5 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/5-maj/ За подобро да се разбереме Thu, 04 May 2023 14:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 5 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/5-maj/ 32 32 Панел-дискусија по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/panel-diskusija-po-povod-5-maj-denot-na-makedonskiot-jazik/ Thu, 04 May 2023 14:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=636893

По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, утре (5 мај) во Националната опера и балет во 12:00 часот, во организација на Министерството за култура, ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

На дебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе учествуваат и: заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ; министерот за образование и наука Јетон Шаќири; амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир; како и Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Наташа Аврамоска од Институтот за македонска литература, Људмил Спасов од Советот за македонски јазик и Весна Мојсова-Чепишевска од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

На панел-дискусијата, што ќе ја води Ана Јовковска, ќе се разговара на повеќе теми поврзани со заштитата и афирмацијата на јазикот, за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик кој ја помина владината процедура, за дигитализацијата на досиејата на Институтот за македонски јазик, за опстојувањето на македонскиот јазик до неговото стандардизирање во 1945 година, за јазикот низ новите медиуми и друго.

Во чест на одбележувањето на 5 Мај, денот кога Народната влада на Федерална Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик, утре ќе се одржат и неколку културни настани, меѓу кои и: проекција на филмот „Јанѕа“, концерт на Музичката младина на Македонија, како и концерт на составот „Црно собрание“.

Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.

 

The post Панел-дискусија по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, утре (5 мај) во Националната опера и балет во 12:00 часот, во организација на Министерството за култура, ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. На дебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе учествуваат и: заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ; министерот за образование и наука Јетон Шаќири; амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир; како и Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Наташа Аврамоска од Институтот за македонска литература, Људмил Спасов од Советот за македонски јазик и Весна Мојсова-Чепишевска од Семинарот за македонски јазик, литература и култура. На панел-дискусијата, што ќе ја води Ана Јовковска, ќе се разговара на повеќе теми поврзани со заштитата и афирмацијата на јазикот, за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик кој ја помина владината процедура, за дигитализацијата на досиејата на Институтот за македонски јазик, за опстојувањето на македонскиот јазик до неговото стандардизирање во 1945 година, за јазикот низ новите медиуми и друго. Во чест на одбележувањето на 5 Мај, денот кога Народната влада на Федерална Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик, утре ќе се одржат и неколку културни настани, меѓу кои и: проекција на филмот „Јанѕа“, концерт на Музичката младина на Македонија, како и концерт на составот „Црно собрание“. Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.  

The post Панел-дискусија по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Како да ги остварите желбите на 5 мај https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/kako-da-gi-ostvarite-zelbite-na-5-maj/ Thu, 05 May 2022 07:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=497836

Како да ги остварите желбите на 5 мај – нумеролозите веруваат дека 5-5 има посебна моќ, еве што треба да направите!

Мај е месец на изобилство според нумерологијата – Мај е 5-ти месец во годината, а пет е бројот на пари. Овој период е одличен за пројавување на желби, особено 5,5. Кога владее моќната серија од 5-5, носи енергија која ве поттикнува да ги реализирате вашите визии и идеи.

На утрешниот ден, 5.5 важно е да се постави намера, односно да се замисли конкретна и прецизна желба. Симболично, најдобро е тоа да се направи во 05:05 часот наутро или попладне (17:05 часот).

За да се оствари оваа желба, мора да бидете подготвени за неа, односно да и отворите простор во животот. Оставете се што е негативно и непотребно, простете им на луѓето, оставете ги старите работи.

Можете буквално да ги исчистите вашите плакари и да ги донирате вашите работи за некој друг да го добие она што му треба. Кога ќе се ослободите од она што го натрупува вашиот простор, срце, ум и живот – дозволувате да дојде нешто добро и подобро.

Исто така, за да ви се оствари желбата, важно е да се ослободите од менталните блокади и ограничувачките системи на верување. Замислете како сè е можно, затоа што навистина е!

Кога правите каква било работа за манифестација на желбата, важно е да имате визија и да бидете во состојба да ја задржите за она што го сакате.

Благодарноста е неопходна и за исполнување на желбите – активно практикувајте благодарност за она што веќе го имате и што ве прави среќни. Кога го правите ова, поголема е веројатноста да привлечете просперитет.

Секој има за што да биде благодарен, а пред се треба да бидеме благодарни за новиот ден во кој сме се разбудиле. Како да се манифестира на денот 5-5?

Одвојте малку време за да запишете како точно изгледа вашиот живот кога имате сè што сакате (напишете сè во сегашно време). Водете дневник на благодарноста.

Ова е покана за вас да се усогласите со вашата цел, животна мисија, намери што сте ги поставиле. Време е да станете поактивни и да ја креирате својата судбина! Работете на исполнување на вашите желби денес, сите шанси зависат од вас!

The post Како да ги остварите желбите на 5 мај appeared first on Република.

]]>

Како да ги остварите желбите на 5 мај – нумеролозите веруваат дека 5-5 има посебна моќ, еве што треба да направите! Мај е месец на изобилство според нумерологијата – Мај е 5-ти месец во годината, а пет е бројот на пари. Овој период е одличен за пројавување на желби, особено 5,5. Кога владее моќната серија од 5-5, носи енергија која ве поттикнува да ги реализирате вашите визии и идеи. На утрешниот ден, 5.5 важно е да се постави намера, односно да се замисли конкретна и прецизна желба. Симболично, најдобро е тоа да се направи во 05:05 часот наутро или попладне (17:05 часот). За да се оствари оваа желба, мора да бидете подготвени за неа, односно да и отворите простор во животот. Оставете се што е негативно и непотребно, простете им на луѓето, оставете ги старите работи. Можете буквално да ги исчистите вашите плакари и да ги донирате вашите работи за некој друг да го добие она што му треба. Кога ќе се ослободите од она што го натрупува вашиот простор, срце, ум и живот – дозволувате да дојде нешто добро и подобро. Исто така, за да ви се оствари желбата, важно е да се ослободите од менталните блокади и ограничувачките системи на верување. Замислете како сè е можно, затоа што навистина е! Кога правите каква било работа за манифестација на желбата, важно е да имате визија и да бидете во состојба да ја задржите за она што го сакате. Благодарноста е неопходна и за исполнување на желбите – активно практикувајте благодарност за она што веќе го имате и што ве прави среќни. Кога го правите ова, поголема е веројатноста да привлечете просперитет. Секој има за што да биде благодарен, а пред се треба да бидеме благодарни за новиот ден во кој сме се разбудиле. Како да се манифестира на денот 5-5? Одвојте малку време за да запишете како точно изгледа вашиот живот кога имате сè што сакате (напишете сè во сегашно време). Водете дневник на благодарноста. Ова е покана за вас да се усогласите со вашата цел, животна мисија, намери што сте ги поставиле. Време е да станете поактивни и да ја креирате својата судбина! Работете на исполнување на вашите желби денес, сите шанси зависат од вас!

The post Како да ги остварите желбите на 5 мај appeared first on Република.

]]>
Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-grigor-prlichev-od-ohrid-so-prigodna-programa-kje-go-odbelezi-5-maj-denot-na-makedonskiot-jazik/ Wed, 04 May 2022 09:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=497352

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик.

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Владата на Република Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

Утре,  по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот.

Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори.

Ќе учествува и Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти.

Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески.

Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

The post Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик. На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Владата на Република Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. Утре,  по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот. Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори. Ќе учествува и Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти. Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески. Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

The post Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>