50 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/50/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 14:35:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 50 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/50/ 32 32 Од нови 50 случаи на голема кашлица за една недела 43 се во Скопје, пет деца се хоспитализирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-novi-50-sluchai-na-golema-kashlitsa-za-edna-nedela-43-se-vo-skopje-pet-detsa-se-hospitalizirani/ Sat, 09 Mar 2024 14:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=753037

Од 1 до 7 март, пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје - 43, а пријавени се случаи во Тетово - три, по еден во Кочани, Кавадарци, Куманово и во Битола, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен синоќа.

Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години.

Возраста на заболените се движи до 40 години, а најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

Заклучно со 7 март, во Република Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, со инциденца од 9,4/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 151 или 87,3 отсто во дванаесет различни општини, осум се од Тетово, пет живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Кочани. Заболените лица се на возраст од еден месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до четири години, односно 27 случаи или 15,6 проценти припаѓаат на возрасната група под една година, а 22 или 12,7 отсто се деца на возраст од една до четири години, а во возрасната група од 10 до 14 години се пријавени 43 случаи или 24,9 проценти, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 173, 102 случаи или 58,0 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.

Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 11,9 години.

Од заболените, 33 лица се хоспитализирани или 19,0 проценти и тоа 28 или 84,8 отсто од нив на возраст до четири години.

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација, се истакнува во извештајот на ИЈЗ.

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, од службите за вакцинација - Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 13.593 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив, вакцинирани биле 5.756 или 42,3 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина - 2.879 или 50,0 проценти.

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 8.330 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 5.066 - 60,8 отсто од вакцинираните деца примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - прва, втора, трета доза или ревакцинација - прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 7 март изнесува 14.086, појаснуваат од ИЈЗ.

Во државава, без Скопје, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 7.394 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 2.560 или 34,6 проценти. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина - 1.225 или 47,9 отсто.

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 8.545 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 4.018 или 47,0 проценти од вакцинираните примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - прва, втора, трета доза или ревакцинација - прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 7 март изнесува 11.105, се додава во извештајот на ИЈЗ.

The post Од нови 50 случаи на голема кашлица за една недела 43 се во Скопје, пет деца се хоспитализирани appeared first on Република.

]]>

Од 1 до 7 март, пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје - 43, а пријавени се случаи во Тетово - три, по еден во Кочани, Кавадарци, Куманово и во Битола, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен синоќа. Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години. Возраста на заболените се движи до 40 години, а најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.
Заклучно со 7 март, во Република Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, со инциденца од 9,4/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 151 или 87,3 отсто во дванаесет различни општини, осум се од Тетово, пет живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Кочани. Заболените лица се на возраст од еден месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до четири години, односно 27 случаи или 15,6 проценти припаѓаат на возрасната група под една година, а 22 или 12,7 отсто се деца на возраст од една до четири години, а во возрасната група од 10 до 14 години се пријавени 43 случаи или 24,9 проценти, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Од вкупниот број регистрирани случаи - 173, 102 случаи или 58,0 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 11,9 години. Од заболените, 33 лица се хоспитализирани или 19,0 проценти и тоа 28 или 84,8 отсто од нив на возраст до четири години.
Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација, се истакнува во извештајот на ИЈЗ.
Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, од службите за вакцинација - Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 13.593 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив, вакцинирани биле 5.756 или 42,3 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина - 2.879 или 50,0 проценти.
Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 8.330 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 5.066 - 60,8 отсто од вакцинираните деца примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - прва, втора, трета доза или ревакцинација - прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 7 март изнесува 14.086, појаснуваат од ИЈЗ. Во државава, без Скопје, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 7.394 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 2.560 или 34,6 проценти. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина - 1.225 или 47,9 отсто. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 8.545 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 4.018 или 47,0 проценти од вакцинираните примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - прва, втора, трета доза или ревакцинација - прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 7 март изнесува 11.105, се додава во извештајот на ИЈЗ.
 
The post Од нови 50 случаи на голема кашлица за една недела 43 се во Скопје, пет деца се хоспитализирани appeared first on Република.

]]>
Дојава за над 50 бомби поставени на 12 локации во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-nad-50-bombi-postaveni-na-12-lokacii-vo-belgrad/ Mon, 31 Oct 2022 12:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=567806

Белградската полиција добила пријави за поставени бомби на повеќе локации во градот јавуваат српските медиуми. Според информациите во медиумите дојави за бомби добиле и студентскиот дом на булеварот Крал Александaр, трговскиот центар „Ушче“, Филозофскиот факултет и ректорската зграда на Универзитетот во Белград, КБЦ Земун, како и неколку обложувалници низ градот.

Некои медиуми пак објавија дека имало околу 50-тина дојави бомби на неколку локации, меѓу кои и за Амбасадата на Белорусија, две бомби на Студентскиот плоштад, девет на аеродромот Никола Тесла, потоа во центарот на градот кај Т.Ц. Делта на улицата Јуриј Гагарин.

Белградска „Политика“ пишува дека имало информации дека една бомба наводно била поставена на вториот кат на Филозофскиот факултет. Во исто време четири бомби биле поставени во зградата на Ректорот на факултетот, две во Универзитетот за уметноста една бомба во обложувалница на улицата Ганди, и две бомби во обложувалница на адреса Народни Херои бр. 30.

Според информациите, специјализирани полициски екипи во моментов се излезени на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.

The post Дојава за над 50 бомби поставени на 12 локации во Белград appeared first on Република.

]]>

Белградската полиција добила пријави за поставени бомби на повеќе локации во градот јавуваат српските медиуми. Според информациите во медиумите дојави за бомби добиле и студентскиот дом на булеварот Крал Александaр, трговскиот центар „Ушче“, Филозофскиот факултет и ректорската зграда на Универзитетот во Белград, КБЦ Земун, како и неколку обложувалници низ градот. Некои медиуми пак објавија дека имало околу 50-тина дојави бомби на неколку локации, меѓу кои и за Амбасадата на Белорусија, две бомби на Студентскиот плоштад, девет на аеродромот Никола Тесла, потоа во центарот на градот кај Т.Ц. Делта на улицата Јуриј Гагарин. Белградска „Политика“ пишува дека имало информации дека една бомба наводно била поставена на вториот кат на Филозофскиот факултет. Во исто време четири бомби биле поставени во зградата на Ректорот на факултетот, две во Универзитетот за уметноста една бомба во обложувалница на улицата Ганди, и две бомби во обложувалница на адреса Народни Херои бр. 30. Според информациите, специјализирани полициски екипи во моментов се излезени на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.  

The post Дојава за над 50 бомби поставени на 12 локации во Белград appeared first on Република.

]]>
Линиите 29 и 50А на ЈСП стануваат редовни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/liniite-29-i-50a-na-jsp-stanuvaat-redovni/ Mon, 11 Jul 2022 10:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=526956

Советот на Град Скопје денеска на 13-тата седница ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии.

Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Жданец, а ќе се движи по ул. Жданец, ул. Трнодол, ул. Козле, бул. 8-ми Септември, бул. Партизански Одреди и Карпош 3 (Сити Мол) и обратно.

Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по ул. 1646, ул. Благоја Стефковски, бул. Александар Македонски, бул. Крсте Петков Мисирков, бул. Гоце Делчев, ул. Филип Втори Македонски, ул. Димитрие Чуповски, бул. Св. Климент Охридски и бул. Мајка Тереза и обратно.

Покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, а истите врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.

The post Линиите 29 и 50А на ЈСП стануваат редовни appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје денеска на 13-тата седница ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии. Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Жданец, а ќе се движи по ул. Жданец, ул. Трнодол, ул. Козле, бул. 8-ми Септември, бул. Партизански Одреди и Карпош 3 (Сити Мол) и обратно. Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по ул. 1646, ул. Благоја Стефковски, бул. Александар Македонски, бул. Крсте Петков Мисирков, бул. Гоце Делчев, ул. Филип Втори Македонски, ул. Димитрие Чуповски, бул. Св. Климент Охридски и бул. Мајка Тереза и обратно. Покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А. Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, а истите врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.

The post Линиите 29 и 50А на ЈСП стануваат редовни appeared first on Република.

]]>
Москва: Во ракетен напад убивме 50 украински генерали и офицери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-vo-raketen-napad-ubivme-50-ukrainski-generali-i-oficeri/ Sun, 19 Jun 2022 15:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=517296

Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодоњецк во источна Украина „успешно се развива“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине во источните предградија на Северодоњецк.

 Офанзивата во правец на Северодоњецк се развива успешно, рече Конашенков.

Тој додаде дека руските сили го погодиле командниот центар на украинската армија во регионот Днепро со крстосувачки ракети со долг дострел, при што загинале повеќе украински генерали и офицери.

Како резултат на нападот, беа уништени повеќе од 50 генерали и офицери на вооружените сили на Украина, вклучително и Генералштабот, командата на трупната група Каховка, трупи за воздушен напад и формации кои дејствуваа во насока на Николаев и Запорожје, рече тој. Во тој момент имало работен состанок на командниот штаб на оперативно-стратешката група на воената група „Александрија“, појасни портпаролот.

The post Москва: Во ракетен напад убивме 50 украински генерали и офицери appeared first on Република.

]]>

Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодоњецк во источна Украина „успешно се развива“. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине во источните предградија на Северодоњецк.