30.000 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/30-000/ За подобро да се разбереме Sun, 22 May 2022 10:24:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 30.000 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/30-000/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Ковачевски: Вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-mu-odgovori-na-kovachevski-vrednosta-na-30-000-denari-sega-i-pred-edna-godina-ne-e-ista/ Sun, 22 May 2022 10:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=505442

Вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста поради инфлацијата, му одгвори ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Димитар Ковачевски, кој утрово со видеопорака уште еднаш се пофали дека владата го исполнила клучното ветување за просечната плата.

Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација која е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100%. Цената на струјата е покачена за 30%, цената на горивата е покачена за 80%, цените на лебот и брашното се покачени за 100%, шеќерот за 40%, млекото за 50% , маслото за јадење е двојно поскапо итн. Стандардот на граѓаните е уништен. Платите ја изгубија својата вредност. Прашањето кое треба да си го постават во владата е колкава вредност имаат 30 илјади денари сега, а колку имале пред една година, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-pokachuvanje-na-platite-se-shtitime-od-rastot-na-cenite-ni-se-smeeja-za-prosechnata-plata-od-30-000-denari-ama-uspeavme/

Наместо евтин пи-ар, премиерот Ковачевски треба да се симне меѓу народот и да ја види растечката сиромаштија.

Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Над половина милион граѓани живеат со 150 денари дневно, а власта во исто време предвидува стотици милиони евра за непродуктивни трошоци како набавки на мебел, службени возила, цвеќиња, кафиња, жардињери, плаќа криминални физибилити студии и испумпува пари во партиски фирми преку матни тендери.

The post ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Ковачевски: Вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста appeared first on Република.

]]>

Со покачување на платите се штитиме од растот на цените: Ни се смееја за просечната плата од 30.000 денари, ама успеавме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-pokachuvanje-na-platite-se-shtitime-od-rastot-na-cenite-ni-se-smeeja-za-prosechnata-plata-od-30-000-denari-ama-uspeavme/ Sun, 22 May 2022 08:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=505397

„Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно – директно во приходите на граѓаните“, вели утрово премиерот Димитар Ковачевски во неделно видеообраќање преку Фејсбук.

„Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на потсмев и критики, но со доследни политики, успеавме да го реализираме“, вели Ковачевски.

The post Со покачување на платите се штитиме од растот на цените: Ни се смееја за просечната плата од 30.000 денари, ама успеавме appeared first on Република.

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zagadeniot-vozduh-predizvikuva-nad-30-000-predvremeni-smrtni-sluchai-vo-zapaden-balkan/ Wed, 26 Jan 2022 09:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=449575

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, предупреди Европскиот фонд за Балканот, при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот.

Целта на оваа етапа од кампањата, како што се наведува, е да се информираат граѓаните за последиците од загадувањето врз стапката на смртност и здравјето во Западен Балкан и да се поканат да се вклучат во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот и продолжување на нашите животи.

Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан.

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

Барањата на кампањата „Балкан обединети за чист воздух“ се следни:

Да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање.

Зголемување на буџетските средства за контрола на загадувањето и воспоставување системи за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти

Треба да се изградат мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво за да се подобри контролата на загадувачите и да се подобри квалитетот на воздухот.

Спречувањето на незаразните болести кои произлегуваат од лошиот квалитет на воздухот мора да биде интегрирано меѓу приоритетите на политиката за животна средина и здравје.

За да го продолжите животот, придружете се на борбата на граѓаните на Западен Балкан во солидарност и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот во партнерство со следните организации: Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, AirCare/МојВоздух од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште Белград од Белград. Се одржува втора година по ред, со цел да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од загадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина.

„Обединет Балкан за чист воздух“ ја нагласува неопходноста од регионална соработка за трансформација на енергетската индустрија и системот за заштита на животната средина, со што би се подобрила и економијата и јавното здравје.

The post Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, предупреди Европскиот фонд за Балканот, при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот. Целта на оваа етапа од кампањата, како што се наведува, е да се информираат граѓаните за последиците од загадувањето врз стапката на смртност и здравјето во Западен Балкан и да се поканат да се вклучат во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот и продолжување на нашите животи. Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан. Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита. Барањата на кампањата „Балкан обединети за чист воздух“ се следни: Да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање. Зголемување на буџетските средства за контрола на загадувањето и воспоставување системи за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти Треба да се изградат мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво за да се подобри контролата на загадувачите и да се подобри квалитетот на воздухот. Спречувањето на незаразните болести кои произлегуваат од лошиот квалитет на воздухот мора да биде интегрирано меѓу приоритетите на политиката за животна средина и здравје. За да го продолжите животот, придружете се на борбата на граѓаните на Западен Балкан во солидарност и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“. Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот во партнерство со следните организации: Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, AirCare/МојВоздух од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште Белград од Белград. Се одржува втора година по ред, со цел да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од загадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина. „Обединет Балкан за чист воздух“ ја нагласува неопходноста од регионална соработка за трансформација на енергетската индустрија и системот за заштита на животната средина, со што би се подобрила и економијата и јавното здравје.

The post Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>