50 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/50-godini/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 10:35:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 50 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/50-godini/ 32 32 Вечерва се затвора одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот инстутут во Скопје со изложба на познати француски уметници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-zatvora-odbelezhuvaneto-na-50-godishninata-na-frantsuskiot-instutut-vo-skopje-so-izlozhba-na-poznati-frantsuski-umetnitsi/ Wed, 27 Nov 2024 10:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=842190

Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ денеска ќе биде затворена прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во државава и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија.

Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во Остен музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис, се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018, како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели, се вели во соопштението од Францускиот институт во Скопје.

 

The post Вечерва се затвора одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот инстутут во Скопје со изложба на познати француски уметници appeared first on Република.

]]>

Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ денеска ќе биде затворена прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје. Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во државава и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија.
Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во Остен музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис, се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018, како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели, се вели во соопштението од Францускиот институт во Скопје.
 

The post Вечерва се затвора одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот инстутут во Скопје со изложба на познати француски уметници appeared first on Република.

]]>
50 години од последната свадба во село Гари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/50-godini-od-poslednata-svadba-vo-selo-gari/ Wed, 28 Aug 2024 12:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=810871

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото.

Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера…

По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.

Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.

И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот.

Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим.

И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.

Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.

Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците.

Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка.

На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“.

И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.

 

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото. Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера… По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.
Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.
И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот. Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим. И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.
Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.
Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците. Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка. На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“. И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.  

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>
Дигиталната изложба за 50 годишнината на Францускиот Институт во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/digitalnata-izlozhba-za-50-godishninata-na-frantsuskiot-institut-vo-skopje/ Sun, 05 May 2024 10:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=774448

По повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, на 1 јуни во Ист Гејт Мол ќе биде отворена дигиталната изложба „LIVELYYY” на Гијомит, во продукција на Еlektroni[K] .

Како што информираат организаторите, посетителите ќе имаат можност од огромен мурал на рамна површина (6м х 10м) да добијат „жив“ 3Д универзум низ зголемена реалност преку апликација на нивните мобилни телефони.

Повеќе детали за настанот може да најдете тука.

The post Дигиталната изложба за 50 годишнината на Францускиот Институт во Скопје appeared first on Република.

]]>

По повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, на 1 јуни во Ист Гејт Мол ќе биде отворена дигиталната изложба „LIVELYYY” на Гијомит, во продукција на Еlektroni[K] . Како што информираат организаторите, посетителите ќе имаат можност од огромен мурал на рамна површина (6м х 10м) да добијат „жив“ 3Д универзум низ зголемена реалност преку апликација на нивните мобилни телефони. Повеќе детали за настанот може да најдете тука.

The post Дигиталната изложба за 50 годишнината на Францускиот Институт во Скопје appeared first on Република.

]]>
Затворањата и ограничувањето во ковид-пандемијата имаа трајни последици врз мозокот на луѓето над 50 години, покажа најновото истражување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zatvoranata-i-ogranichuvaneto-vo-kovid-pandemijata-imaa-trajni-posleditsi-vrz-mozokot-na-lugeto-nad-50-godini-pokazha-najnovoto-istrazhuvane/ Thu, 02 Nov 2023 09:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=697324

Затворањата и ограничувањата наметнати за време на пандемијата од коронавирус имаа трајни последици врз здравјето на мозокот на луѓето над 50 години, сугерира најновото истражување.

Студијата покажа дека когнитивните функции и работната меморија кај постарите луѓе брзо се намалувале за време на пандемијата, без разлика дали биле заразени со коронавирус. Истражувачите велат дека ова може да се должи на фактори влошени од пандемијата, како што се недоволно вежбање и пиење премногу алкохол, како и осаменост и депресија.

Тим составен од истражувачи од Универзитетот во Ексетер во Обединетото Кралство и Институтот за психијатрија, психологија и невронаука (IoPPN) на Кралскиот колеџ во Лондон, анализираа тестови за функцијата на мозокот на 3.142 луѓе кои учествуваа во студијата Protect, која првично беше лансирана во 2014 година, за да добие увид во мозочните функции на луѓето над 40 години во период од 25 години. Луѓето опфатени со истражувањето се на возраст меѓу 50 и 90 години и живеат во Обединетото Кралство.

Тимот ги разгледа податоците од март 2019 и февруари 2020 година, споредувајќи ги со податоците собрани во текот на првата (март 2020 до февруари 2021 година) и втората (март 2021 до февруари 2022 година) години на пандемијата.

Анализата покажа дека стапката на когнитивно опаѓање се забрза во првата година од пандемијата и беше поголема кај оние кои веќе покажуваа знаци на благ когнитивен пад пред избувнувањето на коронавирусот. Моделот продолжи и во втората година од пандемијата, за која истражувачите велат дека сугерира ефект по првичните национални исклучувања во 2020 и 2021 година.

Ен Корбет, професор по истражување за деменција и водач на студијата Protect на Универзитетот во Ексетер, рече:

Нашите наоди сугерираат дека заклучувањето и другите ограничувања што ги доживеавме за време на пандемијата навистина имаа долгорочен ефект врз здравјето на мозокот врз луѓе на возраст од 50 и повеќе години, дури и по завршувањето на затворањето. Ова го покренува важното прашање, дали луѓето се потенцијално изложени на поголем ризик од когнитивно опаѓање што може да доведе до деменција.

 

The post Затворањата и ограничувањето во ковид-пандемијата имаа трајни последици врз мозокот на луѓето над 50 години, покажа најновото истражување appeared first on Република.

]]>

Затворањата и ограничувањата наметнати за време на пандемијата од коронавирус имаа трајни последици врз здравјето на мозокот на луѓето над 50 години, сугерира најновото истражување. Студијата покажа дека когнитивните функции и работната меморија кај постарите луѓе брзо се намалувале за време на пандемијата, без разлика дали биле заразени со коронавирус. Истражувачите велат дека ова може да се должи на фактори влошени од пандемијата, како што се недоволно вежбање и пиење премногу алкохол, како и осаменост и депресија. Тим составен од истражувачи од Универзитетот во Ексетер во Обединетото Кралство и Институтот за психијатрија, психологија и невронаука (IoPPN) на Кралскиот колеџ во Лондон, анализираа тестови за функцијата на мозокот на 3.142 луѓе кои учествуваа во студијата Protect, која првично беше лансирана во 2014 година, за да добие увид во мозочните функции на луѓето над 40 години во период од 25 години. Луѓето опфатени со истражувањето се на возраст меѓу 50 и 90 години и живеат во Обединетото Кралство. Тимот ги разгледа податоците од март 2019 и февруари 2020 година, споредувајќи ги со податоците собрани во текот на првата (март 2020 до февруари 2021 година) и втората (март 2021 до февруари 2022 година) години на пандемијата. Анализата покажа дека стапката на когнитивно опаѓање се забрза во првата година од пандемијата и беше поголема кај оние кои веќе покажуваа знаци на благ когнитивен пад пред избувнувањето на коронавирусот. Моделот продолжи и во втората година од пандемијата, за која истражувачите велат дека сугерира ефект по првичните национални исклучувања во 2020 и 2021 година. Ен Корбет, професор по истражување за деменција и водач на студијата Protect на Универзитетот во Ексетер, рече:
Нашите наоди сугерираат дека заклучувањето и другите ограничувања што ги доживеавме за време на пандемијата навистина имаа долгорочен ефект врз здравјето на мозокот врз луѓе на возраст од 50 и повеќе години, дури и по завршувањето на затворањето. Ова го покренува важното прашање, дали луѓето се потенцијално изложени на поголем ризик од когнитивно опаѓање што може да доведе до деменција.
 

The post Затворањата и ограничувањето во ковид-пандемијата имаа трајни последици врз мозокот на луѓето над 50 години, покажа најновото истражување appeared first on Република.

]]>
Македонскиот збор силно одекна во Париз по повод 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-zbor-silno-odekna-vo-pariz-po-povod-50-godini-lektorat-po-makedonski-jazik-na-inalko/ Fri, 24 Mar 2023 08:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=623111

Македонскиот збор силно одекна во Париз, на Националниот интитут за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), со меѓународниот симпозиум што беше организиран вчера по повод 50 години од отворањето на тамошниот Лекторат по македонски јазик – најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот. Одекнаа научните вистини за македонистиката и констатациите за потребата од натамошни вложувања во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура. Но, и клучни согледби за македонските книжевни и културни вредности, преку осврнувањата на творештвото на великанот Ацо Шопов, во чест на 100-годишнината од неговото раѓање. На ИНАЛКО се слушна и македонската народна песна, на концерт организиран во чест на големиот јубилеј за македонистиката и за македонската држава. Уште еднаш се потврди дека соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и ИНАЛКО е исклучително важна за развојот на странската македонистика.

На Симпозиумот се одржа тркалезна маса која во целост беше посветена на македонистиката во Франција. На неа се обрати и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО.

Мојсова-Чепишевска детално се оврна на историјатот на македонистиката во Франција. Притоа, меѓу другото укажа дека интересот за македонскиот јазик таму датира и од претходно, од периодот меѓу двете светски војни, кога професорите Андре Мазон и Андре Вајан имаат објавено капитални дела за македонските дијалекти. Укажа и на интересот за македонскиот јазик и веднаш по неговата кодификација, поочувајќи на конкретни историски факти.

– Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, од денешна перспектива согледано исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија и во периодот пред и по неговата кодификација. Тоа нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција. Токму затоа и чествувањето на овој полувековен јубилеј не е и не треба да биде само формално одбележување, туку почетна точка на нови заеднички заложби на француските и македонските филолози и културолози, на ИНАЛКО и МСМЈЛК при УКИМ.

Во завршницата на излагањето во кое меѓу другото, посебно го акцентираше и значењето на заложбите на Ацо Шопов за развивање на македонско-француските културни врски, таа ја нагласи потребата од взаемна посветеност која ќе овозможи нови перспективи на македонистиката во Франција.

– И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа, неопходно е заеднички да вложуваме во кадри кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО. Впрочем, на тоа нè обврзува и влогот на оние што пред нас се вложувале во македонско-француските културни и академски врски, истакна Мојсова-Чепишевска.

Како што во заклучните согледби од Симпозиумот нагласи и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО и претседаваше со тркалезната маса, излагањата на овој дел од Симпозиумот успеаа во целта да се поттикнат и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, како влог во развојот на македонистиката.

Со свои излагања учествува и актуелниот лектор по македонски јазик на ИНАЛКО, м-р Ѓоко Здравески, асс. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Јован Костов од Универзитетот „Пол Валери Монпеље 3“. Во нивните излагања беа акцентирани согледби и анализи за македонистиката во Франција денес, а одделно излагање беше посветено и на вреднувањето и анализирањето на поезијата на Ацо Шопов преку прочитот на странските македонисти, како и за предизвиците при подготовката на најновите преводи на негови песни.

На творештвото на Шопов, на Симпозиумот му беа посветени и две тркалезни маси. Со нив продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј 100 години нд неговото раѓање. Ообено е важно што на овие тркалезни маси со исцрпни дискусии и нови согледби учествуваа и истакнатите странски македонисти и универзитетски професори, Кристина Е. Крамер од САД/Канада и Маќеј Кавка од Полска, долгогодишни учесници на Меѓународната научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ и преведувачи на поезијата на Шопов. Покрај нив, на тркалезните маси учествува и професорот Жорж Алао од ИНАЛКО – Франција, по потекло од Нигерија, Дауда Ндиај од Сенегал, Хозе-Мариа Паз-Гаго од Шпанија, Џамила Межри од Тунис и Тања Кармзова од Франција.

Во овој дел на Сипозиумот учествува и академиците од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, која е и некогашна лекторка по македонски јазик на ИНАЛКО, како и ќерката на Шопов и истражувач на неговото дело, Јасмина Шопова. На Симпозиумот, пред присутните се обрати и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

Симпозиумот се оствари и со поддршка од МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“.

Во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО се одржа и концерт на македонска народна музика, на француската македонистка и музичкарка, Гаел Лекок и Анета Жорж, пејачка и композиторка, професорка на Американската школа за модерна музика во Париз (вокал, кавал и тамбура). Со овој концерт и со посветеноста и на делото на Шопов на Симпозиумот, како што се очекуваше, на ИНАЛКО се оствари влог и во афирмацијата и поттикнувањето поширок интерес за македонските книжевни и културни вредности воопшто.

Ваквото чествување на полувековниот јубилеј на Лекторатот по македонски јазик во Париз ја потврди респектабилноста кон македонистиката на престижниот ИНАЛКО и воопшто во француската академска заедница. Но, клучно е што со учесници од седум земји, од симпозиумот се успеа и во целта да се испрати пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат. Затоа што со заклучни согледби на Симпозиумот веќе се оствари конкретен влог и во трасирањето на патеката на натамошниот развој на студиите по македонски јазик, литература и култура во Париз и воопшто на македонско-француските академски и културни врски.

 

The post Македонскиот збор силно одекна во Париз по повод 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО appeared first on Република.

]]>

Македонскиот збор силно одекна во Париз, на Националниот интитут за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), со меѓународниот симпозиум што беше организиран вчера по повод 50 години од отворањето на тамошниот Лекторат по македонски јазик – најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот. Одекнаа научните вистини за македонистиката и констатациите за потребата од натамошни вложувања во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура. Но, и клучни согледби за македонските книжевни и културни вредности, преку осврнувањата на творештвото на великанот Ацо Шопов, во чест на 100-годишнината од неговото раѓање. На ИНАЛКО се слушна и македонската народна песна, на концерт организиран во чест на големиот јубилеј за македонистиката и за македонската држава. Уште еднаш се потврди дека соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и ИНАЛКО е исклучително важна за развојот на странската македонистика. На Симпозиумот се одржа тркалезна маса која во целост беше посветена на македонистиката во Франција. На неа се обрати и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО. Мојсова-Чепишевска детално се оврна на историјатот на македонистиката во Франција. Притоа, меѓу другото укажа дека интересот за македонскиот јазик таму датира и од претходно, од периодот меѓу двете светски војни, кога професорите Андре Мазон и Андре Вајан имаат објавено капитални дела за македонските дијалекти. Укажа и на интересот за македонскиот јазик и веднаш по неговата кодификација, поочувајќи на конкретни историски факти. – Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, од денешна перспектива согледано исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија и во периодот пред и по неговата кодификација. Тоа нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција. Токму затоа и чествувањето на овој полувековен јубилеј не е и не треба да биде само формално одбележување, туку почетна точка на нови заеднички заложби на француските и македонските филолози и културолози, на ИНАЛКО и МСМЈЛК при УКИМ. Во завршницата на излагањето во кое меѓу другото, посебно го акцентираше и значењето на заложбите на Ацо Шопов за развивање на македонско-француските културни врски, таа ја нагласи потребата од взаемна посветеност која ќе овозможи нови перспективи на македонистиката во Франција. – И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа, неопходно е заеднички да вложуваме во кадри кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО. Впрочем, на тоа нè обврзува и влогот на оние што пред нас се вложувале во македонско-француските културни и академски врски, истакна Мојсова-Чепишевска. Како што во заклучните согледби од Симпозиумот нагласи и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО и претседаваше со тркалезната маса, излагањата на овој дел од Симпозиумот успеаа во целта да се поттикнат и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, како влог во развојот на македонистиката. Со свои излагања учествува и актуелниот лектор по македонски јазик на ИНАЛКО, м-р Ѓоко Здравески, асс. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Јован Костов од Универзитетот „Пол Валери Монпеље 3“. Во нивните излагања беа акцентирани согледби и анализи за македонистиката во Франција денес, а одделно излагање беше посветено и на вреднувањето и анализирањето на поезијата на Ацо Шопов преку прочитот на странските македонисти, како и за предизвиците при подготовката на најновите преводи на негови песни. На творештвото на Шопов, на Симпозиумот му беа посветени и две тркалезни маси. Со нив продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј 100 години нд неговото раѓање. Ообено е важно што на овие тркалезни маси со исцрпни дискусии и нови согледби учествуваа и истакнатите странски македонисти и универзитетски професори, Кристина Е. Крамер од САД/Канада и Маќеј Кавка од Полска, долгогодишни учесници на Меѓународната научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ и преведувачи на поезијата на Шопов. Покрај нив, на тркалезните маси учествува и професорот Жорж Алао од ИНАЛКО – Франција, по потекло од Нигерија, Дауда Ндиај од Сенегал, Хозе-Мариа Паз-Гаго од Шпанија, Џамила Межри од Тунис и Тања Кармзова од Франција. Во овој дел на Сипозиумот учествува и академиците од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, која е и некогашна лекторка по македонски јазик на ИНАЛКО, како и ќерката на Шопов и истражувач на неговото дело, Јасмина Шопова. На Симпозиумот, пред присутните се обрати и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев. Симпозиумот се оствари и со поддршка од МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“. Во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО се одржа и концерт на македонска народна музика, на француската македонистка и музичкарка, Гаел Лекок и Анета Жорж, пејачка и композиторка, професорка на Американската школа за модерна музика во Париз (вокал, кавал и тамбура). Со овој концерт и со посветеноста и на делото на Шопов на Симпозиумот, како што се очекуваше, на ИНАЛКО се оствари влог и во афирмацијата и поттикнувањето поширок интерес за македонските книжевни и културни вредности воопшто. Ваквото чествување на полувековниот јубилеј на Лекторатот по македонски јазик во Париз ја потврди респектабилноста кон македонистиката на престижниот ИНАЛКО и воопшто во француската академска заедница. Но, клучно е што со учесници од седум земји, од симпозиумот се успеа и во целта да се испрати пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат. Затоа што со заклучни согледби на Симпозиумот веќе се оствари конкретен влог и во трасирањето на патеката на натамошниот развој на студиите по македонски јазик, литература и култура во Париз и воопшто на македонско-француските академски и културни врски.  

The post Македонскиот збор силно одекна во Париз по повод 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО appeared first on Република.

]]>
МКЦ добитник на наградата „13 Ноември” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mkc-dobitnik-na-nagradata-13-noemvri/ Mon, 14 Nov 2022 09:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=573653

ЈУ Младински културен центар е добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за особени достигнувања во културата, во линија и на својот годинешен 50. јубилеј од постоењето.

Со тоа ЈУ Младински културен центар како институција што со својата посветена работа, ентузијазам, напредно програмско дејствување и неуморност успева да биде препознаена како клучна институција во развојот на културата во својот град.

Наградата ’13 Ноември’ силно ја валидира нашата работа и секако нашата меѓународна позиција како важен фактор на домашната и на европската сцена. МКЦ со нескриена гордост ја прими ова награда, најважна за нас, бидејќи го сакаме градот и сè што правиме е во насока да овозможиме да се развива и негува живата култура. Клучот на Градот доаѓа во вистински момент за нас, за нашата публика, во моменти кога ни е потребен малку ветер во нашите едра, изјави Ванчо Богоев, директор на институцијата која повеќе од 35 години е дел од МКЦ.

Од активностите што следуваат, сè уште е во тек 47. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој се затвора на 19 ноември, а по него следува првото издание на ротирачкиот фестивал LIVEUROPE, кој МКЦ првпат ќе го организира како рамноправен член на оваа престижна мрежа на европски концертни сали.

Во подготовка е и големата прослава по повод 50-годишниот јубилеј, закажана за 28 декември 2022, денот кога МКЦ првпат ги отворил своите врати во далечната 1972 година. За тој ден се подготвува богата и изненадувачка музичка програма, перформанси, ликовна изложба и други активности со кои ќе се заокружи јубилејот 50 години МКЦ.

The post МКЦ добитник на наградата „13 Ноември” appeared first on Република.

]]>

ЈУ Младински културен центар е добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за особени достигнувања во културата, во линија и на својот годинешен 50. јубилеј од постоењето. Со тоа ЈУ Младински културен центар како институција што со својата посветена работа, ентузијазам, напредно програмско дејствување и неуморност успева да биде препознаена како клучна институција во развојот на културата во својот град.
Наградата ’13 Ноември’ силно ја валидира нашата работа и секако нашата меѓународна позиција како важен фактор на домашната и на европската сцена. МКЦ со нескриена гордост ја прими ова награда, најважна за нас, бидејќи го сакаме градот и сè што правиме е во насока да овозможиме да се развива и негува живата култура. Клучот на Градот доаѓа во вистински момент за нас, за нашата публика, во моменти кога ни е потребен малку ветер во нашите едра, изјави Ванчо Богоев, директор на институцијата која повеќе од 35 години е дел од МКЦ.
Од активностите што следуваат, сè уште е во тек 47. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој се затвора на 19 ноември, а по него следува првото издание на ротирачкиот фестивал LIVEUROPE, кој МКЦ првпат ќе го организира како рамноправен член на оваа престижна мрежа на европски концертни сали. Во подготовка е и големата прослава по повод 50-годишниот јубилеј, закажана за 28 декември 2022, денот кога МКЦ првпат ги отворил своите врати во далечната 1972 година. За тој ден се подготвува богата и изненадувачка музичка програма, перформанси, ликовна изложба и други активности со кои ќе се заокружи јубилејот 50 години МКЦ.

The post МКЦ добитник на наградата „13 Ноември” appeared first on Република.

]]>
Радмила Шекеринска наполни 50 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/radmila-shekerinska-napolni-50-godini/ Fri, 10 Jun 2022 21:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=513706

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години.

Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.

Колку пати сте го чуле она “Годините се само бројка”? Никогаш не ми се допаѓала таа теза. Само бројка? Не.
За мене годините се многу бројки: бројот на родендени, но и бројот на прекрасни денови, сумата на сите тажни мигови, збирот на сите победи и порази, интензитетот на најголемата радост и длабочината на најголемото разочарување, секое воодушевувачко изгрејсонце и спектакуларен залез, избројаните секунди на среќа без повод, просекот на насмевки и солзи… и морето пријателства, убави желби, грижи и љубов.
Ви благодарам што денес тоа море и тие бројки ги подигнавте до небеса… и простете ако не стигнам на сите да одговорам.
Единствено што посакувам е во вторите 50 (скромно, нели 😉) да бидеме здрави, среќни и “на купче”.
Со сите вас, годините се прекрасен подарок! 

The post Радмила Шекеринска наполни 50 години appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години. Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.
Колку пати сте го чуле она “Годините се само бројка”? Никогаш не ми се допаѓала таа теза. Само бројка? Не. За мене годините се многу бројки: бројот на родендени, но и бројот на прекрасни денови, сумата на сите тажни мигови, збирот на сите победи и порази, интензитетот на најголемата радост и длабочината на најголемото разочарување, секое воодушевувачко изгрејсонце и спектакуларен залез, избројаните секунди на среќа без повод, просекот на насмевки и солзи… и морето пријателства, убави желби, грижи и љубов. Ви благодарам што денес тоа море и тие бројки ги подигнавте до небеса… и простете ако не стигнам на сите да одговорам. Единствено што посакувам е во вторите 50 (скромно, нели 😉) да бидеме здрави, среќни и “на купче”. Со сите вас, годините се прекрасен подарок! 

The post Радмила Шекеринска наполни 50 години appeared first on Република.

]]>