70 воени возила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/70-voeni-vozila/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Sep 2023 12:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 70 воени возила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/70-voeni-vozila/ 32 32 Норвешка ќе ни донира 70 воени возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/norveshka-ke-ni-donira-70-voeni-vozila/ Mon, 25 Sep 2023 12:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=684984

Сојузничкото единство во зацврстувањето на безбедноста на НАТО, безбедноста во Европ, како и развојот на билатералната соработка помеѓу Македонија и Кралството Норвешка беа темите на кои денеска во Министерството разговараа министерката Славјанка Петровска и норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам кој престојува во официјална посета на нашата држава.

Министерката Петровска на прес-конференцијата со нејзиниот норвешки колега порача дека нашата држава недвосмислено и одлучно ги ратификуваше пристапните протоколи и за Финска и за Шведска и додаде дека НАТО не е закана за никого, но е обединето во заштита на целата територија на Алијансата.

Македонија недвосмислено и одлучно ги ратификуваше пристапните протоколи и за Финска и за Шведска уште еднаш потврдувајќи ја нашата заложба за политики на отворени врати на НАТО кога станува збор за нејзиното проширување. Заедно ја осудивме бруталната руска агресија врз Украина и порачавме дека НАТО не е закана за никого, но НАТО е единствено и обединето во безбедноста на секоја педа сојузничка територија“, рече Петровска.

Министерката порача дека државата инвестира во одбраната и дека следната година ќе одвои 2 проценти од бруто-домашниот производ за одбрана, од кои над 30% за опремување и модернизација.

Петровска се заблагодари за сеопфатната норвешка поддршка, која и за 2023 година е сеопфатна. Кралството Норвешка на Македонија годинава ќе и донира борбени и неборбени возила, ќе се вклучи во развојните проекти на Криволак и ќе нè поддржи со специфична опрема со која ќе се зацврсти македонската, но и колективната безбедност.

Областите во кои соработуваме се бројни – воена едукација, заеднички обуки, експертски разговори за градење на нашите капацитети особено во контекст на целите на способности на НАТО, како и воено-медицинска поддршка. Изминатиот период имавме навистина конструктивна и плодна соработка која што дава реални и опипливи резултати. Благодарни сме за вашата поддршка и остануваме силно посветени на нејзин развој и во иднина“, истакна министерката.

Норвешкиот министер истакна дека Норвешка и Македонија оваа година одбележуваат 30 години на силни дипломатски односи, како и дека соработката помеѓу двете земји дополнително зајакна со приемот на Македонија во НАТО во 2020 година.

Многу е практично што во НАТО седиме едни до други, што е уште еден симбол дека стоиме рамо до рамо и во НАТО и во нашата билатерална одбранбена соработка. Норвешка на вооружените сили на Македонија ќе и донира повеќе од 70 возила, Норвешка исто така поддржа неколку програми во одбранбениот сектор во Македонија за усогласување на родовите прашања, проектот за борба против корупцијата и интегритетот во одбраната. Очекуваме да ја продолжиме оваа соработка и во соработка со инженерскиот баталјон и алпинистичка обука. Со задоволство очекувам да продолжиме да ја развиваме соработка и односите помеѓу нашите две земји во годините што доаѓаат“, потенцираше министерот Арилд Грам.

The post Норвешка ќе ни донира 70 воени возила appeared first on Република.

]]>

Сојузничкото единство во зацврстувањето на безбедноста на НАТО, безбедноста во Европ, како и развојот на билатералната соработка помеѓу Македонија и Кралството Норвешка беа темите на кои денеска во Министерството разговараа министерката Славјанка Петровска и норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам кој престојува во официјална посета на нашата држава. Министерката Петровска на прес-конференцијата со нејзиниот норвешки колега порача дека нашата држава недвосмислено и одлучно ги ратификуваше пристапните протоколи и за Финска и за Шведска и додаде дека НАТО не е закана за никого, но е обединето во заштита на целата територија на Алијансата.
Македонија недвосмислено и одлучно ги ратификуваше пристапните протоколи и за Финска и за Шведска уште еднаш потврдувајќи ја нашата заложба за политики на отворени врати на НАТО кога станува збор за нејзиното проширување. Заедно ја осудивме бруталната руска агресија врз Украина и порачавме дека НАТО не е закана за никого, но НАТО е единствено и обединето во безбедноста на секоја педа сојузничка територија“, рече Петровска.
Министерката порача дека државата инвестира во одбраната и дека следната година ќе одвои 2 проценти од бруто-домашниот производ за одбрана, од кои над 30% за опремување и модернизација. Петровска се заблагодари за сеопфатната норвешка поддршка, која и за 2023 година е сеопфатна. Кралството Норвешка на Македонија годинава ќе и донира борбени и неборбени возила, ќе се вклучи во развојните проекти на Криволак и ќе нè поддржи со специфична опрема со која ќе се зацврсти македонската, но и колективната безбедност.