4 февруари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/4-fevruari/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 09:48:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 4 февруари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/4-fevruari/ 32 32 Oд ЕК порачуваат Бугарија и Македонија да промовираат „атмосфера на дијалог“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-ek-porachuvaat-bugarija-i-makedonija-da-promoviraat-atmosfera-na-dijalog/ Fri, 10 Feb 2023 09:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=607266

Бугарија и Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии, соопшти Европската комисија во врска со последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје.

Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу двете земји. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензиии, истакнале од ЕК за БНТ.

Брисел не ги коментира случувањата на границата на 4 февраури. Велат дека не коментираат тековни истраги или правни постапки

The post Oд ЕК порачуваат Бугарија и Македонија да промовираат „атмосфера на дијалог“ appeared first on Република.

]]>

Николовски или е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот, во секој случај – треба да си замине https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-ili-e-politichki-nepismen-ili-svesno-go-pisha-imeto-na-politsaetsot-vo-sekoj-sluchaj-treba-da-si-zamine/ Sun, 05 Feb 2023 15:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=605033

Пендаровски и Ковачевски да кажат, дали Љупчо Николовски е дел од структурите кои шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија, бара пратеникот Бране Петрушевски, откако министерот за земјоделство, сакајќи да се пофали дека е другар со еден од граничните полицајци од вчерашните инциденти, јавно му го откри името.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-zeme-li-200-evra-lupcho-nikolovski-go-otkri-identitetot-na-politsaetsot-od-deve-bair-za-koj-bugarite-davaat-pari/

Неколку часа по јавно објавената понуда од страна на претставник на бугарско здружение, за награда за секој еден кој ќе го каже името на еден од полицајците кој вчера си ја вршеа работата на граничниот премин Деве Баир, Љупчо Николовски напиша фејсбук статус со кој го обелодени неговото име, и го стави на мета на бугарските шовинисти.

Дали Љупчо Николовски е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот кој на 4 ти февруари работел на ГП Деве Баир?

Доколку е неписмен, тој треба да си замине од политиката, доколку пак свесно го објавил, исто така треба да си замине зошто работи на штета на сопствената држава.

Николовски за да ја прикрие неговата намера може да каже дека службеникот му е другар, и да вади фотографии или да побара да се фотографира со службеникот, кој достојно си ја вршеше работата, но тоа нема да ја смени реалноста дека или е политички неписмен или работи против македонските интереси, пишува Петрушевски.

The post Николовски или е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот, во секој случај – треба да си замине appeared first on Република.

]]>

Пендаровски и Ковачевски да кажат, дали Љупчо Николовски е дел од структурите кои шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија, бара пратеникот Бране Петрушевски, откако министерот за земјоделство, сакајќи да се пофали дека е другар со еден од граничните полицајци од вчерашните инциденти, јавно му го откри името. https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-zeme-li-200-evra-lupcho-nikolovski-go-otkri-identitetot-na-politsaetsot-od-deve-bair-za-koj-bugarite-davaat-pari/
Неколку часа по јавно објавената понуда од страна на претставник на бугарско здружение, за награда за секој еден кој ќе го каже името на еден од полицајците кој вчера си ја вршеа работата на граничниот премин Деве Баир, Љупчо Николовски напиша фејсбук статус со кој го обелодени неговото име, и го стави на мета на бугарските шовинисти. Дали Љупчо Николовски е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот кој на 4 ти февруари работел на ГП Деве Баир? Доколку е неписмен, тој треба да си замине од политиката, доколку пак свесно го објавил, исто така треба да си замине зошто работи на штета на сопствената држава. Николовски за да ја прикрие неговата намера може да каже дека службеникот му е другар, и да вади фотографии или да побара да се фотографира со службеникот, кој достојно си ја вршеше работата, но тоа нема да ја смени реалноста дека или е политички неписмен или работи против македонските интереси, пишува Петрушевски.

The post Николовски или е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот, во секој случај – треба да си замине appeared first on Република.

]]>
Лично Демерџиев им забранил на Џамбаски и Костадинов да дојдат во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/lichno-demerdhiev-im-zabranil-na-dhambaski-i-kostadinov-da-dojdat-vo-skopje/ Sat, 04 Feb 2023 16:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=604847

Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи кој ја предводеше бугарската делегација на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев изрази очекување дека следната година заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски ќе положат цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Нам ни беше даден термин од 13 часот и 30 минути, дојдовме и направивме се што беше договорено. Му предложив на министерот Спасовски да положиме цвеќе заедно бидејќи мислев дека тоа е правилниот начин затоа што мислам дека апостолот Гоце Делчев заслужува токму такво чествување и се надевам дека на следното чествување тоа и ќе се случи, вели Демерџиев.  

Прашан за засилените безбедносни мерки под кои се одвиваше чествувањето на раѓањето на Делчев, тој оцени дека нема потреба од како што вели, вакви драконски мерки.

[caption id="attachment_604848" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Јас не мислам дека такви безбедносни мерки се неопходни затоа што односите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки на кои што сведочиме. Всушност безбедноста треба да означува сите кои што сакаат да дојдат слободно да можат мирно да оддадат почит на Гоце Делчев. За жал, има податоци дека поголем број бугарски граѓани беа спречени на граница тоа да го направат. Заемното почитување какво што ние го декларираме кон народот на Македонија е тоа што добив уверување да им се даде можност на сите да дојдат и да изразат почит на апостолот Гоце Делчев, рече Демерџиев.

Во однос на тоа колку бугарски граѓани биле вратени од граница, првиот бугарски полицаец изјави дека во моментов нема информација колкав е нивниот број, но добил информација од министерот Спасовски дека дошло до пад на системот за контрола на патници на граничните премини. За да нема такви проблеми во иднина, најави дека три генератори уште во понеделник ќе му бидат донирани на македонското МВР.

Тие ќе бидат дадени точно за тие три гранични премини за да нема такви проблеми во иднина, Но за жал, разбрав дека проблемите продолжиле и по рачната обработка на докумените. Таквото однесување е неприфатливо. Тоа не соодветствува на заложбите на нашите два народа и нема потреба од вакви, би ги нарекол провокации, рече Демерџиев.

Според него, патот напред е кон обединета Европа.

Ние треба да го најдеме патот напред, патот кон обединета Европа. Обединета Евопа претпочита стабилност, заемна доверба и почит. Ние политичарите на двете земји сме должни, да изградиме таква заемна доверба и почит каква што има меѓу народите на двете држави, вели Демерџиев.

За тоа дали на граница дошле европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот и претседател на „Преродба“ Костадин Костадинов кои предизвикаа инцидент во Скопје за време на чествувањето на споменот на Мара Бунева, Демерџиев рече дека и двајцата не се стигнати до границата.

Разговорав со нив и изричито ги замолив да останат во Бугарија, додаде тој.

Ние не смееме да правиме провокации. Дојдени сме да оддадеме почит, а не да создаваме провокации и тензии. Според мене тоа е правилниот пат. Не смееме да подлегнеме на провокации. Целта на тие провокации е да не разделат. Ние немаме причина да се разделуваме. Ние сме соседи, народи кои традиционално се почитуваат и тоа така треба и да продолжи, истакна бугарскиот министер за внатрешни работи.  

Во однос на листата на бугарски државјани на кои денеска им бил забранет влез, а за која претходно Демерџиев рече дека е мошне мала и дали постои можнот за реципроцитет за македонски државјани, нагласи дека Бугарија е држава, која го почитува редот. 

Кога дојдоа граѓани на Република Македонија на чествување во Благоевград беа пуштени сите да положат цвеќе на спомениците во местата коишто сакаа да ги посетат и јас очекувам реципрочно точно такво однесување од властите на Република Македонија. Очекувам од секој бугарски граѓанин што ќе пристигне да положи цвеќе и да се врати без да има какви било интервенции врз нив, рече тој.

Во врска со тоа како ги коментира изјавите на некои бугарски политичари, дека „Македонија е Бугарија“, тој рече дека Бугарија е првата држава која ја признала Република Македонија и нагласи дека тој нема намера да коментира такви шпекулации.

За нас е јасно дека Република Северна  Македонија е самостојна држава и јас како претставник на бугарската држава се однесувам со целосна почит кон македонската држава и македонскиот народ, рече Демерџиев. 

The post Лично Демерџиев им забранил на Џамбаски и Костадинов да дојдат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи кој ја предводеше бугарската делегација на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев изрази очекување дека следната година заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски ќе положат цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Нам ни беше даден термин од 13 часот и 30 минути, дојдовме и направивме се што беше договорено. Му предложив на министерот Спасовски да положиме цвеќе заедно бидејќи мислев дека тоа е правилниот начин затоа што мислам дека апостолот Гоце Делчев заслужува токму такво чествување и се надевам дека на следното чествување тоа и ќе се случи, вели Демерџиев.  
Прашан за засилените безбедносни мерки под кои се одвиваше чествувањето на раѓањето на Делчев, тој оцени дека нема потреба од како што вели, вакви драконски мерки. [caption id="attachment_604848" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]
Јас не мислам дека такви безбедносни мерки се неопходни затоа што односите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки на кои што сведочиме. Всушност безбедноста треба да означува сите кои што сакаат да дојдат слободно да можат мирно да оддадат почит на Гоце Делчев. За жал, има податоци дека поголем број бугарски граѓани беа спречени на граница тоа да го направат. Заемното почитување какво што ние го декларираме кон народот на Македонија е тоа што добив уверување да им се даде можност на сите да дојдат и да изразат почит на апостолот Гоце Делчев, рече Демерџиев.
Во однос на тоа колку бугарски граѓани биле вратени од граница, првиот бугарски полицаец изјави дека во моментов нема информација колкав е нивниот број, но добил информација од министерот Спасовски дека дошло до пад на системот за контрола на патници на граничните премини. За да нема такви проблеми во иднина, најави дека три генератори уште во понеделник ќе му бидат донирани на македонското МВР.
Тие ќе бидат дадени точно за тие три гранични премини за да нема такви проблеми во иднина, Но за жал, разбрав дека проблемите продолжиле и по рачната обработка на докумените. Таквото однесување е неприфатливо. Тоа не соодветствува на заложбите на нашите два народа и нема потреба од вакви, би ги нарекол провокации, рече Демерџиев.
Според него, патот напред е кон обединета Европа.
Ние треба да го најдеме патот напред, патот кон обединета Европа. Обединета Евопа претпочита стабилност, заемна доверба и почит. Ние политичарите на двете земји сме должни, да изградиме таква заемна доверба и почит каква што има меѓу народите на двете држави, вели Демерџиев.
За тоа дали на граница дошле европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот и претседател на „Преродба“ Костадин Костадинов кои предизвикаа инцидент во Скопје за време на чествувањето на споменот на Мара Бунева, Демерџиев рече дека и двајцата не се стигнати до границата.
Разговорав со нив и изричито ги замолив да останат во Бугарија, додаде тој.
Ние не смееме да правиме провокации. Дојдени сме да оддадеме почит, а не да создаваме провокации и тензии. Според мене тоа е правилниот пат. Не смееме да подлегнеме на провокации. Целта на тие провокации е да не разделат. Ние немаме причина да се разделуваме. Ние сме соседи, народи кои традиционално се почитуваат и тоа така треба и да продолжи, истакна бугарскиот министер за внатрешни работи.  
Во однос на листата на бугарски државјани на кои денеска им бил забранет влез, а за која претходно Демерџиев рече дека е мошне мала и дали постои можнот за реципроцитет за македонски државјани, нагласи дека Бугарија е држава, која го почитува редот. 
Кога дојдоа граѓани на Република Македонија на чествување во Благоевград беа пуштени сите да положат цвеќе на спомениците во местата коишто сакаа да ги посетат и јас очекувам реципрочно точно такво однесување од властите на Република Македонија. Очекувам од секој бугарски граѓанин што ќе пристигне да положи цвеќе и да се врати без да има какви било интервенции врз нив, рече тој.
Во врска со тоа како ги коментира изјавите на некои бугарски политичари, дека „Македонија е Бугарија“, тој рече дека Бугарија е првата држава која ја признала Република Македонија и нагласи дека тој нема намера да коментира такви шпекулации.
За нас е јасно дека Република Северна  Македонија е самостојна држава и јас како претставник на бугарската држава се однесувам со целосна почит кон македонската држава и македонскиот народ, рече Демерџиев. 

The post Лично Демерџиев им забранил на Џамбаски и Костадинов да дојдат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на апостолот Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-levitsa-polozhi-tsveke-na-grobot-na-apostolot-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 16:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=604841

Официјална делегација на Левица, составена од пратеникот Борислав Крмов, генералниот секретар Јована Мојсоска и членот на Президиумот Бранко Ристов, положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба - Гоце Делчев.

За величината на еден од најголемите македонски револуционери говори неговото дело. Делчев најдоследно и најупорно се бори, како против османлиската тиранија и доминација, така и против великобугарскиот врховизам и против сите обиди на бугарскиот монархизам да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои шовинистички цели.

Денес, поради вазалноста и потчинетоста на квинслишката власт, повторно великобугарските апетити се обидуваат да го извалкаат ликот и делото на најистакнатата револуционерна личност од македонската историја.

Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава - и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република.

Како што бугарскиот комунист Тодор Павлов истакна во својот говор по повод пренесувањето на коските на Гоце Делчев во Н. Р. Македонија:

„И сето ова ни дава право да тврдиме дека Гоце е сè уште жив меѓу нас и дека бесмртниот негов дух продолжува да бдее на верна стража, будно грижејќи се за понатамошната судбина на неговата сакана земја и народ.

Овој чин, чинот на пренесување на коските на Гоце Делчев од нова, слободна, отечественофронтовска Софија во новиот главен град на македонската слободна држава, смело ќе кажам, има големо историско, симболично значење, уште повеќе затоа што на нивниот пат тие ќе поминат и низ Пиринска Македонија.”

Додека живеат идеалите на Делчев - ќе живее и Републиката!

The post Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на апостолот Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Официјална делегација на Левица, составена од пратеникот Борислав Крмов, генералниот секретар Јована Мојсоска и членот на Президиумот Бранко Ристов, положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба - Гоце Делчев. За величината на еден од најголемите македонски револуционери говори неговото дело. Делчев најдоследно и најупорно се бори, како против османлиската тиранија и доминација, така и против великобугарскиот врховизам и против сите обиди на бугарскиот монархизам да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои шовинистички цели. Денес, поради вазалноста и потчинетоста на квинслишката власт, повторно великобугарските апетити се обидуваат да го извалкаат ликот и делото на најистакнатата револуционерна личност од македонската историја. Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава - и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република. Како што бугарскиот комунист Тодор Павлов истакна во својот говор по повод пренесувањето на коските на Гоце Делчев во Н. Р. Македонија: „И сето ова ни дава право да тврдиме дека Гоце е сè уште жив меѓу нас и дека бесмртниот негов дух продолжува да бдее на верна стража, будно грижејќи се за понатамошната судбина на неговата сакана земја и народ. Овој чин, чинот на пренесување на коските на Гоце Делчев од нова, слободна, отечественофронтовска Софија во новиот главен град на македонската слободна држава, смело ќе кажам, има големо историско, симболично значење, уште повеќе затоа што на нивниот пат тие ќе поминат и низ Пиринска Македонија.” Додека живеат идеалите на Делчев - ќе живее и Републиката!

The post Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на апостолот Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце https://arhiva3.republika.mk/dvogled/spasovski-tepachite-ostanaa-zad-politsiskite-barikadi-mirno-go-proslavivme-rodendenot-na-gotse/ Sat, 04 Feb 2023 11:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=604736

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено.

Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.

Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.

[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption]

Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.

Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.

Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено. Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.
Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.
[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption] Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.
Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.
Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-oddade-pochit-pred-spomenikot-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 10:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=604726

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменик-министерот за финансии Филип Николоски заедно со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Едмонд Адеми, советник на Премиерот за надворешни работи денеска со положување на свежо цвеќе оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во градскиот парк во Скопје. 

The post Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев appeared first on Република.

БНТ: 14 бугарски државјани на црната листа за влез во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bnt-14-bugarski-drzhavjani-na-tsrnata-lista-za-vlez-vo-makedonija/ Sat, 04 Feb 2023 10:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=604731

На списокот на македонското МВР на лица на кои денеска не би им бил дозволен влез во земјава се 14 бугарски државјани, јавува Бугарската национална телевизија. Во објавата на БНТ нема имиња.

Претходно, во изјава за агенцијата БТА, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев обзнани дека има листа со бугарски државјани на кои нема да им биде дозволен влез, но рече дека таа листа не е голема.

https://republika.mk/vesti/makedonija/demerdhiev-okolu-100-do-150-bugarski-drzhavjani-se-ochekuva-da-pristignat-vo-skopje-za-odbelezhuvaneto-na-raganeto-na-gotse-delchev/

Бугарската агенција Беспартиен.бг на својот фејсбук профил објави дека добиле забрана за влез во Македонија. Тие во прилог на информацијата објавија и документ издаден од македонското Министерство за внатрешни работи.

На граничниот премин „Деве Баир“, пак, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување, беше тензично. Македонската полиција и Македонија беа пцуени и навредувани од групата предводена од претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/si-go-prodadovte-imeto-za-5-stotinki-tenzichno-e-na-granitsa-otkako-padnaa-sistemite-stojanov-se-kara-so-politsijata/

The post БНТ: 14 бугарски државјани на црната листа за влез во Македонија appeared first on Република.

]]>

На списокот на македонското МВР на лица на кои денеска не би им бил дозволен влез во земјава се 14 бугарски државјани, јавува Бугарската национална телевизија. Во објавата на БНТ нема имиња. Претходно, во изјава за агенцијата БТА, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев обзнани дека има листа со бугарски државјани на кои нема да им биде дозволен влез, но рече дека таа листа не е голема. https://republika.mk/vesti/makedonija/demerdhiev-okolu-100-do-150-bugarski-drzhavjani-se-ochekuva-da-pristignat-vo-skopje-za-odbelezhuvaneto-na-raganeto-na-gotse-delchev/ Бугарската агенција Беспартиен.бг на својот фејсбук профил објави дека добиле забрана за влез во Македонија. Тие во прилог на информацијата објавија и документ издаден од македонското Министерство за внатрешни работи.
На граничниот премин „Деве Баир“, пак, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување, беше тензично. Македонската полиција и Македонија беа пцуени и навредувани од групата предводена од претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот. https://republika.mk/vesti/makedonija/si-go-prodadovte-imeto-za-5-stotinki-tenzichno-e-na-granitsa-otkako-padnaa-sistemite-stojanov-se-kara-so-politsijata/

The post БНТ: 14 бугарски државјани на црната листа за влез во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се поклони пред гробот на Гоце Делчев, надвор останаа стотици граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-pokloni-pred-grobot-na-gotse-delchev-nadvor-ostanaa-stotitsi-gragani/ Sat, 04 Feb 2023 10:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=604728

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со тричлена партиска делегација денеска се поклони пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 151 година од неговото раѓање.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-razocharan-sum-shto-chestvuvaneto-pominuva-vo-atmosfera-na-podelenost/

Сепак, на стоитиците грашани, партиски функционери и симпатизери кои ги предводеше, поради протоколот за обезбедување настан од висок ризик, не им беше дозволено да влезат во црквата „Свети Спас“, што создаде нервоза кај насобраните.

За владиниот протокол денеска имаше доста реакции, пред сè од новинарите, на кои иако акредитирани, не им беше дозволено соодветно да го проследат настанот. Голем дел медиумски куќи, меѓу кои и „Република“, без образложение добија забрана за влез на честувањето.

The post Мицкоски се поклони пред гробот на Гоце Делчев, надвор останаа стотици граѓани appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со тричлена партиска делегација денеска се поклони пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 151 година од неговото раѓање. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-razocharan-sum-shto-chestvuvaneto-pominuva-vo-atmosfera-na-podelenost/ Сепак, на стоитиците грашани, партиски функционери и симпатизери кои ги предводеше, поради протоколот за обезбедување настан од висок ризик, не им беше дозволено да влезат во црквата „Свети Спас“, што создаде нервоза кај насобраните. За владиниот протокол денеска имаше доста реакции, пред сè од новинарите, на кои иако акредитирани, не им беше дозволено соодветно да го проследат настанот. Голем дел медиумски куќи, меѓу кои и „Република“, без образложение добија забрана за влез на честувањето.

The post Мицкоски се поклони пред гробот на Гоце Делчев, надвор останаа стотици граѓани appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-polozhi-tsveke-po-povod-151-godishninata-od-raganeto-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 10:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=604708

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на државниот свечен настан и одбележувањето по повод раѓањето на Гоце Делчев.

[caption id="attachment_604722" align="alignnone" width="640"] (фото: Кабинет на претседателот на РМ)[/caption]

Во чест на 151 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

[caption id="attachment_604719" align="alignnone" width="640"] (фото: Кабинет на претседателот на РМ)[/caption]

Покрај претседателот Стево Пендаровски, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на политичките партии.

[caption id="attachment_604717" align="alignnone" width="640"] (фото: Кабинет на претседателот на РМ)[/caption]

The post Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на државниот свечен настан и одбележувањето по повод раѓањето на Гоце Делчев. [caption id="attachment_604722" align="alignnone" width="640"] (фото: Кабинет на претседателот на РМ)[/caption] Во чест на 151 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. [caption id="attachment_604719" align="alignnone" width="640"] (фото: Кабинет на претседателот на РМ)[/caption] Покрај претседателот Стево Пендаровски, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на политичките партии. [caption id="attachment_604717" align="alignnone" width="640"] (фото: Кабинет на претседателот на РМ)[/caption]

The post Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
ССНМ: Владата покажа елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssnm-vladata-pokazha-elementarno-nepoznavane-na-sistemot-na-rabota-i-potrebite-na-novinarskite-ekipi/ Sat, 04 Feb 2023 10:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=604705

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара итна реакција од владините служби за овозможување услови и пристап за соодветна работа на новинарите и снимателите при следење на одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев.

Протоколот за следење на овој настан претставува елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи и службите на Владата мора да имаат предвид дека новинарите и снимателите работат во тим и не смее да бидат одвоени, бидејќи на тој начин им се оневозможува да работат согласно професионалните стандарди и систем на дејствување на новинарските екипи со цел известувањето да биде објективно и професионално. Одговорните за организација на настанот во црквата св. Спас во Скопје се уште имаат време да ги исправат погрешно утврдените протоколи за движење на медиумските екипи, се вели во реакцијата.

Со првично предвидениот протокол, како што наведува ССНМ, Владата и нејзините служби ги попречуваат новинарите во извршување на нивната основна работа, а со тоа се попречува и слободата на информирање.

The post ССНМ: Владата покажа елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи appeared first on Република.

Додека другите чекаат да влезат, делегацијата на СДСМ положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-drugite-chekaat-da-vlezat-delegatsijata-na-sdsm-polozhi-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 10:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=604698

Немаат сите делегации иста среќа да ги минат полициските барикади и да положат свеќе на гровот на македонскиот великан Гоце Делчев.

Делегацијата на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ - Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ, веќе се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме.
Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите.
Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ - Вардарски по повод 151 година од неговата смрт.

The post Додека другите чекаат да влезат, делегацијата на СДСМ положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Немаат сите делегации иста среќа да ги минат полициските барикади и да положат свеќе на гровот на македонскиот великан Гоце Делчев. Делегацијата на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ - Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ, веќе се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме. Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите. Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ - Вардарски по повод 151 година од неговата смрт.

The post Додека другите чекаат да влезат, делегацијата на СДСМ положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Народе македонски, кој сон го сонуваш? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/narode-makedonski-koj-son-go-sonuvash/ Sat, 04 Feb 2023 10:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=604675

Ламбе Арнаудов

Еден од најголемите борци во историјата за правата и слободата на својот народ, признат патриот и родољуб кој повеќе од 35 години од својот овоземен живот го провел во затвор, од кои последните 17 ги прележал, неподвижен, тешко болен во болничка постела во затворското одделение,  во стационар, пред да се пресели неговата благородна душа на небото, го прашале, помалку недоветно, очекувајќи хедонистички одговор:

Што ќе посакаш и како би го поминал времето, доколку повторно само 24 саата бидеш слободен и потполно здрав?

Одговорот што следел, бил многу едноставен и полн со благородни пораки за пристојните, паметни луѓе, а шокантен за глупите, заробени во својот телесен оклоп простаци, до невидени размери.

Еве го одговорот:

Прво сакам мојата ЧЕСТ да ја сочувам и по смртта, а на другите да им ја подарам СЛОБОДАТА, оти СЛОБОДАТА е есенција, НЕКТАР напиток, најскапоцен дериват, што произлегува од ЧЕСТА.

Второ, мојата СОВЕСТ изворно екстремно чиста и никогаш непоматена, не сакам на другите да им ја пренесам ни доброволно, ниту насилно, зошто СОВЕСТА е ексклузивно право и сопственост, различна во целост на секој поединец.

СРАМ голем ќе е за мене, кој никогаш не попуштив и не прифатив наметната, искривена, групно создадена совест врз мојата ЛИЧНА СОВЕСТ.

Трето, начинот, практикувањето и избликот на мојот патриотизам и родољубие, нека остане таков само за мене и не сакам да го наметнувам УНИФОРМИРАНО за сите. Но, сакам сите луѓе на свој начин да бидат патриоти и родољуби да го сакаат својот народ и татковината зошто ако тоа го немаат во своите срца и души, таман и да се опсипани со сите овоземни потрошни богатства, ќе немаат НИШТО.

И четврто, НАЈВАЖНО. ЉУБОВТА, не рангирана, не градирана, неделива, едноставно еднаква кон сите луѓе упатена од МЕНЕ е чиста како сребро седумпати прочистено кое е отпорно на секаква инфекција.

Жалам, што некој помислил дека мојата ЉУБОВ се претворила во ГНЕВ и ОМРАЗА, во овие, за многумина страдања и чемер, низ казаматите и болничките кревети.

Сакам сите луѓе да се наоружаат со ваква БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ еднакво споделена кон секого, дури и така јасно искажана према вашите непријатели ако ги имате, како јас што подарувам мојата ЉУБОВ дури и кон моите стражари, судии неправедни и МАЧИТЕЛИ.

Проштевајте ми, ако со мојот одговор некого разочарав, и мирно со насмевка ја препуштил својата душа на Ангелите кои дошле по него.

Почитувани браќа и сестри! МАКЕДОНИЈА, нејзината благородна почва, родна и бериќетна со стотици илјади вакви синови кои се раѓаат постојано, не на хектар туку на еден кутел (333 м2), се раѓал, се раѓа и ќе се раѓа и понатаму, секој со својот сон посебно за остварување на заедничкиот милениумски СОН. СОН на нашиот најголем трибун и државотворец СИН МАЈКИН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ кој го чествуваме не само денес на неговиот роденден туку секој ден, секој миг.

Не така одамна, нашиот почитуван ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ изјави:

“НЕ МУ ГО ЗЕМАЈТЕ СОНОТ НА НАРОДОТ“

Тоа е СОНОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ. СОНОТ на ХРИСТИЈАН, сонот ТВОЈ, сонот мој, наш заеднички, сонот ВМРОВСКИ, тој е единствен и вистински СОН – СЕНАРОДЕН, СЕМАКЕДОНСКИ.

Сите СОНИШТА се остваруваат особено ваквите благородни. Само што понекогаш треба да направиш мала жртва, пример, да ги собуеш чевлите и да одиш и по мраз и по жежок песок. Едно е да гледаш зима низ затворен прозор од топла соба, сосема друго е чувството кога ќе ги отвориш прозорите. Тогаш си ВИСТИНСКИ!

Следи го својот СОН, следи го ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, оди по патеките на ВМРО-ДПМНЕ. Чувај го и шири споменот на ГОЦЕ. ПОЧИТУВАЈ ГИ жртвите кои ги положиле животите пред олтарот на нашата МАКЕДОНИЈА и никогаш да ја преиспитуваш својата совест дали си на добар пат. Тогаш СОНОТ и само така станува реалност. Ти си човек кој има право да сонува, и не си борчлија ни на премиер, претседател, министер, ни обвинител, неук и корумпиран судија. ТИ СИ слободен ЧОВЕК, од сé и од секого освен од твојата ТАТКОВИНА.

Сите ние ѝ должиме на ТАТКОВИНАТА, само таа никому не е должна. И, што и да направиш за НЕА никогаш не е доволно.

МАКЕДОНИЈА СÉ што има сме НИЕ, слободните ГРАЃАНИТЕ. ДА НЕ ЈА ИЗНЕВЕРИМЕ.

Уживањето во слободата заедно со предавници е најголемо ропство.

The post Народе македонски, кој сон го сонуваш? appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Еден од најголемите борци во историјата за правата и слободата на својот народ, признат патриот и родољуб кој повеќе од 35 години од својот овоземен живот го провел во затвор, од кои последните 17 ги прележал, неподвижен, тешко болен во болничка постела во затворското одделение,  во стационар, пред да се пресели неговата благородна душа на небото, го прашале, помалку недоветно, очекувајќи хедонистички одговор: Што ќе посакаш и како би го поминал времето, доколку повторно само 24 саата бидеш слободен и потполно здрав? Одговорот што следел, бил многу едноставен и полн со благородни пораки за пристојните, паметни луѓе, а шокантен за глупите, заробени во својот телесен оклоп простаци, до невидени размери. Еве го одговорот: Прво сакам мојата ЧЕСТ да ја сочувам и по смртта, а на другите да им ја подарам СЛОБОДАТА, оти СЛОБОДАТА е есенција, НЕКТАР напиток, најскапоцен дериват, што произлегува од ЧЕСТА. Второ, мојата СОВЕСТ изворно екстремно чиста и никогаш непоматена, не сакам на другите да им ја пренесам ни доброволно, ниту насилно, зошто СОВЕСТА е ексклузивно право и сопственост, различна во целост на секој поединец. СРАМ голем ќе е за мене, кој никогаш не попуштив и не прифатив наметната, искривена, групно создадена совест врз мојата ЛИЧНА СОВЕСТ. Трето, начинот, практикувањето и избликот на мојот патриотизам и родољубие, нека остане таков само за мене и не сакам да го наметнувам УНИФОРМИРАНО за сите. Но, сакам сите луѓе на свој начин да бидат патриоти и родољуби да го сакаат својот народ и татковината зошто ако тоа го немаат во своите срца и души, таман и да се опсипани со сите овоземни потрошни богатства, ќе немаат НИШТО. И четврто, НАЈВАЖНО. ЉУБОВТА, не рангирана, не градирана, неделива, едноставно еднаква кон сите луѓе упатена од МЕНЕ е чиста како сребро седумпати прочистено кое е отпорно на секаква инфекција. Жалам, што некој помислил дека мојата ЉУБОВ се претворила во ГНЕВ и ОМРАЗА, во овие, за многумина страдања и чемер, низ казаматите и болничките кревети. Сакам сите луѓе да се наоружаат со ваква БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ еднакво споделена кон секого, дури и така јасно искажана према вашите непријатели ако ги имате, како јас што подарувам мојата ЉУБОВ дури и кон моите стражари, судии неправедни и МАЧИТЕЛИ. Проштевајте ми, ако со мојот одговор некого разочарав, и мирно со насмевка ја препуштил својата душа на Ангелите кои дошле по него. Почитувани браќа и сестри! МАКЕДОНИЈА, нејзината благородна почва, родна и бериќетна со стотици илјади вакви синови кои се раѓаат постојано, не на хектар туку на еден кутел (333 м2), се раѓал, се раѓа и ќе се раѓа и понатаму, секој со својот сон посебно за остварување на заедничкиот милениумски СОН. СОН на нашиот најголем трибун и државотворец СИН МАЈКИН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ кој го чествуваме не само денес на неговиот роденден туку секој ден, секој миг. Не така одамна, нашиот почитуван ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ изјави: “НЕ МУ ГО ЗЕМАЈТЕ СОНОТ НА НАРОДОТ“ Тоа е СОНОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ. СОНОТ на ХРИСТИЈАН, сонот ТВОЈ, сонот мој, наш заеднички, сонот ВМРОВСКИ, тој е единствен и вистински СОН – СЕНАРОДЕН, СЕМАКЕДОНСКИ. Сите СОНИШТА се остваруваат особено ваквите благородни. Само што понекогаш треба да направиш мала жртва, пример, да ги собуеш чевлите и да одиш и по мраз и по жежок песок. Едно е да гледаш зима низ затворен прозор од топла соба, сосема друго е чувството кога ќе ги отвориш прозорите. Тогаш си ВИСТИНСКИ! Следи го својот СОН, следи го ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, оди по патеките на ВМРО-ДПМНЕ. Чувај го и шири споменот на ГОЦЕ. ПОЧИТУВАЈ ГИ жртвите кои ги положиле животите пред олтарот на нашата МАКЕДОНИЈА и никогаш да ја преиспитуваш својата совест дали си на добар пат. Тогаш СОНОТ и само така станува реалност. Ти си човек кој има право да сонува, и не си борчлија ни на премиер, претседател, министер, ни обвинител, неук и корумпиран судија. ТИ СИ слободен ЧОВЕК, од сé и од секого освен од твојата ТАТКОВИНА. Сите ние ѝ должиме на ТАТКОВИНАТА, само таа никому не е должна. И, што и да направиш за НЕА никогаш не е доволно. МАКЕДОНИЈА СÉ што има сме НИЕ, слободните ГРАЃАНИТЕ. ДА НЕ ЈА ИЗНЕВЕРИМЕ. Уживањето во слободата заедно со предавници е најголемо ропство.

The post Народе македонски, кој сон го сонуваш? appeared first on Република.

]]>
„Си го продадовте името за 5 стотинки“: Тензично е на граница откако паднаа системите, Стојанов се кара со полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/si-go-prodadovte-imeto-za-5-stotinki-tenzichno-e-na-granitsa-otkako-padnaa-sistemite-stojanov-se-kara-so-politsijata/ Sat, 04 Feb 2023 09:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=604683

Тензично е на граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, засега не можат да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци.

Најгласен е претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот. Во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.

Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки, се дери еден од нив.

МВР информира дека системот на граничните премини не се во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи, се вели во информацијата од МВР.

Претходно бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, рече дека околу сто до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев.

Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев.

Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема.

Целосна информација во однос на пропуштањето на бугарските државјани на границата и во каков степен тоа одговара на преземените ангажмани од страна на властите во Македонија ќе има кон крајот на денот, рече Демерџиев.

The post „Си го продадовте името за 5 стотинки“: Тензично е на граница откако паднаа системите, Стојанов се кара со полицијата appeared first on Република.

]]>

Тензично е на граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување. Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, засега не можат да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци. Најгласен е претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот. Во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.
Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки, се дери еден од нив.
МВР информира дека системот на граничните премини не се во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи, се вели во информацијата од МВР.
Претходно бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, рече дека околу сто до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев.
Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев.
Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема.
Целосна информација во однос на пропуштањето на бугарските државјани на границата и во каков степен тоа одговара на преземените ангажмани од страна на властите во Македонија ќе има кон крајот на денот, рече Демерџиев.

The post „Си го продадовте името за 5 стотинки“: Тензично е на граница откако паднаа системите, Стојанов се кара со полицијата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Разочаран сум што чествувањето поминува во атмосфера на поделеност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-razocharan-sum-shto-chestvuvaneto-pominuva-vo-atmosfera-na-podelenost/ Sat, 04 Feb 2023 09:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=604677

Денеска е голем ден за секој чесен, честит Македонец кој што може на ваков начин да го одбележи денот на раѓањето на титанот, на великанот Гоце Делчев. И ние како ВМРО-ДПМНЕ, зад нас е Патриотскиот институт кој што е составен дел од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска ја предводеше делегацијата по која одела и стотици македонски граѓани кои сакаат да оддадат почит во црквата „Свети Спас“.

Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле.

Ја опљачкаа, ја уништија, ја ограбија Македонија и ја поделија Македонија.

Колку побргу заминат толку подобро ќе биде за сите нас, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Разочаран сум што чествувањето поминува во атмосфера на поделеност appeared first on Република.

]]>

Денеска е голем ден за секој чесен, честит Македонец кој што може на ваков начин да го одбележи денот на раѓањето на титанот, на великанот Гоце Делчев. И ние како ВМРО-ДПМНЕ, зад нас е Патриотскиот институт кој што е составен дел од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска ја предводеше делегацијата по која одела и стотици македонски граѓани кои сакаат да оддадат почит во црквата „Свети Спас“.
Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле. Ја опљачкаа, ја уништија, ја ограбија Македонија и ја поделија Македонија. Колку побргу заминат толку подобро ќе биде за сите нас, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Разочаран сум што чествувањето поминува во атмосфера на поделеност appeared first on Република.

]]>
Апасиев: Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-ah-tie-prekrasni-evropski-plodovi-od-dogovorite-na-nashite-vizioneri-zaev-tache-i-sds/ Sat, 04 Feb 2023 09:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=604672

Прв роденден на Гоце со специјалци, барикади и полициски хеликоптери, коментира лидерот на Левица Димитар Апасиев за денешните скандали околу честувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев.

Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС, пишува тој.

The post Апасиев: Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС appeared first on Република.

Ќе има ли реакции дека е намерно? Падна системот за контрола на граничните премини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-li-reaktsii-deka-e-namerno-padna-sistemot-za-kontrola-na-granichnite-premini/ Sat, 04 Feb 2023 09:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=604668

На граничните премини падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

МВР информира дека системот на граничните премини  не се во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи, се вели во информацијата од МВР.

The post Ќе има ли реакции дека е намерно? Падна системот за контрола на граничните премини appeared first on Република.

На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-granichniot-premin-novo-selo-nema-pogolema-frekventsija-na-vozila-i-patnitsi/ Sat, 04 Feb 2023 09:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=604654

Од утрово од 6 часот граничниот премин Ново Село, на македонско-бугарската граница, го преминаа 10-ина автомобили, најголем дел од нив се упатуваат кон Струмица каде денеска е пазарен ден и во блиските населени места до границата, јавува МИА.

Според евиденцијата од ГП Ново Село, синоќа до 24 часот границата ја преминале вкупно 593 патници, од кои 327 се странци, а 266 домашни.

На преминот е забележливо засилено полициско обезбедување, а сите возила кои влегуваат се евидентираат и се претресуваат.

Според изјавите на бугарски граѓани, денешниот ден го искористиле за посета на пазарот во Струмица, а некои пак одеа и по стоматолошки услуги.

-Одам во Струмица на стоматолог, бидејќи имам закажано. Имам поголема рана во устата и денес треба да одам на интервенција, рече бугарска државјанка од Петрич.

Други двајца Бугари на прашањето дали ќе одат за Скопје и каков е нивниот став за одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев, изјавија дека нив тоа не ги интересира, дека тие се земјоделци и дека во Струмица доаѓаат по работа.

Инаку, до 9 часот и 30 минути нема поголема фреквенција на моторни возила и патници, а пограничните служби велат дека така ќе остане и до крајот на денот.

The post На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници appeared first on Република.

]]>

Од утрово од 6 часот граничниот премин Ново Село, на македонско-бугарската граница, го преминаа 10-ина автомобили, најголем дел од нив се упатуваат кон Струмица каде денеска е пазарен ден и во блиските населени места до границата, јавува МИА. Според евиденцијата од ГП Ново Село, синоќа до 24 часот границата ја преминале вкупно 593 патници, од кои 327 се странци, а 266 домашни. На преминот е забележливо засилено полициско обезбедување, а сите возила кои влегуваат се евидентираат и се претресуваат. Според изјавите на бугарски граѓани, денешниот ден го искористиле за посета на пазарот во Струмица, а некои пак одеа и по стоматолошки услуги. -Одам во Струмица на стоматолог, бидејќи имам закажано. Имам поголема рана во устата и денес треба да одам на интервенција, рече бугарска државјанка од Петрич. Други двајца Бугари на прашањето дали ќе одат за Скопје и каков е нивниот став за одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев, изјавија дека нив тоа не ги интересира, дека тие се земјоделци и дека во Струмица доаѓаат по работа. Инаку, до 9 часот и 30 минути нема поголема фреквенција на моторни возила и патници, а пограничните служби велат дека така ќе остане и до крајот на денот.

The post На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Стотици граѓани пред барикадите на „Свети Спас“, не се знае дали ќе влезат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-stotitsi-gragani-pred-barikadite-na-sveti-spas-ne-se-znae-dali-ke-vlezat/ Sat, 04 Feb 2023 09:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=604655

Следете во живо:

https://republika.mk/vesti/makedonija/stotitsi-makedonski-gragani-marshiraat-kon-sveti-spas/

The post ВО ЖИВО: Стотици граѓани пред барикадите на „Свети Спас“, не се знае дали ќе влезат appeared first on Република.

]]>

Следете во живо: https://republika.mk/vesti/makedonija/stotitsi-makedonski-gragani-marshiraat-kon-sveti-spas/

The post ВО ЖИВО: Стотици граѓани пред барикадите на „Свети Спас“, не се знае дали ќе влезат appeared first on Република.

]]>
Засилена контрола на граничниот премин Деве Баир, нема организирани групи за влез во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zasilena-kontrola-na-granichniot-premin-deve-bair-nema-organizirani-grupi-za-vlez-vo-drzhavata/ Sat, 04 Feb 2023 09:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=604640

На граничниот премин кон Бугарија, „Деве Баир“, од утрово има засилена полициска и гранична контрола, но протокот на патници за влез во државата е речиси минимален, јавува МИА.

Од Министерството за внатрешни работи - Регионален центар за гранични работи „Исток“, информираат дека нема никакви организирани групи бугарски државјани кои досега ја минале границата, по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Од утрово од 7 часот досега во државата влегоа само дваесетина странски туристи кои транзитираат низ Македонија и тоа со организиран меѓународен автобуски транспорт, додека пак, други лица сѐ уште не влегоа во државата низ овој граничен премин.

Фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата е нешто поголема, но вообичаена кога станува збор за викенд патувања.

Претежно минуваат возила од Скопје и останатите градови во земјава кои се упатуваат кон зимските туристички центри во Бугарија, а регуларен е и протокот на патнички товарни возила.

The post Засилена контрола на граничниот премин Деве Баир, нема организирани групи за влез во државата appeared first on Република.

Стотици македонски граѓани маршираат кон Свети Спас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stotitsi-makedonski-gragani-marshiraat-kon-sveti-spas/ Sat, 04 Feb 2023 09:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=604646

Стотици македонски граѓани со знамња и пароли со „Гоце е Македонија“ утрово се собираa на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ и на плоштадот Македонија, од каде веќе маршираат кон црквата „Свети Спас“ за да оддадат почит пред гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање.

Дали ќе успеат да влезат е друго прашање.

Околу црквата и по целата должина на улиците кои водат до храмот, има засилено полициско обезбедување, а хеликоптери од рано утрово прелетуваат над градот.

Полицијата ги контролира пристапите до црквата, а пристап имаат само акредитираните новинари кои поминуваат низ неколку безбедносни проверки. Владата доцна вчера забрани присуство на неколку медиумски куќи, меѓу кои и на „Република“, без никакво образложение. На оние кои успеаја да влезат, пак, не им се дозволува слободно информирање.

The post Стотици македонски граѓани маршираат кон Свети Спас appeared first on Република.

]]>

Стотици македонски граѓани со знамња и пароли со „Гоце е Македонија“ утрово се собираa на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ и на плоштадот Македонија, од каде веќе маршираат кон црквата „Свети Спас“ за да оддадат почит пред гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање. Дали ќе успеат да влезат е друго прашање. Околу црквата и по целата должина на улиците кои водат до храмот, има засилено полициско обезбедување, а хеликоптери од рано утрово прелетуваат над градот. Полицијата ги контролира пристапите до црквата, а пристап имаат само акредитираните новинари кои поминуваат низ неколку безбедносни проверки. Владата доцна вчера забрани присуство на неколку медиумски куќи, меѓу кои и на „Република“, без никакво образложение. На оние кои успеаја да влезат, пак, не им се дозволува слободно информирање.

The post Стотици македонски граѓани маршираат кон Свети Спас appeared first on Република.

]]>