28 заразени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/28-zarazeni/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 13:10:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 28 заразени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/28-zarazeni/ 32 32 28 заразени со голема кашлица во Скопје, матичните лекари да ги упатат на вакцина децата до 14 години што пропуштиле да се имунизираат, апелира ИЈЗ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/28-zarazeni-so-golema-kashlitsa-vo-skopje-matichnite-lekari-da-gi-upatat-na-vaktsina-detsata-do-14-godini-shto-propushtile-da-se-imuniziraat-apelira-ijz/ Wed, 14 Feb 2024 13:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=744063

Вкупно 28 случаи на пертусис, или голема или кашлица, се евидентирани на територија на Скопје до утрово, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Комисијата за заразни болести донесе препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, а градинките да не ги примаат децата кои не се целосно вакцинирани. Препораката за градинките го зголеми интересот за имунизација, па во последните неколку дена на пунктовите за вакцинирање владее метеж. Здравствените власти кажаа дека ќе се воведат две смени во поликлиниките каде што се врши вакцинирање.

Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис. Како што нагласуваат, вакцината која се прима на 2,4,6,18 месеци и на 7 години е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) до 8 февруари биле регистирани вкупно 22 случаи на голема кашлица во Македонија, со инциденца од 1,1/100 000 жители. Тоа претставува повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени, во однос изминатиот петгодишен период кога се регистрирани вкупно 9 случаи.

Првиот пријавен случај беше на петти јануари годинава. Потоа, за само седум дена беа пријавени 11 нови случаи.

Сите матични лекари при преглед задолжително да го проверуваат вакциналниот статус на сите деца до 14 годишна возраст и сите пропуштени и невакцинирани деца да ги упатуваат на вакцинација, е една од препораките на ИЈЗ.

Заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева во понеделникот, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време.

Конкретно во Здравствен дом Скопје, отворени се дополнителни смени во повеќе поликлиники низ градот и пунктовите за вакцинација дополнително ќе работат и сабота. Точно е дека има гужва. Би повикала на родителите од овие причини во редовните термини за вакцинација да ги вакцинираат своите деца, да не се соочиме повторно со некој ваков бран во понатамошниот период и за морбили и за други заболувања за коишто би требало децата да се вакцинираат во редовниот календар. Но, еве, овозможивме услови да и во овој период дополнително работат пунктови за имунизација со продолжено работно време, рече Манолева.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис. Според надлежните, состојбата кај нас е стабилна.

Големата кашлица е едно од најзаразните заболувања. Кашлањето е често, силно, трае и до 100 дена. Силната бактериска инфеција може да предизвика дополнителни компликации.

Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината е 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.

https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-za-epidmijata-na-golema-kashlitsa-so-pametot-sme-nekade-vo-18-vek-ne-znam-so-koe-srtse-nekoi-roditeli-reshavaat-da-ne-gi-vaktsiniraat-detsata/

The post 28 заразени со голема кашлица во Скопје, матичните лекари да ги упатат на вакцина децата до 14 години што пропуштиле да се имунизираат, апелира ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Вкупно 28 случаи на пертусис, или голема или кашлица, се евидентирани на територија на Скопје до утрово, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Комисијата за заразни болести донесе препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, а градинките да не ги примаат децата кои не се целосно вакцинирани. Препораката за градинките го зголеми интересот за имунизација, па во последните неколку дена на пунктовите за вакцинирање владее метеж. Здравствените власти кажаа дека ќе се воведат две смени во поликлиниките каде што се врши вакцинирање. Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис. Како што нагласуваат, вакцината која се прима на 2,4,6,18 месеци и на 7 години е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) до 8 февруари биле регистирани вкупно 22 случаи на голема кашлица во Македонија, со инциденца од 1,1/100 000 жители. Тоа претставува повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени, во однос изминатиот петгодишен период кога се регистрирани вкупно 9 случаи. Првиот пријавен случај беше на петти јануари годинава. Потоа, за само седум дена беа пријавени 11 нови случаи.
Сите матични лекари при преглед задолжително да го проверуваат вакциналниот статус на сите деца до 14 годишна возраст и сите пропуштени и невакцинирани деца да ги упатуваат на вакцинација, е една од препораките на ИЈЗ.
Заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева во понеделникот, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време.
Конкретно во Здравствен дом Скопје, отворени се дополнителни смени во повеќе поликлиники низ градот и пунктовите за вакцинација дополнително ќе работат и сабота. Точно е дека има гужва. Би повикала на родителите од овие причини во редовните термини за вакцинација да ги вакцинираат своите деца, да не се соочиме повторно со некој ваков бран во понатамошниот период и за морбили и за други заболувања за коишто би требало децата да се вакцинираат во редовниот календар. Но, еве, овозможивме услови да и во овој период дополнително работат пунктови за имунизација со продолжено работно време, рече Манолева.
Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис. Според надлежните, состојбата кај нас е стабилна. Големата кашлица е едно од најзаразните заболувања. Кашлањето е често, силно, трае и до 100 дена. Силната бактериска инфеција може да предизвика дополнителни компликации. Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината е 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто. https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-za-epidmijata-na-golema-kashlitsa-so-pametot-sme-nekade-vo-18-vek-ne-znam-so-koe-srtse-nekoi-roditeli-reshavaat-da-ne-gi-vaktsiniraat-detsata/

The post 28 заразени со голема кашлица во Скопје, матичните лекари да ги упатат на вакцина децата до 14 години што пропуштиле да се имунизираат, апелира ИЈЗ appeared first on Република.

]]>