350 илјади евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/350-iljadi-evra/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 11:03:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 350 илјади евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/350-iljadi-evra/ 32 32 Топланата Скопје Север продадена за 350 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/toplanata-skopje-sever-prodadena-za-350-iljadi-evra/ Tue, 27 Feb 2024 11:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=748847

Топланата Скопје Север вчера е продадена за 350.000 евра. На берзанската аукција организирана на иницијатива на Комерцијална банка се продадени 77.414 обични акции што сочинуваат 99,98% од основната главнина на топланата.

Постигнатата цена по акција изнесува 278 денари за акција или во вкупен износ од 21.521.092 денари.

Продавачот Топлификација АД Скопје во стечај, а парите од реализираната јавна берзанска аукција, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите.

Купувачот на оваа топлификација ќе се знае деновиве, откако официјално ќе заврши трансакцијата со уплата на 350.000 евра.

Ова е трет обид на продажба на топланата. Лани во септември беа понудени нејзините акции за вкупна цена од 605.000 евра или 482 денари за акција. Топланата се продаваше и во 2022 година кога акциите чинеа 780 денари за една акција, а вкупниот износ беше 980.000 евра.

 

The post Топланата Скопје Север продадена за 350 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Топланата Скопје Север вчера е продадена за 350.000 евра. На берзанската аукција организирана на иницијатива на Комерцијална банка се продадени 77.414 обични акции што сочинуваат 99,98% од основната главнина на топланата. Постигнатата цена по акција изнесува 278 денари за акција или во вкупен износ од 21.521.092 денари. Продавачот Топлификација АД Скопје во стечај, а парите од реализираната јавна берзанска аукција, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите. Купувачот на оваа топлификација ќе се знае деновиве, откако официјално ќе заврши трансакцијата со уплата на 350.000 евра. Ова е трет обид на продажба на топланата. Лани во септември беа понудени нејзините акции за вкупна цена од 605.000 евра или 482 денари за акција. Топланата се продаваше и во 2022 година кога акциите чинеа 780 денари за една акција, а вкупниот износ беше 980.000 евра.  

The post Топланата Скопје Север продадена за 350 илјади евра appeared first on Република.

]]>