„50 години Мајски оперски вечери“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/50-godini-majski-operski-vecheri/ За подобро да се разбереме Mon, 30 May 2022 09:44:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „50 години Мајски оперски вечери“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/50-godini-majski-operski-vecheri/ 32 32 Операта „Аида“ и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ во НОБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/operata-aida-i-promocija-na-monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri-vo-nob/ Mon, 30 May 2022 09:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=508662

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски. Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска.

Со почеток во 20 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на Оливер Балабурски, уметник со кариера од над 28 години. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска. Настапува хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

The post Операта „Аида“ и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ во НОБ appeared first on Република.

]]>

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски. Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска. Со почеток во 20 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на Оливер Балабурски, уметник со кариера од над 28 години. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска. Настапува хорот и оркестарот на Националната опера и балет.  

The post Операта „Аида“ и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ во НОБ appeared first on Република.

]]>