34 заболени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/34-zaboleni/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 08:19:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 34 заболени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/34-zaboleni/ 32 32 Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата, новиот министер за здраввство апелира на вакцинација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-golema-kashlitsa-se-zaboleni-34-litsa-vo-drzhavata-noviot-minister-za-zdravvstvo-apelira-na-vaktsinatsija/ Fri, 16 Feb 2024 08:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=744681

Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата информираше новиот министер за здравство Илир Демири. Тој апелираше до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи вакцината е најголемо достигнување на здравствениот систем.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Тие родители што не си ги вакцинираат децата и не ги праќаат во градинка, прашајте ги нив како си го организираат чувањето на децата“, одговори Демири на новинарско прашање по Свечената академија за отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки.

Вакциналните пунктови во поликлиниките во Скопје работат во две смени, до 19:30 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. Деновиве е зголемен бројот на деца кои се вакцинираат, па на пунктовите се чека по минимум еден час.

Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината, која се прима на 2, 4 и 6 месеци и ревакцина на 18 месеци и 7 години, се дека се вакцинирани 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.

 

The post Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата, новиот министер за здраввство апелира на вакцинација appeared first on Република.

]]>

Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата информираше новиот министер за здравство Илир Демири. Тој апелираше до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи вакцината е најголемо достигнување на здравствениот систем. Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.
Тие родители што не си ги вакцинираат децата и не ги праќаат во градинка, прашајте ги нив како си го организираат чувањето на децата“, одговори Демири на новинарско прашање по Свечената академија за отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки.
Вакциналните пунктови во поликлиниките во Скопје работат во две смени, до 19:30 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. Деновиве е зголемен бројот на деца кои се вакцинираат, па на пунктовите се чека по минимум еден час. Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината, која се прима на 2, 4 и 6 месеци и ревакцина на 18 месеци и 7 години, се дека се вакцинирани 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.  

The post Од голема кашлица се заболени 34 лица во државата, новиот министер за здраввство апелира на вакцинација appeared first on Република.

]]>