67 години Кисела ВОда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/67-godini-kisela-voda/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Jun 2022 11:50:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 67 години Кисела ВОда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/67-godini-kisela-voda/ 32 32 Општина Кисела Вода прославува 67 постоење: Роденденско одбележување со седум капитални проекти и богата забавна програма за Културно лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-kisela-voda-proslavuva-67-postoenje-rodendensko-odbelezuvanje-so-sedum-kapitalni-proekti-i-bogata-zabavna-programa-za-kulturno-leto/ Fri, 24 Jun 2022 11:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=519283

„Со седум капитални инфраструктурни, комунални проекти и седум музичко-забавни случувања, ќе го одбележиме 67-миот роденден на најстарата скопска општина, Кисела Вода,“ изјави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес конференција, каде беа промовирани бројните роденденски активности кои ќе се одвиваат под мотото „67 години Моја Кисела Вода“.

Започнувајќи од понеделник, 27 јуни,  секој ден во 10 часот наутро ќе се промовира по еден капитален комунален проект.

Тоа се седум инфраструктурни решенија на децениски проблеми на нашите жители, кои заедно со нив ги дефиниравме како приоритетни. Како ново раководство кое во прв план ги става потребите на граѓаните, одлучивме не со еден- туку со седум капитални проекти да го одбележиме почетокот на новата година од постоењето на Кисела Вода, бидејќи утрото го најавува денот, а ова ќе биде динамична и плодна година за нашата општина. Ќе се интервенира и инвестира во сите сфери, храбро, одлучно и плански ќе се решаваат крупни проблеми. Да го креираме ликот на општината по мерка на граѓаните, бидејќи ова место веќе 67 години е наш дом во кој треба сите ние убаво и квалитетно да живееме, а потоа и да го оставиме на нашите поколенија, дополни градоначалникот Ѓорѓиевски.

Денес воедно беше најавена и богатата забавна програма на претстојното ново издание на Културно лето 2022, на којашто е најавен настапот на голем број на домашни македонски ѕвезди, - ДНК, Влатко Лозаноски, Теа Трајковска, ДЈ Оги, Куд Китка, Филип Шурбевски Езгија Квартет, Ефто Пупиноски, Боби Павловски, Златно Славејче, Миле Кузмановски, како и настап на Наум Петрески, Зуица Лазова, Владимир Поповски + Бенд.

Во вечерните часови, од 29. јуни (среда), па сѐ до 02ри јули (сабота), со почеток од 20 ч.па сѐ до полноќ, присутната публика ќе може да ужива во музичките настапи и концерти на три различни локации и тоа, Парк Македонија (29.-30.06.2022 г.), Три Круши во Драчево (01.07.2022 г.) и Расадник (02.07.2022 г.). Неколкудневната програма на Културно лето 2022, ќе биде затворена на втори јули, со спектакуларен вечерен музички концерт на големата балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ.

Во рамките на Културно лето 2022, на првиот ден пред официјалната вечерна програма, со почеток во 18 часот во Парк Шопен, ќе се оддржи и Хуманитарна Коријада, кадешто традиционално, голем број пензионери ќе се вклучат во собирање средства за хуманитарни цели со подготовка на домашни национални пецива, а сето ќе биде пропратено со весела атмосфера и пеење на омилените народни песни. На последниот ден во сабота, 02.07.2022 г. во Расадник, покрај настапот со почеток во 11 часот на славејчињата од „Златно Славејче“ и изненадувањата за присутните дечиња, за прв пат во организација на Општина Кисела Вода, од 18 часот истиот ден премиерно ќе се одржи и „Битка на бендови“, каде што победникот ќе биде награден со концерт во организација на општината.

Влезот за сите настани ќе биде бесплатен.

 

The post Општина Кисела Вода прославува 67 постоење: Роденденско одбележување со седум капитални проекти и богата забавна програма за Културно лето appeared first on Република.

]]>

„Со седум капитални инфраструктурни, комунални проекти и седум музичко-забавни случувања, ќе го одбележиме 67-миот роденден на најстарата скопска општина, Кисела Вода,“ изјави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес конференција, каде беа промовирани бројните роденденски активности кои ќе се одвиваат под мотото „67 години Моја Кисела Вода“. Започнувајќи од понеделник, 27 јуни,  секој ден во 10 часот наутро ќе се промовира по еден капитален комунален проект.
Тоа се седум инфраструктурни решенија на децениски проблеми на нашите жители, кои заедно со нив ги дефиниравме како приоритетни. Како ново раководство кое во прв план ги става потребите на граѓаните, одлучивме не со еден- туку со седум капитални проекти да го одбележиме почетокот на новата година од постоењето на Кисела Вода, бидејќи утрото го најавува денот, а ова ќе биде динамична и плодна година за нашата општина. Ќе се интервенира и инвестира во сите сфери, храбро, одлучно и плански ќе се решаваат крупни проблеми. Да го креираме ликот на општината по мерка на граѓаните, бидејќи ова место веќе 67 години е наш дом во кој треба сите ние убаво и квалитетно да живееме, а потоа и да го оставиме на нашите поколенија, дополни градоначалникот Ѓорѓиевски.
Денес воедно беше најавена и богатата забавна програма на претстојното ново издание на Културно лето 2022, на којашто е најавен настапот на голем број на домашни македонски ѕвезди, - ДНК, Влатко Лозаноски, Теа Трајковска, ДЈ Оги, Куд Китка, Филип Шурбевски Езгија Квартет, Ефто Пупиноски, Боби Павловски, Златно Славејче, Миле Кузмановски, како и настап на Наум Петрески, Зуица Лазова, Владимир Поповски + Бенд. Во вечерните часови, од 29. јуни (среда), па сѐ до 02ри јули (сабота), со почеток од 20 ч.па сѐ до полноќ, присутната публика ќе може да ужива во музичките настапи и концерти на три различни локации и тоа, Парк Македонија (29.-30.06.2022 г.), Три Круши во Драчево (01.07.2022 г.) и Расадник (02.07.2022 г.). Неколкудневната програма на Културно лето 2022, ќе биде затворена на втори јули, со спектакуларен вечерен музички концерт на големата балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ. Во рамките на Културно лето 2022, на првиот ден пред официјалната вечерна програма, со почеток во 18 часот во Парк Шопен, ќе се оддржи и Хуманитарна Коријада, кадешто традиционално, голем број пензионери ќе се вклучат во собирање средства за хуманитарни цели со подготовка на домашни национални пецива, а сето ќе биде пропратено со весела атмосфера и пеење на омилените народни песни. На последниот ден во сабота, 02.07.2022 г. во Расадник, покрај настапот со почеток во 11 часот на славејчињата од „Златно Славејче“ и изненадувањата за присутните дечиња, за прв пат во организација на Општина Кисела Вода, од 18 часот истиот ден премиерно ќе се одржи и „Битка на бендови“, каде што победникот ќе биде награден со концерт во организација на општината. Влезот за сите настани ќе биде бесплатен.  

The post Општина Кисела Вода прославува 67 постоење: Роденденско одбележување со седум капитални проекти и богата забавна програма за Културно лето appeared first on Република.

]]>