6 месеци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/6-meseci/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Nov 2022 09:31:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 6 месеци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/6-meseci/ 32 32 Во Кина денеска регистрирани најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kina-deneska-registrirani-najgolem-broj-novi-sluchai-na-kovid-19-vo-poslednite-shest-meseci/ Mon, 07 Nov 2022 09:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=570762

Кина денеска пријави најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци и покрај повеќекратните заклучувања, што влијаат врз економијата и секојдневниот живот.

Министерството за здравство соопшти дека денеска на локално ниво се забележени речиси 5.500 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Голем број од заразените се во јужната провинција Гуангдонг.

Во централната провинција Женгжу и натаму е затворена најголемата фабрика за Ајфон во светот. Компанијата најави доцнење на испораките поради значително намалениот капацитет во фабриката.

Кинеските здравствени власти и викендов го повторија претходно изнесениот став дека останува на сила политиката на нулта толеранција за Ковид-19.

The post Во Кина денеска регистрирани најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци appeared first on Република.

]]>

Кина денеска пријави најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци и покрај повеќекратните заклучувања, што влијаат врз економијата и секојдневниот живот. Министерството за здравство соопшти дека денеска на локално ниво се забележени речиси 5.500 нови случаи на инфекција со коронавирус. Голем број од заразените се во јужната провинција Гуангдонг. Во централната провинција Женгжу и натаму е затворена најголемата фабрика за Ајфон во светот. Компанијата најави доцнење на испораките поради значително намалениот капацитет во фабриката. Кинеските здравствени власти и викендов го повторија претходно изнесениот став дека останува на сила политиката на нулта толеранција за Ковид-19.  

The post Во Кина денеска регистрирани најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ковачевски тајно преговарал 6 месеци, сега се прави дека не знае за предлогот со кој би се бугаризирала Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-kovachevski-tajno-pregovaral-6-meseci-sega-se-pravi-deka-ne-znae-za-predlogot-so-koj-bi-se-bugarizirala-makedonija/ Thu, 23 Jun 2022 06:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=518692

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на Алфа телевизија говореше за францускиот предлог и рече дека тој предлог не требало да се најде на маса, а се нашол на маса затоа што неколку месеци претходно некој тајно го преговарал.

– Во тие преговори, тој што го преговарал практично се согласил со овој текст и сега наеднаш ние текстот го гледаме на маса, а тој што се согласил се прави дека не е од овде, дека нема очи, нема уши, нема ништо и вели јас ништо не сум добил. Ова е сериозен самит прво на Европската унија, таму треба да добијат кандидатски статус Украина, каде што дневно гинат по стотици и илјадници луѓе, која има илјадници километри граници која што има војна секојдневно, жалам за тоа што се случува, но исто жалам и за овие дома кај нас кои што 22 години чекаат и едно чудо генерации талкаат по Европа чекајќи европска иднина, се разочараа. Таа Украина, заедно со Молдавија кае што исто така имате релативно тензична ситуација, потоа ја имате Грузија и сега тие наеднаш треба да добијат кандидатски статус. Ова е сериозен историски геостратешки самит, ова не е било каков економски самит па сега ќе зборуваме за политиките или слично, имаме политичка тежина на овој самит и на нив им е потребен чекор и на Балканот, да почнат Македонија и Албанија преговори и сега, како ќе почне Македонија преговори ако видат дека во Бугарија не попуштаат бидејќи од таму таква е состојбата, притисокот ќе го направиме таму каде послабо,односно Македонија затоа што имаме министер кој што не го интересира состојбата за моето чувство, за вашето чувство, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во тој вкрстен оган, ако утре помине во комисијата за надворешни работи во Бугарија а најверојатно ќе помине, ние тоа ќе го имаме на маса, односно Ковачевски ќе го има и тоа е она кое што е конечната позиција.

Живееме во време кога политичар лекомисленик го ништи македонскиот идентитет и тоа треба на сите секој еден да му е јасно и тоа име треба да остане запишано за век и векови и за генерации! И ова не го зборувам на памет, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Ковачевски тајно преговарал 6 месеци, сега се прави дека не знае за предлогот со кој би се бугаризирала Македонија appeared first on Република.