60 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/60-godini/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 17:36:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 60 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/60-godini/ 32 32 МСУ со ексклузивно изложување на делото на Џанфранко Барукело „Доблест во нужност“ го прослави јубилејот – 60 години постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/msu-so-ekskluzivno-izlozhuvane-na-deloto-na-dhanfranko-barukelo-doblest-vo-nuzhnost-go-proslavi-jubilejot-60-godini-postoene/ Sat, 10 Feb 2024 17:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=742594

Со екскузивно изложување на уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело Музејот на современа уметност (МСУ) денеска на пладне со многу гости го прослави значајниот јубилеј - 60 години постоење.

По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, уметниците од целиот свет, во знак на солидарност започнуваат да подаруваат свои уметнички творби од кои се создава уникатната колекција на Музејот. Делото на Барукело, кое е едно од најрепрезентативните донации на МСУ, е конзервирано од стручниот тим на Музејот и од денеска е претставено пред јавноста, овозможувајќи нови согледби и толкувања, кажа денеска на прославата.

Значајниот јубилеј на МСУ им го честиташе и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

[caption id="attachment_742595" align="alignnone" width="960"] фото: Министерство за култура[/caption]

Денес, имавме ексклузивна можност по 35 години, да го погледнеме уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело. Оваа уникатна колекција на творби е подарок од уметници од целиот свет, знак на солидарност за постземјотресно Скопје. МСУ е своевидна победа на уметноста во втората половина од 20 век, но и синоним за слободна уметничка мисла. Посакувам уште многу години успешна работа, а на ентузијастите и професионалците од овој Музеј би им порачала да продолжат да водат со чисти и прогресивни идеи, рече Костадиновска Стојчевска.

[caption id="attachment_742596" align="alignnone" width="960"] фото: Министерство за култура[/caption]

Беше претставен и најновиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“ бр.35/36 (2023), насочено кон актуелните дебати во критичката музеологија и во кое се вклучени значајни оригинални прилози, кои се однесуваат на релациите помеѓу критичките музеи, претставувањето на културните различности, практиките на деколонизација, како и музеолошки концепти кои ги адресираат и вончовечките простори.

[caption id="attachment_742598" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура[/caption]

Низ тековните поставки гостите ги водеше кустос-водичот Бојана Јанева, а матинето беше збогатено со симболичен коктел придружен со диџеј-сет на Игор Спироски, во неформална атмосфера.

[caption id="attachment_742600" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура[/caption]

The post МСУ со ексклузивно изложување на делото на Џанфранко Барукело „Доблест во нужност“ го прослави јубилејот – 60 години постоење appeared first on Република.

]]>

Со екскузивно изложување на уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело Музејот на современа уметност (МСУ) денеска на пладне со многу гости го прослави значајниот јубилеј - 60 години постоење.
По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, уметниците од целиот свет, во знак на солидарност започнуваат да подаруваат свои уметнички творби од кои се создава уникатната колекција на Музејот. Делото на Барукело, кое е едно од најрепрезентативните донации на МСУ, е конзервирано од стручниот тим на Музејот и од денеска е претставено пред јавноста, овозможувајќи нови согледби и толкувања, кажа денеска на прославата.
Значајниот јубилеј на МСУ им го честиташе и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. [caption id="attachment_742595" align="alignnone" width="960"] фото: Министерство за култура[/caption]
Денес, имавме ексклузивна можност по 35 години, да го погледнеме уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело. Оваа уникатна колекција на творби е подарок од уметници од целиот свет, знак на солидарност за постземјотресно Скопје. МСУ е своевидна победа на уметноста во втората половина од 20 век, но и синоним за слободна уметничка мисла. Посакувам уште многу години успешна работа, а на ентузијастите и професионалците од овој Музеј би им порачала да продолжат да водат со чисти и прогресивни идеи, рече Костадиновска Стојчевска.
[caption id="attachment_742596" align="alignnone" width="960"] фото: Министерство за култура[/caption] Беше претставен и најновиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“ бр.35/36 (2023), насочено кон актуелните дебати во критичката музеологија и во кое се вклучени значајни оригинални прилози, кои се однесуваат на релациите помеѓу критичките музеи, претставувањето на културните различности, практиките на деколонизација, како и музеолошки концепти кои ги адресираат и вончовечките простори. [caption id="attachment_742598" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура[/caption] Низ тековните поставки гостите ги водеше кустос-водичот Бојана Јанева, а матинето беше збогатено со симболичен коктел придружен со диџеј-сет на Игор Спироски, во неформална атмосфера. [caption id="attachment_742600" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура[/caption]

The post МСУ со ексклузивно изложување на делото на Џанфранко Барукело „Доблест во нужност“ го прослави јубилејот – 60 години постоење appeared first on Република.

]]>