70 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/70-godini/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 13:38:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 70 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/70-godini/ 32 32 Жена се породи со близнаци на 70 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zhena-se-porodi-so-bliznatsi-na-70-godini/ Fri, 01 Dec 2023 13:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=718360

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување. Новопечената мајка живее на село во областа Масака, околу 120 километри западно од главниот град Кампала, јавуваат тамошните медиуми.

Според нејзиниот лекар Едвард Тамале Сали, кој ја следел бременоста и породувањето со царски рез, тоа е несекојдневен подвиг. И родилката, по име Сафина Намукваја, раѓањето на своите близнаци го нарече - вистинско чудо.

Мајката и децата - девојче и момче, се во добра здравствена состојба и се набљудувани во болницата во Кампала, изјави докторот.

Како што пренесува „ХРТ“, Сафина ја родила својата прва ќерка пред три години.

Инаку, Африканката немала деца со својот прв сопруг, кој починал 1992 година, поради што ја нарекле „проколната“ во нејзиното село. А, вториот сопруг, кого го запознала во 1996., сега не присуствувал на породувањето.

Тој исчезна кога дозна дека носам близнаци. Откако ме примија овде, тој не се појави, рече Сафина.

Не е објавено дали бременоста е постигната со туѓа јајце-клетка или жената ги замрзнала сопствените јајце-клетки додека била во репродуктивна возраст.

The post Жена се породи со близнаци на 70 години appeared first on Република.

]]>

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување. Новопечената мајка живее на село во областа Масака, околу 120 километри западно од главниот град Кампала, јавуваат тамошните медиуми. Според нејзиниот лекар Едвард Тамале Сали, кој ја следел бременоста и породувањето со царски рез, тоа е несекојдневен подвиг. И родилката, по име Сафина Намукваја, раѓањето на своите близнаци го нарече - вистинско чудо.
Мајката и децата - девојче и момче, се во добра здравствена состојба и се набљудувани во болницата во Кампала, изјави докторот.
Како што пренесува „ХРТ“, Сафина ја родила својата прва ќерка пред три години. Инаку, Африканката немала деца со својот прв сопруг, кој починал 1992 година, поради што ја нарекле „проколната“ во нејзиното село. А, вториот сопруг, кого го запознала во 1996., сега не присуствувал на породувањето.
Тој исчезна кога дозна дека носам близнаци. Откако ме примија овде, тој не се појави, рече Сафина.
Не е објавено дали бременоста е постигната со туѓа јајце-клетка или жената ги замрзнала сопствените јајце-клетки додека била во репродуктивна возраст.

The post Жена се породи со близнаци на 70 години appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kralicata-elizabeta-slavi-70-godini-na-britanskiot-tron/ Thu, 02 Jun 2022 09:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=510070

Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платински јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години од британскиот трон.

Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат во славењето на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било претходник, објави британската влада.

Им благодарам на сите што учествуваа во здружувањето на заедниците, семејството, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата платинска годишнина во Обединетото Кралство и Комонвелтот.

Продолжувам да бидам инспирирана од добрата волја што ми се покажа и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам, порача кралицата Елизабета.

Поради возраста и неодамнешните потешкотии со движењето, Елизабета мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс, и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам.

На централната прослава нема да присуствуваат 62-годишниот принц Ендрју, кој се спогоди во февруари во случајот обвинет за сексуална злоупотреба на малолетник, и принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес.

The post Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон appeared first on Република.

]]>

Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платински јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години од британскиот трон. Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат во славењето на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било претходник, објави британската влада.
Им благодарам на сите што учествуваа во здружувањето на заедниците, семејството, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата платинска годишнина во Обединетото Кралство и Комонвелтот. Продолжувам да бидам инспирирана од добрата волја што ми се покажа и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам, порача кралицата Елизабета.
Поради возраста и неодамнешните потешкотии со движењето, Елизабета мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс, и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам. На централната прослава нема да присуствуваат 62-годишниот принц Ендрју, кој се спогоди во февруари во случајот обвинет за сексуална злоупотреба на малолетник, и принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес.

The post Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон appeared first on Република.

]]>