30 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/30-godini/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 08:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 30 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/30-godini/ 32 32 Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vo-kina-proslavena-30-godishninata-od-klasikot-pred-dozhdot-na-manchevski-ke-se-prikazhuva-i-vo-brazil-i-slovenija/ Thu, 14 Nov 2024 08:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=837456

Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии со реномирани кинески филмолози.

Како да ви претставам 'Пред дождот'? Тоа е филм кој 'Њујорк тајмс' го стави на својата листа на 1.000 најдобри филмови некогаш создадени. Македонската држава го прогласи за културно наследство. Тоа беше филм што се случи многу брзо; тоа е исто така филм што речиси и немаше да се случи, кога две недели по почетокот на продукцијата проектот беше речиси откажан. Снимањето на филмот беше исполнето со позитивна енергија, со инспирација, но и со борба да се одржи на вистинскиот пат, да се зачува неговата душа. Снимавме во македонските планини кои не беа лесно достапни. Професионалци од 13 земји ги здружија силите во оваа македонско-британско-француска копродукција. Во близина, во Босна, беснееше војна, рече Манчевски.

Тој додаде дека филмот е снимен и завршен на 35 мм филмска лента, на старомоден начин. 20 години подоцна, во 2014 година кога Македонската кинотека ја презеде дигитализацијата на неговите филмови, меѓу кои и „Пред дождот“, се сочил со можност, но и со дилема - дали со дигитално коригирање на боите да се промени изгледот на филмот на значаен начин.

Сепак, имав сериозни сомневања за оваа опција, колку и да изгледаше привлечна. Причината за ова беше етичка. Чувствував дека 'Пред дождот' беше завршен во 1994 година. Тоа беше филмот што требаше да биде, завршено уметничко дело, што ги претставува филмаџиите во одреден момент во времето. Влегувањето во филмот повторно се чинеше малку како сквернавење. Се чинеше малку нечесно да се смени филмот години по неговото завршување. Така, решив дека најдоброто нешто за филмот и најчесното нешто во целина е да не ги сменам колор корекциите на 'Пред дождот'. Освен некои мали дотерувања, кои ги направија боите и светлината поспецифични и поверни на првичната идеја, новата колор корекција најмногу ја зачува и ја изострува сликата од оригиналниот негатив. И, еве го, пред вас, драги гледачи во Кина. 'Пред дождот', од моето срце до вашите“, рече Манчевски.

„Пред дождот“ во Сужу беше дел од фестивалот со 8 реставрирани светски класици, меѓу кои и „Седум самураи“ на Акира Куросава, „Жртвување“ на Андреј Тарковски, „Разјарениот бик“ на Мартин Скорсезе, „Сенки на заборавените предци“ на Сергеј Параџанов, а ќе следат проекции и во Пекинг.

На 30-годишнината од светската премиера на Венецискиот фестивал и освојувањето на Златниот лав за најдобар филм, „Пред дождот“ наскоро повторно ќе се прикаже и во Бразил, каде своевремено освои и фестивалски награди, имаше извонреден прием од публиката и критиката во кино-дистрибуцијата и беше меѓу избраните за филм на годината. Исто така, „Пред дождот до крајот на годинава ќе игра и на државната телевизија на Словенија.

„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“. Филмовите на Манчевски се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура.

Минатиот месец, Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“.

Во 2017, Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг.Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.

The post Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии со реномирани кинески филмолози.
Како да ви претставам 'Пред дождот'? Тоа е филм кој 'Њујорк тајмс' го стави на својата листа на 1.000 најдобри филмови некогаш создадени. Македонската држава го прогласи за културно наследство. Тоа беше филм што се случи многу брзо; тоа е исто така филм што речиси и немаше да се случи, кога две недели по почетокот на продукцијата проектот беше речиси откажан. Снимањето на филмот беше исполнето со позитивна енергија, со инспирација, но и со борба да се одржи на вистинскиот пат, да се зачува неговата душа. Снимавме во македонските планини кои не беа лесно достапни. Професионалци од 13 земји ги здружија силите во оваа македонско-британско-француска копродукција. Во близина, во Босна, беснееше војна, рече Манчевски.
Тој додаде дека филмот е снимен и завршен на 35 мм филмска лента, на старомоден начин. 20 години подоцна, во 2014 година кога Македонската кинотека ја презеде дигитализацијата на неговите филмови, меѓу кои и „Пред дождот“, се сочил со можност, но и со дилема - дали со дигитално коригирање на боите да се промени изгледот на филмот на значаен начин.
Сепак, имав сериозни сомневања за оваа опција, колку и да изгледаше привлечна. Причината за ова беше етичка. Чувствував дека 'Пред дождот' беше завршен во 1994 година. Тоа беше филмот што требаше да биде, завршено уметничко дело, што ги претставува филмаџиите во одреден момент во времето. Влегувањето во филмот повторно се чинеше малку како сквернавење. Се чинеше малку нечесно да се смени филмот години по неговото завршување. Така, решив дека најдоброто нешто за филмот и најчесното нешто во целина е да не ги сменам колор корекциите на 'Пред дождот'. Освен некои мали дотерувања, кои ги направија боите и светлината поспецифични и поверни на првичната идеја, новата колор корекција најмногу ја зачува и ја изострува сликата од оригиналниот негатив. И, еве го, пред вас, драги гледачи во Кина. 'Пред дождот', од моето срце до вашите“, рече Манчевски.
„Пред дождот“ во Сужу беше дел од фестивалот со 8 реставрирани светски класици, меѓу кои и „Седум самураи“ на Акира Куросава, „Жртвување“ на Андреј Тарковски, „Разјарениот бик“ на Мартин Скорсезе, „Сенки на заборавените предци“ на Сергеј Параџанов, а ќе следат проекции и во Пекинг. На 30-годишнината од светската премиера на Венецискиот фестивал и освојувањето на Златниот лав за најдобар филм, „Пред дождот“ наскоро повторно ќе се прикаже и во Бразил, каде своевремено освои и фестивалски награди, имаше извонреден прием од публиката и критиката во кино-дистрибуцијата и беше меѓу избраните за филм на годината. Исто така, „Пред дождот до крајот на годинава ќе игра и на државната телевизија на Словенија. „Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“. Филмовите на Манчевски се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура. Минатиот месец, Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“. Во 2017, Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг.Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.

The post Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија appeared first on Република.

]]>
Хрватски капетан доби 30 години затвор во Турција, на неговиот брод откриле 137 килограми кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatski-kapetan-dobi-30-godini-zatvor-vo-turtsija-na-negoviot-brod-otkrile-137-kilogrami-kokain/ Mon, 16 Sep 2024 21:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=816927

Хрватскиот капетан Марко Бекавац од Сплит со првостепена пресуда е осуден на 30 години затвор откако минатата година во турското пристаниште Ерегли во товарот на неговиот брод бил пронајден кокаин.

Тој се наоѓа во турскиот истражен центар во Анкара од октомври минатата година, кога полицијата пронашла 137 килограми кокаин на брод под панамско знаме кој превезувал јаглен од Колумбија.

Тогаш беа уапсени 10 морнари, шестмина од Филипините, по еден од Финска, Полска и Русија и Бекавац, кого турските власти го сметаат за одговорен за командната одговорност. Покрај капетанот Бекавац, судот го прогласи за виновен и првиот офицер на палубата, додека останатите обвинети беа ослободени.

The post Хрватски капетан доби 30 години затвор во Турција, на неговиот брод откриле 137 килограми кокаин appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот капетан Марко Бекавац од Сплит со првостепена пресуда е осуден на 30 години затвор откако минатата година во турското пристаниште Ерегли во товарот на неговиот брод бил пронајден кокаин. Тој се наоѓа во турскиот истражен центар во Анкара од октомври минатата година, кога полицијата пронашла 137 килограми кокаин на брод под панамско знаме кој превезувал јаглен од Колумбија. Тогаш беа уапсени 10 морнари, шестмина од Филипините, по еден од Финска, Полска и Русија и Бекавац, кого турските власти го сметаат за одговорен за командната одговорност. Покрај капетанот Бекавац, судот го прогласи за виновен и првиот офицер на палубата, додека останатите обвинети беа ослободени.  

The post Хрватски капетан доби 30 години затвор во Турција, на неговиот брод откриле 137 килограми кокаин appeared first on Република.

]]>
Актерот и режисер Драган Довлев и светло-мајсторот Оливер Ставрев прославија 30 години работа во Театарот за деца и младинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akterot-i-rezhiser-dragan-dovlev-i-svetlo-majstorot-oliver-stavrev-proslavija-30-godini-rabota-vo-teatarot-za-detsa-i-mladintsi/ Thu, 07 Mar 2024 12:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=752249

Со претставата „Подрум“, одиграна синоќа, на 6 март, актерот и режисер Драган Довлев и светло-мајсторот Оливер Ставрев прославија 30 години стаж во Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Нашиот ценет колега, кој првпат зачекори на сцената на нашиот театар пред 30 години, во 1994-та година, дипломираше во класата на Владимир Милчин и оттогаш е посветен на ансаблот на ТДМ и на публиката. Од 2011 до 2015 беше и на функцијата Директор на театарот. Своето образование го надогради и со постдипломски студии на НАТФИЗ, Бугарија, на отсекот за театарска куклена режија. Токму и во овој театар тој магистрираше режија со куклената претстава „Пепелашка”, велат од ТДМ за Довлев.

Довлев е добитник е на Меѓународната актерска награда за анимација на куклата на Малиот Принц во истоимената претстава на фестивалот во Суботица, Србија. Има бојни успешни и значајни изведби во и надвор од овој Театар во други истакнати продукции. Тој е првиот вработен актер во ТДМ, чија прва улога е во претставата „Пинокио“, а играл во скоро сите хит-претстави на ТДМ како „Црвенкапа“, „Убавицата и ѕверот“, „Могли“, „Волшебната флејта“, „Пипи долгиот чорап“, „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“, „Волшебникот од Оз“ и други, како и во младинските претстави „Еднаш свет изградив“, „Нашиот клас“, „Оливер Твист“, „Заспаниот разум раѓа чудовишта...“, „Како ќе го делиме мачорот“...

Секогаш целосно вложен на секоја проба, прецизен и автентичен во секоја продукција и театарски процес, нашиот Драган Довлев, велат од ТДМ.

За Ставрев од ТДМ велат дека 30 години тој неуморно работи и се надоградува за овој театар да се претстави во најдобро издание, да донесе радост и светлина во детските очи и во вистинска смисла на зборот.

Професинален соработник, другар, нашиот долгогодишен светло мајстор, кој првпат пушта светло во ТДМ во претставата ,,Пинокио” и ги бележи своите успешни почетоци заедно со својот драг колега Довлев. Можеби само физички на различни страни, еден на сцената, а другиот зад неа (горе во кабината) но сепак со иста цел, за најдоброто на театарот и претставите. Нашите претстави не би ја добиле вистинската визура без вештото и будно око на овој инвентивен светло мајстор, Ставрев, велат од ТДМ.

The post Актерот и режисер Драган Довлев и светло-мајсторот Оливер Ставрев прославија 30 години работа во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

Норвешка се подготвува за најсилната бура во изминатите 30 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/norveshka-se-podgotvuva-za-najsilnata-bura-vo-izminatite-30-godini/ Wed, 31 Jan 2024 14:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=739091

Норвешка се подготвува за пристигнувањето на бурата Ингун, за која се тврди дека би можела да биде најсилната бура во изминатите 30 години.

Се очекува бурата денеска да ја погоди централна Норвешка, а утре да се придвижи кон северниот дел на земјата.

Населението е предупредено да остане во затворен и безбеден простор. Властите издадоа црвено највисоко ниво на предупредување за областа околу градот Трондхајм, каде денеска се очекуваат силни ветрови.

Уште едно црвено предупредување е издадено и за Лофотенски Острови долж брегот на Арктикот.

Се предвидува дека ветровите ќе се движат со брзина од 126 до 180 километри на час.

The post Норвешка се подготвува за најсилната бура во изминатите 30 години appeared first on Република.

]]>

Норвешка се подготвува за пристигнувањето на бурата Ингун, за која се тврди дека би можела да биде најсилната бура во изминатите 30 години. Се очекува бурата денеска да ја погоди централна Норвешка, а утре да се придвижи кон северниот дел на земјата. Населението е предупредено да остане во затворен и безбеден простор. Властите издадоа црвено највисоко ниво на предупредување за областа околу градот Трондхајм, каде денеска се очекуваат силни ветрови. Уште едно црвено предупредување е издадено и за Лофотенски Острови долж брегот на Арктикот. Се предвидува дека ветровите ќе се движат со брзина од 126 до 180 километри на час.

The post Норвешка се подготвува за најсилната бура во изминатите 30 години appeared first on Република.

]]>
Евростат: Жените во ЕУ првото дете го раѓаат на 30 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/evrostat-zhenite-vo-eu-prvoto-dete-go-ragaat-na-30-godini/ Tue, 28 Mar 2023 13:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=624720

Жените во Европа, во просек, своето прво дете го раѓаат на возраст од 29,7 години, покажуваат најновите податоци на европското Биро за статистика – Евростат, што денеска го објави својот извештај за 2021 година, јави ДПА.

Просечната возраст на мајките кои за првпат родиле од 2013 година континуирано расте, кога изнесувала 28,8 години, соопшти Евростат.

Европското статистичко биро, меѓутоа, наведува дека има варијации од регион до регион.

Жените во Шпанија и Италија првото дете го добиваат на 31,6 години, потоа Луксембург со 31,3 години и Ирска со 31,2 години.

Спротивно на нив, жените во источноевропските држави го добиваат своето прво дете релативно рано, при што жените во Бугарија формираат семејство на просечна возраст од 26,5 години.

Властите наведуваат дека за да се задржи сегашната големина на населението жените ќе треба во просек да имаат по 2,1 дете, без да се земе предвид имиграцијата. Меѓутоа, додава ДПА, жените во сите земји-членки на ЕУ во 2021 година во просек имале по 1,53 дете.

The post Евростат: Жените во ЕУ првото дете го раѓаат на 30 години appeared first on Република.

]]>

Жените во Европа, во просек, своето прво дете го раѓаат на возраст од 29,7 години, покажуваат најновите податоци на европското Биро за статистика – Евростат, што денеска го објави својот извештај за 2021 година, јави ДПА. Просечната возраст на мајките кои за првпат родиле од 2013 година континуирано расте, кога изнесувала 28,8 години, соопшти Евростат. Европското статистичко биро, меѓутоа, наведува дека има варијации од регион до регион. Жените во Шпанија и Италија првото дете го добиваат на 31,6 години, потоа Луксембург со 31,3 години и Ирска со 31,2 години. Спротивно на нив, жените во источноевропските држави го добиваат своето прво дете релативно рано, при што жените во Бугарија формираат семејство на просечна возраст од 26,5 години. Властите наведуваат дека за да се задржи сегашната големина на населението жените ќе треба во просек да имаат по 2,1 дете, без да се земе предвид имиграцијата. Меѓутоа, додава ДПА, жените во сите земји-членки на ЕУ во 2021 година во просек имале по 1,53 дете.  

The post Евростат: Жените во ЕУ првото дете го раѓаат на 30 години appeared first on Република.

]]>
Годинава се одбележуваат 30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/godinava-se-odbelezuvaat-30-godini-od-voveduvanjeto-na-denarot-i-samostojnosta-na-narodnata-banka/ Thu, 17 Mar 2022 12:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=474329

Годинава прославуваме 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност: беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава.

Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност и визија работеa на градењето на она што го имаме денес ‒ стабилна домашна валута и современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка. На овој пат, институцијата се соочуваше со голем број предизвици, како во однос на спроведувањето значајни пазарно ориентирани реформи во банкарскиот систем, така и во однос на справувањето со шокови од различна природа. Во сите тие ситуации беа остварени основните цели на работењето на Народната банка.

Во изминатите години, Народната банка доби голем број признанија од страна на меѓународните институции и за нејзиното функционирање, и за политиките коишто ги спроведува.

Изминатите 30 години на успешна работа на Народната банка се гаранција дека и во следниот период ќе имаме капацитет за справување со предизвиците коишто ги носи актуелната ситуација. И натаму ја чуваме стабилноста на денарот, како од економски, така и од неекономски закани – шпекулациите и лажните вести, коишто се подеднакво опасни.

Додека ја чуваме стабилноста на денарот и финансиската стабилност, истовремено се ориентираме и кон иднината, по примерот на најголемите централни банки. Нашите идни активности се насочени и кон овозможување подобри и поевтини банкарски услуги преку финтек-секторот, имајќи ја предвид и кибербезбедноста. Понатаму, нашата заложба ги опфаќа и зелените финансии, бидејќи сите носители на политиките треба да бидат свесни дека климатските промени ќе бидат една од најголемите закани на 21 век.

Со цел да го одбележиме овој важен национален јубилеј, Народната банка планира повеќе настани, меѓу кои и централниот – Свечената академија по повод јубилејот и Истражувачката конференција на Народната банка, којашто оваа година ќе се организира во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која ќе учествуваат гувернери и вицегувернери на централни банки од регионот и од Европа, како и претставници на меѓународни финансиски организации, на научната јавност и на банкарскиот сектор.

The post Годинава се одбележуваат 30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка appeared first on Република.

]]>

Годинава прославуваме 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност: беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност и визија работеa на градењето на она што го имаме денес ‒ стабилна домашна валута и современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка. На овој пат, институцијата се соочуваше со голем број предизвици, како во однос на спроведувањето значајни пазарно ориентирани реформи во банкарскиот систем, така и во однос на справувањето со шокови од различна природа. Во сите тие ситуации беа остварени основните цели на работењето на Народната банка. Во изминатите години, Народната банка доби голем број признанија од страна на меѓународните институции и за нејзиното функционирање, и за политиките коишто ги спроведува. Изминатите 30 години на успешна работа на Народната банка се гаранција дека и во следниот период ќе имаме капацитет за справување со предизвиците коишто ги носи актуелната ситуација. И натаму ја чуваме стабилноста на денарот, како од економски, така и од неекономски закани – шпекулациите и лажните вести, коишто се подеднакво опасни. Додека ја чуваме стабилноста на денарот и финансиската стабилност, истовремено се ориентираме и кон иднината, по примерот на најголемите централни банки. Нашите идни активности се насочени и кон овозможување подобри и поевтини банкарски услуги преку финтек-секторот, имајќи ја предвид и кибербезбедноста. Понатаму, нашата заложба ги опфаќа и зелените финансии, бидејќи сите носители на политиките треба да бидат свесни дека климатските промени ќе бидат една од најголемите закани на 21 век. Со цел да го одбележиме овој важен национален јубилеј, Народната банка планира повеќе настани, меѓу кои и централниот – Свечената академија по повод јубилејот и Истражувачката конференција на Народната банка, којашто оваа година ќе се организира во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која ќе учествуваат гувернери и вицегувернери на централни банки од регионот и од Европа, како и претставници на меѓународни финансиски организации, на научната јавност и на банкарскиот сектор.  

The post Годинава се одбележуваат 30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка appeared first on Република.

]]>