8 Септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/8-septemvri/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Sep 2023 08:15:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 8 Септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/8-septemvri/ 32 32 Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди… и што представуваа таа ПЛАВА боја… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-trudev-da-razberam-shto-saka-da-kazhe-aftorot-so-ovaa-proektsija-ama-slabo-mi-odi-i-shto-predstavuvaa-taa-plava-boja/ Sat, 09 Sep 2023 08:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=680162

Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди … може да ми објасни некој … и што представуваа таа ПЛАВА боја … МАКЕДОНИЈА во ❤️❤️❤️, на социјалните мрежи коментира Александар Несторовски.

The post Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди… и што представуваа таа ПЛАВА боја… appeared first on Република.

]]>

Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди … може да ми објасни некој … и што представуваа таа ПЛАВА боја … МАКЕДОНИЈА во ❤️❤️❤️, на социјалните мрежи коментира Александар Несторовски.

The post Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди… и што представуваа таа ПЛАВА боја… appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vlasta-go-pomina-8-septemvri-bez-da-go-spomne-imeto-makedonija-se-srami-li-kovachevski-od-drzhavata/ Sat, 09 Sep 2023 07:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=680151

Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8 Септември не се најде името Македонија.

Власта како да се срами од сопствената држава.

 

СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.

 

Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.

 

СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата? appeared first on Република.

]]>

Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8 Септември не се најде името Македонија.
Власта како да се срами од сопствената држава.   СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.   Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.   СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата? appeared first on Република.

]]>
Николоски: Честита независност Македонијо! Доаѓаат твоите синови и ќерки! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-chestita-nezavisnost-makedonijo-doagaat-tvoite-sinovi-i-kerki/ Fri, 08 Sep 2023 12:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=679961

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, на социјалните мрежи преку порака ја честита независноста на Македонија.

Честита независност Македонијо!
Остануваат уште многу соништа на генерации Македонци да се реализираат. Но доаѓаат подобри денови! Доаѓаат твоите синови и ќерки!
Да си вечна Македонијо! Честит 8ми Септември!, напиша на Фејсбук Николоски.

The post Николоски: Честита независност Македонијо! Доаѓаат твоите синови и ќерки! appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, на социјалните мрежи преку порака ја честита независноста на Македонија.
Честита независност Македонијо! Остануваат уште многу соништа на генерации Македонци да се реализираат. Но доаѓаат подобри денови! Доаѓаат твоите синови и ќерки! Да си вечна Македонијо! Честит 8ми Септември!, напиша на Фејсбук Николоски.

The post Николоски: Честита независност Македонијо! Доаѓаат твоите синови и ќерки! appeared first on Република.

]]>
Владина делегација на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-na-vechnite-pochivalishta-na-pretsedatelite-gligorov-i-trajkovski/ Fri, 08 Sep 2023 09:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=679904

По повод одбележување на 8 Септември - Денот на независноста, владина делегација предводена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Во состав на владината делегација која им оддаде почит на двајцата претседатели коишто ќе останат запаметени по нивната впечатлива трага во градењето на нашата државност, беа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Фатмир Меџити, соопштија од прес-службата.

Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации на кабинетите на претседателот, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор, како и претставници на политичките партии.

Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември продолжува со богата културно уметничка програма во Градскиот парк во Скопје, како и културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии низ целата држава, велат од Влада.

The post Владина делегација на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>

По повод одбележување на 8 Септември - Денот на независноста, владина делегација предводена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во состав на владината делегација која им оддаде почит на двајцата претседатели коишто ќе останат запаметени по нивната впечатлива трага во градењето на нашата државност, беа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Фатмир Меџити, соопштија од прес-службата. Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации на кабинетите на претседателот, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор, како и претставници на политичките партии. Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември продолжува со богата културно уметничка програма во Градскиот парк во Скопје, како и културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии низ целата држава, велат од Влада.

The post Владина делегација на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>
Пендаровски положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-polozhi-tsveke-na-vechnite-pochivalishta-na-gligorov-i-trajkovski/ Fri, 08 Sep 2023 09:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=679900

По повод 8 Септември – Денот на независноста, претседателот Стево Пендаровски оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел, соопштија од неговиот Кабинет.

The post Пендаровски положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември – Денот на независноста, претседателот Стево Пендаровски оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел, соопштија од неговиот Кабинет.

The post Пендаровски положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Седум години имавте нешто да смените, државата е непоправливо упропастена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-sedum-godini-imavte-neshto-da-smenite-drzhavata-e-nepopravlivo-upropastena/ Fri, 08 Sep 2023 09:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=679897

„Какви грозоморни глупости!“, вели активистот Ивор Мицковски, конемтирајќи го денешниот говор на премиерот Димитар Ковачевски, во кој тој меѓудругото вели „Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес.“

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-8-septemvri-2023-povikuva-na-kontinuitet-vo-razvojot-za-podobar-zhivot-na-segashnite-i-idnite-generatsii/

Денес е сè спротивно од овие празни и декларативни цели, кои ги изнесувате само со цел да извршите уставни измени.
Кој ви брани, не само да остварите било што од горенаведеното, туку и да престанете со секојдневните скандали и криминали поради кои луѓе гинат, се селат или пропаѓаат?!
7 години имавте нешто да смените, вие продолживте по патот на растурање на државата.
Затоа, каков честит и вековит празник и држава, ова уништување и изживување повеќе нема смисла, државата е непоправливо упропастена, порача Мицковски.

The post Мицковски: Седум години имавте нешто да смените, државата е непоправливо упропастена appeared first on Република.

]]>

„Какви грозоморни глупости!“, вели активистот Ивор Мицковски, конемтирајќи го денешниот говор на премиерот Димитар Ковачевски, во кој тој меѓудругото вели „Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес.“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-8-septemvri-2023-povikuva-na-kontinuitet-vo-razvojot-za-podobar-zhivot-na-segashnite-i-idnite-generatsii/
Денес е сè спротивно од овие празни и декларативни цели, кои ги изнесувате само со цел да извршите уставни измени. Кој ви брани, не само да остварите било што од горенаведеното, туку и да престанете со секојдневните скандали и криминали поради кои луѓе гинат, се селат или пропаѓаат?! 7 години имавте нешто да смените, вие продолживте по патот на растурање на државата. Затоа, каков честит и вековит празник и држава, ова уништување и изживување повеќе нема смисла, државата е непоправливо упропастена, порача Мицковски.

The post Мицковски: Седум години имавте нешто да смените, државата е непоправливо упропастена appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 8 Септември е круната на македонската борба за слобода, државност и независност, тој аманет имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-8-septemvri-e-krunata-na-makedonskata-borba-za-sloboda-drzhavnost-i-nezavisnost-toj-amanet-imame-obvrska-da-go-ostavime-na-idnite-generatsii-po-nas/ Fri, 08 Sep 2023 08:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=679883

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста.

Честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Овој ден е круната на македонската борба за слобода, државност и независност. Овој ден е остварувањето на соништата на илјадници синови и ќерки од Илинденската борба, од Народноослободителната борба и од сите епопеи во македонската историја, кои своите животи ги положија за Македонија. Нивниот аманет денес го живееме и имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас, затоа што Македонија е наш дом.

Во 1991 година се исполни волјата на огромно мнозинство на народот да живее во независна Македонија. Тие генерации сонуваа за напредок и горда земја која ќе биде достоинствен и рамноправен член за европското семејство. Но, тој сон со годините полека бледнееше, за посебно денес истата таа генерација ги живее најмрачните години од самостојноста, години на безочен криминал, на сеприсутна корупција, на власт на која поважен и е личниот бизнис отколку животот на обичниот човек. Трагедиите во последните години ни станаа секојдневие, недостигаат лекови, недостигаат учебници, недостига правда, но најмногу од сé недостигаат граѓаните кои си заминуваат од својата татковина поради неуспесите, поразите, погазеното достоинство и распадот на системот.

Но овој празник е во исто време и празник на надеж и празник на борба за Македонија. Таа борба никогаш нема да престане. Овој народ е пиреј и ќе се избори со сите предизвици. Македонија ја заслужува таа борба и ќе победи против корумпираната елита на власт и нивните пиони. Сонцето на слободата и просперитетот ќе огрее пак над Македонија. Нашата обврска како ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да го направиме тој ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила. Тоа ќе го успееме, затоа што силно веруваме во тоа. Нека е вековит Денот на независноста! Нека е вечна Македонија!“, се вели во честитката од Мицкоски.

The post Мицкоски: 8 Септември е круната на македонската борба за слобода, државност и независност, тој аманет имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста.
Честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Овој ден е круната на македонската борба за слобода, државност и независност. Овој ден е остварувањето на соништата на илјадници синови и ќерки од Илинденската борба, од Народноослободителната борба и од сите епопеи во македонската историја, кои своите животи ги положија за Македонија. Нивниот аманет денес го живееме и имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас, затоа што Македонија е наш дом. Во 1991 година се исполни волјата на огромно мнозинство на народот да живее во независна Македонија. Тие генерации сонуваа за напредок и горда земја која ќе биде достоинствен и рамноправен член за европското семејство. Но, тој сон со годините полека бледнееше, за посебно денес истата таа генерација ги живее најмрачните години од самостојноста, години на безочен криминал, на сеприсутна корупција, на власт на која поважен и е личниот бизнис отколку животот на обичниот човек. Трагедиите во последните години ни станаа секојдневие, недостигаат лекови, недостигаат учебници, недостига правда, но најмногу од сé недостигаат граѓаните кои си заминуваат од својата татковина поради неуспесите, поразите, погазеното достоинство и распадот на системот. Но овој празник е во исто време и празник на надеж и празник на борба за Македонија. Таа борба никогаш нема да престане. Овој народ е пиреј и ќе се избори со сите предизвици. Македонија ја заслужува таа борба и ќе победи против корумпираната елита на власт и нивните пиони. Сонцето на слободата и просперитетот ќе огрее пак над Македонија. Нашата обврска како ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да го направиме тој ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила. Тоа ќе го успееме, затоа што силно веруваме во тоа. Нека е вековит Денот на независноста! Нека е вечна Македонија!“, се вели во честитката од Мицкоски.

The post Мицкоски: 8 Септември е круната на македонската борба за слобода, државност и независност, тој аманет имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: 8 Септември 2023 повикува на континуитет во развојот за подобар живот на сегашните и идните генерации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-8-septemvri-2023-povikuva-na-kontinuitet-vo-razvojot-za-podobar-zhivot-na-segashnite-i-idnite-generatsii/ Fri, 08 Sep 2023 08:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=679878

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, со видео порака се обрати во чест на денешниот голем државен празник - 8 Септември, со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста на Републиката.

Во продолжение е интегралниот текст од видео обраќањето на премиерот Ковачевски.

„Денешниот 8 Септември, денот на независноста на Република Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година.

На овој датум, пред 32 години, огромно мнозинство од граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во независна, самостојна, суверена и прогресивна држава.

Генерациите од 1991-та година, ги водеше гласот за слобода, државност и интеграција, што одекнува од Илинден 903-та и АСНОМ 44-та година. И тие одговорија со граѓанска и политичка одговорност кон аманетот и перспективите.

32 години по прогласената независност на нашата Република, Гласникот на слободата, 8 Септември, денес бара слух од сите нас, за континуиран развој.

Денешниот 8 Септември повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации.

Со разумни и храбри одлуки нашата држава дојде до независност по мирен пат и притоа ја сочува унитарноста. Воведовме своја државна валута. Знаме. Химна. Станавме членка на Обединетите нации. Надминавме воен кофликт. Станавме членка на НАТО. Отпочнавме преговори со Европската Унија.

Денес живееме во држава со осигурани територијални граници. Со признаен македонски јазик и македонски идентитет. Држава којашто е пример за почитување на човековите права, како успешна, мултиетничка и мултикултурна функционална демократија. Европа во мало.

Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес.

Интеграцијата во ЕУ за нас дома значи уште погoлeми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија.

Почитувани граѓани - нека ни е честит и вековит 8 Септември – Гласник на слободата“, се вели во видео честитката од премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: 8 Септември 2023 повикува на континуитет во развојот за подобар живот на сегашните и идните генерации appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, со видео порака се обрати во чест на денешниот голем државен празник - 8 Септември, со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста на Републиката. Во продолжение е интегралниот текст од видео обраќањето на премиерот Ковачевски.
„Денешниот 8 Септември, денот на независноста на Република Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година. На овој датум, пред 32 години, огромно мнозинство од граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во независна, самостојна, суверена и прогресивна држава. Генерациите од 1991-та година, ги водеше гласот за слобода, државност и интеграција, што одекнува од Илинден 903-та и АСНОМ 44-та година. И тие одговорија со граѓанска и политичка одговорност кон аманетот и перспективите. 32 години по прогласената независност на нашата Република, Гласникот на слободата, 8 Септември, денес бара слух од сите нас, за континуиран развој. Денешниот 8 Септември повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации. Со разумни и храбри одлуки нашата држава дојде до независност по мирен пат и притоа ја сочува унитарноста. Воведовме своја државна валута. Знаме. Химна. Станавме членка на Обединетите нации. Надминавме воен кофликт. Станавме членка на НАТО. Отпочнавме преговори со Европската Унија. Денес живееме во држава со осигурани територијални граници. Со признаен македонски јазик и македонски идентитет. Држава којашто е пример за почитување на човековите права, како успешна, мултиетничка и мултикултурна функционална демократија. Европа во мало. Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес. Интеграцијата во ЕУ за нас дома значи уште погoлeми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија. Почитувани граѓани - нека ни е честит и вековит 8 Септември – Гласник на слободата“, се вели во видео честитката од премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: 8 Септември 2023 повикува на континуитет во развојот за подобар живот на сегашните и идните генерации appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нека е вечна слободна, независна Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-neka-e-vechna-slobodna-nezavisna-makedonija/ Fri, 08 Sep 2023 08:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=679864

Со стиховите од поемата Македонија, од Анте Поповски, придружени со видео од некои од најубавите пејсажи од Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го честита 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Нека е вечна слободна, независна Македонија!, порачува Мицкоски.

The post Мицкоски: Нека е вечна слободна, независна Македонија! appeared first on Република.

]]>

Со стиховите од поемата Македонија, од Анте Поповски, придружени со видео од некои од најубавите пејсажи од Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го честита 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.
Нека е вечна слободна, независна Македонија!, порачува Мицкоски.

The post Мицкоски: Нека е вечна слободна, независна Македонија! appeared first on Република.

]]>
Слободен е влезот во музеите, галериите и на археолошките локалитети, ќе има серија бесплатни културни настани за Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sloboden-e-vlezot-vo-muzeite-galeriite-i-na-arheoloshkite-lokaliteti-ke-ima-serija-besplatni-kulturni-nastani-za-denot-na-nezavisnosta/ Fri, 08 Sep 2023 06:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=679841

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети.

Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година, соопшти Министерството за култура.

Во оваа национална установа, во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје (кој го сочинуваат младите музички уметници: Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело) ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година.

Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, што ќе се одржи на платото на институцијата во 20 часот.

Оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн.

Во Кинотеката на Република Македонија, пак, ќе има проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди.

По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов.

Во документарниот филм за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, настапуваат: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам. Филмот „Медена земја“ се претстави на значајни европски фестивали и освои неколку награди, меѓу кои и наградите за најдобар документарен филм, за кинематографери и наградата „Impact and change“ на „Санденс филм фестивал 2019“; како и наградите за најдобар документарен филм на „DocsBarcelona 2019“, „DocAviv Film Festival 2019“ и „Montclair Film Festival 2019“. Исто така, филмот беше номиниран на 92. церемонија на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.

Во 20 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески. Филмот е во македонско-грчка копродукција и е добитник на десетици награди и признанија во светот. На својата премиера на „Солунскиот филмски фестивал“ во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жирито за сценарио на 17. издание на „Медитеранскиот филмски фестивал“ во Брисел. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмет. Влезот и за двата филма е бесплатен.

Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава, кај Школката во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата од 11 до 14 часот, за својата верна публика ќе ја изведе претставата „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо),

Без надомест ќе бидат отворени археолошките локалитети „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам, како и Уметничката галерија во Тетово.

Низ државава, во рамките на програмата „Отворен ден за граѓаните“, вратите ќе бидат отворени и во музеите и во заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони, соопшти Министерството за култура.

The post Слободен е влезот во музеите, галериите и на археолошките локалитети, ќе има серија бесплатни културни настани за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети. Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година, соопшти Министерството за култура. Во оваа национална установа, во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје (кој го сочинуваат младите музички уметници: Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело) ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, што ќе се одржи на платото на институцијата во 20 часот. Оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн. Во Кинотеката на Република Македонија, пак, ќе има проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во документарниот филм за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, настапуваат: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам. Филмот „Медена земја“ се претстави на значајни европски фестивали и освои неколку награди, меѓу кои и наградите за најдобар документарен филм, за кинематографери и наградата „Impact and change“ на „Санденс филм фестивал 2019“; како и наградите за најдобар документарен филм на „DocsBarcelona 2019“, „DocAviv Film Festival 2019“ и „Montclair Film Festival 2019“. Исто така, филмот беше номиниран на 92. церемонија на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм. Во 20 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески. Филмот е во македонско-грчка копродукција и е добитник на десетици награди и признанија во светот. На својата премиера на „Солунскиот филмски фестивал“ во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жирито за сценарио на 17. издание на „Медитеранскиот филмски фестивал“ во Брисел. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмет. Влезот и за двата филма е бесплатен. Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава, кај Школката во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата од 11 до 14 часот, за својата верна публика ќе ја изведе претставата „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо), Без надомест ќе бидат отворени археолошките локалитети „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам, како и Уметничката галерија во Тетово. Низ државава, во рамките на програмата „Отворен ден за граѓаните“, вратите ќе бидат отворени и во музеите и во заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево. Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони, соопшти Министерството за култура.

The post Слободен е влезот во музеите, галериите и на археолошките локалитети, ќе има серија бесплатни културни настани за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе бидат одликувани добитниците на државната награда „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-bidat-odlikuvani-dobitnitsite-na-drzhavnata-nagrada-8-septemvri/ Fri, 08 Sep 2023 06:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=679835

Во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2023 година.

Годинашен добитник на наградата за животно дело е Дејан Богданов за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев.

The post Денеска ќе бидат одликувани добитниците на државната награда „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2023 година. Годинашен добитник на наградата за животно дело е Дејан Богданов за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план. Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев.

The post Денеска ќе бидат одликувани добитниците на државната награда „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Гласник на слободата“ Владата со неколку активности го одбележува Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pod-mototo-glasnik-na-slobodata-vladata-so-nekolku-aktivnosti-go-odbelezhuva-denot-na-nezavisnosta/ Fri, 08 Sep 2023 06:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=679826

Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација  на Владата, се одбележува Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, ...

Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот  Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити.

Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати.

Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“.

Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак,  ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата.

Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република.

Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“,  Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински.

Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас).

Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година.

Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата.

По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.

The post Под мотото „Гласник на слободата“ Владата со неколку активности го одбележува Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација  на Владата, се одбележува Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, ... Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот  Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити. Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати. Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“. Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак,  ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата. Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“,  Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински. Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас). Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.

The post Под мотото „Гласник на слободата“ Владата со неколку активности го одбележува Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
За многу години Македонци! 32 години од независноста на Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-mnogu-godini-makedontsi-32-godini-od-nezavisnosta-na-republika-makedonija/ Fri, 08 Sep 2023 05:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=679821

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава, Република Македонија.

Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.

Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат.

На 17 јуни 2018 година, во Прeспа, со потпишување договор меѓу Република Македонија и Грција, името на државата беше сменет во Република Cеверна Македонија. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО.

Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија, која бара промена на Уставот, како услов да го тргне ветото за почнување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот.

Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради тоа што Владата го нема потребното двотретинско мнозинство, односно нема поддршка од опозицијата, седницата е одложена до моментто кога ќе се создадат соодветни услови, односно ќе има доволен број пратеници за да гласаат за уставните измени.

Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто

The post За многу години Македонци! 32 години од независноста на Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава, Република Македонија. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. На 17 јуни 2018 година, во Прeспа, со потпишување договор меѓу Република Македонија и Грција, името на државата беше сменет во Република Cеверна Македонија. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија, која бара промена на Уставот, како услов да го тргне ветото за почнување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот. Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради тоа што Владата го нема потребното двотретинско мнозинство, односно нема поддршка од опозицијата, седницата е одложена до моментто кога ќе се создадат соодветни услови, односно ќе има доволен број пратеници за да гласаат за уставните измени. Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто

The post За многу години Македонци! 32 години од независноста на Република Македонија appeared first on Република.

]]>
И Ефто Пупиновски нема да се појави на партиската прослава на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-efto-pupinovski-nema-da-se-pojavi-na-partiskata-proslava-na-sdsm/ Thu, 07 Sep 2023 20:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=679805

Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода.
Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив -објавата на фејсбук страницата на Ефто Пупиновски доаѓа откако беше најавено дека тој ќе настапи на настанот „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија, организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода.

Ефто Пупиновски беше најавен како замена за музичарот Јордан Митев кој претходно го откажа својот настап. Наместо ликот на Митев на плакатот се наjде Ефто Пупиновски, кој пак демантираше дека ќе настапува.

Својот настап го откажаа и Татјана и Новица Василевски и Андријана Кеш, а на новиот плакат ги нема ниту музичарите од Мерак Меана.

Сите кои јавно обкавија дека го откажуваат настапот посочија дека кога го договориле настапот воопшто не биле информирани дека се работи за партиски настан. Тие посочија не сакаат да бидат дел од партиски настани и не сакаат да бидат поврзани со ниту една политичка партија.

The post И Ефто Пупиновски нема да се појави на партиската прослава на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода. Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив -објавата на фејсбук страницата на Ефто Пупиновски доаѓа откако беше најавено дека тој ќе настапи на настанот „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија, организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода. Ефто Пупиновски беше најавен како замена за музичарот Јордан Митев кој претходно го откажа својот настап. Наместо ликот на Митев на плакатот се наjде Ефто Пупиновски, кој пак демантираше дека ќе настапува. Својот настап го откажаа и Татјана и Новица Василевски и Андријана Кеш, а на новиот плакат ги нема ниту музичарите од Мерак Меана. Сите кои јавно обкавија дека го откажуваат настапот посочија дека кога го договориле настапот воопшто не биле информирани дека се работи за партиски настан. Тие посочија не сакаат да бидат дел од партиски настани и не сакаат да бидат поврзани со ниту една политичка партија.

The post И Ефто Пупиновски нема да се појави на партиската прослава на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Татјана и Новица го откажаа настапот за 8 Септември: Од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tatjana-i-novitsa-go-otkazhaa-nastapot-za-8-septemvri-od-fejsbuk-doznavme-za-shto-vsushnost-stanuva-zbor/ Thu, 07 Sep 2023 16:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=679767

И Татјана и Новица го откажаа својот настап на 8. Септември во Пеленица во Скопје. Велат од фејсбук дознале за што станува збор. Со пораката Македонија вечна тие го честитаа Денот на независноста на државата и информираа дека не ги интересира политиката и не сакаат да ги поврзуваат со ниту една политика партија.

Во врска со настапот на „8 Септември“ сакаме да информираме дека ние нема да настапиме, а воедно и да дадеме појаснување, што навистина се случи.
Наш колега музичар не покани да настапиме, но ни кажа дека тоа е концерт на „Мерак меана“, телевизиска емисија, која го третира македонскиот фолк. Секако прифативме, бидејќи фолк музиката е нашиот живот. Но, од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор и затоа го ОТКАЖАВМЕ нашиот настап. Нас, како професионални музичари, не не интересира политика, не сакаме да бидеме поврзувани со ниедна партија и ќе останеме доследни на нашата љубов кон музиката и за музиката. Во име на музиката се оградуваме од сите политики. Нашиот престој во ТАТКОВИНАТА, освен да си дојдеме дома, да се видиме со најблиските, пријателите, роднините и публиката е и да создадеме нови МАКЕДОНСКИ фолк песни. Тоа и го направивме, а ќе имате прилика деновиве да ги слушнете нашите две нови песни и видео записи.
Нека е за многу години Денот на независноста на Македонија! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!🇲🇰🇲🇰🇲🇰 - напиша Татјана Лазаревска на својот фејсбук профил.

Претходно Јордан Митев и Адријана Ацевска се откажаа од настап на одбележувањето на 8 Септември во Пеленица во Скопје, затоа што не биле информирани дека плановите се тоа да биде партиски настан на СДСМ, наместо прослава на државниот празник.

https://republika.mk/scena/muzika/jordan-mitev-golema-chest-e-da-nastapam-za-8-septemvri-no-go-otkazhuvam-nastapot-zatoa-shto-planiraniot-nastan-ke-ima-partiska-tsel/

https://republika.mk/scena/muzika/adrijana-atsevska-proslavata-na-8-septemvri-trebashe-da-bide-naroden-sobir-a-ne-partiski-nastap/

The post Татјана и Новица го откажаа настапот за 8 Септември: Од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор appeared first on Република.

]]>

И Татјана и Новица го откажаа својот настап на 8. Септември во Пеленица во Скопје. Велат од фејсбук дознале за што станува збор. Со пораката Македонија вечна тие го честитаа Денот на независноста на државата и информираа дека не ги интересира политиката и не сакаат да ги поврзуваат со ниту една политика партија.
Во врска со настапот на „8 Септември“ сакаме да информираме дека ние нема да настапиме, а воедно и да дадеме појаснување, што навистина се случи. Наш колега музичар не покани да настапиме, но ни кажа дека тоа е концерт на „Мерак меана“, телевизиска емисија, која го третира македонскиот фолк. Секако прифативме, бидејќи фолк музиката е нашиот живот. Но, од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор и затоа го ОТКАЖАВМЕ нашиот настап. Нас, како професионални музичари, не не интересира политика, не сакаме да бидеме поврзувани со ниедна партија и ќе останеме доследни на нашата љубов кон музиката и за музиката. Во име на музиката се оградуваме од сите политики. Нашиот престој во ТАТКОВИНАТА, освен да си дојдеме дома, да се видиме со најблиските, пријателите, роднините и публиката е и да создадеме нови МАКЕДОНСКИ фолк песни. Тоа и го направивме, а ќе имате прилика деновиве да ги слушнете нашите две нови песни и видео записи. Нека е за многу години Денот на независноста на Македонија! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!🇲🇰🇲🇰🇲🇰 - напиша Татјана Лазаревска на својот фејсбук профил.
Претходно Јордан Митев и Адријана Ацевска се откажаа од настап на одбележувањето на 8 Септември во Пеленица во Скопје, затоа што не биле информирани дека плановите се тоа да биде партиски настан на СДСМ, наместо прослава на државниот празник. https://republika.mk/scena/muzika/jordan-mitev-golema-chest-e-da-nastapam-za-8-septemvri-no-go-otkazhuvam-nastapot-zatoa-shto-planiraniot-nastan-ke-ima-partiska-tsel/ https://republika.mk/scena/muzika/adrijana-atsevska-proslavata-na-8-septemvri-trebashe-da-bide-naroden-sobir-a-ne-partiski-nastap/

The post Татјана и Новица го откажаа настапот за 8 Септември: Од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор appeared first on Република.

]]>
Адријана Ацевска: Прославата на 8 Септември требаше да биде народен собир, а не партиски настап https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/adrijana-atsevska-proslavata-na-8-septemvri-trebashe-da-bide-naroden-sobir-a-ne-partiski-nastap/ Wed, 06 Sep 2023 15:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=679384

Адријана Ацевска, се придружува на неколкуте музичари, коишто се откажаа од настап на одбележувањето на 8 Септември во Пеленица во Скопје, затоа што не биле информирани дека плановите се тоа да биде партиски настан на СДСМ, наместо прослава на државниот празник.

Почитувани... сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември... Во тек на договорот никој не спомна дека ова ке биде партиски поврзано... Рекламата ја видов утрово... НЕ СУМ ПАРТИСКИ ОПРЕДЕЛЕНА ни ке бидам ... така што јавно се откажувам од овој настап за кој, уште еднаш ке кажам, требаше да биде НАРОДЕН СОБИР, а не ПАРТИСКИ НАСТАП, реагира Ацевска.

The post Адријана Ацевска: Прославата на 8 Септември требаше да биде народен собир, а не партиски настап appeared first on Република.

]]>

Адријана Ацевска, се придружува на неколкуте музичари, коишто се откажаа од настап на одбележувањето на 8 Септември во Пеленица во Скопје, затоа што не биле информирани дека плановите се тоа да биде партиски настан на СДСМ, наместо прослава на државниот празник.
Почитувани... сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември... Во тек на договорот никој не спомна дека ова ке биде партиски поврзано... Рекламата ја видов утрово... НЕ СУМ ПАРТИСКИ ОПРЕДЕЛЕНА ни ке бидам ... така што јавно се откажувам од овој настап за кој, уште еднаш ке кажам, требаше да биде НАРОДЕН СОБИР, а не ПАРТИСКИ НАСТАП, реагира Ацевска.

The post Адријана Ацевска: Прославата на 8 Септември требаше да биде народен собир, а не партиски настап appeared first on Република.

]]>
Јордан Митев: Голема чест е да настапам за 8 Септември, но го откажувам настапот затоа што планираниот настан ќе има партиска цел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordan-mitev-golema-chest-e-da-nastapam-za-8-septemvri-no-go-otkazhuvam-nastapot-zatoa-shto-planiraniot-nastan-ke-ima-partiska-tsel/ Wed, 06 Sep 2023 15:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=679380

Јордан Митев, објави дека го откажува настапот за 8 Септември во Пеленица, поради политизирање на настанот.

Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи.

 

За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда (четврток, 7 септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8 септември во Пеленица - Скопје.

 

Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите, настанот на 8 септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8 септември во Пеленица.

 

Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија, реагира Митев на социјалните мрежи.

The post Јордан Митев: Голема чест е да настапам за 8 Септември, но го откажувам настапот затоа што планираниот настан ќе има партиска цел appeared first on Република.

]]>

Јордан Митев, објави дека го откажува настапот за 8 Септември во Пеленица, поради политизирање на настанот.
Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи.   За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда (четврток, 7 септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8 септември во Пеленица - Скопје.   Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите, настанот на 8 септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8 септември во Пеленица.   Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија, реагира Митев на социјалните мрежи.

The post Јордан Митев: Голема чест е да настапам за 8 Септември, но го откажувам настапот затоа што планираниот настан ќе има партиска цел appeared first on Република.

]]>
Д-р Атанасовски: Се поплави интензивниот оддел од „8 септември“, дежурните лекари ги извлекуваа пациентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-atanasovski-se-poplavi-intenzivniot-oddel-od-8-septemvri-dezurnite-lekari-gi-izvlekuvaa-pacientite-2/ Sun, 18 Sep 2022 20:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=552057

Д-р Петар Атанасовски од болницата „8 септемви“ на Фејсбук открива дека се поплавил интензивнот оддел на неврологија при ГОБ 8 ми Септември и за среќа заради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавиле на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар,повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти биле извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот.

Мислев да одморам малку ама не се може. И тоа се случи ,се поплави интензивнот оддел на неврологија при ГОБ 8 ми Септември и за среќа заради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавија на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар,повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти беа извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот. Уште еднаш апелирам до групата што се сликаше за празникот пред нашата болница да преземат мерки и конечно да се затвори одделот да се реновира, исчисти и дезинфицира (врие од интрахоспитални инфекции).
ГОЛЕМО БРАВО УШТЕ ЕДНАШ ЗА МОИТЕ НОВИ ХЕРОИ ДЕЖУРНАТА ЕКИПА ОД ВЧЕРА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПРИ ГОБ 8 МИ СЕПТЕМВРИ, напиша Атанасовски на социјалните мрежи.

The post Д-р Атанасовски: Се поплави интензивниот оддел од „8 септември“, дежурните лекари ги извлекуваа пациентите appeared first on Република.

]]>

Д-р Петар Атанасовски од болницата „8 септемви“ на Фејсбук открива дека се поплавил интензивнот оддел на неврологија при ГОБ 8 ми Септември и за среќа заради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавиле на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар,повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти биле извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот. Мислев да одморам малку ама не се може. И тоа се случи ,се поплави интензивнот оддел на неврологија при ГОБ 8 ми Септември и за среќа заради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавија на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар,повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти беа извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот. Уште еднаш апелирам до групата што се сликаше за празникот пред нашата болница да преземат мерки и конечно да се затвори одделот да се реновира, исчисти и дезинфицира (врие од интрахоспитални инфекции). ГОЛЕМО БРАВО УШТЕ ЕДНАШ ЗА МОИТЕ НОВИ ХЕРОИ ДЕЖУРНАТА ЕКИПА ОД ВЧЕРА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПРИ ГОБ 8 МИ СЕПТЕМВРИ, напиша Атанасовски на социјалните мрежи.

The post Д-р Атанасовски: Се поплави интензивниот оддел од „8 септември“, дежурните лекари ги извлекуваа пациентите appeared first on Република.

]]>
Пораз и во здравството! За 6 години владата на СДСМ презентираше само апарат за онколошки болни, купен во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraz-i-vo-zdravstvoto-za-6-godini-vladata-na-sdsm-prezentirashe-samo-aparat-za-onkoloshki-bolni-kupen-vo-vreme-na-vladata-na-vmro-dpmne/ Fri, 09 Sep 2022 16:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=549218

Шеста година откако СДСМ ја предводи Владата, а во здравството нема ниту една инвестиција. Надлежните се вадат на пандемијата со сипаници, корона пандемијата, но тоа беа само моменти во кои најмногу требаше да се вложува во здравството, како во апарати, услови за лекување, така и во човечкиот капитал или се она што подразбира медицинско лице, вака коментираат вработените во здравството. Поттик за овие коментари меѓу вработените е што пред неколку дена или на 8 Септември, кога Македонија го слави денот на независноста, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство, Беким Сали беа во Градската општа болница „8-ми Септември“ да го промовираат апаратот за зрачна терапија за онколошки пациенти.

 

Може на прва изгледа дека е добро да се инвестира, и да добро е, но ова е инвестиција реализирана во 2016 година. Оттука се отвораат само многу прашања, зошто апаратот не е пуштен во функција до сега кога се знае колкави се потребите на онколошките пациенти, како во медикаменти, а потребна е и апартура. Дополнително на сево ова надлежните велат дека не знаат кога ќе биде третиран првиот пациент, велат упатените во здарвствениот систем.

Дополнителен проблем е што во изминатите години не се работело и на подготовка на кадар кој ќе работи на овој апарат.

Нема доктори специјалисти, нема технолози кои се обучени за работа на овој апарат. Сега се ипратени две лица на обука во Нови Сад што е кратко период за подготовка, очигледно и затоа нема одговор кога пациентите ќе можат да ги добиваат услугите во ГОБ „8-ми Септември“, револтирано реагираат упатените.

Тие заклучуваат дека за седум години надлежните не успеале да пуштат во употреба набавен апарат, ниту пак да подготват кадар да работи на истиот, иако се знае низ какви маки минуваат онколошките пациенти, исто и медицинските лица кои секој ден се борат заедно со нив.
За ова презентирање на апарати купени од претходната влада реагира и лекарската фела.

За празникот во нашата болница дојдоa премиерот и министерот за здравство и си викам браво им текнало дека медицински персонал две години умре од работа, па ќе има награди, ќе го исплатат инфективниот додаток, ќе зголемат плата на средниот медициснки персонал, ќе им дадат на договорците решение, ќе реновираат и набават современи апарати (магнет нов, комјутерска томографија и други содветни апарати).... Но, не они ќе пуштаат нешто што е направено од претходната власт и претходното раководство на болницата...“, пишува на својот фејсбук профил доктор Петар Атанасовски.

 

Реакција и од доктор Марија Андоновска

Прв пат од осамостојувањето, нема достојно одбележување на празникот на независноста. Организирале нешто „ради реда" само.
Срамота! Но тоа е реалноста за сега, власта е во рацете на нај антимакедонска партија СДС и нивните коалициони партнери, кој исто така не сакаат да го спомнат името Македонија! Денес Ковачевски бил во градска општа болница "8 Септември".
Супер! 5 години оваа реномирана болница пропаѓа, ред е да и се посвети внимание. Денес беа само за сликање и парада таму или планираат да ги решат проблемите и криминалот што се случува последниве години!?
А ќе се реновира ли ГОБ „8-ми Септември“!? Замислете денес бандава која е на власт, промовирале апарат за зрачна терапија, купен за време на ВМРО ДПМНЕ , пред повеќе од 5-6 години!? Го чувале неспособниве толку време неупотребен“, пишува доктор Андоновска на својот фејсбук профил.

 

The post Пораз и во здравството! За 6 години владата на СДСМ презентираше само апарат за онколошки болни, купен во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Шеста година откако СДСМ ја предводи Владата, а во здравството нема ниту една инвестиција. Надлежните се вадат на пандемијата со сипаници, корона пандемијата, но тоа беа само моменти во кои најмногу требаше да се вложува во здравството, како во апарати, услови за лекување, така и во човечкиот капитал или се она што подразбира медицинско лице, вака коментираат вработените во здравството. Поттик за овие коментари меѓу вработените е што пред неколку дена или на 8 Септември, кога Македонија го слави денот на независноста, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство, Беким Сали беа во Градската општа болница „8-ми Септември“ да го промовираат апаратот за зрачна терапија за онколошки пациенти.  
Може на прва изгледа дека е добро да се инвестира, и да добро е, но ова е инвестиција реализирана во 2016 година. Оттука се отвораат само многу прашања, зошто апаратот не е пуштен во функција до сега кога се знае колкави се потребите на онколошките пациенти, како во медикаменти, а потребна е и апартура. Дополнително на сево ова надлежните велат дека не знаат кога ќе биде третиран првиот пациент, велат упатените во здарвствениот систем.
Дополнителен проблем е што во изминатите години не се работело и на подготовка на кадар кој ќе работи на овој апарат.
Нема доктори специјалисти, нема технолози кои се обучени за работа на овој апарат. Сега се ипратени две лица на обука во Нови Сад што е кратко период за подготовка, очигледно и затоа нема одговор кога пациентите ќе можат да ги добиваат услугите во ГОБ „8-ми Септември“, револтирано реагираат упатените.
Тие заклучуваат дека за седум години надлежните не успеале да пуштат во употреба набавен апарат, ниту пак да подготват кадар да работи на истиот, иако се знае низ какви маки минуваат онколошките пациенти, исто и медицинските лица кои секој ден се борат заедно со нив. За ова презентирање на апарати купени од претходната влада реагира и лекарската фела.
За празникот во нашата болница дојдоa премиерот и министерот за здравство и си викам браво им текнало дека медицински персонал две години умре од работа, па ќе има награди, ќе го исплатат инфективниот додаток, ќе зголемат плата на средниот медициснки персонал, ќе им дадат на договорците решение, ќе реновираат и набават современи апарати (магнет нов, комјутерска томографија и други содветни апарати).... Но, не они ќе пуштаат нешто што е направено од претходната власт и претходното раководство на болницата...“, пишува на својот фејсбук профил доктор Петар Атанасовски.  
Реакција и од доктор Марија Андоновска
Прв пат од осамостојувањето, нема достојно одбележување на празникот на независноста. Организирале нешто „ради реда" само. Срамота! Но тоа е реалноста за сега, власта е во рацете на нај антимакедонска партија СДС и нивните коалициони партнери, кој исто така не сакаат да го спомнат името Македонија! Денес Ковачевски бил во градска општа болница "8 Септември". Супер! 5 години оваа реномирана болница пропаѓа, ред е да и се посвети внимание. Денес беа само за сликање и парада таму или планираат да ги решат проблемите и криминалот што се случува последниве години!? А ќе се реновира ли ГОБ „8-ми Септември“!? Замислете денес бандава која е на власт, промовирале апарат за зрачна терапија, купен за време на ВМРО ДПМНЕ , пред повеќе од 5-6 години!? Го чувале неспособниве толку време неупотребен“, пишува доктор Андоновска на својот фејсбук профил.  

The post Пораз и во здравството! За 6 години владата на СДСМ презентираше само апарат за онколошки болни, купен во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-vo-temnica-vo-skopsko-maalo-za-vladata-e-dostoinstvena/ Fri, 09 Sep 2022 12:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=549102

„Во целата држава со многубројни музички манифестации и културни настани достојно се чествуваше и се одбележа Денот на независноста – 8 Септември“-сметаат од Владата.

Ваквата реакција од Владата откако во медиумите имаше бројни реакции за тоа како беше прославен денот на независноста-„8 септември“.

Прославата беше во паркот „Ибни Пајко“ пред стотина граѓани кои гледаа скромна прослава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proslavi-denot-na-nezavisnosta-vo-tesno-uliche/

Во првите редови беа премиерот Ковачевски и претседателката на Уставниот суд со неколкумина министри и пратеници.

Граѓаните се уште се сеќаваат на прославата во 2011 година кога се славеше 20 години од независноста. Тогаш на плоштадот „Македонија“ се собраа околку 50.000 граѓани.

 

The post Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! appeared first on Република.

]]>

„Во целата држава со многубројни музички манифестации и културни настани достојно се чествуваше и се одбележа Денот на независноста – 8 Септември“-сметаат од Владата.
Ваквата реакција од Владата откако во медиумите имаше бројни реакции за тоа како беше прославен денот на независноста-„8 септември“. Прославата беше во паркот „Ибни Пајко“ пред стотина граѓани кои гледаа скромна прослава. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proslavi-denot-na-nezavisnosta-vo-tesno-uliche/ Во првите редови беа премиерот Ковачевски и претседателката на Уставниот суд со неколкумина министри и пратеници. Граѓаните се уште се сеќаваат на прославата во 2011 година кога се славеше 20 години од независноста. Тогаш на плоштадот „Македонија“ се собраа околку 50.000 граѓани.  

The post Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! appeared first on Република.

]]>