78-годишен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/78-godishen/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 11:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 78-годишен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/78-godishen/ 32 32 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/78-godishen-zhitel-na-seloto-obleshevo-pochina-na-klinikata-za-infektivni-bolesti-po-komplikatsii-od-zapadno-nilska-treska/ Thu, 19 Sep 2024 09:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=817723

78-годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на западнонилска треска, објавено е во последниот извештај на Инстититот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според ИЈЗ, ова е четврти случај годинава на пациент кој се заразил со западнонилска треска, и прв годинава кој завршил трагично. Првиот случај бил импортиран, регистриран во април, кај жител на општина Василево. Вториот случај е исто така импортиран, забележан е јули 2024 година, кај жител на Кочани. Третиот случај е автохтон, во август, кај жител на Тетово.

Првичните симптоми кај четвртиот пациент започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во Клиничката болница во Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.

Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Пациентот бил пензионер, кој се занимавал со земјоделство, татко на 2 деца, вдовец, кој живее во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење (низ Македон ија) во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми.

Во регионот на Кочани е забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, во регионот на општина Кочани се спроведени активности за ларвицидна и адултицидна терестичка дезинсекција, додека во општина Чешиново-Облешево планирана е тендерска постапка, но досега не се спроведени активности за дезинсекција, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Од ИЈЗ велат дека оваа болест во Македонија се регистрира со спорадични случаи, најчесто кај тестирани пациенти со невроинвазивна форма на болеста.

Вектор преносливите заболувања стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во  Македонија (лајмската болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески, туларемија и др.), а други како што се маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата.

Имајќи го во предвид претходно наведеното, постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на  Македонија. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции.

The post 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>

78-годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на западнонилска треска, објавено е во последниот извештај на Инстититот за јавно здравје (ИЈЗ). Според ИЈЗ, ова е четврти случај годинава на пациент кој се заразил со западнонилска треска, и прв годинава кој завршил трагично. Првиот случај бил импортиран, регистриран во април, кај жител на општина Василево. Вториот случај е исто така импортиран, забележан е јули 2024 година, кај жител на Кочани. Третиот случај е автохтон, во август, кај жител на Тетово. Првичните симптоми кај четвртиот пациент започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во Клиничката болница во Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.
Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители. Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Пациентот бил пензионер, кој се занимавал со земјоделство, татко на 2 деца, вдовец, кој живее во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење (низ Македон ија) во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми.
Во регионот на Кочани е забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, во регионот на општина Кочани се спроведени активности за ларвицидна и адултицидна терестичка дезинсекција, додека во општина Чешиново-Облешево планирана е тендерска постапка, но досега не се спроведени активности за дезинсекција, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Од ИЈЗ велат дека оваа болест во Македонија се регистрира со спорадични случаи, најчесто кај тестирани пациенти со невроинвазивна форма на болеста. Вектор преносливите заболувања стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во  Македонија (лајмската болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески, туларемија и др.), а други како што се маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата. Имајќи го во предвид претходно наведеното, постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на  Македонија. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции.

The post 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>