63. Охридско лето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/63-ohridsko-leto/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 08:28:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 63. Охридско лето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/63-ohridsko-leto/ 32 32 Големата оперска дива Анџела Георгиу го отвора 63. издание на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golemata-operska-diva-andhela-georgiu-go-otvora-63-izdanie-na-ohridsko-leto/ Wed, 12 Jul 2023 08:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=660303

Оперската дива Анџела Георгиу, заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Чипријан Теодорашку од Романија, вечерва, во 21 часот на Античкиот театар во Охрид го отвора годинашното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Светски познатата сопранка Георгиу е уметница која ги полни најголемите сали низ светот, познатите „Карнеги хол“, „Метрополитен“. Нејзиниот ангелски глас, како што е најавено од организаторот, ќе ја одведе публиката на патување низ светот на класичната музика, преку ариите од најпознатите опери.

Георгиу важи за една од најгламурозните оперски ѕвезди на денешницата. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција.

Георгиу која дневниот весник „Њујорк Сан“ ја нарекува „најгламурозната и најталентирана оперска ѕвезда на денешницата“, е родена во малиот град Аджуд во Романија. Уште од најмала возраст било очигледно дека ќе биде оперска пејачка и нејзината судбина била предодредена да биде музиката. Учела во музичката гимназија во Букурешт, а дипломирала на Националниот универзитет за музика во главниот град на Романија во класата на Миа Барбу. Прекрасниот глас, и неверојатна сценска појава и овозможуваат на Анџела Георгиу да се прослави како уникатна интернационална оперска супер ѕвезда.

Вљубениците во уметноста ќе имаат можност да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот - Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Македонија, вели директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Фестивалот за отворен ќе го прогласи е претседателот Стево Пендаровски кој е и покровител на оваа најголема музичко-сценска манифестација во земјава и регионот, а обраќање ќе има и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

The post Големата оперска дива Анџела Георгиу го отвора 63. издание на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Оперската дива Анџела Георгиу, заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Чипријан Теодорашку од Романија, вечерва, во 21 часот на Античкиот театар во Охрид го отвора годинашното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“. Светски познатата сопранка Георгиу е уметница која ги полни најголемите сали низ светот, познатите „Карнеги хол“, „Метрополитен“. Нејзиниот ангелски глас, како што е најавено од организаторот, ќе ја одведе публиката на патување низ светот на класичната музика, преку ариите од најпознатите опери. Георгиу важи за една од најгламурозните оперски ѕвезди на денешницата. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција. Георгиу која дневниот весник „Њујорк Сан“ ја нарекува „најгламурозната и најталентирана оперска ѕвезда на денешницата“, е родена во малиот град Аджуд во Романија. Уште од најмала возраст било очигледно дека ќе биде оперска пејачка и нејзината судбина била предодредена да биде музиката. Учела во музичката гимназија во Букурешт, а дипломирала на Националниот универзитет за музика во главниот град на Романија во класата на Миа Барбу. Прекрасниот глас, и неверојатна сценска појава и овозможуваат на Анџела Георгиу да се прослави како уникатна интернационална оперска супер ѕвезда.  