајќи по Законот за градење, градежниот инспектор на Општина Центар изрекол вкупно 5 глоби и тоа: 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето; 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инжинер за изведба, сите во денарска противвредност.

The post Герасимовски: Изречени казни во висина од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала appeared first on Република.

]]>

Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денес изрече 5 казни на инвеститорот „Бинјапи инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, во вкупна висина од 12.500 евра во денарска противвредност, за небезбедното градилиште. Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски ленти и продолжуваше со градење, не земајќи ги предвид законските одредби и решенијата од инспекцијата. Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење. Со изоставувањето на армирано бетонските колови, инвеститорот ги довел во опасност околните објекти, а вчера пропадна и дел од улицата „9 Мај“, каде што се наоѓа и спорното градилиште. Оттука, постапувајќи по Законот за градење, градежниот инспектор на Општина Центар изрекол вкупно 5 глоби и тоа: 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето; 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инжинер за изведба, сите во денарска противвредност.

The post Герасимовски: Изречени казни во висина од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Во антифашистичка војна македонскиот народ избра да гради држава за сите и на сите, како што е сега ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-antifashistichka-vojna-makedonskiot-narod-izbra-da-gradi-drzava-za-site-i-na-site-kako-shto-e-sega-eu/ Mon, 09 May 2022 10:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=499868

Изборот на македонскиот народ заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата за сите нејзини граѓани, без исклучок, држава на сите и за сите, како што е денеска ЕУ, напредна и прогресивна. затоа имаме силни големи причини да славиме и да бидеме дел од прославите ширум Европа, да ја славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Тој истакна дека нашите граѓани од тоа време, припадниците на сите етнички заедници ги дадоа своите живот затоа што избрале да застанат на страната на сојузничките антифашистички сили, кои решиле да се обединат и да им застанат на патот на фашистичките окупатори.

Од денешен аспект од огромно историско значење е што создавањето на македонската  држава се оствари и низ учеството на партизанските единици на антифашистичкиот сојуз. Тоа учество беше и останува вистинската страна на историјата, единствениот и вистински избор, истакна Ковачевски.

И денес, додаде тој, ние граѓаните на Македонија ја избравме Европа и Унијата затоа што се изградени на вредности во кои веруваме и ги практикуваме и ние.

Оттаму кога велиме дека ЕУ е избор на нашите граѓани, велиме дека тоа е и избор за економски посилна Европа, поправедна и побезбедна Европа која ни припаѓа на сите нас. Затоа сме горди и на овој избор ја избравме иднината на ЕУ и иднината што му припаѓа на секој европски граѓанин. Македонија секогаш ќе биде Европа. Тоа е нашиот избор за посигурна иднина за нашите млади и за идните генерации. Обединети во овој избор околу европските вредности може да се соочиме со предизвиците на нашето време, истакна македонскиот премиер.

Претседателот на Сојузот на борците, Никола Стојановски истакна дека со гордост може да ги истакнат придобивките што ги дале во антифашистичката борба како завет пред Илинденската епопеја во сојузништво со праведната и победничка коалиција.

Нашата борба беше и останува дел од државотворни процеси што се стремат кон прогресивни, демократски, хумани цели во меѓународната заедница. Сојузот на борците како член на Светската федерација на ветераните, како и на Асамблејата на европските антифашисти, почитуван и прифатен од други напредни сили со легитимно право очекува и бара поддршка за негувањето на светлите традиции на вистинскиот пат што го плати и го плаќа нашата земја. Поклонувајќи се на жртвите и борците да и се поклониме на Република Cеверна Македонија на нејзиниот влог во цивилизацијата и слободата. Верувајте, оваа земја никогаш нема да биде нешто друго. Таа е антифашистичка творба, истакна Стојановски.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на свеченоста истакна дека ЕУ која ја славиме денес, е процес кој трае. Начелата на мирот врз кои е заснована таа, истакна Гир, се релевантни и порелевантни од кога било, но тоа е Унија на која и треба постојано обновување и Унија што е нецелосна затоа што ЕУ не е целосна без Западен Балкан како нејзин дел.

Во стратешки интерес и на ЕУ и на регионот е процес на пристапување да напредува сега. Во пракса ова значи итно отворање на преговорите за членство со СМакедонија и Албанија. Паралелно земјата мора да продолжи да напредува во својот реформски пат за да биде целосно подготвена откако ќе ја преземе одговорноста за членството. Овие реформи започнуваат со зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупција и опипливи чекори за подобрување на животот на граѓаните. ЕУ и нејзините земји членки ќе бидат покрај вас да ве поддржуваат во сите овие реформски чекори заедно со нашите меѓународни партнери, истакна Гир.

Овој ден, Денот на Европа, потенцира евроамбасадорот, е ден на надеж и доверба, ден на кој со гордост се навраќаме на жртвите и на оние што беа пред нас, но, исто така, треба да го продолжиме нивниот аманет преку заедничка визија и преку цврста решителност дури и во овие најтешки времиња.

Пред се, треба да се држиме за она што е важно Европа на мирот, Европа на вредностите, Европа на просперитет, соработка и иновации. Ова мора да биде нашата заедничка визија за заедничка иднина заедно. Ова е патот по кој ќе чекориме заедно, истакна евроамбасадорот Гир.

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз смета дека секоја од нациите што денеска се тука имаат свој уникатен идентитет што потекнува од заедничкото искуство, заедничка историја за почит на демократијата, суверенитетот и територијалниот интегритет и заедничката историја на штитење на слободата и правичната иднина за сите, заедничката историја на спротивставување на диктатурата и заедничката историја на обликување на нашата заедничка иднина.

Венците што се положуваат тука го поврзуваат и обединуваат народот на С Македонија со другите низ Европа кои денес положуваат цвеќе. Тоа се симболи на оние кои ги дадоа животите и симболи на нашата посветеност да ги одржиме принципите за кои се жртвувале, истакна Брнз.

Обединетоста, рече амбасадорката, е суштинската идеја што стои зад денот на победат врз фашизмот и Денот на Европа. Најсигурен пат за мир и стабилност, додаде амбасадорката, е оној кој обезбедува право на самоопределување и суверенитет за сите нации и затоа ќе бидеме обединети да се осигуриме дека ќе се случи.

Според неа, Македонија треба  да стане дел од Европската унија што поскоро.

Вашето членство ќе донесе поголема сигурност и безбедност и стабилност на Балканот и низ Европа, ќе ги зголеми нашите напори да го направиме светот побезбедно и потпорно место каде луѓето ќе можат да живеат достоинствено и слободно, истакна амбасадорката Брнз.

Ако ја завршиме оваа работа заедно со нашите партнери, додаде таа, нема  предизвици кои нема да може да ги надминеме. Тоа, рече американската амбасадорка, е нашата историја и решени сме заеднички да ја направиме и наша иднина.

The post Ковачевски: Во антифашистичка војна македонскиот народ избра да гради држава за сите и на сите, како што е сега ЕУ appeared first on Република.

]]>

Изборот на македонскиот народ заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата за сите нејзини граѓани, без исклучок, држава на сите и за сите, како што е денеска ЕУ, напредна и прогресивна. затоа имаме силни големи причини да славиме и да бидеме дел од прославите ширум Европа, да ја славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Тој истакна дека нашите граѓани од тоа време, припадниците на сите етнички заедници ги дадоа своите живот затоа што избрале да застанат на страната на сојузничките антифашистички сили, кои решиле да се обединат и да им застанат на патот на фашистичките окупатори.
Од денешен аспект од огромно историско значење е што создавањето на македонската  држава се оствари и низ учеството на партизанските единици на антифашистичкиот сојуз. Тоа учество беше и останува вистинската страна на историјата, единствениот и вистински избор, истакна Ковачевски.
И денес, додаде тој, ние граѓаните на Македонија ја избравме Европа и Унијата затоа што се изградени на вредности во кои веруваме и ги практикуваме и ние.
Оттаму кога велиме дека ЕУ е избор на нашите граѓани, велиме дека тоа е и избор за економски посилна Европа, поправедна и побезбедна Европа која ни припаѓа на сите нас. Затоа сме горди и на овој избор ја избравме иднината на ЕУ и иднината што му припаѓа на секој европски граѓанин. Македонија секогаш ќе биде Европа. Тоа е нашиот избор за посигурна иднина за нашите млади и за идните генерации. Обединети во овој избор околу европските вредности може да се соочиме со предизвиците на нашето време, истакна македонскиот премиер.
Претседателот на Сојузот на борците, Никола Стојановски истакна дека со гордост може да ги истакнат придобивките што ги дале во антифашистичката борба како завет пред Илинденската епопеја во сојузништво со праведната и победничка коалиција.
Нашата борба беше и останува дел од државотворни процеси што се стремат кон прогресивни, демократски, хумани цели во меѓународната заедница. Сојузот на борците како член на Светската федерација на ветераните, како и на Асамблејата на европските антифашисти, почитуван и прифатен од други напредни сили со легитимно право очекува и бара поддршка за негувањето на светлите традиции на вистинскиот пат што го плати и го плаќа нашата земја. Поклонувајќи се на жртвите и борците да и се поклониме на Република Cеверна Македонија на нејзиниот влог во цивилизацијата и слободата. Верувајте, оваа земја никогаш нема да биде нешто друго. Таа е антифашистичка творба, истакна Стојановски.
Евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на свеченоста истакна дека ЕУ која ја славиме денес, е процес кој трае. Начелата на мирот врз кои е заснована таа, истакна Гир, се релевантни и порелевантни од кога било, но тоа е Унија на која и треба постојано обновување и Унија што е нецелосна затоа што ЕУ не е целосна без Западен Балкан како нејзин дел.
Во стратешки интерес и на ЕУ и на регионот е процес на пристапување да напредува сега. Во пракса ова значи итно отворање на преговорите за членство со СМакедонија и Албанија. Паралелно земјата мора да продолжи да напредува во својот реформски пат за да биде целосно подготвена откако ќе ја преземе одговорноста за членството. Овие реформи започнуваат со зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупција и опипливи чекори за подобрување на животот на граѓаните. ЕУ и нејзините земји членки ќе бидат покрај вас да ве поддржуваат во сите овие реформски чекори заедно со нашите меѓународни партнери, истакна Гир.
Овој ден, Денот на Европа, потенцира евроамбасадорот, е ден на надеж и доверба, ден на кој со гордост се навраќаме на жртвите и на оние што беа пред нас, но, исто така, треба да го продолжиме нивниот аманет преку заедничка визија и преку цврста решителност дури и во овие најтешки времиња.
Пред се, треба да се држиме за она што е важно Европа на мирот, Европа на вредностите, Европа на просперитет, соработка и иновации. Ова мора да биде нашата заедничка визија за заедничка иднина заедно. Ова е патот по кој ќе чекориме заедно, истакна евроамбасадорот Гир.
Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз смета дека секоја од нациите што денеска се тука имаат свој уникатен идентитет што потекнува од заедничкото искуство, заедничка историја за почит на демократијата, суверенитетот и територијалниот интегритет и заедничката историја на штитење на слободата и правичната иднина за сите, заедничката историја на спротивставување на диктатурата и заедничката историја на обликување на нашата заедничка иднина.
Венците што се положуваат тука го поврзуваат и обединуваат народот на С Македонија со другите низ Европа кои денес положуваат цвеќе. Тоа се симболи на оние кои ги дадоа животите и симболи на нашата посветеност да ги одржиме принципите за кои се жртвувале, истакна Брнз.
Обединетоста, рече амбасадорката, е суштинската идеја што стои зад денот на победат врз фашизмот и Денот на Европа. Најсигурен пат за мир и стабилност, додаде амбасадорката, е оној кој обезбедува право на самоопределување и суверенитет за сите нации и затоа ќе бидеме обединети да се осигуриме дека ќе се случи. Според неа, Македонија треба  да стане дел од Европската унија што поскоро.
Вашето членство ќе донесе поголема сигурност и безбедност и стабилност на Балканот и низ Европа, ќе ги зголеми нашите напори да го направиме светот побезбедно и потпорно место каде луѓето ќе можат да живеат достоинствено и слободно, истакна амбасадорката Брнз.
Ако ја завршиме оваа работа заедно со нашите партнери, додаде таа, нема  предизвици кои нема да може да ги надминеме. Тоа, рече американската амбасадорка, е нашата историја и решени сме заеднички да ја направиме и наша иднина.

The post Ковачевски: Во антифашистичка војна македонскиот народ избра да гради држава за сите и на сите, како што е сега ЕУ appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegacija-polozi-venec-svezo-cvekje-na-spomen-obelezjeto-na-partizanskite-grobishta-vo-butel-vo-chest-na-9-maj/ Mon, 09 May 2022 08:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=499809

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот.

Венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Македонија, Делегација на Собранието на Македонија, на Армијата на Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.

The post Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот. Венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Македонија, Делегација на Собранието на Македонија, на Армијата на Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.  

The post Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zivo-odbelezuvanje-na-9-maj-denot-na-pobedata-nad-fashizmot-i-denot-na-evropa/ Mon, 09 May 2022 08:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=499797

Пригодната свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа на која ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Во рамки на свеченоста премиерот Ковачевски ќе положи и цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата.

The post Следете во живо: Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа appeared first on Република.

]]>

Пригодната свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа на која ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамки на свеченоста премиерот Ковачевски ќе положи и цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата.

The post Следете во живо: Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа appeared first on Република.

]]>
Сите очекуваат Путин денеска да прогласи војна, од Кремљ велат: Глупости https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/site-ochekuvaat-putin-deneska-da-proglasi-vojna-od-kremlj-velat-gluposti/ Mon, 09 May 2022 07:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=499715

Русија вели дека се глупост шпекулациите дека ќе ѝ објави сеопшта војна на Украина на Денот на победата над фашизмот.

Би-Би-Си коментира дека Москва досега негираше оти е во војна, и инвазијата врз Украина ја нарекува „специјална воена операција“.

Но, западните власти шпекулираат дека претседателот Владимир Путин би можел да ја искористи денешната парада во Москва за да објави ескалација на воената акција. Тој, се разбира, ги крие картите и додека не проговори на парадата на Црвениот плоштад, негирањата на Москва треба да ги прифаќаме со резерва, пишува Би-Би-Си.

Британскиот медиум потсетува дека во деновите пред почетокот на инвазијата на 24 февруари, „руските функционери постојано ги исмеваа информациите за неизбежна инвазија како ’западна хистерија и пропаганда‘“. Сепак, Русија иврши инвазија, изненадувајќи дури и многу Украинци.

Така, најмалку што можеме да очекуваме се некакви триумфални најави за постигнати цели и победени непријатели (вистински или замислени), додава Би-Би-Си.

Вината за бавното темпо на руското напредување во Донбас најверојатно ќе биде лоцирана кај НАТО и веројатно ќе има дополнителни предупредувања до Западот да престане да ѝ помага на Украина да се брани.

Што и да се случи денес, тешко е да се очекува дека оваа војна ќе заврши наскоро, заклучува Би-Би-Си.

The post Сите очекуваат Путин денеска да прогласи војна, од Кремљ велат: Глупости appeared first on Република.

]]>

Русија вели дека се глупост шпекулациите дека ќе ѝ објави сеопшта војна на Украина на Денот на победата над фашизмот. Би-Би-Си коментира дека Москва досега негираше оти е во војна, и инвазијата врз Украина ја нарекува „специјална воена операција“.
Но, западните власти шпекулираат дека претседателот Владимир Путин би можел да ја искористи денешната парада во Москва за да објави ескалација на воената акција. Тој, се разбира, ги крие картите и додека не проговори на парадата на Црвениот плоштад, негирањата на Москва треба да ги прифаќаме со резерва, пишува Би-Би-Си.
Британскиот медиум потсетува дека во деновите пред почетокот на инвазијата на 24 февруари, „руските функционери постојано ги исмеваа информациите за неизбежна инвазија како ’западна хистерија и пропаганда‘“. Сепак, Русија иврши инвазија, изненадувајќи дури и многу Украинци.
Така, најмалку што можеме да очекуваме се некакви триумфални најави за постигнати цели и победени непријатели (вистински или замислени), додава Би-Би-Си.
Вината за бавното темпо на руското напредување во Донбас најверојатно ќе биде лоцирана кај НАТО и веројатно ќе има дополнителни предупредувања до Западот да престане да ѝ помага на Украина да се брани.
Што и да се случи денес, тешко е да се очекува дека оваа војна ќе заврши наскоро, заклучува Би-Би-Си.

The post Сите очекуваат Путин денеска да прогласи војна, од Кремљ велат: Глупости appeared first on Република.

]]>
Зеленски го покани Шолц да го посети Киев на 9 мај – на Денот на победата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-pokani-sholc-da-go-poseti-kiev-na-9-maj-na-denot-na-pobedata/ Mon, 09 May 2022 04:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=498685

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да направи „силен чекор“ и да го посети Киев на 9 мај, датумот кога Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

Тој упати повторно покана до Шолц, откако односите меѓу двете земји беа затегнати кога германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер минатиот месец беше спречен да го посети Киев.

Тој беше поканет во Украина и таа покана е отворена веќе некое време. Тој може да го направи овој многу моќен политички чекор, да дојде овде на 9 мај, во Киев. Не го објаснувам значењето, мислам дека сте доволно културни за да разберете зошто“, рече Зеленски во видео обраќањето во британскиот аналитички центар „Чатам Хаус“.

Во своето обраќање, Зеленски ја обвини Русија за ситуацијата во опколениот Мариупол, што тој ја опиша како „мачење“ и рече дека „не може да има преговори со Москва додека таму се убиваат цивили и војници кои можат да бидат евакуирани“.

Денеска е 72-от ден од војната и нејзиниот крај се уште не е на повидок и не гледаме подготвеност на руската страна да ја прекине“, додаде Зеленски.

The post Зеленски го покани Шолц да го посети Киев на 9 мај – на Денот на победата appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да направи „силен чекор“ и да го посети Киев на 9 мај, датумот кога Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.   Тој упати повторно покана до Шолц, откако односите меѓу двете земји беа затегнати кога германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер минатиот месец беше спречен да го посети Киев.  
Тој беше поканет во Украина и таа покана е отворена веќе некое време. Тој може да го направи овој многу моќен политички чекор, да дојде овде на 9 мај, во Киев. Не го објаснувам значењето, мислам дека сте доволно културни за да разберете зошто“, рече Зеленски во видео обраќањето во британскиот аналитички центар „Чатам Хаус“.
  Во своето обраќање, Зеленски ја обвини Русија за ситуацијата во опколениот Мариупол, што тој ја опиша како „мачење“ и рече дека „не може да има преговори со Москва додека таму се убиваат цивили и војници кои можат да бидат евакуирани“.  
Денеска е 72-от ден од војната и нејзиниот крај се уште не е на повидок и не гледаме подготвеност на руската страна да ја прекине“, додаде Зеленски.

The post Зеленски го покани Шолц да го посети Киев на 9 мај – на Денот на победата appeared first on Република.

]]>
Пeтровска го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот: Слава ѝ на Украина! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-go-chestita-9-maj-denot-na-pobedata-nad-fashizmot-slava-na-ukraina/ Sun, 08 May 2022 21:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=499673

Денот на сеќавањето и помирувањето не претставува култ на победата, туку уважување на мирот, порача вечерва министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Соочени повторно со ужасите на војната на европско тло, оддаваме почит на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година. Фотографиите од изложбата „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во рамки на овој свечен настан, говорат погласно од сите зборови за недозволивоста на рускиот акт на агресија. Слава ѝ на Украина!, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

The post Пeтровска го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот: Слава ѝ на Украина! appeared first on Република.

Кличко: Останете дома на Денот на победата над фашизмот, Путин може да ѝ објави војна на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/klichko-ostanete-doma-na-denot-na-pobedata-nad-fashizmot-putin-moze-da-objavi-vojna-na-ukraina/ Sat, 07 May 2022 08:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=498926

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови од утре до понеделник, во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата, бидејќи западните власти издадоа предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, симболичниот ден за Русија.

Иако градоначалникот на Киев формално не воведува полициски час, во тоа време нема да се организираат настани, според објавите на неговите социјални мрежи, јави Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека патролите во градот ќе бидат засилени.

Ако некој сака да оди да положи цвеќе, може да го направи тоа сам… Внимавајте и придржувајте се до правилата за воена безбедност, посочи Кличко.

Исто така ве замолувам да не ги игнорирате предупредувачките сигнали за воздушен напад и веднаш да се засолните. Во наредните денови постои голема веројатност за ракетни напади во сите региони на Украина. Внимавајте и грижете се за сопствената безбедност, предупреди градоначалникот на Киев.

The post Кличко: Останете дома на Денот на победата над фашизмот, Путин може да ѝ објави војна на Украина appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови од утре до понеделник, во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата, бидејќи западните власти издадоа предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, симболичниот ден за Русија. Иако градоначалникот на Киев формално не воведува полициски час, во тоа време нема да се организираат настани, според објавите на неговите социјални мрежи, јави Си-Ен-Ен. Тој додаде дека патролите во градот ќе бидат засилени.
Ако некој сака да оди да положи цвеќе, може да го направи тоа сам… Внимавајте и придржувајте се до правилата за воена безбедност, посочи Кличко. Исто така ве замолувам да не ги игнорирате предупредувачките сигнали за воздушен напад и веднаш да се засолните. Во наредните денови постои голема веројатност за ракетни напади во сите региони на Украина. Внимавајте и грижете се за сопствената безбедност, предупреди градоначалникот на Киев.

The post Кличко: Останете дома на Денот на победата над фашизмот, Путин може да ѝ објави војна на Украина appeared first on Република.

]]>
11.000 војници и 77 авиони и хеликоптери вежбаа за парадата за Денот на победата: Прослави ќе има во 379 градови ширум Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vkupno-11-000-vojnici-i-77-avioni-i-helikopteri-vezbaa-za-paradata-za-denot-na-pobedata-proslavi-kje-ima-vo-379-gradovi-shirum-rusija/ Thu, 21 Apr 2022 16:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=491919

Вкупно 11.000 војници, 131 вооружени системи и 77 авиони учествуваа на пробата за парадата по повод Денот на победата - 9 мај на полигонот Алабино надвор од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руската воена парада ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, на денот на одбележувањето на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Вкупно, на пробата за воената парада на Црвениот плоштад учествуваат 11.000 војници, 131 парче напредно оружје и воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери - се вели во соопштението.

На пробата учествуваа вкупно 33 парадни пешачки колони. Механизираната колона вклучуваше теренски оклопни возила „Тајфун“, пешадиски борбени возила „БМП-2“, „БМП-3“ и „Кургањец-25“, тенкови „Т-72Б3М“, „Т-90М пробив“ и „Т-14 Армата", тактички ракетни системи „Искандер-М“, хаубици „мста-С“ и повеќецевни ракетни системи „торнадо-Г“, ракетни системи земја-воздух „тор-М2“, „бук- М3“ и „С-400 триумф“, борбена опрема на Воздухопловните сили и стратешки ракетни единици и борбени роботски возила „уран-9“ - пренесе ТАСС.

https://twitter.com/RT_com/status/1516340829723545601?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516340829723545601%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3916731%2Fvojna-parada-u-moskvi-cak-11000-vojnika-77-aviona-i-helikoptera-vezbalo-za-dan-pobede-proslave-ce-biti-u-379-gradova-video

Руските сили ќе одржат ноќни проби на 28 април и 4 мај, а генералната проба е закажана за 7 мај, посочија од Министерството за одбрана.

Врховниот командант на руската армија Олег Саљуков е назначен за командант на парадата на Црвениот плоштад.

Паради на 9 мај ќе се организираат во 28 руски градови, а прослави со учество на армијата во 379 градови и населени места. Планиран е и огномет кој таа вечер во 22 часот по локално време ќе го осветли небото над руските градови.

The post 11.000 војници и 77 авиони и хеликоптери вежбаа за парадата за Денот на победата: Прослави ќе има во 379 градови ширум Русија appeared first on Република.

]]>

Вкупно 11.000 војници, 131 вооружени системи и 77 авиони учествуваа на пробата за парадата по повод Денот на победата - 9 мај на полигонот Алабино надвор од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. Руската воена парада ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, на денот на одбележувањето на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Вкупно, на пробата за воената парада на Црвениот плоштад учествуваат 11.000 војници, 131 парче напредно оружје и воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери - се вели во соопштението.
На пробата учествуваа вкупно 33 парадни пешачки колони. Механизираната колона вклучуваше теренски оклопни возила „Тајфун“, пешадиски борбени возила „БМП-2“, „БМП-3“ и „Кургањец-25“, тенкови „Т-72Б3М“, „Т-90М пробив“ и „Т-14 Армата", тактички ракетни системи „Искандер-М“, хаубици „мста-С“ и повеќецевни ракетни системи „торнадо-Г“, ракетни системи земја-воздух „тор-М2“, „бук- М3“ и „С-400 триумф“, борбена опрема на Воздухопловните сили и стратешки ракетни единици и борбени роботски возила „уран-9“ - пренесе ТАСС.
https://twitter.com/RT_com/status/1516340829723545601?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516340829723545601%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3916731%2Fvojna-parada-u-moskvi-cak-11000-vojnika-77-aviona-i-helikoptera-vezbalo-za-dan-pobede-proslave-ce-biti-u-379-gradova-video Руските сили ќе одржат ноќни проби на 28 април и 4 мај, а генералната проба е закажана за 7 мај, посочија од Министерството за одбрана. Врховниот командант на руската армија Олег Саљуков е назначен за командант на парадата на Црвениот плоштад. Паради на 9 мај ќе се организираат во 28 руски градови, а прослави со учество на армијата во 379 градови и населени места. Планиран е и огномет кој таа вечер во 22 часот по локално време ќе го осветли небото над руските градови.

The post 11.000 војници и 77 авиони и хеликоптери вежбаа за парадата за Денот на победата: Прослави ќе има во 379 градови ширум Русија appeared first on Република.

]]>
Путин веќе одредил кога ќе заврши војната во Украина?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-vekje-odredil-koga-kje-zavrshi-vojnata-vo-ukraina/ Fri, 25 Mar 2022 23:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=478716

Официјален Киев тврди дека рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, од порано го одредил 9 мај за крај на војната во Украина.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руската пропаганда „вели дека војната мора да заврши до 9 мај 2022 година“, на датумот кога Русија ја слави победата во Втората светска војна и организира голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

Според достапните информации, меѓу луѓето од вооружените сили на Руската Федерација постојано се врши пропагандна работа, што ја наметнува идејата дека војната мора да заврши пред 9 мај 2022 година - наведуваат од украинскиот Генералштаб.

The post Путин веќе одредил кога ќе заврши војната во Украина?! appeared first on Република.

]]>

Официјален Киев тврди дека рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, од порано го одредил 9 мај за крај на војната во Украина. Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руската пропаганда „вели дека војната мора да заврши до 9 мај 2022 година“, на датумот кога Русија ја слави победата во Втората светска војна и организира голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва.