72 часовна работна недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/72-chasovna-rabotna-nedela/ За подобро да се разбереме Wed, 17 May 2023 10:34:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 72 часовна работна недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/72-chasovna-rabotna-nedela/ 32 32 Не смее да се дозволи 72 часа работно време, пратениците да не го гласаат законот сo кој се силуваат работничките права, реагира ССМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-smee-da-se-dozvoli-72-chasa-rabotno-vreme-pratenitsite-da-ne-go-glasaat-zakonot-so-koj-se-siluvaat-rabotnichkite-prava-reagira-ssm/ Wed, 17 May 2023 10:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=641708

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред се измените на Законот за работни односи ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат.

– Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор. Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри, се вели во апелот од ССМ.

Од ССМ ги повикуваат и пратениците од помалите политички партии да покажат, како што велат, големина и дека и тие се важни и значајни во Парламентот и да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи.

– Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во Парламентот за гласање на Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права, велат од ССМ.

Предлог-измените на Законот за работни односи се ставени како 14 точка на дневен ред на денешната пленарна седница. Измените го поминаа првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.

 

The post Не смее да се дозволи 72 часа работно време, пратениците да не го гласаат законот сo кој се силуваат работничките права, реагира ССМ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред се измените на Законот за работни односи ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат. – Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор. Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри, се вели во апелот од ССМ. Од ССМ ги повикуваат и пратениците од помалите политички партии да покажат, како што велат, големина и дека и тие се важни и значајни во Парламентот и да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи. – Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во Парламентот за гласање на Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права, велат од ССМ. Предлог-измените на Законот за работни односи се ставени како 14 точка на дневен ред на денешната пленарна седница. Измените го поминаа првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.  

The post Не смее да се дозволи 72 часа работно време, пратениците да не го гласаат законот сo кој се силуваат работничките права, реагира ССМ appeared first on Република.

]]>