81 производ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/81-proizvod/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 10:06:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 81 производ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/81-proizvod/ 32 32 Србија ги намали цените на 81 производ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-gi-namali-tsenite-na-81-proizvod/ Thu, 29 Aug 2024 10:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=811161

Во Србија денеска е промовирана најновата акција на државните и трговските синџири „најдобра цена“, во која во текот на септември и октомври ќе бидат намалени цените на 81 производ во просек за 25%.

Со акцијата која ќе трае два месеца- септември и октомври, како што објавија српските медиуми, се обезбедува месечна заштеда на граѓаните од 8.000 до 22.000 динари .

Премиерот на Србија Милош Вучевиќ појасни дека се одлучиле за поголем попуст од минатата кампања „подобра цена“ и за поголем број производи бидејќи септември и октомври се сметаат за најтешки месеци поради почнување на училишната година и почеток на грејната сезона.

Ова е прашање на договор меѓу државата и трговските синџири. Нема да седиме овие два месеци, туку ќе бараме да го продолжиме, а веќе имаме закажан состанок со трговците во октомври. Сите трговци кои прифатиле да учествуваат во оваа кампања мора да ја почитуваат и да се погрижат производите со попуст да се најдат на полиците – рече Вучевиќ.

Тој рече и дека граѓаните и институциите ќе ја контролираат реализацијата.

The post Србија ги намали цените на 81 производ appeared first on Република.

]]>

Во Србија денеска е промовирана најновата акција на државните и трговските синџири „најдобра цена“, во која во текот на септември и октомври ќе бидат намалени цените на 81 производ во просек за 25%. Со акцијата која ќе трае два месеца- септември и октомври, како што објавија српските медиуми, се обезбедува месечна заштеда на граѓаните од 8.000 до 22.000 динари . Премиерот на Србија Милош Вучевиќ појасни дека се одлучиле за поголем попуст од минатата кампања „подобра цена“ и за поголем број производи бидејќи септември и октомври се сметаат за најтешки месеци поради почнување на училишната година и почеток на грејната сезона.