600 полициски припадници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/600-politsiski-pripadnitsi/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 05:43:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 600 полициски припадници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/600-politsiski-pripadnitsi/ 32 32 600 полициски припадници го бараат напаѓачот кај Младеновац кој уби најмалку осум лица во крвавиот масакр https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/600-politsiski-pripadnitsi-go-baraat-napagachot-kaj-mladenovats-koj-ubi-najmalku-osum-litsa-vo-krvaviot-masakr/ Fri, 05 May 2023 05:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=637111

Крвавиот масакр кај Младеновац, во близина на Белград, го извршил Урош Б.(21), објавија српските медиуми. Телеграф јавува дека напаѓачот не е осудуван, но дека претходно бил пријавуван за насилство.

По расправија во училишниот двор тој уби најмалку осум лица, иако неофицијалните информации велат дека се убиени десет. Повеќе од десет се ранети, а некои се реанимирани.

Повеќе медиуми објавија и дека тој се наоѓа во селото Шепшин кое е под опсада на полицијата. Тој преговара со полицајците, но не сака да се предаде. Стравувањата, како што јави Н1 ТВ, се дека може да држи и заложници.

Во акцијата се вклучени сите специјални единици на српското МВР, ангажирани се и хеликоптери и дронови, а на терен се и бројни медицински екипи. Медиумите во Србија пишуваат дека 600 полициски припадници се ангажирани во неговото апсење.

Според последните неофицијални информации тој е опколен во село Шепшин и пука во полицијата. Во крвавиот поход, според некои информации, пукал во дури 18 луѓе, бегајќи низ две села. За Урош Б., во селото велат дека бил малку чуден, но дека никој не посветувал премногу внимание на тоа.

https://republika.mk/vesti/balkan/nov-masakr-vo-srbija-odel-vo-tri-sela-kaj-mledenovats-i-ubil-osum-luge-megu-koi-i-detsa/

The post 600 полициски припадници го бараат напаѓачот кај Младеновац кој уби најмалку осум лица во крвавиот масакр appeared first on Република.

]]>

Крвавиот масакр кај Младеновац, во близина на Белград, го извршил Урош Б.(21), објавија српските медиуми. Телеграф јавува дека напаѓачот не е осудуван, но дека претходно бил пријавуван за насилство. По расправија во училишниот двор тој уби најмалку осум лица, иако неофицијалните информации велат дека се убиени десет. Повеќе од десет се ранети, а некои се реанимирани. Повеќе медиуми објавија и дека тој се наоѓа во селото Шепшин кое е под опсада на полицијата. Тој преговара со полицајците, но не сака да се предаде. Стравувањата, како што јави Н1 ТВ, се дека може да држи и заложници. Во акцијата се вклучени сите специјални единици на српското МВР, ангажирани се и хеликоптери и дронови, а на терен се и бројни медицински екипи. Медиумите во Србија пишуваат дека 600 полициски припадници се ангажирани во неговото апсење. Според последните неофицијални информации тој е опколен во село Шепшин и пука во полицијата. Во крвавиот поход, според некои информации, пукал во дури 18 луѓе, бегајќи низ две села. За Урош Б., во селото велат дека бил малку чуден, но дека никој не посветувал премногу внимание на тоа. https://republika.mk/vesti/balkan/nov-masakr-vo-srbija-odel-vo-tri-sela-kaj-mledenovats-i-ubil-osum-luge-megu-koi-i-detsa/

The post 600 полициски припадници го бараат напаѓачот кај Младеновац кој уби најмалку осум лица во крвавиот масакр appeared first on Република.

]]>