500 милиони евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/500-milioni-evra/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 10:19:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 500 милиони евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/500-milioni-evra/ 32 32 Министерката откри кои фирми ќе добијат од 250 милиони евра помош за стопанството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-otkri-koi-firmi-ke-dobijat-od-250-milioni-evra-pomosh-za-stopanstvoto/ Wed, 17 Jul 2024 10:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=797650

Бизнисот ќе ги добие планираните 250 милиони евра од договорените 500 милиони со Унгарија под истите услови под кои ќе ги земе државата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. За реализацијата на средствата, како што истакна, ќе се разговара со Банката за развој.

Димитриеска Кочоска потенцира дека кредитите ќе бидат давани под одредени критериуми, зашто мора, рече, да прекине досегашната пракса на одобрување пари без контрола на нивното трошење.

Тие кредити ќе бидат давани под одредени услови. Тоа значи дека еднаш засекогаш трба да прекине праксата во оваа држава на одобрување пари, кредити грантови,... на принципот „дајте ни и потоа не ги контролирајте“. Или ќе поставиме услови и ќе ги насочиме сите тие пари кон компании кои навистина ќе инвестираат и ќе имаат позитивен импакт на БДП, во спротивно не можеме да се согласиме со оваа пракса која се правеше до сега. Потрошени се премногу средства преку Фондот за иновации, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а сите сме сведоци дека ефектот врз Буџетот и БДП е порзителен. Значи нешто не е во ред и ние ќе ги менуваме критериумите, истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве изјави дека фирмите всушност ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација.

The post Министерката откри кои фирми ќе добијат од 250 милиони евра помош за стопанството appeared first on Република.

]]>

Бизнисот ќе ги добие планираните 250 милиони евра од договорените 500 милиони со Унгарија под истите услови под кои ќе ги земе државата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. За реализацијата на средствата, како што истакна, ќе се разговара со Банката за развој. Димитриеска Кочоска потенцира дека кредитите ќе бидат давани под одредени критериуми, зашто мора, рече, да прекине досегашната пракса на одобрување пари без контрола на нивното трошење.
Тие кредити ќе бидат давани под одредени услови. Тоа значи дека еднаш засекогаш трба да прекине праксата во оваа држава на одобрување пари, кредити грантови,... на принципот „дајте ни и потоа не ги контролирајте“. Или ќе поставиме услови и ќе ги насочиме сите тие пари кон компании кои навистина ќе инвестираат и ќе имаат позитивен импакт на БДП, во спротивно не можеме да се согласиме со оваа пракса која се правеше до сега. Потрошени се премногу средства преку Фондот за иновации, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а сите сме сведоци дека ефектот врз Буџетот и БДП е порзителен. Значи нешто не е во ред и ние ќе ги менуваме критериумите, истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.
Премиерот Христијан Мицкоски деновиве изјави дека фирмите всушност ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација.

The post Министерката откри кои фирми ќе добијат од 250 милиони евра помош за стопанството appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за ставот на Филипче околу 500-те милиони евра од Унгарија: Во СДСМ се натпреваруваат кој пожестоко ќе не исплука мене и Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-stavot-na-filipche-okolu-500-te-milioni-evra-od-ungarija-vo-sdsm-se-natprevaruvaat-koj-pozhestoko-ke-ne-ispluka-mene-i-vladata/ Mon, 15 Jul 2024 12:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=797064

Сега гледам дека таму се натпреваруваат кој да биде појак и пожесток во плукањето кон мене и кон Владата од претендентите и од новизбраниот претседател на СДСМ. Тоа е нивен, внатрешен фоклор. Јас не би го коментирал, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со ставот на Венко Филипче дека договорот на земјава со Унгарија за 500-те милиони евра е вид политичко заложништво.

Мицкоски е дециден дека додека е премиер, никогаш нема да ја доведе државата во подредена положба, ниту ќе дозволи таа да зависи од кој било друг, освен од своите граѓани.

Оваа држава, како што вели тој, може да биде зависна само од своите граѓани. Додека јас сум претседател на Владата никогаш, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг. Можеме да зависиме само од граѓаните. Тие не плаќаат и за нив работиме. Плата земаме од буџетот што го полнат граѓаните и тие имаат полно право да ни кажуваат што да работиме и ние ќе им кажеме што можеме и што не можеме. Додека сум јас премиер, ќе повторам, никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од ниту еден друг суверен, освен од граѓанинот, подвлече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Охрид.

Лидерот на СДСМ Филипче изрази загриженост дека специјалната економска соработка што ја договори Мицкоски, е „една форма на политичко заложништво кон Унгарија и директно од Виктор Орбан“. Оцени и дека кредитот од 500 милиони евра со 3,25 проценти камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата, не е поволен од економски аспект.

Очигледно е дека не станува збор за некаков економски бенефит, туку за политичка одлука, коментираше Филипче.

The post Мицкоски за ставот на Филипче околу 500-те милиони евра од Унгарија: Во СДСМ се натпреваруваат кој пожестоко ќе не исплука мене и Владата appeared first on Република.

]]>

Сега гледам дека таму се натпреваруваат кој да биде појак и пожесток во плукањето кон мене и кон Владата од претендентите и од новизбраниот претседател на СДСМ. Тоа е нивен, внатрешен фоклор. Јас не би го коментирал, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со ставот на Венко Филипче дека договорот на земјава со Унгарија за 500-те милиони евра е вид политичко заложништво. Мицкоски е дециден дека додека е премиер, никогаш нема да ја доведе државата во подредена положба, ниту ќе дозволи таа да зависи од кој било друг, освен од своите граѓани.
Оваа држава, како што вели тој, може да биде зависна само од своите граѓани. Додека јас сум претседател на Владата никогаш, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг. Можеме да зависиме само од граѓаните. Тие не плаќаат и за нив работиме. Плата земаме од буџетот што го полнат граѓаните и тие имаат полно право да ни кажуваат што да работиме и ние ќе им кажеме што можеме и што не можеме. Додека сум јас премиер, ќе повторам, никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од ниту еден друг суверен, освен од граѓанинот, подвлече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Охрид.
Лидерот на СДСМ Филипче изрази загриженост дека специјалната економска соработка што ја договори Мицкоски, е „една форма на политичко заложништво кон Унгарија и директно од Виктор Орбан“. Оцени и дека кредитот од 500 милиони евра со 3,25 проценти камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата, не е поволен од економски аспект.
Очигледно е дека не станува збор за некаков економски бенефит, туку за политичка одлука, коментираше Филипче.
 
The post Мицкоски за ставот на Филипче околу 500-те милиони евра од Унгарија: Во СДСМ се натпреваруваат кој пожестоко ќе не исплука мене и Владата appeared first on Република.

]]>
Николоски: Овие 500 милиони евра се наменети за стопанството и за општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ovie-500-milioni-evra-se-nameneti-za-stopanstvoto-i-za-opshtinite/ Fri, 12 Jul 2024 07:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=795998

Ова се едни од најдобрите услови што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка, истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија.

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, тој појаснува дека за позајмицата во износ од 500 милиони евра имаме три години грејс период, а вкупен рок за отплата се 15 години и камата само 3.25 проценти, што, според него, е историски најниска камата.

Министерот Николоски додаде дека е уште поважно, а го најави и премиерот Христијан Мицкоски, е дека со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка, што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините кои што доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.

Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините. Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна Македонија, развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ, истакна Николоски.

Николоски се осврна и обвинувањата од страна на политичката партија СДСМ за позајмените средства.

Само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе. Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах, потенцираше меѓу другото министерот Николоски.

The post Николоски: Овие 500 милиони евра се наменети за стопанството и за општините appeared first on Република.

]]>

Ова се едни од најдобрите услови што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка, истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија. Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, тој појаснува дека за позајмицата во износ од 500 милиони евра имаме три години грејс период, а вкупен рок за отплата се 15 години и камата само 3.25 проценти, што, според него, е историски најниска камата. Министерот Николоски додаде дека е уште поважно, а го најави и премиерот Христијан Мицкоски, е дека со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка, што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините кои што доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.
Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините. Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна Македонија, развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ, истакна Николоски.
Николоски се осврна и обвинувањата од страна на политичката партија СДСМ за позајмените средства.
Само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе. Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах, потенцираше меѓу другото министерот Николоски.

The post Николоски: Овие 500 милиони евра се наменети за стопанството и за општините appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-vlasta-do-kraj-na-godinata-ke-se-zadolzhi-za-novi-500-milioni-evra/ Fri, 10 Nov 2023 13:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=700284

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра.

Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг.

Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет.

Ковачевски, Груби и владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери.

Ова е невидено поведение и ова е директен доказ дека единствено европско кај власта е желбата за евра.

Очигледно во Македонија ја имаме најнеспособната, најнедомаќинската и најкриминалната влада во Европа, додава Стојаноски.

The post Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра. Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг. Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет.
Ковачевски, Груби и владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери. Ова е невидено поведение и ова е директен доказ дека единствено европско кај власта е желбата за евра.